Зголеменото ниво на холестерол често се развива без јасни и видливи симптоми, но лекарите предупредуваат дека може значително да го зголеми ризикот од сериозни здравствени состојби како срцев и мозочен удар. Според кардиолозите, покрај физичката активност и здравите животни навики, важна улога има и правилната исхрана, а меѓу препорачаните намирници се издвојуваат оревите. Кардиологот д-р Алан Голдберг посочува дека контролирањето на ...

Фронтменот на рок-групата „Бертут“ (Beartooth), Кејлеб Шомо (33), јавно откри дека е геј, ставајќи крај на шпекулациите околу неговиот приватен живот. Музичарот ја сподели својата животна приказна преку емотивна објава на социјалните мрежи, признавајќи дека со години водел тивка и тешка борба со самиот себе. Во својата искрена исповед, Шомо откри дека долго време се соочувал со внатрешни конфликти, обидувајќи се да ги разбере сопствените ...

Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ, оценуваат во „Вреди“ Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот. Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на ...

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека со години ги штитела, како што наведуваат, интересите на урбаната мафија во Тетово и придонела за финансиски и инфраструктурни проблеми во градот. Од ВЛЕН оценуваат дека воспоставувањето ред и законитост во Тетово за време на мандатот на градоначалникот Билал Касами претставува причина за политички напади од страна на опозицијата. Во соопштението се ...

Рускиот претседател Владимир Путин и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал-Калифа, денес телефонски разговараа за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, односно кризата во Иран, соопшти Кремљ. „Беше нагласена потребата од брзо политичко и дипломатско решение за кризата околу Иран, земајќи ги предвид интересите на сите земји во регионот“, се наведува во соопштението што го пренесе РИА Новости. За време на разговорот, Путин и Ал Калифа ја ...

Биографскиот филм „Мајкл“, посветен на животот и кариерата на легендарниот крал на поп-музиката Мајкл Џексон, продолжува да бележи импресивни резултати на светските кино-благајни и се наоѓа на чекор од уште една голема пресвртница. Според најновите податоци, филмот досега достигна глобална заработка од 788 милиони долари, а аналитичарите очекуваат во наредниот период лесно да ја надмине психолошката граница од 800 милиони долари. Само за ...

Голем број велосипедисти, деца, млади и рекреативци денеска беа дел од јубилејното 20-то издание на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Сите на велосипед – 2026“, која уште еднаш ја исполни Прилеп со спортски дух, позитивна енергија и заедништво. За успешното одржување на настанот информираше градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакнувајќи дека градот повторно покажал дека спортот и здравите животни навики се ...

Со години вештачката интелигенција беше претставувана како технологија што ќе ја олесни работата, ќе ја зголеми продуктивноста и ќе им остави повеќе простор на луѓето за креативност и развој. Но 2026 година сè појасно покажува и една поинаква реалност – AI повеќе не е само алатка што помага, туку станува фактор што директно влијае врз пазарот на трудот и врз иднината на многу професии. Најновиот сигнал пристигнува од банкарскиот сектор. ...

Дванаесет возрасни лица и две деца се повредени откако трамвај излета од шините на улица во Белград, пишува порталот „N1“. Единаесет од повредените се пренесени во Ургентниот центар, едно лице во Клиничката болница Звездара, додека две деца се пренесени во болницата Тиршова, според Одделот за итни случаи. Според досегашните информации, тројца од повредените се здобиле со сериозни повреди, вклучувајќи контузии и скршеници. ...

По денови исполнети со дожд, нестабилно време и посвежи температури, конечно пристигнуваат вистински летни денови во Македонија. Новата седмица носи значителна промена на времето и пораст на температурите, а на повеќе места термометрите ќе се доближат и ќе ја надминат границата од 30 степени. Според најновите метеоролошки анализи, во текот на следните денови ќе преовладува постабилна атмосфера, што ќе донесе повеќе сончеви периоди и пријатно ...

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека би бил подготвен да ја претставува Европската Унија во евентуалните мировни преговори со Русија, доколку од него се побара таква улога. Во интервју за финскиот јавен сервис „Yle“, Стуб, одговарајќи на прашањето дали би прифатил да биде европски претставник во разговорите за прекин на војната во Украина, рече дека ова е едно од прашањата на кои, како што изјави, не може да се одговори ...

Летната сезона 2026 година за многумина ќе биде поинаква од претходните години, бидејќи растот на трошоците, повисоките цени на горивата и глобалните геополитички случувања веќе влијаат врз туристичкиот сектор и врз плановите за одмор на граѓаните. Поради воените случувања на Блискиот Исток и последиците врз глобалниот транспорт и енергетскиот пазар, голем број авиокомпании веќе почнаа со корекции и откажување на одредени летови, додека ...

Политичката партија Левица изразува како што велат од таму, сериозна загриженост поради отсуството на официјален и јасно образложен став од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во однос на нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц околу исходот на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Во услови, кога, како што посочуваат од Левица, се отвораат суштински прашања за идниот европски статус на Македонија, ...

Градското сообраќајно претпријатие „Белград“ (ГСП) се огласи по несреќата со трамвајот кој излетал од шините утрово во Белград. Трамвајот КТ4, сообраќал на линија број 5 и излетал од шините, пренесуваат српските медиуми. Вкупно 15 лица се повредени, објави Првото основно обвинителство во Белград, а според службите за итни случаи, меѓу повредените имало две деца, кои биле пренесени во болница. Како што истакнуваат, трамвајот удрил во блиска ...

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, вели тој, е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. „Неговите јавни настапи се насочени ...

САД ќе одржуваат поморска блокада на иранските бродови во Ормускиот теснец додека не се потпише договорот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додека претставници на неговата администрација тврдат дека преговарачите ќе имаат 60 дена за да постигнат конечен договор. Трамп напиша на Truth Social дека блокадата на САД ќе остане на сила додека не се постигне договор, не се ратификува и потпише. Тој додаде дека двете страни треба да ...

Понеделник, 25 мај, носи поумерена и помирна енергија по динамичниот викенд. Месечината во Вага го насочува вниманието кон рамнотежата, компромисите и односите со луѓето околу нас. Ова е ден кога дипломатијата, добрата комуникација и смирените одлуки ќе имаат многу поголема сила од импулсивните реакции. Овен – Денот носи фокус на партнерствата и односите со луѓето околу вас. Можно е да се појави ситуација што ќе бара повеќе трпение и ...

Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор, истакна на прес-конференција Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Ги излажа граѓаните. Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“, ветуваше подобар ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторник патува во Литванија откако серија инциденти со беспилотни летала во балтичките држави ги натераа граѓаните да бараат засолниште во подруми и засолништа. Според „Политика“, фон дер Лајен треба да се сретне со лидерите на балтичките држави за да го координира одговорот на безбедносните закани. Европскиот комесар за одбрана, Андријус Кубилијус, исто така патува во ...

ВЛЕН денеска преку соопштение побара одговори за, како што наведуваат, одолговлекувањето на случајот поврзан со поранешниот функционер Артан Груби, оценувајќи дека јавноста има право на поголема транспарентност и побрзо институционално постапување. Од ВЛЕН посочуваат дека Груби, кој со години беше еден од најистакнатите функционери во ДУИ, се споменува во предметот „Државна лотарија“, каде заедно со Перпарим Бајрами се сомничи за злоупотреби ...

Едно лице е однесено во болница, а околу 20 лица пријавиле дека се чувствуваат лошо откако еден маж наводно испрскал непозната супстанца во близина на комерцијална зграда во деловниот кварт Гинза во Токио, соопшти полицијата. Итен повик за „остра миризба“ во трговскиот комплекс „Гинза Сикс“ е упатен околу пладне по локално време, пренесува Кјодо. Според извештаите, се чини дека мажот веќе го напуштил местото на настанот, а полицијата го ...

Додека граѓаните на Куманово живеат во хаос од урбанизација и масовно се иселуваат– блиските луѓе на Максим Димитриевски очигледно доживуваат вистински бизнис-бум, реагираат од Левица. Левица открива нов скандал. „Од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски. Тоа значи дека една ...

Вистински фудбалски спектакл се одигра во американската МЛС-лига, каде Интер Мајами по драматичен пресврт славеше со 6:4 против Филаделфија Унион, но вниманието на македонската јавност го привлече Милан Илоски – фудбалер со македонско потекло, кој одигра натпревар од соништата и постигна хет-трик против тим исполнет со светски фудбалски ѕвезди. Илоски блесна уште на стартот од натпреварот и ја шокираше домашната екипа со рано водство. Тој ...

Франција е потресена од голем скандал со злоупотреба на деца, откако училишните надзорници во десетици државни градинки и основни училишта беа испитани за насилство, сексуална злоупотреба и силување. Полицијата во Париз истражува повеќе од 100 пријави за наводна злоупотреба, физичко насилство и силување на деца на возраст од само три години. Обвинителството потврди дека случаите се однесуваат на однесувањето на училишните надзорници за време ...

„Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува со документите? Кога ќе бидат испратени“, прашуваат од СДСМ. Како што додаваат, повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: „Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ...

Досега непознати семејни документи и шифрирани дневници на таткото на Стивен Хокинг откриваат нови и интимни детали за детството, болеста и приватниот живот на еден од најголемите умови на современото време. Станува збор за дневници на Френк Хокинг – таткото на славниот физичар и експерт за тропски болести, кој повеќе од шест децении водел лични записи. Голем дел од нив биле напишани во тајна шифра со грчко писмо, а неодамна биле дешифрирани ...

Тешка несреќа се случи денес во Белград, кога трамвај излета од шините и удри во зграда. Во несреќата има повредени, но засега не се познати повеќе детали. Според првите информации од местото на настанот, трамвајот излетал од шините под сè уште неразјаснети околности, по што удрил во зграда до патот, пренесуваат тамошните медиуми. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Nova.rs (@nova.rs_portal) Силниот судир ...

Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј ...

Дали бројот на свеќички на роденденската торта навистина ја покажува вашата возраст? Научниците велат – не целосно. Освен хронолошката возраст, постои и биолошка возраст, која открива колку брзо старее организмот и какво е вистинското здравје на телото. Според најновите анализи и истражувања, биолошката возраст не зависи само од генетиката, туку и од секојдневните навики – начинот на исхрана, физичката активност, квалитетот на сонот, стресот ...

Осум лица, меѓу кои и еден пожарникар, се тешко повредени во пожар што избувна вчера попладне на товарен брод на пристаништето Гревенхофкај во пристаништето во Хамбург, соопшти противпожарната служба на северниот германски град. Пожарот избувнал во товарниот простор на бродот долг приближно 90 метри. Кога првите служби за итни случаи пристигнале на местото на пожарот, од крмата на бродот се кревал чад. Дотогаш, екипажот веќе почнал да ги ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
90%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
62%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
45%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Родиум

257205.97