Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се повредени во силна експлозија што го потресе возот со воен персонал во југозападниот дел на Пакистан. Нападот се случил во покраината Белуџистан, додека возот минувал низ железничката станица Чаман Фатак во градот Квета. Според првичните информации, автомобил полн со експлозив се забил во еден од вагоните, по што следувала разорна експлозија која целосно уништила дел од композицијата. Снимките од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во „Света Софија“ во Охрид во својот говор се осврна и на борбата против корупцијата, порачувајќи дека ги разбира граѓаните кои губат трпение во однос на испораката на правдата. -Сакам да се осврнам и на уште една важна тема. Тоа е борбата против корупцијата и постигнувањето правда. ...

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, попладнево би можел да се збогува со „Енфилд“. Како што открија италијанските медиуми, Алисон ги договорил лични услови со Јувентус. Бразилецот се согласил на тригодишен договор, со плата од 4.500.000 евра по сезона. Иако Ливерпул првично ја затвори вратата за неговото заминување, Алисон одржал состанок со клупските челници и клубот попушти пред неговата желба. Сега се во тек преговори, кои нема да бидат ...

По повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан, како и до сите Македонци каде и да се наоѓаат. Во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, се нагласува значењето на овој голем празник и историската улога на светите ...

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, присуствуваше на меморијалниот турнир во риболов на браната Пишица, организиран во чест на Љубиша Дуковски – Бомба, кој важи за еден од најголемите спортски риболовци во историјата на Пробиштип. Тоневски упати благодарност до организаторот СРД „Злетовица“ и до семејството на Дуковски за поканата и можноста да биде дел од настанот. „Голема благодарност до организаторите и до членовите на ...

Синоќа во Офицерскиот дом во Битола во присуство на голем број гости, свечено беше отворен Малиот Битолски Монмартр. Организаторот детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ им посака добредојде на учесниците на годинашната колонија, а поздравен говор во име на Општина Битола имаше заменик градоначалничката Марина Крстиќ. „Голема е честа и задоволството што вечерва сум овде со вас, на овој важен и единствен настан во Македонија, каде ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека делото на сесловенските просветители претставува темел на македонскиот јазик, писменост и култура. „Денеска со гордост и длабока почит се навраќаме кон делото на светите браќа Кирил и Методиј, кои му дадоа духовна и културна сила на словенскиот свет. Тие му подарија на народот можност ...

ВЛЕН побара одговори од ДУИ и од поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во врска со, како што велат, нивните врски со почесниот конзул на Србија, Владимир Стајиќ. „Колку повеќе ДУИ се обидува да зборува за српско влијание, толку повеќе на површина излегуваат нивните сопствени траги. Отворен Балкан, Охрид, Свети Наум, а сега и Владимир Стајиќ, почесниот конзул на Србија на официјалните приеми на Бујар Османи“, велат од ВЛЕН. ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода. Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Синоќа во 23:35 часот ул.„11 ...

Лажна дојава за пожар во домот на полскиот претседател Карол Навроцки довела до интервенција на пожарникари, кои насилно влегле во неговиот стан во Гдањск, пренесоа денеска полските медиуми. Портпаролот на полскиот претседател, Рафал Лешкјевич, на социјалните мрежи соопшти дека вчера повторно бил упатен лажен повик на бројот за итни случаи 112, а овојпат бил поврзан со куќата на претседателот Навроцки. „Денеска беше упатен уште еден лажен ...

Магнезиумот е исклучително важен минерал, клучен за регулирање на крвниот притисок, здравјето на коските и цревата, како и за правилната функција на мускулите. Се наоѓа во бројни намирници како овесни снегулки, црн грав, банани и јаткасти плодови, а многумина го земаат и како додаток во исхраната за намалување на анксиозност или подобрување на сонот. Сепак, и покрај сите негови придобивки, можно е да се внесе премногу магнезиум, што може да ...

Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, со образложение дека тие содржат сериозни законски и уставни прекршувања и дека се носат во корист на рударското лоби. Пратеникот Сашко Јанчев истакна дека граѓаните во изминатата деценија континуирано се спротивставуваат на отворањето рудници преку протести, трибини, блокади и локални референдуми, од кои ...

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека во инцидентите по собирот одржан во саботата во Белград биле повредени 17 полициски службеници. Според него, 47 лица биле приведени во просториите на Министерството за внатрешни работи, а едно од нив поседувало дипломатска легитимација. Дачиќ изјави дека полицијата не нападнала никого сè додека не биле нападнати полициските службеници и додаде дека ниту ...

Недела, 24 мај, носи поумерена, но силна енергија која ќе влијае врз емоциите, односите и личните одлуки. Денот отвора простор за расчистување на недоразбирања, враќање на внатрешниот баланс и носење мали, но важни животни одлуки. Кај некои знаци ќе има љубовни изненадувања, кај други финансиски размислувања, а многумина ќе почувствуваат потреба да го сменат ритамот и да направат простор за нова енергија. ОВЕН ♈ Неделата ќе ве насочи кон ...

Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, при што изјави дека Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка во фазата на спроведување на евентуален договор со Иран. На состанокот, кој се одржа преку видеоврска, учествувале и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Калифа, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал ...

Железничката станица во Скопје, која со години беше оставена на работ на функционалноста и хигиената, конечно се чисти и уредува. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, информираше дека е започната акција за враќање на репрезентативниот изглед на овој објект. Според Ивановски, децениската институционална и општествена негрижа ја претвориле станицата во нерепрезентативен објект „накитен“ ...

Кошаркарите на Њујорк победија во Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Никс водеа во текот на целиот натпревар и сега се само на една победа од нивното прво учество во големото финале од 1999 година, кога тимот предводен од Патрик Јуинг, Латрел Спривел и Алан Хјустон загуби од Сан Антонио со Дејвид Робинсон и Тим Данкан. Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис додаде 22. Покрај ...

Пентагон објави нова серија декласифицирани видеоснимки, аудиоматеријали и документи поврзани со НЛО-феномени, односно таканаречени УАП (неидентификувани аномални појави), а меѓу најинтересните материјали се појавија мистериозни објекти во форма на сфери кои лебдат на небото и изведуваат необични движења. Новиот пакет содржи повеќе од 50 претходно доверливи видеа, аудиозаписи и извештаи кои Пентагон ги објави како дел од постепениот процес ...

Селтик ја освои својата петта последователна титула во лигата и 56-та во историјата, во драмаричен финиш, Селтик во последното коло го победи лидерот Хартс со 3:1. Сепак, Шкотска сè уште се расправа за пеналот досуден за зелено-белите во 97-та минута на натпреварот од претпоследното коло во Мадервел. Фудбалската асоцијација на Шкотска се огласи со својата одлука, која во овој случај ништо не им значи на фудбалерите на Хартс. Одлуката гласи ...

Иако црниот дроб се смета за еден од најиздржливите органи во човечкото тело и има извонредна способност за самостојна регенерација, ново научно истражување покажува дека долгогодишното консумирање алкохол може да предизвика трајни промени кои не исчезнуваат дури ни по целосен прекин на пиењето. Научници од University of Illinois Urbana-Champaign, Duke University и Chan Zuckerberg Biohub Chicago откриле дека кај луѓе со тешки алкохолни ...

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го ...

Фудбалската репрезентација на Иран, со одобрение на ФИФА, ќе го премести својот камп за Светското првенство од Соединетите Американски Држави во Мексико, изјави во саботата претседателот на Иранската фудбалска асоцијација. ФИФА сè уште не го потврди преместувањето на кампот на репрезентацијата, што го најави Мехди Таџ. „Сите бази на националните тимови што учествуваат на Светското првенство мора да бидат одобрени од ФИФА“, рече Таџ во ...

Понекогаш е доволна една погрешна реченица, несмасен потег или чуден момент за целосно да се промени атмосферата. Токму такви ситуации споделија корисници на Reddit, откако еден корисник ги праша кои се најчудните, најсмешните или најнепријатните работи што им се случиле за време на интимни моменти. Одговорите за кратко време станаа вистински хит на социјалните мрежи, а многумина признаа дека и години подоцна сè уште чувствуваат непријатност ...

Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 ...

Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите, пишува во денешната честитка на собранискиот претседател Африм Гаши. – По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот ...

Џенаро Гатузо би можел да го преземе Лацио по неуспешниот мандат како селектор на Италија. Како што објави Алфредо Педула, поранешниот играч од средниот ред на Милан е во потесниот круг на кандидати за наследник на Маурицио Сари. Пред тоа, Гатузо имаше понуди од турскиот Амедспор и од Торино, но финансиските детали пресудиле тој да ги одбие овие понуди. Покрај Гатузо, на списокот на Лацио се наоѓаат Рафаеле Паладино, кој сигурно ќе ја ...

Македонија чекор поблиску до роаминг без дополнителни трошоци со ЕУ: Граѓаните ќе плаќаат како дом Македонија се подготвува да стане првата земја во регионот што целосно ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци за роаминг со Европската Унија, што би претставувало значително олеснување за граѓаните при патување во земјите членки. Оваа важна реформа ја најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми. Тој, исто така, рече дека некои ...

Необична и забавна снимка од селото Куново во општина Гостивар привлече внимание на социјалните мрежи, откако на неа се гледаат два зајаци кои стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, како да се во „сериозна расправија“. Видеото е објавено со доза на хумор од локалните жители, кои на шега напишале: „Нарушени меѓузајачки односи во селото“, што дополнително ја засили реакцијата на корисниците на интернет. На снимката, двата зајаци се ...

Олександр Усик едвај ги одбрани титулите во тешка категорија откако забележа исклучително контроверзна победа, со прекин во 11-та рунда, против дебитантот Рик Верховен во Египет. Поранешниот кикбоксер од Холандија, за кого ова беше втора професионална боксерска борба, беше поагресивен во поголемиот дел од мечот и пружи изненадувачки силен отпор, а во моментот на паузата водеше според бодовите кај еден судија, додека кај другите двајца судии ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
91%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
77%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
69%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.7
91%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 15ᴼ
1.39
70%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
61%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
71%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54