Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Денеска, 24 мај, се одбележува Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј – празник посветен на браќата кои со својата мисија, образование и создавање на првата словенска азбука оставија траен печат врз историјата, културата и духовниот развој на словенските народи. Светите браќа Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се сметаат за едни од најзначајните личности во словенската и христијанската историја. Поради нивната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...
Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил ...
Постојан замор, вртоглавици, чувство на слабост, недостаток на енергија или забрзана работа на срцето – многумина овие симптоми ги поврзуваат со стрес, недоволен сон или секојдневен замор. Но, лекарите предупредуваат дека зад ваквите знаци понекогаш може да стои многу посериозна причина која се открива преку една навидум едноставна анализа од крвта – феритин. Иако ретко се споменува надвор од медицинските ординации, феритинот е еден од ...
Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и „пренесен во локална болница, каде подоцна ...
Бетина Андерсон сподели емотивна фотографија од нејзиниот венчален прстен по официјалното стапување во брак со Доналд Трамп Помладиот, син на американскиот претседател Доналд Трамп. На фотографијата, објавена на Инстаграм стори, двојката се држи за раце, а во преден план се гледаат нивните венчални прстени. Бетина носи едноставен и елегантен тенок златен прстен, додека Доналд Трамп Помладиот избрал класичен прстен со поширок дизајн. ...
Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени најмалку четири ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да ...
Променливо и нестабилно време со дожд, грмежи и силен ветер ја очекува Македонија денес, а метеоролозите предупредуваат дека на одредени места временските услови може да прераснат и во локално невреме. Според прогнозите, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и грмежи на повеќе места низ земјата. Ќе дува засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час, а локално временските процеси ќе бидат ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека 23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци, додавајќи дека полицијата интервенирала со минимална употреба на средства за принуда дури откако биле нападнати. Дачиќ на прес-конференција нагласи и дека има повредени полицајци. Според него, дури и по предупредувањето на директорот на полицијата дека јавниот собир во Славија треба да помине и да заврши мирно, ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, трета година по ред ја освои пол-позицијата за Големата награда на Канада. Британецот, кој претходно победи во спринт траката, во последнните секунди го извозе најбрзиот круг. Расел, кој победи на стартот од сезоната, во Австралија, до пол-позицијата дојде со време 1:12.578. Ова време за 68 илјадити делови од секундата беше побрзо од времето на неговиот тимски колега, Андреа Кими Антонели. Интересно и во ...
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, беше расположен кога разговараше со медиумите по величествената победа (3:0) на неговиот тим во финалето на Купот, против Штутгарт во Берлин. Херојот на првата титула на Баерн во Купот, по пауза од шест години, беше Хари Кејн. Англичанецот ги постигна сите голови за Баерн. Хенес одговори на прашањето за интересот на Барселона, за Хари Кејн. „Доаѓањето на Хари Кејн е најдобриот трансфер што ...
Полека се спушта завеста на фудбалската сезона во Шпанија. Последното 38-мо коло го даде одговорот кои екипи ќе му се придружат на Овиедо во Втората лига. Тоа се Мајорка и Џирона. Вечерва се одиграа девет од вкупно 10 натпревари од последното 38-мо коло. Утре сезоната ќе заврши сио дуелот меѓу Виљареал – Атлетико Мадрид. Многу работи беа познарти уште пред последното коло. Ново-стариот шампион е Барселона, втор е Реал Мадрид, утре Виљареал ...
Фудбалерите на Баерн Минхен ја комплетираа двојната круна во Германија. Вечерва го освоија Купот, со победата над Штутгарт 3:0. БОва е прва дупла круна за Баерн по пауза од шест години. Апсолутен херој на победата, на Олимпискиот стадион во Берлин беше Хари Кејн. Баерн Минхен го освои Купот на Германија 21-ви пат во историјата на клубот. Првото полувреме, во кое играчите на Штутгарт беа подбри на теренот заврши без голови. Во првиот дел ...
Фудбалерите на Вардар ја прославија шампионската титула со победата над Шкендија 3:0. За црвено-црните ова е 12-та титула во клупската историја и прва по пауза од шест години. Вардар до победата над Шкендија дојде со авто голот на Ајетовиќ во 20-та минута, Закариќ во 36-та и Николов во 80-та минута. Шкендија можеше да вмесе неизвесност во натпреварот, меѓутоа Талески во 70-та минута два пати му одбрани пенал на Љатифи. Вардар во новата ...
Смртта на Твиша Шарма, која се случила на 12 мај во градот Бопал, предизвика големо медиумско внимание и секојдневно ги полни насловните страни, пишува Би-би-си. Оваа33-годишна манекенка и актерка била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг кога била пронајдена мртва во нивниот дом. Тие се запознале преку апликација за состанување. Родителите и браќата на Твиша тврдат декаСамарт и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала ...
Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон ...
На улицата „Кнез Милош“ во Белград речиси и да нема граѓани, но голем број полицајци сè уште се собрани таму по масовниот протест кој се одржа денеска од 18 до 20 часот на кој учествуваа повеќе од 100.000 граѓани. Има многу остатоци по улицата од калдрмата откорната од тротоарот. Топовски истрели сè уште повремено се слушаат, пренесуваат српските медиуми. Денешниот собир беше организиран од студентите под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што ...
Коалицијата ВЛЕН со остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата за лицемерие и поврзаност со личности кои, како што тврдат, стојат зад организирање на просрпски собири во земјава. Од ВЛЕН велат дека ДУИ е „последната партија што може да зборува за српско влијание“, потсетувајќи дека токму тие биле дел од иницијативата „Отворен Балкан“, која според нив му служела на српскиот претседател Александар Вучиќ и ја заобиколувала Косово. „Наместо ...
Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имаа средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка. Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје. – Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и ...
Бруно Фернандеш, играч од средниот ред и капитен на Манчестер Јунајтед, е избран за најдобар играч на Премиер лигата во сезоната 2025-2026. Со осум гола и 20 асистенции, Португалецот ги предводеше „Црвените ѓаволи“ до третото место во Премиер лигата и место во Лигата на шампионите, што е голем подвиг со оглед на просечните резултати на тимот во првиот дел од сезоната. Со 20 асистенции, Фернандеш го израмни рекордот во Премиер лигата во една ...
Американски конзорциум понудил околу 2.000.000.000 евра за да го купи Наполи од семејството Де Лаурентис, објавуви „Атлетик“ повикувајќи се на неколку анонимни извори. „Андердог Глобал Партнерс“, ги води преговорите во име на инвеститорската група, која сака да го продолжи развојот на клубот врз основа на наследството на Аурелио Де Лаурентис. Де Лаурентис го презеде Наполи во 2004 година, кога клубот беше во третиот ранг на италијанскиот ...
Бернардо Силва наскоро ќе стане нов член на Атлетико Мадрид. Голем медиуми, потврдија дека Силва е во завршни преговори со Атлетико Мадрид, откако решил да ја прифати понудата од црвено-белиот дел на Мадрид. Португалецот доаѓа на местото на Антоан Гризман. Силва имал понуда од Јувентус, се надевал на понуда од Барселона, но најконкретни биле „јорганџиите“. Бернардо Силва има 32 години, сè уште не е за „старо железо“ и дефинитивно ќе биде ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати повик до економскиот тим на опозицијата за заедничка средба во Министерството за финансии, со цел, како што истакна, „да се објаснат фактите и реалната состојба во економијата“. Таа оцени дека во јавноста се пласираат, како што рече, „хистерични прес-конференции полни со невистини и погрешни толкувања“, нагласувајќи дека економијата не се води со паника, туку со бројки. ...
Снимките од денешниот студентски собир на белградскиот плоштад Славија укажуваат дека тоа ќе биде еден од најголемите вакви собири досега, објави организацијата Архиви на јавни собири на социјалната мрежа X. „Проценката за повеќе од 100 илјади луѓе е тешка и нема да ги објавиме податоците вечерва“, соопшти Архивата на јавни собири. Оваа организација, исто така, ја предупреди јавноста за „очекуваната дезинформација и омаловажување на бројките ...
Фудбалерите на Хал Сити по пауза од девет години повторно ќе играат во Премиер лигата. Хал направи голема сензација, во финалето од плејофот го победи фаворизираниот Мидлсбро со 1:0 на „Вембли“ со гол на Оли Мекберни во 95-та минута. Покрај пласманот во елитните редови на англискиот фудбал, овој успех му носи на клубот значителни финансиски приходи, проценети на околу 231 милион евра, благодарение на новиот договор за телевизиски права. ...
Почитувани, СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој воопшто не се реализирал затоа што договор нема. Очигледно е дека директно застапуваат некоја од страните заинтересирани за тендерот. Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до Министерството ...
EMSC попладнево првично објави информација за земјотрес во североисточниот дел на Македонија, во близина на Куманово. Според прелиминарните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил регистриран околу 17:41 часот по локално време, на околу 10 километри североисточно од Куманово. Во моментот на првата објава магнитудата сè уште не била утврдена, по што подоцна беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 3.5 ...
Џорџ Расел беше најбрз во спринт трката возена во рамките на Големата награда на Канада. Британецот кој стартуваше од пол-позицијата, ја забележа втората победа во спринт трките сезонава, има и еден триумф во главните трки. Расел во Монтреал победи пред Ландо Норис од Мекларен и тимскиот колега Андреа Кими Антонели. Зад нив се пласираа Оскар Пјастри, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Макс Ферстапен и Арвид Линдблад. Спринтот во Монтреал донесе ...
Секому му се случило барем еднаш – да излезе од дома и неколку минути подоцна да се запраша дали ја исклучил пеглата, шпоретот или заклучил врата. Ваквите сомнежи се дел од секојдневието на многу луѓе, но постои едноставна техника која може значително да помогне во подобрување на вниманието и памтењето. Во Јапонија, железничките оператори со години користат посебен систем за спречување човечки грешки наречен „шиса канко“, што во превод значи ...