Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Триесет дневен притвор доби 76-годишниот возач на камион кој беше дел од сообраќајната несреќа на скопската обиколница, а во која четири лица го загубија животот. Од скопскиот Кривичен суд велат дека мерката е определена доцна синоќа, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело. Вчера од Јавното обвинителство информираа дека возачот на камионот, кој е косовски државјанин, е осомничен за кривичното дело тешки дела ...
Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Црвена звезда. Како што објави „Меридијан спорт“, тимот ќе го води Милан Томиќ до крајот на сезоната, на Фајналфор турнирот на КЛС во Ниш (29-31 мај). Како што се додава, по разговорите меѓу клубот и тренерот, донесена е одлука двете страни да се разделат и да се стави крај на епизодата што заврши со освојување на Купот „Радивој Кораќ“. Томиќ ги освои титулите во АБА и во српското ...
Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку објава на социјалните мрежи упати реакција по, како што наведе, „неумесни квалификации“ изнесени од страна на советник во Советот на Општина Битола, поврзани со културните настани и развојот на градот. Во својата објава, Димитровски посочува дека не се согласува со, како што вели, обидите за девалвирање на културните манифестации кои во изминатите години станале препознатлив белег на ...
Синоќа во Прилеп започна 52. издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, еден од најзначајните настани посветени на зачувување на македонската изворна музика и културно наследство. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека фестивалот повеќе од пет децении претставува симбол на македонскиот културен идентитет, каде што се негуваат народната песна, ората, носиите и автентичниот звук на ...
Со доаѓањето на пролетта и повисоките температури, сè поголем број граѓани се соочуваат со сезонски алергии. Поленот од дрвјата, тревата и цвеќињата е една од најчестите причини за појава на алергиски реакции во овој период од годината. Лекарите објаснуваат дека најчестите симптоми на пролетните алергии се кивање, затнат или течење на носот, чешање и солзење на очите, кашлица, замор и отежнато дишење кај чувствителните лица. Симптомите често ...
Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации кои работат на областа, како и здравствени ...
Општина Прилеп ја најави традиционалната рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“, која оваа година одбележува 20-годишен јубилеј. Настанот ќе се одржи на 25 мај 2026 година, со почеток на собирање од 11:00 часот, додека стартот е закажан за 12:00 часот. Локацијата на стартот е булевар „Гоце Делчев“ – пред „Реклами“. Велосипедската рута ќе се движи од Прилеп до село Мало Коњари и назад, а организаторите најавуваат ...
Експлозијата се случи вчера во 19:29 часот по локално време, а 247 работници работеа во рудникот, кој го управува групацијата Тонгџоу, во времето на несреќата. Стотици спасувачи се испратени на местото на настанот. Снимките од државните медиуми покажуваат медицински екипи кои носат носилки, а амбулантни возила се видливи во позадина. Според извештаите, повеќе од 100 лица се однесени во болница, а спасувачките операции сè уште се во тек на ...
Грција започнува нова стратегија за управување со туризмот со цел да ги намали последиците од прекумерниот број туристи, да ги заштити природните и културните богатства и да обезбеди поодржлив развој на најпопуларните туристички дестинации. Новите мерки особено се однесуваат на островите кои со години бележат огромен туристички притисок, меѓу кои Санторини, Миконос и одредени делови на Крит. Локалните власти подолго време предупредуваат дека ...
Нов бран на нестабилност попладнево предизвика невреме со силен пороен дожд и засилен ветер во повеќе делови на државата. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Метеоролозите ...
Компанијата „Опен АИ“ претстави нова функција која овозможува поврзување на банкарските сметки директно со „Чет-ГПТ“, отворајќи нови можности за персонализирано финансиско планирање, но истовремено предизвикувајќи и сериозна загриженост кај експертите за сајбер-безбедност. Новата опција засега е достапна за корисниците на „Чет-ГПТ Про“ во САД и овозможува интеграција со повеќе од 12.000 финансиски институции. Преку оваа функција, корисниците ...
Случај што ја потресе Индија и предизвика огромни реакции на социјалните мрежи продолжува да привлекува внимание во јавноста. Смртта на 33-годишната манекенка и актерка Твиша Шарма, поранешна носителка на титулата Мис Пуна, отвори сериозни прашања за насилството поврзано со миразот – проблем што и понатаму претставува длабока општествена рана во земјата. Твиша Шарма била пронајдена мртва на 12 мај во нејзиниот дом во индискиот град Бопал, ...
Руски домаќинки открија едноставен трик кој последниве години станува сè попопуларен меѓу љубителите на практични решенија за домот – метод со само две евтини состојки што може да ги направи прозорците блескаво чисти и да спречи брзо натрупување прашина и траги. Миењето прозорци за многумина е една од најзаморните домашни обврски. Иако на почетокот изгледа дека темелното чистење ги решава сите проблеми, многу луѓе веќе по неколку дена ...
Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола тврди дека цела учебна година одел на работа, држел настава, пишувал оценки и водел е-дневник, без притоа да знае дека уште во јануари 2025 година формално му бил прекинат работниот однос. Како што објави порталот „Апла“, Поповски бил ангажиран во три училишта за да оформи полн фонд часови, а во подрачното училиште во Горно Оризари при ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола одржувал по ...
Во Битола денеска се одвиваат интензивни градежни активности на улицата „Козара“, зад Здравствениот дом, каде се врши бонификација на нестабилен терен под коловозот, односно стабилизирање на постелицата пред финалните фази на реконструкцијата. По оваа фаза, како што информираат надлежните, ќе следуваат ископи, тампонирање, поставување на рабници, изработка на сливници и конечно асфалтирање на коловозот. Од општинските служби посочуваат дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот. Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на ...
Тејлор Свифт и Тревис Келси повторно се во центарот на вниманието, но овојпат не поради музика или спорт, туку поради детали поврзани со нивната наводна свадбена церемонија. Според странските медиуми, една од поканетите гостинки изразила незадоволство откако наводно добила покана без можност да донесе придружба. Неименуваната гостинка за странски медиум изјавила дека била разочарана од правилата за присуство на свадбата, тврдејќи дека како ...
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва во земјава, откако вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин открил сериозни прекршувања на законските обврски и неправилности во работењето. Според информациите од Министерството, при контролата биле утврдени груби прекршувања на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците, како и практики со кои директно ...
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин биле утврдени сериозни повреди на законски обврски. МФ информира дека надзорот утврдил грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски ...
Филмскиот фестивал во Кан уште еднаш потврди дека не е само еден од најважните филмски настани во светот, туку и глобална модна сцена каде се создаваат трендовите што подоцна доминираат низ целата индустрија. Додека денес официјално се спушта завесата на овогодинешното издание, вниманието покрај филмовите и големите премиери беше насочено и кон впечатливите модни изданија на црвениот тепих. Годинешниот Кан донесе силни филмски имиња, големи ...
Демократска унија за интеграција денеска објави нови информации поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама, оценувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за потеклото на капиталот и имотот. Од ДУИ посочуваат дека компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје е во сопственост на Недим Рама и, како што наведуваат, партискиот донатор на ВЛЕН, Анид Шазивари. Според партијата, фирмата е регистрирана за изнајмување автомобили и се наоѓа на официјалната ...
Истражувањата и советите од експерти за односи покажуваат дека задоволството и блискоста меѓу партнерите не зависат од скапи изненадувања или необични идеи, туку од нешто многу поедноставно – искрен разговор и подобра комуникација. Според анализи објавени во стручни истражувања, паровите кои отворено разговараат за своите очекувања, чувства и потреби имаат значително поголемо задоволство во врската и посилна емоционална поврзаност. Едно ...
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека нема да присуствува на претстојната свадба на својот најстар син Доналд Трамп Помладиот со Бетина Андерсон, истакната претставничка на високото општество од Палм Бијч, поради итни државни обврски во Вашингтон. „Иако многу сакав да бидам покрај мојот син Дон Помладиот и најновиот член на семејството Трамп, неговата идна сопруга Бетина, околностите поврзани со управувањето на земјата и мојата ...
Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со ветувања за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“, обвинија од Левица во соопштение. Од партијата велат дека, и покрај најавите на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски, Скопје и натаму нема нови автобуси, а состојбата со јавниот превоз е сè полоша. Во соопштението се наведува дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат го блокирале Советот на ...
Пејачката Џеси Џеј со емотивна објава на социјалните мрежи откри дека ја добила најважната битка во животот – пејачката соопшти дека повеќе нема рак на дојка, една година по шокантната дијагноза што ја сподели со јавноста. Британската ѕвезда на Инстаграм објави видео додека чекала магнетна резонанца како дел од редовниот годишен преглед, а потоа ги сподели и добрите вести со своите следбеници. „Резултатите се тука и повеќе немам рак“, напиша ...
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести воведе нови итни мерки поради актуелната епидемија на ебола во Африка и ширењето на опасниот Бундибуџо сој, за кој засега нема одобрена вакцина ниту лек. Според новата привремена уредба, на лицата со постојан престој во САД ќе им биде забранет влез во земјата до средината на јуни доколку во последните 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан. ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите истакна дека треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права. -Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за ...
Netflix додава нов начин за гледање содржина во рамките на својата апликација. Најновиот редизајн на апликацијата Netflix воведува систем на вертикални видеа, сличен на TikTok и Instagram Reels, наречен „Clips“, кој е дизајниран да го направи процесот на откривање содржина поинтерактивен. Новиот вертикален фид прикажува кратки клипови од филмови и серии, спојувајќи го зависното искуство на социјалните медиуми со платформата за стриминг. ...
За време на гостувањето во радио емисијата „Појадок со срце“ што ја водеа Џејми Тикстон и Аманда Холден, принцот од Велс не штедеше пофални зборови за својата сопруга. – Таа е неверојатна мајка и неверојатна сопруга. Буквално, нашето семејство не можеше да функционира без неа. Таа беше апсолутно неверојатна – рекол Вилијам. Посебен фокус на разговорот беше ставен на првото официјално патување на Кејт во странство по нејзината дијагноза. ...
Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје. Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – ...