Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130:93 и ја добија серијата со 4-0 во финалето на Источната конференција. Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени, Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по 15 за Никс, кои станаа четвртиот тим во историјата со серија од 11 победи во плејофот. Последниот ...
Македонија денес, ќе биде под влијание на стабилно и значително потопло време, со сончеви периоди и мала до умерена облачност. Според прогнозата, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во текот на попладневните часови на одделни места ќе постојат услови за краткотрајна изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во пораст, а во најтоплите делови од земјата максималната дневна ...
Делови од скопските општини Бутел и Центар денеска ќе останат без електрична енергија. ЕВН Македонија АД известува дека денеска, 26 мај, без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од потрошувачи на ул.Мара Маждуречка и дел од потрошувачите на ул.Ферид Бајрами.(општина Бутел) · во периодот од 09.00 до 15.00 часот, Музеј на современа уметност дел од потрошувачи на ул. Самоилова(општина Центар) ...
Американската актерка Џин Себерг, една од најпрепознатливите лица на францускиот нов бран и холивудска ѕвезда, зад себе остави кариера исполнета со успех, но и живот обележан со болка, трагедии и контроверзии. Нејзината смрт во 1979 година и денес останува обвиткана со мистерија, а многумина случајот го споредуваат со оној на Мерилин Монро. Веста за нејзината смрт беше објавена на 8 септември 1979 година, девет дена откако исчезнала од ...
Во 2026 година, возењето во Грција повеќе нема да биде исто. Новиот Закон за безбедност во сообраќајот воведува строги правила, повисоки казни и масовни контроли, а туристите се меѓу оние кои најчесто ќе бидат проверувани. Покрај добро познатите забрани за алкохол и телефон, сега на листата има и предмети и навики за кои многумина не ни претпоставуваат дека се казниви. Една од најстрогите забрани се однесува на антирадарите и уредите што ...
Поранешниот командант на иранската Револуционерна гарда и воен советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека ако САД продолжат со војната, Техеран ќе им го загорчи животот на Американците и ќе предизвика големи проблеми за американската економија, објави денес американската телевизиска станица „Фокс њуз“. „Исламската Република ви кажува дека ако продолжите со војната, тоа ќе им го загорчи животот на американскиот народ и ќе ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна за време на разговор зад затворени врати дека се соочува со сериозни тешкотии во обидот да влијае врз ставот на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран, според израелските медиуми. Оваа информација се појави во време кога преговорите меѓу Вашингтон и Техеран очигледно се блиску до постигнување договор со цел да се стави крај на војната против Иран. Израелскиот „Канал 13“, повикувајќи се ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди белорускиот лидер Александар Лукашенко да не го продлабочува вклучувањето на својата земја во руската војна против Украина, дознава АФП од извор близок до Макрон, објавува „Киев Индепендент“. Телефонскиот разговор, одржан на 24 мај, се случи во време на сè погласни шпекулации дека Белорусија би можела да се вклучи подиректно во војната на страната на Русија. Белоруските државни медиуми ...
Грчките власти денес објавија дека 20 лица се уапсени на Крит како дел од операцијата против криминална мрежа обвинета за измамничко добивање земјоделски субвенции од Европската Унија преку поранешната грчка агенција за плаќање ОПЕКЕПА. Операцијата, предводена од Одделот за организиран криминал на Крит, е фокусирана на разбивање на она што истражителите го опишуваат како структурирана група која нелегално барала исплати на земјоделски ...
Во Франција, жолт метео аларм е прогласен во 18 департмани поради топлотен бран, а истото предупредување се воведува во Париз и неговите предградија од денес, додека Британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран таму денес би можел да собори дури три рекорди. „Метео Франс“ објави дека оваа година е обележана со раното доаѓање на екстремно топло време, со утрински температури помеѓу 14 и 20 степени Целзиусови до ...
Италијанскиот тренер Антонио Конте потврди дека го напушта Наполи. Конте ги предводеше наполитанците две сезони. Конте се споменува во медиумите како прв кандидат да ја преземе италијанската репрезентација, која веќе ја водеше од 2014 до 2016 година. 56-годишениот тренер, заедно со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, одржа прес-конференција по последниот натпревар на Наполи во сезоната и победата против Удинезе. „Пред еден месец ...
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата ...
Неизвесна е иднината на фудбалскиот клуб Милан, по катастрофата што му се случи синоќа во последното коло, во Серија А. Милан требаше да го победи Каљари на домашен терен, имаше предност, но на карјот загубии со 1:2 и остана без место во Лигата на шампионите. По неуспехот во натпреварот против Каљари, сопственикот на клубот Гари Кардинале ќе мора да донесе клучни одлуки за следната сезона, а меѓу нив е и статусот на тренерот на Милан. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека мировниот договор со Иран „или ќе биде одличен и значаен, или нема да има договор“. Во објава на социјалната мрежа „Трут Сошл“, Трамп рече дека мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе биде подобар од „катастрофалниот“ договор постигнат од администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, кој, според него, бил директен и отворен пат кон ...
Навивачите на Аргентина ширум светот со нетрпение очекуваат вести откако Лионел Меси го напушти стадионот „Ну“, во недела навечер, поради очигледен проблем со левата нога. Интер Мајами ја победи Филаделфија Јунион, со 6:4, во последниот натпревар од МЛС лигата пред Светското првенство , но резултатот падна во втор план поради повредата на најдобриот Аргентинец и еден од најомилените играчи во светот. Меси се држеше за задниот дел од левата ...
Иако медицината во последните децении бележи значителен напредок во лекувањето на ракот, научниците сè почесто предупредуваат дека најсилното оружје против болеста можеби и понатаму останува превенцијата. Ново истражување сега предизвикува дополнителна загриженост откако откри присуство на потенцијално канцерогени хемиски соединенија во повеќе видови секојдневна храна, особено во производите подготвени на високи температури. Истражувањето го ...
Како што објавија медиумите во Грција, Олимпијакос постигнал договор со плејмејкерот на Црвена звезда, Коди Милер-Мекинтаер. Само еден ден по освојувањето на европската титула, тимот од Пиреја веќе почнува да прави планови за следната сезона. Дел од тие планови е искусниот 32-годишен Американец, кој ќе го остане во црвено-бело, но од Белград ќе се пресели во Атина. Тој се согласил на договор со грчкиот гигант за 2+1 сезони. Треба да ...
Тензиите во Лацио достигнуваат кулминација, а италијанските медиуми сè погласно пишуваат дека разделбата меѓу претседателот Клаудио Лотито и тренерот Маурицио Сари е речиси неизбежна. Односите меѓу двајцата веќе со месеци се сериозно нарушени, а дополнително масло на огнот долеа Сари по последниот првенствен натпревар, кога изјави дека „Формело е тешка средина“. Од друга страна, Лотито не го крие незадоволството од сезоната, сметајќи дека ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Пекинг изјави дека Кина и Србија треба да ја продлабочат меѓусебната доверба и да ја прошират соработката за понатамошно зајакнување на нивното стратешко партнерство. Според соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи, Шји рекол дека двете земји треба да ги интензивираат размените, да ја зајакнат практичната соработка и да се ...
Иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“ на социјалните мрежи објави фотографии и видео и предупреди за свлечиште на спојот меѓу улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“, кај поранешен „Иво Лола Рибар“ во Скопје. Како што наведуваат во објавата, дошло до колапс на земјиштето под асфалтот во близина на ново градилиште, за кое тврдат дека работело и за време на државниот празник. „Оштетена е целата инфраструктура – кабли ...
Нема да има промена во квалификацискиот систем за пласман на ЕУРО 2028. Националните селекции ќе бидат поделени во 12 групи, секоја група ќе содржи четири или пет национални селекции. Победниците (12) и осумте најдобри второпласирани одат на Европското првенство. Домаќините на првенството Англија, Република Ирска, Шкотска и Велс ќе учествуваат во квалификациската групна фаза, но ќе бидат во посебни групи. Две места на завршниот турнир се ...
Актерката Хана Мареј, позната по улогата во популарната серија „Игра на троновите“, откри шокантни детали од својот приватен живот, признавајќи дека на 27-годишна возраст доживеала тежок психички колапс откако станала дел од, како што ја нарекува, „секта за благосостојба“. Денес 36-годишната актерка за овие тешки животни моменти отворено зборува во своите претстојни мемоари со наслов „Измамата: Мемоари за магија и лудило“, во кои детално ...
Се појавија нови информации дека Apple конечно би можел да претстави подобрена верзија на гласовниот асистент Siri како дел од првата бета верзија на iOS 27. Apple традиционално ја објавува првата бета верзија на новиот iOS систем веднаш по воведната презентација на конференцијата WWDC, а се очекува дека iOS 27 бета 1 би можел да го донесе Siri 2.0 со функцијата Personal Siri. Новата верзија на асистентот би требало да може истовремено да ...
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави списокот на играчи за Светското првенство. На спиското нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Селекторот ги вклучи повредените напаѓачи Ламин Јамал и Нико Вилијамс во тимот, бидејќи очекува тие да се рехабилитраат до почетокот на Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. За прв пат Шпанија на големо натпреварување оди без играчи на Реал. Дефанзивецот ...
Познатата австралиска поп-ѕвезда Кајли Миног ретко зборува за својот приватен живот, но кога ќе се наврати на минатото, едно име секогаш има посебно место во нејзиното срце – Мајкл Хаченс, фронтменот на легендарниот рок-бенд „INXS“, кого таа во повеќе наврати го опишала како најголемата љубов во нејзиниот живот. Нивната љубовна приказна се одвивала кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години, во време кога Кајли сè уште ...
iOS 27 ќе биде претставен на 8 јуни на WWDC, а гласините сугерираат дека ажурирањето на софтверот би можело да ја прекине поддршката за четири модели на iPhone. Еве ги деталите. Се приближуваме до големото откривање на iOS 27 од страна на Apple на WWDC, а меѓу шпекулираните карактеристики се целосна реконструкција на Siri, промени во дизајнот на Liquid Glass и друго. Но, дали вашиот iPhone ќе ја поддржи оваа нова надградба? Познато е дека ...
Русија денес ги предупреди жителите на Киев, вклучувајќи го дипломатскиот персонал и претставниците на меѓународните организации, да го напуштат украинскиот главен град „што е можно поскоро“ и да ги избегнуваат воените и административните објекти. Руското Министерство за надворешни работи објави на Телеграм дека Русија ќе изврши „систематски напади“ врз објекти поврзани со воено-индустрискиот комплекс на Украина во Киев по она што го опиша ...
Денес измерени 16 степени на Попова Шапка, 20 во Крушево, 21 во Маврови Анови, 22 Лазарополе, 24 во Охрид, Претор, 25 во Берово, Битола, Прилеп, 27 во Крива Паланка, 28 во Тетово, 29 степени се измерени во Штип, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, 30 степени биле измерени во Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес и 31 степен во Демир Капија и Гевгелија. Според најавите од УХМР до крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време со услови за ...
Европската Унија сè поинтензивно работи на намалување на зависноста од американските платежни гиганти „Visa“ и „Mastercard“, но планот за воведување на дигитално евро веќе предизвикува сериозни поделби меѓу Европската централна банка (ЕЦБ) и финансискиот сектор. По големиот раст на безготовинските плаќања во периодот по пандемијата, зависноста на еврозоната од американските компании значително се зголеми. Според податоците, компаниите ...
Кинескиот стартап за вештачка интелигенција DeepSeek сè повеќе агресивно се позиционира како најисплатлива опција за развој на агенти за вештачка интелигенција и напредни генеративни алатки. Компанијата трајно ја намали цената на својот најнов водечки модел, DeepSeek V4 Pro, за дури 75 проценти, со што претходната промотивна кампања, која требаше да трае до 31 мај 2026 година, стана трајна, објави Engadget. Според податоците од официјалната ...