Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
По минималната, но значајна победа на Интер над Лече (1-0), свој коментар даде младиот напаѓач Пио Еспозито, кој беше автор на единствениот гол и ја доби наградата за играч на натпреварот. Еспозито нагласи дека ваквите победи се клучни во долга и напорна сезона, особено кога тимот се бори на повеќе фронтови. Според него, фактот што Интер се наоѓа на врвот на табелата не создава притисок, туку дополнителна мотивација и самодоверба. „Не се ...
Пред натпреварот помеѓу Србија и Шпанија на претстојното Европско првенство, искусниот шпански репрезентативец Алекс Душебаев, открива зошто смета дека дуелот ќе биде исклучително тежок и зошто е внимателен кога станува збор за тимот под водство на новиот селектор Раул Гонзалез. Душебаев истакнува дека Србија, и покрај бројните промени во составот и присуството на млади ракометари кои можеби немаат многу големо искуство на големи ...
Екипата на Брегалница од Штип донесе ново име и објави дека Јорданчо Наумоски од денес е сино-бел. Наумоски во пролетниот дел ќе биде дел од Брегалница. Доаѓа како засилување во средниот ред. Има 30 години, кариерата ја започна во ФК 11.Октомври во Прилеп, потоа настапуваше во Данска, во подмладокот на Брондби. Низ кариерата Наумоски уште има настапувано за Металург, Победа, Тиквеш, а во Штип доаѓа од битолски Пелистер. Екипата на Брегалница ...
Македонскиот суперлигаш ГРК Охрид информира дека ги продолжи договорите со тројца македонски играчи на кои ќе смета и за иднината. Клубот од градот крај езерото стави потписи на нови договори со левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески кои ги продолжија договорите со клубот до 2028 година, а левиот бек Дејан Кукуловски до 2027 година. Тројцата играчи се важен дел од екипата на Борис Ројевиќ, која со новиот проект најавува ...
Н’Голо Канте е еден од оние фудбалери чие влијание не се мери со спектакуларни дриблинзи или атрактивни потези, туку со трофеи. Тивкиот мотор од средниот ред со години е симбол на победнички менталитет, а неговиот придонес во историската титула на Лестер Сити во Премиер лигата останува немерлив. Истото важи и за сезоната подоцна, кога беше клучна фигура во шампионскиот поход на Челзи, како и за титулата што ја освои и во Саудиска Арабија. ...
Крилото Никола Костески е еден од поискусните играчи во актуелниот ростер на Македонија. Членот на Алкалоид го најави првиот меч на ЕП 2026 против Данска која важи за голем фаворит не само против нашиот национален тим, туку и за златото на настанот. „Имаме тешка група, првиот меч ни е со Данска. Тука сме да дадеме се од себе, се спремаме за тоа што не очекува. Најважниот дел ќе ни бидат дуелите со Португалија и Романија, таму ќе играме за ...
Македонија на Европското првенство (ЕП) во Данска, Шведска и Норвешка ќе има еден дебитант. Самоил Ристевски за првпат ќе го носи националниот дрес на едно големо натпреварување. Кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер истакна дека е среќен за шансата и потенцира дека се сака добар резултат на овој собир, кој се стартува против големиот фаворит и еден од ко-домаќините Данска. „Целта е секогаш да бидеме на високо ниво, да играме секоја година на ...
Дамјан Митев е еден од младите играчи во ростерот на Македонија на Европското првенство во Скандинавија. Членот на Алкалоид говореше за првиот предизвик со Данска и даде увертира за континенталниот собир. „Данска ја знаеме, сите ѝ ги познаваме квалитетите, нема што да се зборува посебно за нив. Одиме максимално да играме со сите и со Португалија и со Романија. Чувството е одлично, знаеме дека против нас ќе ги имаме играчите кои до вчера ти ...
Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов, не го криеше разочарувањето по поразот од Војводина во АБА-2 лигата, нагласувајќи дека паузата негативно се одразила врз ритамот и концентрацијата на неговата екипа. Според него, клучниот проблем бил слабиот пристап во првото полувреме, кога противникот добил премногу простор за офанзивни скокови и лесни поени. „Очигледно паузата не ни дојде добро, целосно бевме надвор од ритам, особено во ...
Ждрепката за Австралија опен, првиот Грен слем турнир во сезоната кој стартува на 18 јануари во Мелбурн, веќе во најавата вети потенцијални спектакуларни пресметки меѓу најдобрите светски тенисери. Најголемо внимание привлече фактот што Новак Ѓоковиќ, кој е четврти носител на турнирот и бранителот на титулата Јаник Синер, поставен како втор носител, се најдоа во истата половина од ждребот. Ова отвора можност за нивна меѓусебна пресметка уште ...
Фудбалскиот клуб Албасете испиша историја, откако за првпат во своето постоење успеа да го совлада Реал Мадрид, приредувајќи уште еден тежок удар за „кралскиот клуб“, кој минува низ еден од најтурбулентните периоди во последните години. Поразот дојде во момент кога Реал се обидуваше да започне ново поглавје под водство на Алваро Арбелоа, но наместо позитивен импулс, неговото деби на клупата се претвори во вистинска ноќна мора. Елиминацијата ...
Кошаркарите на Чикаго Булс остварија драматична победа над Јута Џез со 128-126, а централна фигура на натпреварот повторно беше Никола Вучевиќ, кој уште еднаш ја презеде одговорноста во клучните моменти. Искусниот центар одигра блескава партија со 35 поени, а победата ја запечати со решавачки кош на само четири секунди до крајот. Со тоа, Вучевиќ уште еднаш потврди дека е човек од доверба во завршниците, потсетувајќи дека веќе двапати ...
Непосредно пред стартот на Европското првенство (ЕП) во ракомет, статистичарите направија пресметка кој клуб дава најмногу играчи на шампионатот, а лидер на листата е клуб од Македонија. Екипата на Алкалоид е клуб кој дава најмногу играчи на настанот кој ќе се одржи во Скандинавија. Вкупно 14 играчи доаѓаат од македонскиот суперлигаш, кој се наоѓа пред Магдебург со 13 и Фуксе Берлин со 12 играчи на ЕП 2026. По нив следат Барселона и Гумерсбах ...
Тенискиот аналитичар Матс Виландер го најави својот фаворит пред почетокот на Австралијан опен. Во фокусот се двајцата најдобри тенисери во моментов, Карлос Алкараз и Јаник Синер. „Сите сакаат да видат колку Кaрлос и Јаник се подобриле во однос на минатата година. Сите сакаат да видат кој Грен слем ќе го освои Алкараз или Синер. Двајцата имаат шанса да победат и тоа е највозбудливата приказна во тенисот. Мислам дека Јаник Синер е фаворит ...
Екипата на Албасете ја направи најголемата сензација на вечерта и славеше над Реал Мадрид (3-2) во рамки на Купот на Кралот, со што им стави крај на играчите на кралскиот клуб во ова натпреварување. Тимот кој некогаш играше во Примера, а сега е во вториот ранг на шпанскиот фудбал и ја има втората најслаба одбрана во шампионатот, успеа да ја продлабочи кризата на Реал Мадрид и да му го расипе дебито на Алваро Арбелоа. За Албасете, ова беше ...
Тотенхем го претстави досега најголемото засилување во зимскиот трансфер период. Клубот од Премиер лигата го потпишаа офанзивниот играч за врска, „осумка“, Конор Галагер. Тој на Тотенхем му се приклучи од Атлетико Мадрид. Англискиот играч за врска требаше да оди во Астон Вила, кој се договори со Мадрид, но Тотенхем се вклучи и го зграпчи играчот кој веќе играше за три лондонски клуба, Чарлтон, Кристал Палас и Челзи. Спарс за овој трансфер ...
Фудбалската репрезентација на Мароко е вториот финалист на Африканскиот куп на нации, откако по вистинска драма и изведување на пенали ја совлада Нигерија, изборувајќи финален дуел против актуелниот шампион Сенегал. Полуфиналната пресметка понуди голема борба, но не и голови во 120 минути игра. По нерешените 0-0 во регуларниот тек и продолженијата, патникот во финалето беше решен од белата точка, каде што мароканските фудбалери покажаа ...
Европското првенство во ракомет е пред самиот старт, а еден од најпознатите и најискусните голмани на турнирот ја разбрани јавноста со својата изјавата за медиумите. Голманот на Германија, Андреас Волф, не штедеше зборови и го критикуваше стилот на игра на селекцијата на Австрија. „Австрија игра апсолутно анти-ракомет. Никој навистина не сака да го гледа тоа. Многу е непривлечно, дури и за нас играчите. Тие го имаат фантастичниот Константин ...
Фудбалерите на Интер ја продолжија одличната форма во Серија А, запишувајќи ја седмата победа во последните осум натпревари, со што цврсто останаа на врвот на табелата. „Нероаѕурите“ на домашен терен славеа над Лече со минимални 1-0 на „Џузепе Меаца“, зголемувајќи ја предноста пред градскиот ривал Милан на шест бодови, со одигран натпревар повеќе. Натпреварот беше решен во финишот, кога на сцена стапи младиот Франческо Еспозито, кој во 78. ...
Екипата на Арсенал е сè поблиску до финалето од Лига Купот на Англија, откако во првиот полуфинален дуел со градскиот ривал Челзи на „Стемфорд Бриџ“ славеше минимална победа од 2-3 (0-1). На тој начин „топџиите“ го расипаа дебито на домашен терен на новиот менаџер на „сините“ Лиам Росениор, но на овој натпревар уште еднаш се потврди дека на Челзи итно му е потребен нов голман. Роберт Санчез одново одигра под очекувањата и беше директен ...
По неверојатната претстава против Волфсбург и победата со осум постигнати гола, вечерва германскиот шампион Баерн Минхен впиша нови три бода на своето конто, но потешко од очекуваното. Во Келн, момците на Винсент Компани имаа негатива, а прашањето на победникот во решија дури во последниот квартал од натпреварот (1-3). Маина во 41. минута донесе голема радост на трибините и водство за Келн од 1-0, но домаќинот попушти во петтата минута од ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа третиот пораз во новата сезона во АБА2 лигата, откако пред својата публика загубија од директниот конкурент за плеј-оф, Војводина од Нови Сад, со 73-78. Македонскиот шампион во грч го отвори натпреварот и гостите од Нови Сад искусно го искористија тоа и поведоа со 2-7. Следуваше стабилизација во составот на Атанасов и нешто подобра игра за прво водство од 10-9. Позитивниот период траеше кратко, па ...
Шеснаесетгодишниот австралиски фудбалер Антонио Арена постигна гол на своето деби за сениорскиот тим на Рома. Напаѓачот роден во Сиднеј стрелаше за израмнување во куп-натпреварот со Торино, и тоа од својот прв допир како професионален фудбалер. Во натпреварот одигран на „Олимпико“, тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, го внесе Арена во игра во 80. минута кога Торино водеше со 2-1. Младиот напаѓач го замени Леон Бејли и само една минута ...
Српскиот гигант Партизан претрпе нов тежок пораз во Евролигата, откако пред својата публика во салата „Пионир“ загуби со 66-104 од Олимпијакос. Најдобар показател за тоа колку е труло во таборот на Партизан беше сликата од половина час пред почетокот на натпреварот, кога „Пионир“ не беше ни полуполн. Тоа беше јасниот одговор на навивачите на одлуката на раководството на Партизан имателите на сезонски билети да купуваат билети одделно за ...
Македонскиот ракометен суперлигаш Куманово под водство на српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ ги стартуваше подготовките за продолжението од сезоната во Суперлигата. Радосављевиќ во својата кариера зад себе има богато ракометно тренерско искуство и знаење кое во периодот кој следи ќе го пренесе на младите ракометари на македонскиот тим. Првите денови интензивно се работи на физичката подготовка и запознавање на екипата со ...
Данската фудбалска легенда Кристијан Ериксен беше стрелец на водечкиот гол за Волфсбург во победата над Сент Паули во 17. коло од Бундеслигата со 2-1. Искусниот играч за врска беше прецизен од пенал во 25. минута, а тоа беше и неговиот прв гол во дресот на Волфсбург и прв воопшто по една година и седум месеци - поточно од натпреварот со Словенија на ЕУРО 2024. Голгетерски постеше точно 577 дена. Тоа беше многу важен момент за Данецот, но и за ...
Екипата на Наполи одново разочара и во заостанатиот натпревар од 16. коло од Серија А, одигра без голови против тимот на Парма. За шампионот, ова е трет последователен нерешен резултат во италијанското првенство, а втор по ред на домашен терен, поради што „скудетото“ освоено минатата година му е сè понедостижно. Вечерва на стадионот „Диего Армандо Марадона“, избраниците на Антонио Конте, кој беше суспендиран за овој натпревар, имаа целосна ...
Во отсуство на дури единаесет ракометари и новиот тренер Стевче Алушовски, македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер денеска означи старт на зимските подготовки, а помошникот тренер на „зелено-белите“, Алексо Лембанов, го претстави планот на подготовки на тимот. „Подготовките ги започнуваме со драстично намален ростер, поради големиот број на репрезентативци кои ќе настапат на ЕП. Ќе работиме на секој аспект од ракометната игра. ...
Нов јануари, нов голем ракометен настан! Европското првенство (ЕП) 2026 ќе биде 17. издание на ова натпреварување, а Македонија ќе биде дел од големата сцена на стариот континент. Турнирот ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари, а домаќини ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова ќе биде вторпат Европско првенство да се организира во три држави, по изданието во 2020 година. Финалниот натпревар ќе се игра во Хернинг, Данска. На шампионатот ќе ...
Фудбалската селекција на Сенегал е првиот финалист во Африканскиот куп на нациите. Во првото полуфинале одиграно во Тангер, „лавовите“ извојуваа минимален триумф над Египет и обезбедија натпревар за трофејот во континенталното натпреварување. Во долгоочекуваниот дуел меѓу некогашните соиграчи од Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах, на крај славеше сега веќе екс-членот на „црвените“, кој воедно беше и човек на одлука. Дуелот започна со ...