Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби денешниот меч од второто коло од квалификациите на Австралија Опен. Поуспешна од неа беше Словенката Тамара Зиданшек со 2-1 во сетови (4-6, 6-2, 7-5) за два часа и 15 минути игра. По поразот Ѓорческа не успеа да го повтори резултатот од 2017 година кога беше дел од финалето на квалификациите на овој Грен слем турнир. Инаку, македонската тенисерка имаше одличен почеток и првиот сет го доби со 6-4 ...

Јануари е закажан за ракометни возбудувања – следуваат нови возбудувања од стариот континент. Во Данска, Шведска и Норвешка ќе се одржи седумнаесеттото Европско првенство, а по повеќе од една деценија без двете икони на овој спорт Никола Карабатиќ и Микел Хансен. Токму двајцата се на врвот на најдобри стрелци во историјата на континенталните собири. Долго време лидер во оваа категорија беше, Гудјон Валур Сигурдсон, но на последното Европско ...

Италијанските медиуми информираат дека ѕвездата на Интер, Хакан Чалханоглу, ќе отсуствува од терените околу три недели, што значи дека ќе ги пропушти следните шест натпревари на гигантот од Милано. Турскиот репрезентативец се повреди во дербито против Наполи (2-2), а прегледите покажале дека ќе мора да замине на кратка рехабилитација, но во исклучително важен момент за неговиот тим. Интер во моментов е лидер во Серија А и се подготвува за ...

Кошаркарскиот клуб Фенербахче официјално објави дека го продолжил договорот со главниот тренер Шарунас Јасикевичиус, потврдувајќи ја довербата во литванскиот стручњак и неговиот проект. Јасикевичиус го презеде Фенербахче во текот на минатата сезона и за кратко време успеа да донесе стабилност и препознатлив стил на игра, што резултираше со добри настапи во Евролигата и домашните натпреварувања. Раководството на клубот оцени дека континуитетот ...

Џакомо Распадори нема да заврши во Рома како што беше планирано, туку ќе стане нов фудбалер на Аталанта. Клубот од Бергамо од никаде се вклучи во трката и успеа да постигне договор со Атлетико и со офанзивецот, иако интерес за негово враќање покажуваше и Наполи. Аталанта ќе го доведе Распадори за 22.000.000 евра, додека Рома и Наполи инсистираа трансферот да биде реализиран како позајмица со опција за откуп на крајот на сезоната. Неговиот ...

Турскиот кошаркар Сeртач Шанли се раздели со тимот Дубаи, соопшти членот на Евролигата и АБА лигата. Искусниот центар повеќе не е дел од играчкиот ростер, а клубот му се заблагодари за придонесот и професионалноста. Шанли во Дубаи пристигна во септември минатата година, но во тековната сезона имаше ограничена улога - во Евролигата просечно постигнуваше по 2,4 поени и еден скок по натпревар, додека во регионалното АБА натпреварување имаше по ...

Екипата на Рома доживеа шок пред своите гледачи и загуби од Торино со конечни 2-3 (0-1) во натпреварот кој се играше во рамки на осминафиналето од Купот на Италија. Гостинскиот тим поведе со голот на Че Адамс во 35. минута и ја задржа минималната предност на паузата, а во второто полувреме видовме уште четири погодоци, но со среќен епилог за „биковите“. Рома израмни преку Марио Хермосо, но Торино повторно поведе со вториот гол на Адамс во 52. ...

Екипата на Манчестер Сити се избори за важна победа кај Њукасл Јунајтед (0-2) во првиот полуфинален натпревар на англискиот Лига Куп. „Страчките“ на Еди Хау беа подобар ривал во првото полувреме, но не успеаја да ја валоризираат добрата игра, па така на паузата останаа почетните 0-0. Сити тргна подобро во вториот дел, создаде неколку добри шанси преку Рајан Черки и Ерлинг Халанд, но мрежата ја затресе новото засилување од Борнмут, Антоан ...

Екипата на Борусија Дортмунд извојува убедлива победа над Вердер Бремен и славеше со сигурни 3-0 (1-0) во натпреварот од седумнаесеттото коло на германската Бундеслига. „Милионерите“ поведоа во првото полувреме со голот на Нико Шлотербек, а во вториот дел го запечатија триумфот со погодоците на Марсел Сабицер и Серху Гираси. За Дортмунд ова е десетта победа сезонава, со која се зацврстува на втората позиција со вкупно 36 бодови. Мајнц успеа ...

Ракометарите на Македонија го работат последниот дел од подготовките за настап на Европското првенство. Нашата селекција ќе настапи во групата во Хернинг против Данска, Португалија и Романија. Во пресрет на првиот предизвик и дуелот со домаќинот своите очекувања ги сподели капитенот Филип Кузмановски. „Имаме тешка група, но играме и се бориме за Македонија. Ние сме млад тим и имаме што да докажеме на овој турнир. Треба да го покажам своето ...

Ракометарите на ГРК Охрид славеа победа во пријателскиот натпревар против Врбас (21-40), кој се одигра во рамки на зимските подготовки за продолжението на македонската Суперлига. Охриѓани не му дадоа никакви шанси на домаќинот и ја покажаа разликата во класи, а најефикасен играч на мечот беше новиот член Џанфранко Прибетиќ, кој постигна седум погодоци. Зад него следуваа Јагуриноски со пет гола, Стрмљан постигна четири, а голманите Пилиповиќ и ...

Манчестер Јунајтед и официјално има нов тренер. Тоа е клупската легенда Мајкл Керик, кој ќе го води првиот тим најмалку до крајот на тековната сезона. Информацијата беше споделена од сите британски медиуми, но сега доаѓа и официјална потврда од управата на „црвените ѓаволи“. Јунајтед два меча беше воден од Дарен Флечер, а сега Керик ја презема екипата и ќе има пеколно деби на клупата, затоа што следен натпревар е вечното градско дерби против ...

Нов јануари, нов голем ракометен настан! Европското првенство (ЕП) 2026 ќе биде 17. издание на ова натпреварување, а Македонија ќе биде дел од големата сцена на Стариот континент. Турнирот ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари, а домаќини ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова ќе биде вторпат Европско првенство да се организира во три држави, по изданието во 2020 година. Финалниот натпревар ќе се игра во Хернинг, Данска. На шампионатот ќе ...

Ракометната репрезентација на Македонија го одигра последниот пријателски натпревар пред Европското првенство и забележа победа над екипата на Мидтјиланд (36-27). Нашиот национален тим на оваа неофицијална средба против машкиот тим од Данска успеа убедливо да слави. Со добра игра Македонија уште на полувремето водеше, иако минимално со 14-13. Кирил Лазаров им даде шанса на сите ракометари, а тие одговорија со добра игра, далеку подобра во ...

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Костески, го прокоментира последниот пријателски натпревар пред настапот на Европското првенство, каде избраниците на Кирил Лазаров славеа победа над Мидтјиланд со убедливи 36-27. Нашиот национален тим одигра одлични подготовки во пресрет на континенталниот собир, а Костески смета дека колективот е максимално подготвен за најсериозните предизвици. „Ова беше последен контролен меч пред настапот на ...

Нов јануари, нов голем ракометен настан! Европското првенство (ЕП) 2026 ќе биде 17. издание на ова натпреварување, а Македонија ќе биде дел од големата сцена на Стариот континент. Турнирот ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари, а домаќини ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова ќе биде вторпат Европско првенство да се организира во три држави, по изданието во 2020 година. Финалниот натпревар ќе се игра во Хернинг, Данска. На шампионатот ќе ...

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настап на Европското првенство. Првиот предизвик на нашата селекција ќе биде домаќинот Данска, а денес за селекциите беше ден посветен на медиумските активности. Еден од оние кои се обратија беше крилото на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ. Тој е оптимист и најави дека едвај го чека дуелот со Португалците. „Се чувствуваме доста добро. Во Швајцарија одигравме добар турнир, одигравме ...

Младиот македонски фудбалер и доскорешен член на српскиот Јединство УБ, Матео Кесиќ, замина на проба во Италија, каде може да потпише договор со членот на Серија А, Сасуоло! Според српските медиуми Кесиќ не се појавил на зимските подготовки на клубот, со цел да отпатува на „чизмата“ и да се обиде да стане нов играч на тимот кој во моментов е на 11. позиција во најдобрата фудбалска лига. Нашиот млад талент е окарактеризиран како „бисер“ на ...

Нов јануари, нов голем ракометен настан! Европското првенство (ЕП) 2026 ќе биде 17. издание на ова натпреварување, а Македонија ќе биде дел од големата сцена на Стариот континент. Турнирот ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари, а домаќини ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова ќе биде вторпат Европско првенство да се организира во три држави, по изданието во 2020 година. Финалниот натпревар ќе се игра во Хернинг, Данска. На шампионатот ќе ...

Шкотскиот премиерлигаш Хартс се пофали дека го ангажирал Роџерс Мато како слободен фудбалер по крајот на сезоната, но работите може да се променат оваа зима... Роџерс Мато привлече внимание кон себе со настапите во дресот на Вардар и во селекцијата на Уганда. Хартс успеа да го убеди Мато да дојде во клубот по истекот на договорот на крајот на сезоната, но далеку од тоа дека Вардар го загубил без пари. Може да дојде до промена на ситуацијата, ...

Единствениот интернационалец на списокот на Македонија за настап на Европското првенство е голманот Мартин Томовски. Чуварот на голот на германскиот второлигаш Битигхајм на неколку денови пред стартот на турнирот ги сподели своите очекувања и амбиции. „Ќе биде огромен предизвик да се игра против Данска, особено бидејќи е еден од домаќините. Тие се број еден во последните години. Можеме да уживаме натпреварувајќи се, но со надеж дека ќе ја ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар налето ќе остане без најдобриот играч Роџерс Мато. Репрезентативецот на Уганда и покрај напорите да остане во клубот, по крајот на сезоната заминува во Шкотска. Тамошниот лидер Хартс објави дека постигнал договор со Мато за во јули. Крилниот напаѓач со Шкотланѓаните се договори за тригодишна соработка. „Одушевени сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со репрезентативецот на Уганда, ...

Ракометната репрезентација на Македонија ќе се судри со Данска на стартот на Европското првенство. На неколку денови пред натпреварот Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегира официјалните лица за првото коло. За пресметката меѓу Данска и Македонија се одбрани молдавски судии. Станува збор за браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија кои ќе делат правда на нашиот прв меч нашампионатот. Средбата меѓу домаќинот и нашата ...

Европското првенство во ракомет само што не започнало. Веќе се делегирани официјалните лица за првото коло од групната фаза, а македонските судии го добија дербито на колото. Интернационалните ЕХФ судии од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе судат во групната фаза во Малме. Ним им припадна највозбудливиот дуел од групата на еден од домаќините. Митревски и Тодоровски ќе го водат дуелот меѓу Шведска и Холандија на 17 јануари од ...

Франција се соочува со голем проблем пред почетокот на Европското првенство. Селекторот Гилјом Жил остана без еден од клучните играчи во тимот. Недим Ремили е повреден и поради тоа отпадна од комбинација за настап. Десниот бек има проблем со мускулот на левата нога. Лекарските прегледи покажаа дека повредата не е наивна и Ремили ќе паузира најмалку 15 до 20 дена. Жил мораше да повика замена, а изборот падна на Ејмерик Зепфек. Тој ќе биде дел ...

Ракометната репрезентација на Македонија ситно брои до првиот натпревар на Европското првенство кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Наша база ќе биде Данска, каде што ќе играме против домаќинот, Португалија и Романија во тешка група. На денот посветен за медиумите својот став за сработеното и новиот настап на големо натпреварување ги сподели селекторот Кирил Лазаров. „Задоволен сум од тимот, иако секогаш може подобро. Имаме време ...

Реал Мадрид и официјално го промовираше Алваро Арбелоа како наследник на Чаби Алонсо на својата клупа. Младиот стратег кој е легенда на „кралевите“ досега работеше во младинскиот тим, а сега доби сериозен предизвик и ќе седне на една од најжешките клупи на светот. На презентацијата Арбелоа доби прашање и за Алонсо, па за него зборуваше со многу респект. „Ова е посебен ден, како и сите во Реал Мадрид. Во овој клуб сум дваесет години. Денес сум ...

Македонија има посебна хемија со Европските првенства во ракомет, кои во минатото ни нуделе многу емоции и радости. Нашиот прв голем турнир беше шампионат на стариот континент пред 28 години и оттогаш со посебни очекувања се гледа на Европските и Светските првенства. На континенталните собири дебитиравме во далечната 1998 година во Италија, а потоа направивме пауза до 2012 година, кога повторно се појавивме во Србија и дојдовме до историското ...

Репрезентацијата на Македонија ја очекува настап на Европското ракометно првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Групата е пеколно тешка, ќе играме со домаќинот, Данска, Португалија и Романија, па пласманот во следната фаза е минимален. Сепак, нашиот колектив сака да се докажува и надигрува со големците. Составот на Македонија е доста подмладен, пет дебитанти чекаат настап на ЕП, а 14 ракометари веќе играле на Европско првенство. Во пресрет ...

Формула 1 сериозно ја разгледува можноста за враќање на една од најпопуларните патеки од минатата деценија. Преговорите траат со месеци, а сега се појавија и конкретни детали. Враќањето на Големата награда на Португалија во календарот за сезоните 2027 и 2028 е резултат на долготрајни преговори. Организаторите на патеката во Портимао месециве интензивно работеле на исполнување на условите за повторно враќање на Ф1 во Португалија. Сепак, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
56%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
6.17
57%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
5.01
75%
1033
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 1ᴼ
0.0
62%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.68
75%
1034
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
60%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Иридиум

231355.22

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Сребро

2711.59