Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Македонскиот второлигаш Шкендија од Арачиново ја прекина соработката со досегашниот капитен на тимот, Јасир Беќири, кој заминува од тимот после долга и плодна етапа. Управата на клубот истакна дека разделбата не е лесна, со оглед на фактот што Беќири беше важна алка во екипата и еден од лидерите на теренот. Од клубот му се заблагодарија за неговиот придонес и му порачаа дека секогаш останува важен дел од историјата на Шкендија. Македонскиот ...
Од денес и ГФК Охрид е во погон. Есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од шампионатот, во кој ќе целат враќање во елитното друштво. Клубот информираше дека во зимскиот подготвителен период ќе бидат одиграни пет контролни натпревари, а противниците ќе бидат дефинирани во следните денови. Охриѓани ја одигра најдобрата есенска полусезона во последните години и заслужено презими како ...
Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција. Тренерот Горан Кузманоски ја изврши првата прозивка на која беа присутни и двете нови засилувања, левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски. Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од редовите на Мулти Есенс, додека Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром. Бутел Скопје во ...
Милош Раониќ официјално ја заврши професионалната тениска кариера, ставајќи крај на едно значајно поглавје за канадскиот и светскиот тенис. По години борба со повреди и долги паузи од терените, еден од најдобрите сервери на својата генерација одлучи дека е време да се повлече од активното натпреварување. Раониќ ќе остане запаметен како тенисер кој го промени имиџот на канадскиот тенис и го постави на светската мапа. Неговиот најголем успех ...
Италијанскиот клуб Трапани Шарк е исклучен од најдоброто кошаркарско првенство (Лега А), како резултат на финансиски и организациски проблеми. Клубот долг период се соочуваше со сериозни тешкотии, вклучувајќи финансиски проблеми и заминување на повеќе играчи, што резултираше со низа порази и неисполнување на натпреварувачките обврски. Во едно од последните кола, Трапани истрча на теренот со мал број кошаркари и натпреварот беше прекинат по ...
Екипата на Ал-Хилал го доби големото дерби со Ал-Наср во Саудиската Про лига, откако славеше со убедливи 3-1 (0-1) во натпреварот од петнаесеттото коло. Ал-Хилал дојде до трите бода со пресврт во второто полувреме, а на паузата имаше негатива по голот на Кристијано Роналдо во 42. минута. Во продолжение, домаќинот одигра далеку подобро од ривалот и заслужено донесе радост за своите навивачи. Гол-серијата ја отвори Салем Ал-Давсари од пенал, а ...
Екипата на Џенова се избори за важна и убедлива победа во натпреварот од дваесеттото коло на италијанската Серија А, славејќи со сигурни 3-0 (1-0) над тимот на Каљари. Домаќините поведоа во првите 45 минути со голот на Лоренцо Коломбо, а во вториот дел ја потврдија победата со погодоците на Мортен Френдруп и Лео Остгард. Џенова стави крај на низата од пет натпревари без победа, додека за Каљари ова беше деветти сезонски пораз. Двете екипи се ...
Неколку македонски суперлигаши денес ги стартуваа подготовките за вториот дел на сезоната. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 одржаа работен состанок и први тренинг во новата година. Тренерот Александар Зарков на располагање ги имаше скоро сите ракометари од есенскиот дел, со кои ќе се обиде во последните четири кола од регуларниот дел на Суперлигата да се избори за плеј-офот. Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во својот дом. Екипата ќе ...
Жоао Кансело успешно ги помина медицинските прегледи во Барселона и е на чекор до официјализирање на договорот со каталонскиот клуб. Португалскиот фудбалер претходно имаше одредени административни одложувања, но по пристигнувањето во Барселона, сите неопходни тестови беа извршени без проблеми. Со тоа, последната формална пречка за неговиот трансфер е отстранета. Се очекува Кансело да биде претставен како ново засилување во наредните часови, ...
Ракометарите на Вардар 1961 ги започнаа подготовките за втората полусезона во која ги очекуваат настапи на домашно тло, но и во главната фаза на Европската лига. Први од водечката четворка во мак-ракометот со јасна мисија за враќање на врвот вардарци мотивирани влегуваат на зимските тренинзи. Пред стартот на првиот тренинг своите очекувања, како и коментар за одиграното досега ни кажа тренерот Иван Чупиќ. „Сите добро се одморивме и имавме ...
Капитенот на Вардар 1961, Гоце Георгиевски имаше свој краток коментар пред стартот на подготовките за втората полусезона. Македонското крило кратко и јасно посочи дека е потребен максимален фокус, многу работа и сите заедно како тим вардарци да чекорат до зацртаната цел. „Сега нè очекува потешкиот, пролетен дел од сезоната кога се одлучува сè и се делат трофеите. Ќе биде напорно, веќе во февруари имаме пеколен распоред дома и во Европа. Овој ...
Двократниот европски шампион Вардар 1961 ги започна подготовките за втората полусезона во која ќе се обиде да ја врати титулата во Скопје по три години. Тренерот Иван Чупиќ го свика тимот и по зимската пауза „црвено-црните“ се враќаат на тренинзите. Вардарци во следните денови ќе тренираат во Скопје и ќе ја одработат првата фаза од подготовките дома. Потоа на 29 јануари скопскиот тим ќе отпатува во Словенија, а таму ќе се одиграат на ...
Младиот бразилски фудбалер Ендрик имаше одличен почеток во својот нов клуб, Олимпик Лион, откако на дебито за францускиот тим постигна гол и значајно придонесе за победата на својот тим во Куп-натпреварот против Лил (1-2). Напаѓачот кој дојде од Реал Мадрид на заем до крајот на сезоната, експресно се адаптираше во новата средина. По мечот, Ендрик изјави дека е многу среќен што конечно доби шанса да настапи и дека чувството да игра во Франција ...
Легендарниот Гари Невил, поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, а денес еден од најпознатите англиски аналитичари, не штедеше зборовите за својот матичен клуб. Јунајтед беше елиминиран и од ФА Купот, откако Брајтон славеше на „Олд Трафорд“, а Гари Невил ги повика сите во клубот да преземат одговорност. Дарен Флечер не успеа да го изгасне пожарот, ремизираше со Барнли на гостински терен и беше елиминиран од ФА Купот, а сега неговата улога ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид официјално соопшти дека по договор меѓу клубот и Чаби Алонсо, донесена е одлука да се стави крај на неговиот ангажман како тренер на првиот тим. Од клубот истакнаа дека Чаби Алонсо секогаш ќе ја има почитта и наклонетоста на навивачите на Реал Мадрид, бидејќи станува збор за вистинска клупска легенда која во текот на целата своја кариера ги претставувала вредностите на „кралскиот клуб“. „Реал Мадрид секогаш ќе ...
По разделбата со Чаби Алонсо, Реал Мадрид официјално соопшти дека Алваро Арбелоа е именуван за нов тренер на првиот тим. Арбелоа доаѓа на оваа позиција по успешната работа во младинската структура на „кралскиот клуб“, каде што ја изгради целата своја тренерска кариера. Од јуни 2025 година тој беше тренер на Реал Мадрид Кастиља, а од 2020 година работи во академијата на клубот. Во текот на својата тренерска кариера, Арбелоа постигна значајни ...
Барселона продолжува да пишува нови страници историја под водств на Ханси Флик, но и да ја „поправа“, особено во финалињата против својот најголем ривал - Реал Мадрид. Неверојатниот факт што привлече најголемо внимание по финалето во Џеда е следниот: Барселона победи во три финалиња против Реал Мадрид во последните две години, од 2023 година до денес. Претходно, во 123-те години од својата историја, Барса има само ЕДНА победа повеќе (вкупно ...
Македонскиот прволигаш Пелистер се раздели со уште еден фудбалер, а тоа е Филип Тодороски, кој заминува од Битола и ќе биде во потрага по нова средина. Играчот од средниот ред ја завршува етапата во зелено-белиот табор, од каде му се заблагодарија за професионалниот ангажман и придонесот во првиот тим. Пелистерци се подготвуваат за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а од екипата веќе заминаа Јорданчо Наумоски, Ѓорѓе ...
Никола Јокиќ ќе мора уште да почека за враќање на теренот, откако српскиот ас го повреди коленото и веќе ги пропушти претходните седум натпревари во НБА лигата. Според најновите информации од САД, најраниот можен рок за негов камбек е почетокот на февруари. НБА инсајдерот Марк Стајн откри дека Денвер не сака да брза со враќањето на својот најважен играч. Јокиќ ја заработи повредата на крајот на декември и му беа одредени најмалку четири ...
Бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета е на чекор до сензационално враќање во Фламенго. Според најновите информации веќе постигнал целосен договор за личните услови со клубот и јасно ставил до знаење дека сака повторно да игра во Бразил. Во моментов се водат интензивни преговори меѓу Фламенго и Вест Хем за реализација на трансферот кој би изнесувал повеќе од 30 милиони долари. Самиот фудбалер силно притиска зделката да се реализира, што ...
Италијанскиот стратег Франческо Фариоли ја доби целосната доверба од раководството на Порто, откако португалскиот гигант официјално потврди дека тренерот го продолжил договорот до 30 јуни 2028 година, награда за одличните резултати што тимот ги бележи под негово водство во актуелната сезона. Фариоли пристигна на клупата на Порто во јули минатата година со договор до јуни 2027, но импресивните бројки го натераа клубот предвреме да реагира и да ...
Македонскиот шампион Шкендија ќе го одработи главниот дел од зимските подготовки во Анталија, Турција. Тетовци веќе тренираат дома, а пред заминувањето во турскиот центар ќе одиграат пријателски натпревар против Брера Струмица на 15 јануари (четврток). Два дена подоцна тимот патува кон Анталија, а таму се веќе договодени четири интернационални теста. Шкендија ќе се судри со ривали од Украина, Словачка, Босна и Херцеговина и Казахстан. ...
Башкими размислува и за иднината, а не само за втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Клубот од Куманово со прв професионален договор го врза младиот и талентиран Бејзад Лимани. Станува збор за 17-годишно момче кое настапува во младинскиот тим на Башкими, а сега стави потпис на првиот договор во сениорскиот фудбал. Башкими покажа дека му верува на Лимани и реши да го награди со договор. Младото момче кое игра во средниот ред ...
Континуитетот на учества на големите натпреварувања продолжува. Македонија пак ќе игра на Европско првенство и нема намера да има само епизодна улога. Можеби пред две години во Берлин и Дизелфорд, во група со Германија и Франција, извесен беше нашиот пат на првенство, но сега очекуваме борба и исчекор во нашиот однос против ривали. Точно е дека пак имаме два изразити фаворити во Данска и Португалија, но младата Македонија верува во ...
Македонскиот прволигаш Пелистер се раздели со уште еден фудбалер. Во периодот кога битолчани чекаат на првите засилувања за пролетниот дел од шампионатот, клубот ја информираше јавноста дека Јорданчо Наумоски нема повеќе да биде дел од Пелистер. „Ти благодариме, Јорданчо Наумоски. Играчот од средниот ред Јорданчо Наумоски нема да биде дел од екипата во продолжението од сезоната. Му се заблагодаруваме за неговиот професионален ангажман и ...
Македонскиот второлигаш Брегалница утрово ги стартуваше подготовките за пролетните предизвици и атакот кон враќање во македонската фудбалска елита. На првиот тренинг тренерот Влатко Костов можеше да смета на сите играчи на кои ќе смета за понатамошниот дел од сезоната, а од клубот најавија дека деновиве ќе биде објавен и распоредот за подготвителните натпревари. Исто така штипјани чекаат и на нови засилувања, кои дополнително ќе го зголемат ...
Македонскиот ракометен суперлигаш, Прилеп ги започна подготовките за пролетните предизвици на домашна сцена. Прилепчани, кои сè уште имаат какви шанси за пласман во плеј-офот го одработија првиот тренинг, но во отсуство на тренерот Наум Танески. Предводникот на тимот има обврски со репрезентацијата на Македонија, во која е дел од стручниот штаб на селекторот Кирил Лазаров. „РК Прилеп официјално ги започна подготовките за продолжението на ...
Баерн Минхен го победи Волфсбург со 8-1 во 16. коло од германското првенство, зголемувајќи ја својата предност пред Борусија Дортмунд на 11 бода. Сепак, покрај големата победа на баварците, овој натпревар го одбележа и повредата на Јосип Станишиќ. Тој го извитка глуждот неколку минути пред крајот, а стискаше заби до третата минута од судиското продолжение кога конечно го напушти теренот. Тренерот Винсент Компани потврди дека ќе чека на ...
Машката ракометна селекција на Македонија се стационира во Данска, каде во следниот период ќе ги одигра трите натпревари од првата фаза од Европското првенство. Во пресрет на новиот настап на еден голем континентален собир, во Силкеборг нашите ракометари ја започнаа последната фаза од подготовките. Марко Митев вели дека моментално нивниот фокус и е само на првиот натпревар против Данска, против која најави голема борба и позитивен резултат. ...
Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер тешко до поднесе поразот од Барселона во финалето од Суперкупот на Шпанија (3-2). Прво неговото име се најде во стартниот состав на Реал Мадрид, но потоа се покажа како грешка и наместо него на терен истрча Гонзало Гарсија. Потоа, турскиот ас влезе во игра, но не покажа речиси ништо од своите неспорни квалитети. Фрустрацијата од лошата партија и поразот кулминираше по последниот судиски свиреж, откако Ѓулер ...