Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Франција се соочува со голем проблем пред почетокот на Европското првенство. Селекторот Гилјом Жил остана без еден од клучните играчи во тимот. Недим Ремили е повреден и поради тоа отпадна од комбинација за настап. Десниот бек има проблем со мускулот на левата нога. Лекарските прегледи покажаа дека повредата не е наивна и Ремили ќе паузира најмалку 15 до 20 дена. Жил мораше да повика замена, а изборот падна на Ејмерик Зепфек. Тој ќе биде дел ...
Ракометната репрезентација на Македонија ситно брои до првиот натпревар на Европското првенство кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Наша база ќе биде Данска, каде што ќе играме против домаќинот, Португалија и Романија во тешка група. На денот посветен за медиумите својот став за сработеното и новиот настап на големо натпреварување ги сподели селекторот Кирил Лазаров. „Задоволен сум од тимот, иако секогаш може подобро. Имаме време ...
Реал Мадрид и официјално го промовираше Алваро Арбелоа како наследник на Чаби Алонсо на својата клупа. Младиот стратег кој е легенда на „кралевите“ досега работеше во младинскиот тим, а сега доби сериозен предизвик и ќе седне на една од најжешките клупи на светот. На презентацијата Арбелоа доби прашање и за Алонсо, па за него зборуваше со многу респект. „Ова е посебен ден, како и сите во Реал Мадрид. Во овој клуб сум дваесет години. Денес сум ...
Македонија има посебна хемија со Европските првенства во ракомет, кои во минатото ни нуделе многу емоции и радости. Нашиот прв голем турнир беше шампионат на стариот континент пред 28 години и оттогаш со посебни очекувања се гледа на Европските и Светските првенства. На континенталните собири дебитиравме во далечната 1998 година во Италија, а потоа направивме пауза до 2012 година, кога повторно се појавивме во Србија и дојдовме до историското ...
Репрезентацијата на Македонија ја очекува настап на Европското ракометно првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Групата е пеколно тешка, ќе играме со домаќинот, Данска, Португалија и Романија, па пласманот во следната фаза е минимален. Сепак, нашиот колектив сака да се докажува и надигрува со големците. Составот на Македонија е доста подмладен, пет дебитанти чекаат настап на ЕП, а 14 ракометари веќе играле на Европско првенство. Во пресрет ...
Формула 1 сериозно ја разгледува можноста за враќање на една од најпопуларните патеки од минатата деценија. Преговорите траат со месеци, а сега се појавија и конкретни детали. Враќањето на Големата награда на Португалија во календарот за сезоните 2027 и 2028 е резултат на долготрајни преговори. Организаторите на патеката во Портимао месециве интензивно работеле на исполнување на условите за повторно враќање на Ф1 во Португалија. Сепак, ...
Шпанскиот фудбалски стручњак Чаби Алонсо се огласи во јавноста откако Реал Мадрид официјално ја прекина соработката со него, истакнувајќи дека за него било огромна чест да биде тренер на најтрофејниот клуб во Европа. Раководството на „кралскиот клуб“ донесе одлука за разделба во понеделникот, само еден ден по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија, што воедно ја означи и завршницата на релативно кратката, но интензивна ...
Германската фудбалска Бундеслига официјално соопшти дека двата одложени натпревари од 16. коло ќе се одиграат во вторник, 27 јануари, со почеток од 20:30 часот. Станува збор за дуелите Вердер – Хофенхајм и Сент Паули – РБ Лајпциг, кои првично беа закажани за сабота, 10 јануари, во Бремен и Хамбург. Сепак, поради неповолните временски услови и безбедносни причини, организаторот беше принуден да ги одложи средбите. Овие натпревари имаат ...
Екипата на Вардар 1961 и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува ...
Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров прави нов чекор во својата кариера, откако по есенската дебитантска епизода за првиот тим на Црвена Звезда, следува позајмица. View this post on Instagram A post shared by ФК БОРАЦ ЧАЧАК (@borac1926fk) Српските медиуми најавија позајмица во Графичар, но Гаштаров вториот дел од сезоната ќе го помине во екипата на Борац од Чачак. Оваа позајмица има за цел младите таленти да се калат во Првата лига на ...
Фудбалската репрезентација на Македонија нема да менува позиции на најновата ФИФА-листа која ќе биде објавена на 19 јануари. Нашиот национален тим останува на 66 место на ранг-листата, прва за 2026 година. Промените главно ги донесе Африканскиот Куп на Нации. Македонија можеше да падне за некое место подолу, но неуспесите на Габон на АКН и падот за осум места, како и елиминацијата на Уганда уште во групната фаза не дозволија такво нешто. Меѓу ...
Македонскиот стопер Кире Ристевски е ново засилување за битолски Пелистер за следниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Ристевски, кој има 35 години, беше дел од Македонија ЃП во изминатата полусезона, но си замина. Доаѓа во Пелистер како големо засилување во битката за бодови за опстанок во елитното друштво. Покрај за Струга, Ристевски играше на домашната сцена и за Работнички, а има богата интернационална кариера ...
Манчестер Јунајтед влегува во нова фаза од сезоната со Мајкл Керик на чело на стручниот штаб, откако поранешниот капитен на клубот постигна договор да ја преземе функцијата привремен шеф на стручниот штаб. Клубот се очекува официјално да ја потврди одлуката по финализирањето на административните процедури во текот на денот. Керик, кој има длабока врска со „Олд Трафорд“ и богато искуство како играч и тренер во клубот, ќе добие поддршка од ...
Патиштата на Реал Мадрид и Чаби Алонсо се разделија по само седум месеци од почетокот на нивната соработка, која започна во јуни на Светското клупско првенство. Крајот на овој краток, но турбулентен период беше означен со поразот на „кралевите“ од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија. Меѓу овие два настани се разви проект кој на почетокот изгледаше возбудливо и ветувачки, но со текот на времето ја загуби инерцијата и довербата, ...
Англичаните ја извршија ждрепката за следната фаза во ФА Купот. Има две премиерлигашки пресметки, а лидерите во елитата, фудбалерите на Арсенал, ќе играат на свој терен против Виган во четвртото коло, што е реприза на финалето од ова натпреварување во 2014 година. Хал – Челзи Ливерпул – Брајтон Стоук – Фулам Оксфорд – Сандерленд Саутемптон – Лестер Рексам – Ипсвич Бартон – Вест Хем Барнли – Менсфилд Норич – Вест Бромвич Порт Вејл – Бристол ...
Екипата на Глазгов Ренџерс гостуваше кај Абердин во шкотскиот шампионат, а македонскиот фудбалер Бојан Миовски имаше „специјален“ пречек од навивачите на кои во минатото им беше миленик. Центарфорот блескаше во Абердин и беше главен играч во тимот, па од таму замина во Шпанија. За него навивачите имаа голема почит, се до одлуката да замине во Глазгов Ренџерс, тим кој е голем ривал на Абердин. По тој повод, на мечот на двата тима одигран во ...
Кошаркарите на Сакраменто Кингс славеа победа над Лос Анџелес Лејкерс со 124-112. Натпреварот дојде по неколку бурни денови, откако во јавноста се појавија информации за инцидент од крајот на 2024 година, кога Денис Шрудер наводно сакал физички да се пресмета со Лука Дончиќ. Сепак, до директна конфронтација овојпат не дојде, затоа што Германецот беше суспендиран, а Словенецот одигра одличен натпревар, но без победнички исход. Дончиќ за само ...
Македонскиот дефанзивец Диме Димов во новата година ќе има нов клуб затоа што си замина од редовите на Персебаја од Индонезија. 31-годишниот централен дефанзивец играше важна улога во екипата и доби голема минутажа на вкупно 12 натпревари, но двете страни се разделуваат на стартот на 2026 година. Димов така ќе има нов клуб во периодот кој следи, а понудите не изостануваат. Персебаја беше втор странски клуб за Диме Димов по Локомотив Софија од ...
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, го дефинира планот на подготовки кои ќе се одвиваат во Турција и ќе траат три седмици. Вардар заминува во Сиде, Турција, на 13 јануари. Ќе се играат шест пријателски средби, а на пет од нив веќе се дефинирани. 17.01 - Јаблонец - Чешка 20.01 - Андижан - Узбекистан 23.01 - Мотор Лублин - Полска 26.01 - Махачкала - Русија 29.01 - Акхмат Грозни - Русија 02.02 - Алашкерт - ...
Дисциплинската комисија на ФИФА му изрече висока парична казна на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Казната доаѓа поради инцидентите предизвикани од навивачите на квалификацискиот натпревар против Хрватска за Мундијалот кој се одигра на 17 ноември во Подгорица и заврши со пораз на црногорската селекција од 2-3. Фудбалскиот сојуз на Црна Гора е казнет со вкупно 46.500 швајцарски франци од кои 20.000 се за дискриминирачко однесување на ...
Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, ќе мора да паузира најмалку три месеци и ќе го пропушти поголемиот дел од пролетниот дел од сезоната поради сериозна повреда. Бентанкур се повреди на натпреварот од Премиер лигата против Борнмут, при што почувствува силна болка и мораше да биде заменет во доцната фаза од мечот. По детални медицински тестови, лекарите утврдија дека станува збор за тешка повреда на мускулно-тетивниот апарат, што ќе ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го прокоментира дербито против Наполи во Серија А (2-2), во кое неговиот тим освои еден бод, иако имаше повеќе шанси и се чинеше дека е поблизу до победата. Актуелниот шампион на Италија остана непоразен на „Џузепе Меаца“, а Киву го пофали и ривалот за исклучително сериозниот пристап и одличната игра во Милано. „Овој меч заврши со реален резултат, иако мислам дека можевме да стигнеме и до целиот плен. На ...
Екипата на Париз го приреди најголемото изненадување во Купот на Франција, затоа што го елиминираше првиот фаворит за трофејот – ПСЖ. Во градското дерби одиграно на „Паркот на принцовите“ гостинот славеше со минимални 0-1 (0-0) и го остави европскиот шампион без можност за уште една нова домашна титула. Луис Енрике на терен испрати силен тим, од најдобриот состав единствено отсуствуваа Дембепе, Дуе и Маркињос, но се чини дека патувањето во ...
Екипата на Јувентус ja продолжи добрата низа во Серија А, совладувајќи го Кремонезе со огромни и убедливи 5-0 (3-0) во натпреварот од дваесеттото коло. Избраниците на Лучијано Спалети немаа никакви проблеми со ривалот и запишаа лесни три бода пред своите навивачи. Резултатот го отвори Бразилецот Бремер, а потоа погодија уште Џонатан Давид и Турчинот Кенан Јилдиз, кој најпрво промаши пенал, но се поправи и веднаш ја затресе гостинската мрежа. ...
Екипата на Селта Виго ја совлада Севиља на гостински терен со минимални 0-1 (0-0) во натпреварот од деветнаесеттото коло во шпанската Примера. Единствениот гол на мечот го постигна Маркос Алонсо, кој прецизно изведе удар од белата точка во 88. минута. Домаќинот имаше поголем посед на топката, но гостите од Виго дури седумпати се заканија во рамките на голот и создадоа повеќе конкретни шанси. За Селта ова е седма победа сезонава, со која ...
Под водство на тренерот Иван Чупиќ, Вардар денеска означи старт на зимските подготовки. Првата фаза од подготовките вардарци ќе ги одработат во својот дом, а потоа ќе заминат за Хрватска, каде ќе ја темпираат формата за пролетните предизвици на домашна и меѓународна сцена. Кон крајот на јануари Вардар ќе се упати за хрватскиот град Лабин, каде ќе учествува на силниот меѓународен турнир против екипите на Слован Љубљана, Сесвете и Загреб. Во ...
Екипата на Ливерпул е претпоследниот патник во четвртата рунда во ФА Купот, откако ја оправда улогата на фаворит против Барнсли и славеше со убедливи 4-1 (2-1). Иако против третолигаш (Лига 1), англискиот шампион одигра одлична партија пред својата публика, а посебно задоволија летните засилувања од Бундеслигата. Сепак, староседелец го отвори резултатот. По само девет минути игра Собослај на асистенција на МекАлистер донесе водство за ...
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го одработи првиот тренинг во пресрет на пролетниот дел од сезоната во Суперлигата. Младите пелистерци по работниот состанок имаа полесен тренинг, а од утре влетуваат во подготвителен погон и темпирање на формата за следните предизвици. Тренерот Александар Зарков информираше дека подготовките ќе се одвиваат на домашно тло, а досега закажани се три контролни средби. „Комплетните подготовки ќе ги одработиме во ...
Новиот шеф на стручниот штаб на македонскиот суперлигаш Куманово, Александар Радосављевиќ, денеска го имаше првиот собир со новата екипа. Тренингот се одржа во Спортската Сала на ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Куманово, каде во оваа сала ќе се одвиваат тренинзите во подготвителниот период. Според планот на српскиот стратег и неговиот стручен штаб ќе се тренира по два пати дневно, а се планирани и две пријателски средби до стартот на ...
Македонскиот ракометен суперлигаш, ГРК Охрид, замина на подготовки во српскиот град Врбас, каде ќе продолжи со тренинзи, а ќе одигра и еден пријателски натпревар. На екипата ѝ се приклучи и новото засилување, хрватскиот репрезентативец Анте Иванковиќ, а од управата информираат дека здравствениот билтен на играчите е одличен. Охриѓани во Врбас ќе одиграат „контролка“ со истоимениот домаќин, меч кој ќе послужи како подготовка за остатокот од ...