Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Манчестер Јунајтед им приреди ново непријатно изненадување на своите навивачи, откако вечерва загуби од Брајтон со конечни 1-2 (0-1) во натпреварот од 1/32 финалето на ФА Купот. Домашниот тим подобро го започна мечот и создаде две брзи шанси, но Брајтон донесе „студен туш“ на трибините на „Олд Трафорд', кога Германецот Брајан Груда го отвори резултатот во дванаесеттата минута. Се обидоа „ѓаволите“ да возвратат, не беа воопшто за потценување ...
Фудбалерите на Баерн Минхен остануваат непоразени и по шеснаесет кола во Бундеслигата, откако вечерва покажаа моќ и против Волфсбург и пред својата публика извојуваа неверојатен триумф од 8-1 (2-1). Голеадата на „Алијанц Арена“ започна со автогол на Фишер по само пет минути игра. Но, само осум минути подоцна Пејчиновиќ израмни на 1-1, по одлична асистенција на Мајер. Баерн доминираше на теренот и до крајот на полувремето уште еднаш ја стресе ...
Фудбалскиот клуб Брегалница во продолжението од сезоната ќе биде без услугите на искусниот Хусеин Демири, кој одлучи да ја продолжи кариерата надвор од клубот. Демири во редовите на „сините“ се задржа шест месеци, откако минатото лето пристигна од екипата на Башкими, но двете страни решија на соработка да стават крај уште во овој преоден рок. Искусниот фудбалер зад себе има богато искуство на домашната сцена, каде настапуваше за Охрид, ...
Никола Јокиќ без сомнение е најдоминантниот кошаркар на третата деценија од 21. век, а сè поголем број аналитичари се согласуваат дека, со малку повеќе среќа и поинаков расплет во некои сезони, српскиот ас можеше да стане и петкратен МВП на НБА лигата. Иако тоа сценарио не се реализира, останува фактот дека Јокиќ до 30 декември беше на идеален пат по својата четврта МВП титула, награда што денес го носи името на Мајкл Џордан. Сепак, повредата ...
Екипите на Леванте и Еспањол одиграа нерешено (1-1) во натпреварот во рамките на деветнаесеттото коло од шпанската Примера. Гостите од Каталонија беа благи фаворити во пресрет на мечот и успеаја први да поведат во 53. минута преку Карлос Ромеро, но домашниот тим возврати само две минути подоцна, кога мрежата ја затресе Икер Лосада. Леванте останува на претпоследната позиција на табелата со вкупно 14 бодови, додека Еспањол го впиша четвртото ...
Екипата на Борусија Менхенгладбах извојува сигурна и убедлива победа пред своите навивачи и го совлада тимот на Аугсбург со конечни 4-0 (3-0) во натпреварот од 16. коло на германската Бундеслига. За домашниот тим ова беше петта победа сезонава, со која се искачи на десеттата позиција на табелата. Серијата голови ја начна Американецот Џо Скали, а потоа стрелаа уште Кевин Дикс и Босанецот Харис Табаковиќ, кој забележа два гола на овој ...
Фудбалерите на Милан ја продолжија серијата разочарувачки резултати во Серија А, откако попладнево со многу мака изборија реми 1-1 на гостувањето кај Фиорентина во натпревар од 20. коло. По неубедливите изданија на претходните две гостувања, избраниците на Алегри пристигнаа во Фиренца на дуел против едно од најнепријатните изненадувања во лигата оваа сезона. Иако Милан имаше само една победа на последните четири натпревари на „Артемио ...
Македонскиот прволигаш Башкими 1947 информира дека на стручниот штаб му се приклучува Тони Богдановски, кој ќе ја извршува функцијата кондициски тренер. Богдановски зад себе има богато и докажано искуство во физичката подготовка на фудбалери, стекнато преку долгогодишна работа со реномирани екипи во домашниот фудбал, меѓу кои Вардар, Металург Скопје, како и други клубови од националниот шампионат. Во својата кариера тој дал значаен придонес ...
Најнов учесник во четвртото коло од англискиот ФА куп е екипата на Арсенал, која како гостин славеше против Портсмут на „Фратон Парк“ со убедливи 4-1, а апсолутен херој беше Габриел Мартинели, автор на хет-трик. Натпреварот започна сензационално за домашните навивачи, бидејќи Портсмут поведе уште во 3. минута. Чаплин шутираше од околу 15 метри, голманот Кепа Арисабалага кратко ја одби топката, но таа заврши кај капитенот Колби Бишоп, кој од ...
Како што веќе објавивме, германскиот кошаркар Денис Шрудер е суспендиран на три натпревари, поради инцидентот што се случи по завршувањето на дуелот меѓу Сакраменто и Лос Анџелес Лејкерс, одигран на 28 декември. Причината за казната е неговиот обид физички да се пресмета со Лука Дончиќ. Сепак, во моментот на изрекување на санкцијата не беа познати сите детали. Во меѓувреме, во јавноста се појавија видео-снимки кои откриваат дека конфликтот ...
Фудбалерите на Рајо Ваљекано остварија победа на домашен терен против Мајорка со резултат 2-1 во рамките на 19. коло од шпанската Ла Лига. Првото полувреме беше далеку поинтересно, со сите три постигнати погодоци. Домаќините поведоа уште во 4. минута, кога Де Фрутос ја искористи асистенцијата на Гарсија за 1-0. Мајорка израмни во 30. минута преку својот најдобар стрелец Муричи, кој погоди по додавање на Лато за 1-1 и дојде на девет гола од ...
Екипата на Шкендија Арачиново донесе ново име во екипата и потпиша договор со Иљас Чилафи. Дефанзивецот доаѓа да го засили тимот кој во овој преоден рок прави реконструкција и се раздели со повеќе фудбалери. Чилафи доаѓа од редовите на Слога Виница. 27-годишниот лев бек играше и за Брегалница, Брера, Детонит Плачковица, Воска Спорт, Тетекс, Гостивар, Шкендија, Струга и Беса Добри Дол. Екипата на Шкендија Арачиново донесе ново име во екипата ...
Македонскиот фудбалер и интернационалец Стојанчо Велинов по две години ќе има нов клуб, затоа што се раздели со бугарската екипа Несебар. 36-годишниот кочанчанец со повеќе од 180 настапи во Првата лига на Македонија беше дел од Несебар две години. Но, двете страни се договорија по крајот на годината да се разделат и тој ќе бара нова средина. Покрај за Несебар, Велинов играше и за Черноморец Бургас во Бугарија, беше дел и од косовска Трепча, ...
Македонскиот прволигаш Работнички ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната, во кој тимот го чека битка за опстанок. Фудбалерите на „романтичарите“ се собраа под раководство на новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем и почнаа со тренинзи. Ќе биде дефиниран и деталниот план на подготовки и пријателските средби. Работнички е во лоша ситуација во Првата лига, оваа сезона промени неколку тренери и е претпоследен на табелата. ...
Македонскиот стопер Леон Најдовски има нов клуб во Австрија по разделбата со Мауерверк. 31-годишникот играше за Мауерверк од 2023 година, но повеќе играчи си заминаа од екипата. Меѓу нив е и Најдовски, кој си најде нова средина. Тој ќе биде член на екипата на ФАЦ од Виена, која до пред скоро време ја водеше Илчо Наумоски. Стоперот покрај во Австрија играше и една сезона во ниските лиги во Германија, додека на домашната сцена беше дел од ...
Данил Медведев со одлични партии ја отвори 2026 година и на најдобар начин ја потврди формата со освојување на титулата на АТП турнирот во Бризбејн, триумф со кој рускиот тенисер стигна до својот 22 трофеј во кариерата и тоа во 22 различен град. Во финалето Медведев беше подобар од Брендон Накашима и славеше со 2-0 (6-2, 7-6). Во првиот сет целосно доминираше и му наметна силно темпо на противникот, додека во вториот успеа да направи брејк за ...
Големото дерби на Серија А нè очекува во 20. коло на „Џузепе Меаца“. Интер е домаќин на Наполи во натпревар кој би можел да има големо значење за шампионската трка. По два неуспеси во претходните пет натпревари, во вид на пораз од Удинезе на гости (0-) и реми со Верона во средата на домашен терен (2-2), круната на Наполи сериозно се накриви. Партенопеите во Милано доаѓаат без право на грешка, бидејќи пораз би ги оддалечил на дури 7 бода зад ...
Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, реши јавно да ги замолчи сите гласини поврзани со неговата иднина во НБА лигата. Грчкиот суперстар порача дека нема намера да побара трејд, ниту во актуелната сезона, ниту во било кој момент во иднина, нагласувајќи дека таков потег не е дел од неговиот карактер. Во изјава за реномираниот медиум „The Athletic“, Адетокумбо беше јасен и директен. „Никогаш нема да дојде момент кога јавно ќе излезам и ќе ...
Урош Борзаш се подготвува за настап на Европското првенство со својата Србија. Во интервју за „Mozzartsport.com“ тој зборуваше на повеќе теми. Освен за репрезентацијата, Борзаш се осврна и за неговиот клупски ангажман во Алкалоид, патот дотаму преку Еурофарм Пелистер и работата со Кирил Лазаров како тренер. „Мислам дека сè ми се случуваше со причина, да научам некои работи по потешкиот пат. Можеби ми предвидуваа поголеми клубови, ама не би ...
Синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ, Максимилијан ќе ја продолжи кариерата во редовите на Ајакс. Младиот офанзивец кој досега беше дел од проектот Милан Футуро прави трансфер во Амстердам. На тој начин тој продолжува по стапките на својот татко, кој своевремено блесна играјќи за „копјаниците“ од Холандија. Единствената разлика е тоа што Златан во 2001 година се пресели во Ајакс од редовите на шведски Малме. Максимилијан Ибрахимовиќ кој ...
Ракометната репрезентација на Македонија го заврши настапот на „Жолтиот куп“ и денес замина од Винтертур. По трите тест натпревари во Швајцарија, нашата селекција ја чека тешко патување до Данска. Поради слаба поврзаност, ракометарите допатуваа до Цирих, а од таму летаат до Франкфурт. Од Германија репрезентативниот камп ќе летне до Билунд, за потоа пак да лета и до Силкеборг кој е во близина на Хернинг. Доколку нема доцнење, се очекува ...
Денис Шрудер заработи три натпревари суспензија, објавија челниците на НБА лигата. Причината за суспензијата доаѓа од надвор од терените, бидејќи како причина е наведен физички напад врз друг кошаркар. Иако не е наведено името на „противникот“ на Шрудер, американските инсајдери откриваат дека станува збор за Лука Дончиќ. Двајцата имаа нов судир на мечот меѓу Сакраменто и Лејкерси, ситуација која се повторуваше и на претходни нивни средби. ...
Арина Сабаленка на најдобар можен начин ја отвори новата сезона, откако го освои турнирот во Бризбејн и со сигурна игра ја потврди одличната форма пред почетокот на Австралија опен. Белоруската тенисерка во финалето беше подобра од Марта Костјук и славеше со 2-0 во сетови 6-4 и 6-3, без да ѝ дозволи на противничката да влезе во ритам и да ја загрози нејзината доминација на теренот.Сабаленка со оваа победа стигна до 22. трофеј во кариерата и ...
Селекцијата која што остана без пласман на Светското првенство, ќе игра полуфинале на Африканскиот Куп на нации. Нигерија во четвртфиналето ја покажа својата сила и го елиминира Алжир со победа од 0-2. Овој натпревар предизвика многу тензија, а кулминацијата беше по крајот. На теренот синот на легендарниот Зинедин Зидан, Лука имаше што да им каже на нигериските фудбалери. Тој беше еден од иницијаторите на турканицата, а потоа се приклучија ...
Косовска Малишева се пофали со потписот со Ваљмир Нафиу. Искусното крило по шест месеци без клуб, повторно парафира договор со екипа од Косово. Во претходната сезона тој беше дел од Феризај, а претходно играше и за Ѓилан во овој шампионат. Нафиу е продукт на школата на Шкендија и младински репрезентативец на Македонија во повеќе категории. Од тетовскиот клуб како млад фудбалер замина во швајцарски Базел, а потоа беше дел и од германски ...
Продолжува хегемонијата на Ерлинг Халанд во норвешкиот фудбал. Напаѓачот на Манчестер сити е прогласен за норвешки фудбалер на годината за 2025 година. 25-годишниот напаѓач ја освои наградата шести пат по ред. Во сезоната 2024/25, Халанд одигра 48 натпревари за Манчестер Сити, постигнувајќи 34 гола и запишувајќи пет асистенции. За норвешката репрезентација во 2025 година, напаѓачот постигна 17 гола и имаше две асистенции во девет натпревари. ...
Напаѓачот на Вердер Бремен, Виктор Бонифејс, предвреме ја заврши сезоната поради сериозна повреда на коленото и веќе е опериран, јави германскиот бундеслигаш. Напаѓачот ќе паузира подолг период, што претставува голем удар за неговиот клуб. Поради неговото отсуство, раководството размислува за ангажман на нов напаѓач, а како можно решение се споменува српскиот фудбалер Јован Милошевиќ. Клубот очекува во наредниот период да донесе конечна ...
Огромна фарса се случи на мечот меѓу Трапани и Тренто кој беше прекинат по само четири минути и десетина секунди игра. Андреј Јакимовски и неговите соиграчи водеа со 11-26 против ривалот кој на терен истрча со само неколку младинци поради финансиските проблеми. Трапани уште од стартот тргна со идејата што побргу да остане без доволно играчи за натпреварот, па правеа намерни фаули, а имаше и играч кој имаше „здравствен проблем“. Откако бргу ...
Кошаркарите на Шарлот Хорнетс одиграа импресивна партија и славеа на гостувањето кај Јута Џез со 95-150. Неверојатниот перформанс на една од најслабите франшизи беше најавен уште во првата четвртина. Хорнетси ја добија со неверојатни 14-45 и ја направија најголемата предност, но и во продолжението беа подобри во секоја од трите преостанати четвртини. Јута Џез - Шарлот Хорнетс: Интересно е дека најефикасен на мечот беше Сенсабауг од Јута, ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа в понеделник ја очекува настап во квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против четвртата носителка 23-годишната тенисерка од Австрија Сиња Краус, која се наоѓа на 108.место на ВТА листата. Мечот е планиран да се игра како последен на теренот број 12, што значи во попладневните часови во Мелбурн, а утрински по македонско време. Ѓорческа неколку дена е во ...