Тренерот на Реал Сосиедад, Пелегрино Матарацо, не ја криеше својата радост по победата над Атлетико Мадрид во финалето од Купот на кралот, каде неговиот тим славеше по подобро изведување пенали (3-4). Баскискиот тим се закити со вториот најважен трофеј во Шпанија, а тренерот Матарацо беше презадоволен од овој огромен успех. „Блескам од среќа. Ми требаше време за да сфатам што се случи, но ова е само почеток. Покажавме сериозен карактер и не ...
Финалето меѓу Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид понуди се што треба да понуди еден завршен меч, односно отворена игра, четири голови и драма која кулминираше со пенал рулет. По изведувањето на ударите од 11 метри, играчите од Баскија се покажаа како помирни и поконцентрирани во клучните моменти, па режирањето на мало изненадување значеше дека Реал Сосиедад ја освојува четвртата титула во Копа дел Реј. Тренерот Матарацо изведе мало чудо со тимот ...
Фудбалерите на Реал Сосиедад како вистински херои беа пречекани во Сан Себастијан од дури 100.000 луѓе. Величествениот дочек фудбалерите го заслужија со освојување на Купот на Шпанија. Во финалето на Купот, Сосиедад по голема борба, откако беше 2:2 по 120 минути игра, на пенали го победија Атлетико Мадрид со 4:3. Еуфоричните навивачи на Сосиедад од 2020 година чекаа да се израдуваат на еден голем пехар, а и пред шест години тоа беше трофејот ...
Претседателот на Реал Сосиедад, Јокин Аперибај, призна дека го прашувал ChatGPT за назначувањето на тренерот Пелегрино Матарацо. Сосиедад го ангажираше Матарацо во декември, одлука што го промени текот на сезоната, бидејќи тој ги одведе до нивната четврта титула во Копа дел Реј во саботата. Прославите беа во полн ек во понеделникот, кога 100.000 навивачи ги исполнија улиците за да ги прослават своите херои од Копа дел Реј. Тоа е далеку од ...

