Екипата на Валенсија очекувано славеше над Бургос (2-0) и обезбеди место во четвртфиналето во Купот на Кралот во Шпанија. На овој меч на голот повторно беше македонскиот голман Столе Димитриевски, кој забележа две добри интервенции при нападите на домашната екипа и заврши со „чиста мрежа“ на патот кон најдобрите осум. Што се однесува до головите, видовме по еден во двете полувремиња. Во 10. минута Валенсија дојде до предност преку Рубо, ...

Екипата на Црвена Звезда забележа голем резултат во Евролигата и со победа над Милано на гостински терен (96-104) повторно се врати во плеј-оф зоната во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување. Белграѓани губеа со 13 поени во еден момент од мечот, но не се откажаа. На влезот на последниот квартал, Црвена Звезда имаше негатива од 11 поени, ама со шутерско шоу и серија од 13 поени, дојде до предност (83-85) која ја одбрани до ...

Ракометната селекција на Норвешка со убедлива победа го започна Европскиот шампионат. Во Осло, пред фантастична атмосфера норвешките ракометари ја оправдаа улогата на фаворит и против Украина извојува висок триумф од 39-22 (19-11) Со овој настап, Норвежаните на еден начин им одговорија на „триколорите“ кои во првиот натпревар од оваа група славеа над Чешка со убедливи 42-28. Украина беше рамноправен противник само во воведните пет минути, а ...

Репрезентацијата на Германија со победа го отвори настапот на Европското првенство, совладувајќи ја Австрија со 30-27 во регионалното дерби. Германците уште од стартот ја наметнаа својата игра, а клучна фигура во нивниот триумф беше голманот Андреас Волф, кој со 12 интервенции внесе сигурност и смиреност во редовите на „бундес тимот“. Иако Австрија во неколку наврати успеваше резултатски да се доближи и постојано беше во игра, решавачките ...

Баерн Минхен им се врати на победничките патеки во Евролигата, откако во рамки на 22. коло на домашен паркет го совлада актуелниот европски шампион Панатинаикос со резултат 85-78. Иако грчкиот состав контролираше голем дел од натпреварот и со минимална предност од 64-60 ја дочека последната четвртина, завршницата целосно им припадна на домаќините. Баерн одигра извонредни десет минути, демонстрирајќи цврста одбрана и висок напаѓачки ритам, со ...

Сагата околу иднината на Роџерс Мато и Вардар добива нов пресврт, откако најновите информации говорат дека напаѓачот би можел да се пресели во шкотски Хартс уште во текот на јануарскиот преоден рок. По откажувањето на Канзас од ангажманот на голгетерот од Уганда, од Шкотска пристигнуваат вести дека Хартс повторно воспоставил контакт со Вардар и започнал нова рунда преговори за откуп на неговиот договор. Клубот од Скопје претходно одби понуда ...

Екипата на Болоња извојува важна гостинска победа во драматичниот натпревар со Верона со 2-3 во 16. коло од Серија А. По речиси два месеци без победа, гостите успеаја да слават и да освојат три бода против „фенерџијата“. Верона поведе во 13. минута, преку Орбан, но Болоња успеа да постигне три гола до крајот на полувремето и да го сврти натпреварот. Орсолини го израмни резултатот, а Одгард успеа да им донесе водство на гостите. Одличниот ...

Раул Гонзалез, селекторот на српската ракометна селекција не го криеше незадоволството од поразот од Шпанија на стартот од шампионатот. Шпанскиот стратег најмногу е незадоволен од начинот на кој неговиот тим го отвори натпреварот, но верува дека против Германија ќе се виде најдоброто од оваа Србија. „Тешко беше за нас, одигравме катастрофално на стартот, направивме многу грешки и промашивме три пенали. Во вториот дел бевме нешто подобри, но ...

Раул Гонзалез и Србија не успеаја да приредат изненадување уште на стартот од Европското првенство, но Урош Борзаш верува дека оваа селекција има потенцијал и квалитети да се пласира во втората фаза од континенталниот собир. Србија се покажа во одлично светло против реновираната Шпанија, но на крај загуби со минимални 29-27. „Шпанија ги искористи своите шанси, имаше контрола во текот на сите 60 минути. Ние како да не влеговме со сто отсто од ...

Легендарниот кошаркар и поранешен македонски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, започна нова фаза во својата кариера - стана тренер во Соединетите Американски Држави. Мекејлеб, кој како играч стана миленик на македонските навивачи, сега заплива во тренерските води и ќе работи со млади играчи. Тој е назначен за тренер во организацијата „Зомби Универзитет“, каде што ќе води тимови со деца на 14‑годишна возраст. „Зомби Универзитет“ не е ...

Кошаркарите на Виртус Болоња извојува голема победа во Евролигата, откако на гости кај незгодниот Дубаи славеа со 72-80 во 22. коло од европската кошаркарска елита. На овој начин, тимот на Душко Ивановиќ успеа да го пробие еден од најнезгодните домашни терени во Евролигата и да запиша „златен“ брејк. Со оваа победа Виртус го израмни скорот на 11-11 и во одлично расположение почнува да атакува кон местата кои што водат во елиминационата фаза. ...

Ракометната селекција на Франција според планот го започна Европското првенство. На отворањето на континенталниот собир, еден од фаворитите за највисок пласман, извојува убедлив триумф против Чешка од 42-28 и со два бода ја започна групата Ц. Иако без еден од најдобрите ракометари во селекцијата, Недим Ремили, кој пред два дена поради повреда го откажа својот настап на шампионатот, Французите не видоа мака на паркетот во Осло и го забележаа ...

Натпреварите на седумнаесеттото Европско првенство започнаа со очекувана победа на Шпанија против Србија со 29-27 (19-15), во рамките на групата А. Дуелот во Хернинг донесе целосна доминација на фаворитот, па момците на Раул Гонзалез немаа енергија и ресурси за подвиг и бод(ови) во овој натпребар Шпанија подобро го отвори натпреварот и со подобра одбрана стекна 2-3 гола предност. Шпанските голмани се разбранија, Србија не реализира два ...

Македонскиот прволигаш Тиквеш објави дека потпиша договор со младиот талент на клубот, Благој Стојчев, кој се обврза на соработка во следните осумнаесет месеци. Кавадарчани мислат на иднината и создаваат таленти кои понатаму би биле носители на екипата, а тоа се потврдува и со договорот за Стојчев, кој потекнува од младинските категории. Во наредниот период се очекуваат нови професионални договори и за други млади фудбалери кои со својот ...

Новото засилување на Дубаи, Џанан Муса, кој беше повреден уште од октомври минатата година, конечно се врати во тимот и му се стави на располагање на стручниот штаб. Се очекува Муса да настапи за Дубаи веќе овој викенд, кога тимот ќе игра против Клуж во АБА лигата. Босанскиот репрезентативец дојде во Дубаи од Реал Мадрид, но не играше повеќе од три месеци, а се смета за еден од главните играчи во тимот. Муса се очекува конечно да блесне со ...

Управата на Зрињски Мостар ја прекина соработката со македонскиот дефанзивец Дарко Велковски, кој летово пристигна во клубот како едно од најавуваните засилувања. Велковски беше доведен во тимот во летниот преоден рок, со надеж дека ќе даде значаен придонес во одбраната. Сепак, тој за Зрињски запиша само два официјални натпревари во есенскиот дел од сезоната и не успеа да го оправда очекуваниот статус на клучен играч во дефанзивата. По ...

Управата на Шкендија од Арачиново се пофали со ново звучно засилување. Во тимот пристигна левиот бек Хадис Таири, кој доаѓа од редовите на Струга Трим Лум. Се работи за играч со искуство и високи натпреварувачки стандарди, кој со себе носи тактичка дисциплина, сигурност во дефанзивата и постојан придонес на левата крилна позиција. Со ова засилување, Шкендија јасно ги искажува своите аспирации за највисок пласман и евентуален влез во Првата ...

Швајцарската тениска легенда, Роџер Федерер, повторно е во центарот на вниманието на спортската јавност, овојпат со својата поддршка за Карлос Алкараз на Австралија Опен. Иако одамна ја заврши професионалната кариера, Швајцарецот внимателно ги следи случувањата во светот на тенисот и не крие дека е импресиониран од младиот Шпанец. Федерер истакна дека Алкараз има сè што е потребно за да доминира на највисоко ниво - енергија, ментална цврстина ...

Германската ракометна федерација (DHB) одлучи значително да ги зголеми бонусите за својата мaшка репрезентација пред Европското првенство. Целта е играчите да бидат максимално мотивирани и да се обезбеди одличен настап на континенталниот шампионат. Според новиот систем на награди, тимот може да освои до 600.000 евра ако ја освои титулата и ако користи повеќе од 20 играчи за време на турнирот. Победа во финалето носи 430.000 евра, додека ...

Баерн Минхен оваа сезона покажува доминација каква ретко се гледала во историјата на клубот. Тимот води во Бундеслигата со најмногу бодови во една полусезона (47), а гол-разликата е импресивна (66-13), со рекорден број постигнати голови. Нападот функционира беспрекорно, а одбраната е цврста, што ја прави оваа генерација на Бајерн тешко победлива. Победите се редовни, а играчите се во одлична форма, со висок процент на реализирани шанси и ...

Македонскиот второлигаш Осогово стартуваше со подготовките за пролетната полусезона во Втората фудбалска лига и веќе најави пет пријателски натпревари кои ќе ѝ помогнат на екипата подобро да се воигра пред претстојните предизвици. Осогово ќе ги одмери силите со Детонит Плачковица, ФК Аеродром, ФК Беласица, ФК Вардар и Вардар Неготино, а мечевите ќе се одиграат во период од три седмици. Првиот меч е закажан за 24 јануари, а последниот на 13 ...

Фудбалерите на Ајакс доживеаја вистински срамен дебакл, откако во осминафиналето на Купот на Холандија загубија со убедливи 0-6 од АЗ Алкмар. Овој резултат претставува еден од најубедливите порази на амстердамскиот гигант на домашна сцена и еден од најтешките удари во поновата историја. Екипата на АЗ доминираше од првата до последната минута, а иако во последните сезони често знаеше да го надигра Ајакс, ретко кој очекуваше ваков фудбалски ...

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Влатко Колев, го објави списокот на фудбалери повикани за претстојните пријателски натпревари што ќе се одиграат во Анталија, Турција. Младата репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против врсниците на Турција, на 20 и 22 јануари годинава, како дел од подготовките на генерацијата која се избори за Елитна фаза квалификации за пласман на Европско првенство. ...

Денес официјално започна зимскиот преоден рок во македонскиот фудбал. Се очекува прволигашите и второлигашите да започнат со интензивни засилувања, иако до овој момент беа исклучително мирни и незаинтересирани. Од прволигашките клубови по некое ново име донесоа Шкендија, Башкими, Арсими..., а останатите се во фаза на исчекување на шанси на пазарот. Зимскиот трансфер период ќе биде отворен до 11 февруари. Пролетната полусезона во Првата лига ...

Името на Јирген Клоп повторно се најде во центарот на фудбалските шпекулации, овојпат поврзано со можен ангажман во Реал Мадрид. Сепак, германскиот стручњак реагираше смирено и со доза хумор, јасно ставајќи до знаење дека во моментов нема ништо конкретно зад тие гласини. Клоп призна дека добил неколку пораки и коментари на таа тема, но нагласи дека не постоел никаков официјален контакт со „кралскиот клуб“. Со насмевка порача дека ваквите ...

Екипата на ФК Тетекс ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Тимот веќе тренира со полна пареа, а целта е подобрување на формата и подобри резултати во продолжението од сезоната. Се работи и на засилување на играчкиот ростер, а од утре, па во наредните триесет дена, управата ќе се обиде да доведе квалитетни фудбалери кои можат да ѝ помогнат на екипата. Тетовчани под водство на тренерот ...

Ракометната репрезентација на Франција доби нова неочекувана промена во составот непосредно пред стартот на Европското првенство. Левото крило Уго Деска доживеа повреда на десниот скочен зглоб за време на тренинг и ќе го пропушти првиот меч на Франција на шампионатот. Несреќниот инцидент се случи непосредно пред првиот натпревар од групата против Чешка, што претставува големо ослабување за „триколорите“, кои веќе претходно имааа проблеми со ...

Еден од главните носители на репрезентацијата на Португалија, Мартим Кошта, истакна дека тимот ќе влезе на Европското првенство со голема верба и самодоверба. Неговата порака до навивачите и до ракометната јавност е јасна - Португалија сака да го покаже најдобриот ракомет во својата историја и да направи уште еден важен исчекор на големите турнири. Кошта, кој е еден од клучните играчи на тимот, посочи дека од тимот може да се очекуваат ...

Ракометната репрезентација на Унгарија ќе го започне Европското првенство без својата најголема ѕвезда, Бенце Банхиди, кој поради повреда на коленото нема да може да настапи на шампионатот. Банхиди долго се подготвуваше за настап, но физичките проблеми се покажаа посилни од желбата да игра, па лекарите одлучија неговото здравје да биде приоритет. Играчот на ПИК Сегед останува надвор од составот, а неговото отсуство е сериозен удар за ...

Македонскиот прволигаш Пелистер веќе ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната, а „зелено-белите“ во меѓувреме го договорија и првото засилување во 2026 година. Станува збор за Бранден Џенкинс, американски бек-шутер кој треба да биде од голема корист во клучниот дел од сезоната. Џенкинс е добро познат во регионот по одличните настапи во дресот на Морнар во АБА лигата. Американецот имаше одлични настспи, а најдобрата партија ја ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
56%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
6.17
57%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
5.01
75%
1033
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 1ᴼ
0.0
62%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.68
75%
1034
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
60%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Цинк

3.24

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Платина

68963.35

Рутениум

47358.05