Домаќинот Данска убедливо ја совлада Македонија (36-24) на стартот на Европското првенство. Еден од фаворитите за злато покажа сила пред 15.000 навивачи во Хернинг и триумфално тргна на турнирот. По натпреварот коментар за одиграното и за Македонија даде голманот Емил Нилсен. „Пред четири години Македонија направи големо изненадување, беше импресивно, бев таму, но не играв. Лазаров одигра храбро како тренер на тој прв меч, ја победи Данска, ...

Македонија забележа убедлив пораз на стартот од Европското првенство, откако од домашната селекција на Данска загуби со 36-24. Нашите момци немаа сили да му парира на актуелниот светски и олимписки шампион, и шансата за бодови ќе ја чека на преостанатите два натпревари со Португалија и Романија. „Мислам дека немаме играно против посилен ривал од оваа Данска. Ривалот имаше брза контра, полуконтра, центар и по секоја техничка грешка нè ...

Македонската ракометна репрезентација со очекуван пораз го започна Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Светскиот првак, моќните Данци на Никола Јакобсен, славеа во преполната „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со 36-24 (17-12). Нашиот национален тим имаше и позитивни моменти, но немаше сили за подвиг. Лазаров не ги сврсти Пешевски и Митревски во тимот и од првата минута против светскиот првак почна со Самоил Ристевски. Токму ...

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе пораз од Данска (36-24) на стартот на Европското првенство. Јасно беше дека домаќинот во Хернинг е фаворит, не само на мечот и во групата, туку и на целиот турнир, а тоа Данците добро го демонстрираа. По стартниот пораз на шампионатот свој коментар за поразот даде капитенот на нашата селекција Филип Кузмановски, кој кажа: „Честитки до Данска, во грч го отворивме мечот, но против Португалија и ...

Ракометната селекција на Македонија со пораз го отвори Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Нашите ракометари ја почувствуваа моќната на домаќинот, кој уште во првиот натпревар ја најави кандидатурата за првото место на континенталниот шампионат. По натпреварот во прекрасната атмосфера во Хернинг, нашиот прв голман вечерва, Мартин Томовски го анализираше дуелот со светскиот и олимпискиот шампион. „Без разлика што Данска е ...

Македонскиот центарфор Бојан Миовски им се врати на головите во дресот на Глазгов Ренџерс, откако погоди на натпреварот против Анан Атлетик во Купот на Шкотска. Центарфорот беше двоен стрелец во првото полувреме. Првиот гол Миовски го даде во 12. минута, додека вториот пристигна во 32. минута. Напаѓачот се враќа во одличен ритам во дресот на Ренџерс по повредата која ја имаше и пак е еден од лидерите во нападот. Македонскиот центарфор Бојан ...

Екипата на Лориен на гостински терен извојува сигурна победа над Монако со 1-3 во првиот натпревар од 18. коло од француската Лига 1. Ужасниот Монако го врза четвртиот пораз во лигата и сега е само деветти на табелата со 23 бода и е многу далеку од борбата за место во Лигата на шампионите, што ја планираше пред почетокот на сезоната. Фудбалерите на Лориен, од друга страна, остварија голем триумф, се искачија на 12. со 22 бода и, што е ...

Данска моќно го отвори натпреварот со Македонија во првото коло од групата Б од Европското првенство, но и нашите момци имаа што да покажат на паркетот во Хернинг. Ракометарите на Алкалоид, Игор Ѓоргиев и Мартин Серафимов режираа атракција во стилот на нашата селекција. Левиот бек ја имаше улогата на асистент, додека Серафимов со „цепелин“ го совлада Нилсен за овации на македонските фанови на трибините. Македонија и на овој шампионат ќе ја ...

Ракометната репрезентација на Македонија има висока негатива уште по првиот дел од домаќинот Данска (17-12) на стартот на Европското првенство. Домаќинот на средбата во „Јуске Банк Арената“ во Хернинг од стартот покажа кој е кој, се наметна и покажа зошто е еден од главните фаворити за златниот медал. Првиот напад го имаше Македонија, но бргу погрешивме во офанзивата и Јакобсен украде. Сепак, следуваше серија промашувања пред двата гола, а ...

Кошаркарите на Фенербахче извојуваа нова победа во Евролигата, овој пат над Валенсија со конечни 82-79 во натпреварот кој се играше во рамки на 22. коло. Избраниците на Шарунас Јасикевичиус беа подобри во првото полувреме и создадоа предност од единаедет поени на паузата (45-34), а во вториот дел рутински ја доработија задачата, не дозволувајќи никакво изненадување пред своите навивачи. Најдобар поединец во победничкиот состав беше Нандо Де ...

Данска и Македонија со меѓусебен дуел ќе го затворат првото коло од групата Б на Европското првенство. Атмосферата во „Јуске Банк Боксен Арена“ е фантастична. Трибините се исполнети до последно место, а организаторот подготви мало музичко и светлечко шоу во кое учествуваа и самите навивачи. На првиот натпревар во Хернинг денеска, Португалија славеше убедливо над Романија со 40-34. Данска и Македонија со меѓусебен дуел ќе го затворат првото ...

Ракометната репрезентација на Македонија го отвори Европското првенство пред полните трибини во „Јуске Банк Арената“ во Хернинг против домаќинот Данска. На првиот меч на шампионатот ракометарите одново ја испеаја химната на Македонија со многу емоции. Заедно со околу петстотини навивачи на трибините грмна „Денес над Македонија“ со многу емоции во Хернинг. Македонија на континенталниот шампионат е во група со домаќинот Данска, Португалија и ...

Ракометните селекции на Данска и Македонија повторно ќе се судрат на едно големо ракометно натпреварување. Како и пред дванаесет години двете селекции за бодови ќе се борат во воведното коло, овој пат на Европското првенство кое што се игра во Данска, Норвешка и Шведска. „Јуске Банк Боксен Арена“ ќе биде исполнета до последно место, а на трибините како и секој јануари досега ќе има и навивачи на Македонија. „Фалангата“ се собра од сите ...

На нешто повеќе од еден час пред почетокот на натпреварот Македонија - Данска, познати се официјалните состави. Во нашиот тим има одредени изненадувања. Селекторот Кирил Лазаров изостави две искусни имиња и еден дебитант на големите натпреварувања. Никола Митревски, Жарко Пешевски и Дамјан Митев нема да играат против Данска, а од пријавените првите минути на големите натпреварувања ќе ги очекуваат Самоил Ристевски, Михаил Аларов и Никола ...

Репрезентацијата на Словенија потешко од очекуваното и по огромна борба успеа да ја совлада Црна Гора (41-40) во натпреварот од групата Д на Европското ракометно првенство. Црногорците се покажаа како жилав противник, имаа само гол негатива на паузата (19-18), а потоа прикажаа одлична игра и во второто полувреме. Во еден момент стигнаа и до +2, но потоа Словенците заиграа многу подобро и се изборија за важна победа на почетокот на ...

Македонските навивачите од цела Европа се собираат на северот на континентот да го бодрат националниот тим во ракомет. Во малиот дански град Хернинг има околу 400-500 навивачи на нашата репрезентација, кои во живо ќе ги бодрат избраниците на Лазаров. Меѓу нашите навивачи се и првите луѓе на нашата федерација. Новиот претседатело Александар Стефанов со семејството, генералниот секретар Влатко Тасевски со своите најблиски, луѓе од македонската ...

Четвртопласираната репрезентација од последното Светско првенство, непредвидливата Португалија, со победа го започна Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Португалците лесно ја совладаа Романија со 40-34 (23-15), во првиот дуел од групата Б. selected-photo-2.jpg Романците подобро отворија и со брз ракомет го изненадија фаворитот. Сепак, после брзите голови на Невес и Итуриза, Португалците првпат поведоа во осмата минута (4-5). ...

Натпреварот помеѓу Данска и Македонија на Европското првенство е пред самиот почеток, а нашите навивачи, познати како македонска „Фаланга“ веќе ја полнат салата каде нашите ракометари ќе се соочат со силниот противник. Се очекува Македонија да ја бодрат околу 500 навивачи кои допатуваа од скандинавските и други западноевропски земји, а има и такви што пристигнаа од сите краишта на нашата држава. Нашите фанови повторно се вистински хит помеѓу ...

Ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ, даде изјава во однос на очекувањата од пролетната полусезона во Суперлигата, каде неговата екипа има јасни и нескриени високи амбиции. Србинот е убеден во квалитетот на охриѓани и смета дека колективот уште повеќе ќе расте со доаѓањето на новите искусни засилувања. „Мислам дека успеавме да ја кренеме екипата во однос на почетокот на сезоната. Имаме и нови засилувања, сега со нас е и Прибетиќ, па затоа ...

Македонската навивачка „Фаланга“ со полна пареа се подготвува за првиот натпревар на нашиот национален тим на Европското првенство, каде се среќаваме со моќната Данска. Љубителите на ракометот и верните поддржувачи на репрезентацијата и овојпат решија да отпатуваат далеку, на северот на Европа, со една јасна цел - гласно и борбено да го бодрат тимот на селекторот Кирил Лазаров. Се слушаат и се пеат песни, се игра оро и се скандираат навивачки ...

Младиот македонски талент, Матео Кесиќ, ги задоволил вкусовите на управата на италијанскиот Сасуоло, каде минатите денови беше на проба за евентуален договор. Кесиќ, кој од неодамна е младински репрезентативец на Македонија, настапуваше за српскиот тим Јединство УБ, каде раководната функција ја има славниот Немања Матиќ. Токму на препорака на Матиќ пристигна во Сасуоло, а во наредните денови се очекуваат повеќе информации за евентуален потпис ...

Искусниот македонски фудбалер, Кире Ристевски, официјално се врати во својот матичен клуб, Пелистер, каде се очекува да биде големо засилување за остатокот од сезоната. 35-годишниот дефанзивец доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде одигра само четири натпревари во сезоната 2025/26, а претходно ги бранеше боите на Струга Трим Лум, Етникос Акна, Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Работнички, Славија Софија и уште неколку клубови од Македонија и од ...

На АТП турнирот во Аделаида, Уго Умбер и Томаш Махач обезбедија место во финалето во машка конкуренција, откако во полуфиналните мечеви остварија важни победи против своите ривали. Махач победи по три сета во возбудлив дуел со Американецот Томи Пол, додека Умбер славеше тесен триумф над Алехандро Давидович-Фокина. Финалето претставува значајна можност за двата играчи да освојат прв трофеј во сезоната и да го започнат годишниот циклус со ...

Екипата на Работнички донесе прво ново име во овој преоден рок и потпиша договор со левиот бек Зија Мерџани. 30-годишникот последен пат играше за тетовска Шкендија, каде ги мина последните две сезони. Претходно, беше дел и од тимот на Струга Трим Лум. Се работи за играч со преку 100 настапи во Првата лига, кој со екипата на Работнички потпиша шестмесечен договор. Работнички предводен од новиот тренер Муарем Муарем го чека тешка битка за ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години се подготвува за елитниот циклус на квалификации за Европското првенство. Како увертира за настанот, ќе одигра две контролни средби против Турција. Селекторот Влатко Колев повика познати имиња, од кои сака да види максимална борба и посветеност во дресот со државниот грб, како најава за квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Словенија. „Силните мечеви со Турција и во февруари со ...

Македонскиот прволигаш Арсими 1973 доживеа несекојдневна и непријатна ситуација на пријателскиот натпревар против полскиот тим, Одра. Мечот се играше во рамки на зимските подготовки, а при резултат 2-0, клубот од Чегране донел одлука да го повлече тимот од теренот поради исклучително грубата и агресивна игра на ривалот. Полскиот тим објави дека не му се познати причините за повлекувањето на Арсими, но македонскиот клуб возврати со соопштение ...

Менaџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, официјално стави крај на долгите шпекулации околу својата иднина на „Селхрст Парк“. Австрискиот стратег потврди дека нема да потпише нов договор со лондонскиот клуб и дека на крајот од актуелната сезона ќе се раздели со Палас. Со оваа одлука, Гласнер јасно стави до знаење дека планира нов чекор во кариерата, иако во изминатиот период неговото име често се поврзуваше со продолжување на соработката. ...

Македонскиот прволигаш Пелистер остана без двајца американски кошаркари кои настапуваа во првиот дел од сезоната. Си-Џеј Вилсон и Остин Прајс, двајцата кошаркари задолжени за плејмејкерската и бековската линија повеќе не се дел од зелено-белиот табор. Вилсон и Прајс одиграа добри натпревари во историскиот премиерен настап на Пелистер во европските натпреварувања на ФИБА, но во новата година тие повеќе нема да бидат дел од нашиот клуб. ...

Ракометната репрезентација на Црна Гора се најде во големи проблеми пред настапот на Европското првенство, откако искусниот бек Милош Божовиќ нема да биде дел од шампионатот поради повреда. Божовиќ ја обнови повредата на стапалото за време на тренинг и по лекарските прегледи беше утврдено дека нема да може да настапи на континенталниот собир. Повредата ќе го оддалечи од терените подолг временски период, што значи дека селекторот ќе мора да ...

Ракометарот на ГРК Охрид и на српската репрезентација, Дарко Ѓукиќ, го прокоментира натпреварот против Шпанија на Европското првенство, каде неговиот тим загуби со конечни 29-27. Ѓукиќ смета дека Србија можела да одигра далеку подобро против големиот фаворит, истакнувајќи дека грешката во пристапот била направена во првото полувреме. „Мислам дека можевме да извлечеме многу повеќе од овој меч. Лошо го отворивме натпреварот, како да не ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
8.75
62%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
74%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.15
88%
1033
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.28
79%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
60%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
81%
1034
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
63%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.75
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Цинк

3.24

Родиум

372948.66

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Злато

166253.76

Платина

68963.35

Калај

50.64

Бакар

11.73

Иридиум

231355.22

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59