Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Италијанскиот тренер Антонио Конте би можел да го напушти Наполи на крајот од сезоната. Конте не успеа да го одбрани Скудетото со Наполи, што, заедно со прилично турбулентната сезона, обележана со скандал по есенскиот пораз од Болоња и недостатокот на авторитет во случајот со Ромелу Лукаку, влијаеше на прашањето за неговата иднина во клубот. По неодамнешната средба со Антонио Де Лаурентис, се чини дека Конте е блиску до заминување, и покрај ...
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез го објави списокот од 27 играчи за Светското првенство 2026, на кој е и капитенот Кристијано Роналдо со својот рекорден шести настап на Мундијалите. Португалија, која сè уште ја брка својата прва светска титула, ќе биде предводена од Роналдо, а селекторот изјави дека целиот тим ќе игра и во чест на трагично починатиот интернационалец Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа минатата година. За ...
Огромна трагедија во српската кошарка. Младата кошаркарка на КК Мега, Инес Стојановиќ, почина на 17-годишна возраст. Тажната и трагична вест ја објави Мега, која се збогуваше со својата кошаркарка. „Со голема тага се простуваме од нашата сакана Инес, која нè напушти прерано. Таа засекогаш ќе остане дел од нашиот колектив и нашите спомени. Им упатуваме искрено сочувство на семејството и пријателите. Почивај во мир“, напишаa од Мега. Инес ...
Нема да има заедничката прослава на ФК Вардар и РК Вардар по повод освоените титули во државните првенства, и покрај најавата преку социјалните мрежи од страна на извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски. ФК Вардар најави голема прослава во Градскиот парк во Скопје на „Школка“, на 23 мај веднаш по завршувањето на мечот од последното првенствено коло против Шкендија, а која ќе биде заедничка со ракометарите. Но, сега од РК Вардар, ...
Силекс и Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде освојувачот на вториот трофеј сезонава во домашните натпреварувања. За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција, но и последната шанса преку, за себе, мечот на сезоната да дојде до излез во Европа. Кратовци, како што ...
Атакува Силекс на четврти трофеј во Купот на Македонија, во своето шесто финале. За кратовскиот тим ова е меч „да се биде или не“, затоа што покрај пехарот, им носи и излез во Европа, поточно во Лигата на Конференции идната сезона. Шефот на струката Александар Васоски ја препушта улогата на фаворит на противникот, меѓутоа најавува битка за трофејот. „За нас ова е меч на сезона затоа што знаеме тој меч ни носи излез во Европа. Со Шкендија ...
Имаше шанси Шкендија за двојна круна до пред некој ден, но откако Вардар ја победи Струга, јасно беше дека ќе мора да ја предаде шампионската титула на скопските „црвено-црни“, па сега единствена шанса за трофеј е преку финалето на Купот. Тетовскиот тим се надева дека ќе го искористи искуството со играње во Европа, и дека ќе дојде до пехар оваа сезона, која не беше на посакуваното ниво во ПМФЛ, но затоа избраниците на Јетон Беќири имаа ...
На денешен ден пред точно 24 години Кометал Ѓорче Петров ја покори Европа освојувајќи ја женската Лига на шампиони. Индира Кастратовиќ, Андријана Будимир, Олга Бујанова, Луминица Дину… го совладаа во скопската ноќ унгарскиот Херц Ференцварош со 26-22 и ја донесоа титулата во Македонија. Со овие „плус четири“ беше надополнета негативата од два гола од првиот натпревар, по што „кометалки“ стигнаа до историскиот успех и се искачија на тронот на ...
Фудбалската федерација на Македонија информираше денеска дека е покрената дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот. Како што е познато, по осигурувањето на шампионската титула, вардаровите фудбалери славеа со недолични песни кои беа и објавени на социјалните мрежи од страна на извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, а кои ...
Рубен Аморим е главен фаворит за нов тренер на Бенфика, пренесуваат португалските медиуми. Поранешниот фудбалер на „орлите“ во моментов е без ангажман, откако на почетокот на годинава доби отказ од клупата на Манчестер Јунајтед. Раководството на Бенфика во него гледа идеално решение за шеф на стручниот штаб, потпирајќи се на неговото богато искуство во португалскиот фудбал. Аморим веќе имаше извонреден престој на клупата на лутиот ривал ...
Италијанскиот стратег Симоне Инзаги ќе ја напушти тренерската функција во Ал-Хилал веднаш по завршувањето на последниот натпревар од оваа сезона во шампионатот на Саудиска Арабија, пренесува „Тутомеркатовеб“. Според медиумите, заминувањето на 50-годишниот стручњак е веќе практично потврдено. Главните причини за разделбата лежат во јавните критики насочени кон неколку скапи летни засилувања кои не ги оправдаа очекувањата на теренот, како и во ...
Микел Артета беше пресреќен откако Арсенал го победи Барнли со 1-0 и сега е само на еден натпревар до освојување на титулата во Премиерлигата. Пред натпреварот помеѓу Арсенал и Барнли, се појави веста дека Пеп Гвардиола ќе го предводи Манчестер сити од клупата за последен пат во недела. Артета долго време му беше помошник на Гвардиола, а сега тие се големи ривали…. „Кога навистина ќе донесе одлука, тогаш можеме да разговараме на таа тема“, ...
електорот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави конечниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Додека нацијата го слави враќањето на Нејмар, спортската јавност е во шок поради отсуството на напаѓачот на Челси, Жоао Педро. Иако зад себе има фантастична сезона во Премиерлигата со 20 голови и 6 асистенции, тоа не беше доволно за место во националниот тим. Статистиката покажува дека само Ерлинг Халанд ...
Кошаркарите на Сан Антонио спурс направија брејк и поведоа со 1-0 против актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома сити тандер откако синоќа во неверојатен натпревар славеа по две продолженија со 115-122. Неверојатна партија во дресот на Спурс одигра францускиот центар Виктор Вембањама кој натпреварот го заврши со 41 поен, надополнет со 24 скока. Кај поразените најефикасен беше Алек Карузо со 31 поен. Вечерва почнува финалето и во ...
За дури 25 милиони евра, играчот на Црвена Звезда Василије Костов би можел да се пресели во Бундеслигата, и да потпише за Борусија Дортмунд. Според информациите од Србија, веќе траат преговорите меѓу двете страни, и може лесно да се случи Костов да замине на „Вестфален“. Доколку Звезда добие 25 милиони, дефинитвино ќе го сруши рекордот на излезен трансфер од белградските „црвено-бели“. Досега највисокиот трансфер беше оној на Вељко ...
Еуфорија и аплаузи ја одбележаа прес-конференцијата на бразилската репрезентација, откако селекторот Карло Анчелоти го објави списокот со фудбалери, на кој по подолго време се најде и суперѕвездата Нејмар. Поранешниот ас на Сантос за првпат добива повик од италијанскиот стратег, што предизвика бурна реакција и скандирања меѓу присутните во пресцентарот. Од друга страна, најголеми изненадувања на списокот се отсуствата на напаѓачите Ришарлисон ...
Гол по гол, победа по победа до титула. Ова е формулата на Арсенал во последните две кола во Премиерлигата. После минималната победа над Вест Хем, „топчиите“ со истиот резултат го совладаа и Барнли на домашен терен. Овој пат со гол многу порано отколку на претходниот меч, одновно во првиот дел. Арсенал имаше повеќе од играта, од шансите, а на крајот пресуден беше само голот на Каи Хаверц. Сака асистираше до Германецот, кој го постигна голот ...
По жестоките реакции од јавноста и стручните коментатори, шефот на судиската организација на Премиерлигата Хауард Веб, призна дека голот на Манчестер Јунајтед против Нотингем Форест требало да биде поништен. Спорната ситуација се случи веднаш по израмнување на Нотингем на 1:1, а Манчестер Јунајтед веднаш поведе преку Куња, но на целата акција претходеше очигледна игра со рака од страна на Брајан Мбуемо. И покрај протестите на играчите на ...
Го добија првиот дерби натпревар кошаркарите на Партизан во полуфиналето на АБА лигата против најголемиот ривал Црвена Звезда. На крајот „црно-белите“ славеа триумф, и со тоа му го нанесоа дури четвртиот пораз во петтиот меч оваа сезона на тимот на „црвено-белите“. После победите во Евролигата, и две во АБА лигата, сега ги совладаа и во првиот полуфинален меч во серијата. Уште од првиот период Партизан наметна ритам, и замина со +6 по првата ...
После 10 години на клупата, Пеп Гвардиола се одлучи да го напушти Манчестер Сити, објави „Дејли Мејл“. Од почетокот на сезоната имаше шпекулации дека ќе си оди после завршувањето на сезоната, иако таа работа не е извесна и сега. Службена информација и натаму се чека, но ова е знак дека е готова ерата на Шпанецот на „Етихад“. Во десет години како тренер на Манчестер Сити, Пеп освои 20 трофеи. Шест пати беше првак на Англија, а под негово ...
Познато е дека Роберт Левандовски идната сезона нема да биде дел од Барселона. Полјакот уште пред неколку дена објави дека ова ќе биде неговиот „последен танц“ во дресот на Каталонците, и дека на лето ќе си бара нова средина. И натаму не е познато каде ќе игра одличниот Левандовски, а Барселона тргна во барање на неговата замена. Според информациите од Шпанија, прв „пик“ е легендарниот голгетер на Интер, Лаутаро Мартинез. Сепак, ангажманот ќе ...
Антонио Рудигер , чиј договор истекува на крајот на сезоната, ја прифати понудата на Реал Мадрид за продолжување и ќе остане во клубот уште една година, објавува „Ас“. 33-годишниот дефанзивец се надеваше дека ќе потпише нов двегодишен договор, но на крајот се придржуваше до политиката на „белите“ да не потпишуваат долгорочни договори со играчи над одредена возраст. Германскиот дефанзивец помина низ тешка сезона, обележана со долгогодишни ...
После само шест месеци откако се врати на клупата на Црвена Звезда, освои двојна круна, Дејан Станковиќ би можел да тргне во друг правец. Според информациите од Грција, стручњакот добил добра понуда од грчки Панатинаикос. Оваа година во јануари, Станковиќ се врати во Звезда, и го наследи Владан Милојевиќ. Веднаш ја врати екипата на побетничките патеки, успеа да одигра одлично во пролетниот дел, и на крајот да се закити со двојната круна. ...
Веќе се подготвува Реал Мадрид за идната сезона. Жозе Мурињо на клупата, тимот ќе добие и нови играчи, а прв кој ќе пристапи на „кралевите“ ќе биде хрватски интернационалец. Според информациите, Мурињо му фрлил „око“ на дефанзивецот на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, и ја испитува можноста да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“. Гвардиол може да игра и како лев бек, и како стопер, и ќе биде добродојден во одбраната на Реал, која оваа сезона ...
Барселона од сезоната 2025/26 нема да биде запаметена само по освојувањето на титулата во Ла Лига, туку и по тоа што влезе во историјата на шпанската лига како прв тим што победил на сите домашни натпревари. Со победата против Бетис тие ја завршија сезоната без ниту еден изгубен бод пред своите навивачи, постигнувајќи совршена домашна изведба. Екипата на Ханси Флик славеше на сите 19 домашни натпревари оваа сезона, и покрај тоа што мораше да ...
Италијанскиот фудбалски стратег, 55-годишниот Андреа Мулдера, е назначен за нов селектор на украинската репрезентација, објави претседателот на УАФ, Андриј Шевченко. Мулдера стана првиот странски тренер на украинската репрезентација, а на клупата го замени Серхиј Ребров, кој ја напушти таа позиција откако не успеа во баражот да се пласира на Светското првенство. „Андреа Мулдера е Италијанец со украинска душа. Работеше во репрезентацијата пет ...
Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, веројатно ќе го пропушти почетокот на Светското првенство бидејќи продолжува да се опоравува од повреда на тетивата. Според „The Athletic“, 18-годишниот Јамал нема да биде подготвен за првиот натпревар во групата против Зеленортски острови на 15 јуни, а голем знак прашалник е и за вториот натпревар против Саудиска Арабија на 21 јуни. Извори од Шпанската фудбалска федерација наведуваат дека федерацијата е ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ, ја продолжува кариерата во САД. 22-годишниот центар потпиша за екипата на УТ Арлингтон од Тексас, која се натпреварува во најсилната дивизија од американската колеџ лига (NCAA Division 1). Симиќ зад себе има интернационална кариера која ја започна на 14-годишна возраст во школата на Барселона. Во минатото настапуваше и за шпански Прат, како и за Борац Бања Лука во БИХ. Во домашниот ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го продолжи договорот, па ќе остане во Каталонија најмалку до 2028 година. Шпанскиот шампион објави дека 61-годишниот германски тренер, опишан како „архитект на победничката Барса“, потпишал договор до 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. „За само две сезони во Барселона, Флик веќе се запиша во историјата на клубот со трофеи, рекорди и визија за иднината. Германскиот ...
Нејмар зборуваше за бразилската репрезентација и неговиот став околу тоа дали ќе настапи на Мундијалот. Искусниот офанзивен играч се мачеше со повреди во претходните години, особено откако ги скина предните вкрстени лигаменти додека беше член на Ал Хилал. Нејмар беше вклучен во проширениот список за Светското првенство, но ќе видиме дали Карло Анчелоти ќе го вклучи во конечниот, кој се очекува наскоро да биде објавен. „Физички се чувствувам ...