Искусниот српски кошаркар Урош Луковиќ кој во последните две сезони ги бранеше боите на МКК Куманово, кариерата ќе ја продолжи во српскиот шампионат. Искусниот центар кој во кариерата меѓу другото беше дел и од МЗТ Скопје Аеродром и од Партизан, кариерата ќе ја продолжи во КК Колубара Лазаревац. Со години, Луковиќ важеше за еден од најдоминантните центри во регионот, а денес го држи рекордот во АБА лигата по број на блокади во историјата на ...

По комплетирањето на преостанатите европски првенства, комплетирана е листата на можни ривали на македонскиот шампион Вардар за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Со завршувањето на шампионатите во Романија и Ерменија, УЕФА ги дефинираше носителите и неносителите во пресрет на претстојната ждрепка. Вардар ќе ја започне својата европска авантура како неносител, што значи дека за противник ќе добие на хартија посилен тим. Меѓу ...

ПСЖ се соочува со огромен проблем на само 12 дена пред големото финале на Лигата на Шампионите против Арсенал, откако Усман Дембеле заработи повреда во последното коло од домашното првенство, во градското дерби со Париз. Крилниот офанзивец цела сезона се мачи со најразлични повреди, но синоќа на теренот мина само 27 минути пред да биде заменет жалејќи се на болка во мускулот. Тренерот Луис Енрике по мечот истакна дека е оптимист дека ...

Јувентус по вчерашните натпревари во Серија А падна на шестото место на табелата, па „старата дама“ сега на едно коло од крајот има само теоретски шанси во последната рунда да влезе во Топ 4 и да обезбеди учество во Лигата на Шампионите за наредната сезона. А неиграњето во елитното европско натпреварување ќе има сериозни последици за буџетот, пред се за издвоените средства за трансфери за летниот преоден рок, па сериозно е во прашање доведено ...

Барселона минатата седмица објави клупско соопштение демантирајќи ги гласините дека воопшто преговара со друг тренер бидејќи актуелниот стратег Чави Пасквал е избраниот од претседателот Лапорта и од директорот Наваро како предводник на проектот и за наредните две години. Викендов каталонците доживеаја шок – откако беше обелоденето дека самиот Пасквал побарал да си замине од Барселона, а негова следна дестинаација ќе биде тимот на Дубаи. ...

Фермин Лопез беше стартер за Барселона на синоќешниот дуел со Бетис, но овој натпревар се покажа кобен за офанзивниот играч за врска, кој заработи сериозна повреда и мораше да биде заменет. Деталните лекарски прегледи што беа извршени утрово донесоа катастрофална вест за Фермин – станува збор за скршеница на метатарсанат акоска во стопалото на десната нога, повреда за која е вообичаена пауза од најмалку два месеци, што би можела да изнесува и ...

Оваа година минува во знакот на Вардар и на фудбалски и на ракометен план, откако „црвено-црните“ по неколку години пауза стигнаа до шампионските титули во двата водечки спортови во Македонија. За прослава на големите успеси, организирана е заедничка забава на која ќе бидат присутни и ракометари и фудбалерите на Вардар. Како што информираа од фудбалскиот колектив, забавата е закажана за сабота 23 мај, во градскиот парк во Скопје. ...

Хрватскиот селектор Златко Далиќ го објави конечниот список од фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојниот светски шампионат. Лука Модриќ веќе почна со тренинзи со Милан и нема сомнеж дека ќе биде предводник на Хрватска на ова големо натпреварување, заедно со Перишиќ, Крамариќ, Ковачиќ и уште неколку поискусни фудбалери кои летово на најголемата сцена ќе се збогуваат од националниот тим. Изненадување за хрватската ...

Со Лино Червар никогаш не е здодевно, па така легендарниот хрватски стратег ја разочара ракометната јавност во татковината откако за најдобар ракометар н а сите времиња го избра – нашиот Кире Лазаров. Хрватите се разочарани што актуелниот македонски селектор е избран пред нивната легенда Ивано Балиќ, но за Червар нема дилема – Кире Лазаров е „најголемиот“. „За мене Кире Лазарв е најдобриот ракометар на сите времиња“, порача Червар, потоа ...

Крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе означи и крај на една ера во Реал Мадрид, со заминувањето на капитенот Дани Карвахал од „Сантијаго Бернабеу“. Станува збор за клупска легенда, играч кој беше дел од младинската школа на Реал чиј дел беше 10 години, а потоа и цели 13 сезони како професионален играч ги бранеше боите на „кралскиот клуб“. Зад името на Карвахал остануваат запишани 27 освоени трофеи, од кои шест европски титули и клупски ...

Големо е задоволството во таборот на македонската репрезентација, не само поради обезбедниот мундијалски билет, туку и начинот на кој стигнавме до него, со две импресивни партии во кои победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Филип Николов, кој добива се повеќе шанси во националниот тим и ја користи минутажата од селекторот Лазаров, не го криеше задоволството што за првпат во кариерата ќе настапи на еден ракометен мундијал. ...

На едно коло пред крајот на првенствата познати се и освојувачите на титулите во младинските категории. Во Младинската Супер лига, трофејот им припаѓа на фудбалерите на АП Брера која на една рунда до крајот има 15 бода предност во однос на Вардар додека трет е Работнички со 56. Меѓу петте најдобри во оваа конкуренција се наоѓаат уште Шкендија со 55 и Македонија ЃП со 52 бода. За супериорноста на младинците на АП Брера говори и податокот дека ...

Емотивно беше синоќа во Барселона, каде Барса славеше над Бетис на последниот домашен меч за оваа сезона и уште поважно, последниот меч што „големиот Роберт Левандовски“ го одигра на теренот на „Камп Ноу“. Полјакот беше со овации поздравен од навивачите, а и откако трибините целосно се испратија, Роберт со своето семејство и пријателите остана уште повеќе од еден час на теренот, свесен дека за последен пат е на „зелениот тепих“ од ...

Вејн Руни остро го критикуваше однесувањето на Мохамед Салах, кое го нарече себично, и го повика тренерот на Ливерпул, Арне Слот, да го изостави египетскиот напаѓач од прошталниот натпревар на „Енфилд“. Реакцијата на Руни дојде откако Салах објави порака на социјалните мрежи што многумина ја протолкуваа како критика кон холандскиот тренер. „Црвените“ беа поразени од Астон Вила со 2-4 во петокот вечерта, што дополнително го зголеми притисокот ...

Центарот за едукација на тренери на ФФМ го комплетираше вториот Модул од УЕФА Б курсот (32 генерација). Модул каде се полагаше практичен испит согласно УЕФА конвенцијата за 25/26 и на кој 25 кандидати покажаа исклучително високо тренерски знаење и способности (се работи за тренери кои ќе тренираат деца од 13 до 17 години) со примена на современи идеи, теми и принципи за подготовка и одржување на фудбалски тренинг. УЕФА Б лиценцата за ...

Се е готово околу враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид! „Сите услови се усно договорени меѓу Жозе Мурињо и Реал Мадрид, само документите остануваат да се потпишат. Планиран е почетен двегодишен договор, а Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал-Билбао. Специјалниот се враќа“, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Веќе и досега беше јасно дека португалскиот стручњак е единствениот преостанат кандидат за клупата на „кралскиот клуб“, а ...

Иако во некои од петте трети фудбалски лиги на Македонија првенствата се уште не се завршени, конечно се познати сите клубови кои ќе играат бараж за настап во Втората лига. Последен учесник е Победа од Валандово која со неделната победа во Карбинци го осигура првото место во Третата лига – Исток. Останатите учесници во баражот беа познати пред две три кола. Тоа се Еуромилк од Горно Лисиче (Север), Кајмани од Камењане (Запад), Борец од Велес ...

Реал Мадрид вчера славеше против Севилја, па за „кралевите“ остана само уште последното формално коло за крај на сезоната. А, токму последното коло ќе биде и последен натпревар за две ѕвезди на клубот во реаловиот дрес. „Ќе има збогување за некои играчи на последниот натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, рече и тренерот Алваро Арбелоа на вчерашната прес-конференцијата. Иако не ги именуваше, станува збор за искусните дефанзивци Дани ...

Контиуниетот на настапи на Македонија на големите натпреварувања ќе продолжи и на СП 2027 откако нашите ракометари синоќа без поголеми проблеми ја минаа бараж-пречката наречена Словачка. Максимален фокус и ангажман во текот на сите 60 минути беше наш заштитен знак и на вчерашниот реванш, противникот не беше потценет и покрај убедливата победа во Прешов пред неколку дена, па избраниците на Лазаров одиграа перфектни 60 минути пред преполните ...

Фудбалерите на Интер Мајами победија со 2-0 против Портланд Тимберс на домашен терен, во меч во кој прво Лео Меси го постигна водечкиот гол за својот тим во 31. минута а потоа конечните 2-0 ги постави Бертераме по асистенција од Меси во 42. минута. Сепак, навивачите на Интер Мајами, како и Лео Меси, се погрижија малку да се зборува за резултатот и головите по овој натпревар. Имено, навивачите на Интер Мајами решија да го критикуваат својот ...

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија. Натпреварот ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Билетите се веќе достапни преку официјалната електронска платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk За навивачите на ФК Шкендија се наменети билетите од блок 13 и блок 24. За навивачите на ФК Силекс се наменети ...

Кошаркарите на Кливленд го победија Детроит со 125-94 и се пласираа во финалето на Источната конференција. Ги очекува судир со Њујорк, кој претходно ја нокаутира Филаделфија со 4-0 во победите од серијата. Овој седми натпревар беше очекуван, но се покажа дека Кливленд го реши Детроит без проблеми и го освои финалето. Донован Мичел се истакна на паркетот и покажа дека не е случајно лидер на овој тим. Од друга страна, кај домашниот тим, кога ...

Фудбалерите на Барселона го победија Бетис со 3-1 во последниот натпревар пред своите навивачи оваа сезона, за 19-та победа на Каталонците во 19-от натпревар пред своите навивачи во сезоната што завршува следниот викенд. Двоен стрелец беше Рафиња, еден гол даде Кансело, но централна фигура на натпреварот, без сомнение, беше напаѓачот во заминување, легендарниот Роберт Левандовски, кој го одигра последниот натпревар на Камп Ноу за славниот ...

Со вечерашните натпревари се спушти завесата на сезоната 2025/2026 во францускиот шампионат. ПСЖ ја одбрана титулата, а во последниот дуел сезонава загуби на гостувањето кај градскиот ривал Париз (2-1). Paris FC [1]-1 PSG – Alimani Gory 76' byu/Meladroit10 insoccer Лил иако загуби на домашен терен од Оксер со 0-2, сепак поразот на Лион од 0-4 Ленс го однесе во Лигата на шампионите, додека Лион ќе игра во квалификациите. Токму Оксер со оваа ...

Фудбалерите на шампионот на Шпанија дојдоа до нова победа во Ла лига откако вечерва во последниот меч од 37. рунда во домашното првенство славеа против Реал Бетис во натпревар без резултатско значење со 3-1. Водство за домаќините од 1-0 донесе Рафиња со прекрасен погодок од слободен удар во 28. минута. Истиот фудбалер со својот втор гол во 62. минута зголеми на 2-0. Гостите намалија на 2-1 преку Иско од пенал во 69. минута, додека конечните ...

Останува само уште една непознаница во италијанскиот шампионат, а тоа е дали Лече или пак Кремонезе ќе замине во Серија Б следната сезона. И двата тима вечерва триумфираа на своите мечеви, па Лече со предност од еден бод влегува во последното коло. Лече вечерва славеше на гостувањето кај Сасуоло со 1-2. Гостите поведоа со голот на Чедира во 14. минута (0-1). Сасуоло на 1-1 израмни преку Лауриенте во 20. минута, додека Чедира со својот втор ...

Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј-офот од Суперлигата откако вечерва на домашен терен славеа против Маџари со 84-77. Најголемото изненадување во македонската кошарка сезонава одлично го отвори и историскиот прв натпревар за клубот во финалната серија. Кошаркарите на Маџари погодуваа од секоја позиција, па по десет минути имаа предност од 18-26. По спориот старт ...

Повторно проблеми и повторно од навивачите на Нант. Откако се разочарани поради испаѓањето во Лига 2 на својот клуб, навивачите на овој клуб од недела во недела прават проблеми. Тоа се случи и вечерва на дуелот против Оксер во последното коло. Тие истрчаа на теренот и ги нападнаа домашните фудбалери, но не очекуваа дека ќе налетаат на легендарниот тренер Вахад Халилхоџиќ. Халилхоџиќ не сакаше да даде на себе, па тргна да им се спротистави на ...

Македонија повторно ќе биде дел од избраното друштво во светскиот ракомет, редовни учесници на големите натпреварувања сме уште од ЕП 2012 во Србија, низа што ќе ја продолжиме и следниот јануари во Германија. Словачка не беше ривал од наш ранг, тоа се виде по петнаесетина минути игра на првиот меч во Прешов, убедливите победи на двата меча се и повеќе од заслужени, но покрај изгледот на семафорот, уште повеќе радува покажаниот карактер на ...

Македонија обезбеди пласман на уште еден ракометен мундијал, што во јануари 2027 година ќе се одржи во Германија. Нашите најдобри ракометари ќе бидат дел од светскиот крем во овој спорт, а веќе се познати 30 од вкупно 32-те селекции што ќе бидат дел од светскиот шампионат. Германија како домаќин и Данска како актуелен шампион имаа автоматски пласман на овој шампионат, додека Хрватска, Исланд, Шведска и Португалија обезбедија автоматски ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09