Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски го соопшти списокот за престојните пријателски натпревари на Македонија против БиХ и Турција. На списокот се пет дебитанти, вардаровите фудбалери Георги Јанкулов и Азар Омерагиќ фудбалерите на Силекс, Дарко Додев и Дарко Анѓелески, како и Дин Аломеровиќ. На списокот е вардаровиот голман Давор Талески. Повторно во репрезентацијата, во однос на претходните собири, се враќаат дефанзивците ...
Ја очекуваат Македонија два пријателски натпревари на крајот на сезоната, и тоа против селекции кои настапуваат на Светското пренство. Најпрво гостување во БиХ, а потоа и во Турција. Селекторот Гоце Седлоски повика 27 играчи, од кои петмина дебитанти. Списокот е проширен со неколку играчи од домашното првенство, а предводникот на националниот тим вели дека овие два меча се добра можност за да се проверат некои нови играчи. „Што се однесува до ...
Охрид за нецели 15 минути ги распродаде сите билети за големото финале од ЕХФ Европскиот куп, поточно за реваншот што македонскиот претставник на 31 мај ќе го игра против унгарска Татабања. Првиот меч се игра викендов во Унгарија, а новиот освојувач на трофејот во ЕХФ Европскиот куп (наследникот на македонскиот Алкалоид) ќе биде познат на 31 мај, по одигрувањето на реваншот закажан со почеток во 20 часот. Јасно беше дека салата ќе биде ...
По денешната ждрепка познати се и двојките за баражите за обезбедување место во Втората македонска фудбалска лига, каде осум екипи ќе водат битки за четирите билети за следната сезона да ја минат во второлигашката конкуренција. Тетекс за противник ќе го има тимот на Влазними, додека Каменица Саса ќе се сретне со Еуромилк од Горно Лисиче. Борец за противник ќе го има Кожув, додека Победа Валандово ќе игра против Камењане. Датумот за одигрување ...
Заминувањето на Пеп Гвардиола ќе донесе и сериозни промени во играчкиот кадар на Манчестер сити летово, а меѓу оние кои се очекува меѓу првите да си заминат е и Шпанецот Родри. Големиот ас чувствува дека е дојдено времето за нов предизвик во кариерата, затоа и преговорите за продолжување на сорабтоката се стопирани, а Сити уште пред неколку месеци стартуваше преговори со Нотингем Форес за да го доведе Елиот Андерсон како замена за Родри. ...
Унаи Емери продолжи да испишува историја откако синоќа стана првиот тренер со пет трофеи во Лигата на Европа, успех што е уште поголем ако се знае дека е остварен со три различни клубови. Шпанскиот стратег освои три пехари во низа во ова натпреварување со Севилја, во 2021 го крена трофејот и со Вилјареал, за синоќа да го повтори успехот и како предводник на Астон Вила. Со тоа, Емери стана само четврти тренер во историјата што освоил пет ...
Емилијано Мартинез успеа да ја сочува својата мрежа незатресена за време на финалето од Лигата на Европа со Фрајбург, а успехот на аргентинскиот голман е уште поголем ако се знае дека тој заработи незгодна повреда на самото загревање. Проблемот стана очигледен откако целокупниот лекарски тим се собра околу аргентинскиот репрезентативец, кој по финалето обелодени дека повредата воопшто не била наивна – бидејќи имал скршен прст на раката. „Се ...
Кашемиро уште пред неколку месеци објави дека ќе си замине како слободен играч од Манчестер јунајтед лтово, бразилскиот ас во меѓувреме имаше низа блескави партии по кои „ццрвените“ ѓаволи“ се обидоа да го премислат да остане, но големиот борец остана на својот став – оваа сезона е последна за него во дресот на гигантот од „Олд Трафорд“. Последните информации поврзани со овој фудбалер говорат дека тој веќе го има договорено и следниот чекор – ...
Во таборот на Охрид владее разочарување по синоќешниот пораз од Пелистер, и тоа на домашен терен во клучниот натпревар за освојување на второто место во Супер-лигата. Хрватот Џанфранко Прибетиќ им ја честиташе заслужената победа на битолчани, причините за поразот на својот тим насочувајќи ги кон слабата реализација во нападот. „Пред се би сакал да им честитам на ракометарите на Пелистер за победата што ја заслужија. Мораме да се погледнеме во ...
Иако се на возраст кога најголемиот дел од спортистите веќе одамна ја имаат завршено кариерата, Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс и понатаму им пркосат на годините и доминираат во професионалниот спорт. Тоа е резултат на нивната редовна грижа за телото, за добрата исхрана и здравите навики, но и на една мала тајна: Реформер пилатес. Пилатес е начин на вежбање составен од одбрани вежби кои се фокусираат на зајакнување на јадрото, ...
Саутемптон се пласираше во финалето од плејофот за влез во Премиер-лигата, но „светците“ дефинитивно нема да го играат овој меч откако беа казнети од Фудбалската Асоцијација поради шпионирање на противниците. Скандалот почна откако беше пријавен од Мидлсброу, по поразот на оваа екипа во полуфиналето со Саутемптон, по што беа објавени фотографии од член на стручниот штаб на Саутемптон како тајно го снима тренингот на противникот. Беше ...
Оклахома Сити успеа да израмни на 1-1 во финалето на Западната конференција против Сан Антонио откако актуелните шампиони ја добија втората средба на домашен терен со 122-113. Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека тандер го контролираше резултатот во огромни периоди од натпреварот. Сан Антонио неколку пати се врати од двоцифрена негатива, но спарси немаа сили тоа да го сторат и во самата завршница кога актуелниот првак најпрвин се ...
Шкендија ја очекува казна за одбивањето да ги прими медалите по завршувањето на синоќешното куп-финале и поразот на тетовци од Силекс со минимални 1-0. Од куќата на фудбалот веќе најавија санкции за екс-шампионот, па тетовци се јавија со соопштение со кое ваквиот скандалозен потег го оценија како – недоразбирање, бидејќи не го слушнале навреме официјалниот спикер како ги повикал да се упатат кон местото каде се делеа медалите. „Фудбалскиот ...
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири ги отфрли шпекулациите дека после Куп финалето ќе замине од клупата на Шкендија. Тој на прес-конференција по мечот напомена дека ќе го води тимот и против Вардар последното коло, а потоа ќе седне со раководството каде што ќе разговараат за понатамошните чекори. „Ме чудат написите што некои портали шпекулираат со тоа. Шкендија е сериозен клуб, и како таков има планови како понатаму, ние разговараме, чекаме да ...
Астон Вила е новиот освојувач на трофејот во Лигата на Европа откако англискиот премиерлигаш во вечерашното финале во Истанбул славеше над Фрајбург со резултат 3-0. Со овој триумф продолжи и доминацијата на Унаи Емери како најтрофеен стратег во историјата на ова натпреварување. За шпанскиот стручњак ова беше шесто финале со четири различни клубови, при што Емери стигна до петтиот трофеј во Лигата на Европа (освои три во низа со Севилја во ...
Вториот натпревар од финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Маџари почна со едноминутно молчење во чест на прерано починатиот Симеон Анастасов – Мони, човек што со години наназад беше меѓу најистакнатите членови на навивачката група „Фемили Аеродром“. Аеродромци се во шок по смртта на нивниот 45-годишен другар со кого долги години ја делеа трибината. „Титулата е најмалку важна за нас во овој момент во кој тагуваме по големиот пријател, човекот со ...
Фудбалската федерација на Македонија подготвува драсконски казни за Шкендија за скандалите во финалниот натпревар. Од исвиркување на македонската химна, до палење факели, извици на национализам во текот на мечот, вербални напади на челните луѓе на ФФМ, на судиите, пиротехника, па се до непојавување на пиедесталот да ги примат медалите… „Деновиве ќе се огласи и Фудбалската федерација на Македонија околу тоа кои мерки ќе бидат преземени“, ...
Заврши и овогодинашното издание на Купот на Македонија. Силекс е освојувач на трофејот, откако во тврдото финале ја совлада екипата на Шкендија со минимални 1-0. Алиќ во 71. минута го постигна единствениот гол на мечот, со кој кратовскиот тим го однесе пехарот во своите витрини, и она што е важно, излез на меѓународна сцена. Кратовскиот тим ја круниса оваа успешна сезона со пехар, додека на другата страна Шкендија до неодамна имаше шанса за ...
Силекс еуфорично го прослави освојувањето на четвртиот куп трофеј во историјата. По победата над Шкендија од 1-0 на прес конференцијата тренерот Александар Васоски доби изненадување од своите фудбалери. Тие влегоа во прес салата на арената и убаво го истушираа својот тренер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од ...
Легендарниот дански репрезентативец Ханс Линдберг објави дека на 44-годишна возраст ја завршува професионалната кариера, цели 27 години откако дебитираше во елитното друштво во својата татковина. Линдберг не се збогуваше онака како што посакуваше, неговиот тим ХОЈ Елите не успеа да обезбеди опстанок, но ветеранот остана доследен на одлуката – оваа сезона да биде последна во неговата блескава кариера. Тој ќе остане дел од клубот, а од 1 јули ...
Од можност за двојна круна, на крајот до ниту еден трофеј. Екипата на Шкендија го загуби и пехарот во Купот откако во финалето беше поразена од Силекс со 1-0. Тренерот на тетовскиот тим Јетон Беќири видно разочаран по финалето, на прес-конференција ги искажа своите импресии од натпреварот и од целокупната ситуација во Шкендија. „Мислам дека одлучи наша грешка во одбрана која што екипата на Силекс ја искористи, и тоа беше пресудно. Имавме ...
Куп трофејот заминува во рацете на Силекс. Вечерва кратовскиот тим со победа од 1-0 над Шкендија, успеа да се закити со четвртиот пехар во историјата во ова натпреварување. Со тоа Силекс покрај Купот, си го обезбеди и настапот во Лигата на Конференции престојното лето. Тренерот на кратовскиот тим, Александар Васоски после финалето и освоениот пехар, видно задоволен од победата и од освојувањето на Купот. „Како што и очекувавме, тежок ...
Јувентус се соочува со фијаско откако загуби од Фиорентина во претпоследното коло од Серија А и речиси сигурно ќе остане без билет за ЛШ за наредната сезона, што сериозно ќе се одрази и врз буџетот на „старата дама“. Лучијано Спалети пред нецели два месеци потпиша нов договор со Јувентус, но искусниот стратег веќе имал средба со првиот човек Елкан на кој се понудил да си замине без никаква отштета ако клубот гледа на него како на виновник за ...
Изненадувачка беше одлуката на играчите на Шкендија да не ги примат медалите како финалисти на Купот, по поразот од Силекс со 1-0. Фудбалерите најпрво отидоа да ги поздрават навивачите, а кога беа повикани да ги добијат медалите, тие не се појавија на пиедесталот. Откако не се одзваа на поканата, играчите на Силекс се качија на пиедесталот да го примат пехарот, а играчите на Шкендија заминаа во соблекувалната. Крадењето авторски текстови е ...
Трофејот во Купот на Македонија годинава патува во Кратово. Силекс со еден гол успеа да го добие големото финале против Шкендија, и така да го освои пехарот. Мечоит беше речен на 20. минути пред крајот, кога Алиќ успеа да ја казни огромната грешка на Фетаи, и така да ја остави Шкендија без трофеј сезонава. Мечот беше тврд, со многу дуели, неколку шанси, и беше јасно дека само еден детал и момент ќе решава за победникот. Тој момент го ...
По големо тактичко надмудрување, Силекс во 71. минута дојде до предност во финалето на Купот. Имран Фетаи не ја прими најдобро топката на средината на теренот, па Додев ја украде истрча во шеснаесетникот, каде додаде до осамениот Алиќ, кој само ја спроведе во празната мрежа. Претходно Шкендија имаше три добри шанси, а најдобрата на Љатифи, меѓутоа феноменално одбрани Џеков. Силекс го зададе првиот удар, сега на ред е тетовскиот тим. Крадењето ...
Баерн Минхен доминантно стигна до титулата во Бундес-лигата, но управата не крие дека планира дополнително да се засили за следната сезона да се обиде да го освои и трофејот во Лигата на Шампионите. Изненадувачки, едно од првите имиња на листата со желби на тренерот Компани е англискиот репрезентативец Џон Стоунс, со кого белгискиот стратег своевремено заедно настапуваше во одбраната на Манчестер Сити. Стоунс е слободен играч по истекот на ...
Ракометарите на Е. Пелистер излегоа како победници од клучната битка на гостувањето против Охрид (22-25), триумф со кој битолските „зелено-бели“ направија клучен чекор за освојување на второто место кое значи и загарантиран пласман во ЕХФ Европската лига. Охриѓани пред еден месец како гости ја освоија Битола, но немаа сили повторно да го земат скалпот на екс-шампионот, Пелистер одигра најдобро кога беше најважно и заслужено се радуваше на ...
Голови не видовме по првите 45. минути на финалниот натпревар во Купот помеѓу Силекс и Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“. Повеќе тактичко надмудрување, повеќе борба на средината на теренот, а сериозни шанси само три. Силекс добро го почна мечот, ја имаше иницијативата, и првата прилика. Алиќ од свртување од околу 20 метри сакаше да го изненади Гаје, кој беше внимателен и одби во корнер. Шкендија се ослободи од притисокот и тргна ...
Шкендија и Силекс се среќаваат вечерва во големото финале од Купот на Македонија, а самиот почеток го одбележа срамно однесување на дел од навивачите на националната арена во Скопје. Имено, традицијата македонската химна да биде изведена пред куп-финалето продолжи и овојпат, но огромен дел од навивачите беа во шок кога од една од трибините можеа да се слушнат гласни свирежи при интонирањето на химната. Однесување за секоја осуда на спортски ...