Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Тренерот на Црвена Звезда, Саша Обрадовиќ се понесе крајно непрофесионално на прес-конференцијата по синоќешната елиминација на неговиот тим во полуфиналето од плејофот во АБА лигата. Црвена Звезда сосема заслужено и вторпат загуби од Партизан, за брза елиминација во полуфиналето. „Честитки до Партизан, заслужено победија. Не е лесно да се даваат изјави. Има многу емоции, а сега не можам ни да ги објаснам причините. Кога би можел да ве ...
Се подготвува турбулентен летен преоден рок во Борусија Дортмунд. Германскиот вицепрвак ги „загуби“ Јулијан Брант, Никлас Зиле и Сали Озчан, а тимот ќе има потреба и од крилен фудбалер, а ако замине и Серху Гираси, ќе се ангажира и напаѓач. Една од желбите на Борусија беше „кам-бек“ на Џејдон Санчо. Играчот кој не се снајде во Манчестер Јунајтед, како слободен агент имаше големи шанси да направи „кам-бек“ меѓу милионерите, но веројатно тоа ...
Заминува на крајот на сезоната ветеранот Јан Зомер од Интер. Италијаснкиот првак ќе мора да бара ново решение на голманската позиција. Прв „пик“ беше Гилермо Викарио од Тотенхем, но лондонскиот тим бара големо обесштетување за неговите услуги. Надежта на Интер е Тотенхем да се пресели во Чемпионшип, со што цената на италијанскиот голман драстично би паднала. Меѓутоа Интер продолжува со потрагата, а изборот наводно паднал на резервниот голман ...
Не ја искористи предноста на домашниот терен екипата на Волфсбург за да го совлада тимот на второлигашот Падерборн во првиот бараж натпревар за опстанок во Бундеслигата. На крајот на Волксфаген Аренаа немаше голови. Двата тима имаа шанси да дојдат до победа и до предност по првиот натпревар. Први се заканија гостите преку Кастањеда, но одбрани Грабара. Следуваше шанса за Дагим од Волфсбург, голманот на спротивната страна се истакна. Ериксен ...
Блескава партија на Кристијано Роналдо во последниот меч од сезоната во Саудиска Арабија која му донесе ТИТУЛА на тимот на Ал Наср, прва во ерата на Португалецот. На крајот Ал-Наср дојде до потребната победа од 4-1 против Дамак, кој му донесе шампионски трофеј на тимот од Ријад. Мане и Коман донесоа 2-0, а потоа Дамак намали од пенал преку Сила. Но, на сцена стапи феноменалниот Кристијано Роналдо кој најпрво погоди од слободен удар, а потоа и ...
Сезонава Партизан е „пеницилин“ за Црвена Звезда. Уште една победа, овојпат во вториот меч од полуфиналето на АБА лигата, и пласман во финале за белградските „црно-бели“. Вечерва на теренот на противникот, Партизан славеше 89-78, и сега во финалето го чека подобриот од дуелот Дубаи – Будуќност, а таму Дубаи има предност од 1-0. Уште од првата четвртина Партизан беше решен да оди кон победа, и го доби првиот период со 28-16. На полувремето ...
Српскиот фудбалер Филип Костиќ е подготвен за ново поглавје во својата кариера бидејќи ова лето ќе биде слободен агент. Неколку играчи на Јувентус остануваат без договори по завршувањето на сезоната, меѓу нив Душан Влаховиќ и Филип Костиќ, а додека се зборува за можно останување на напаѓачот во Торино, сепак, крилниот фудбалер е на излезна врата. Јуве нема да му понуди продолжување на соработката која датира од 2022 година кога пристигна од ...
Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во близина на израелскиот град Сафед, животот го загуби израелскиот кошаркар Раз Адам (26). Како што објавија локалните медиуми, дошло до директен судир помеѓу возилото управувано од кошаркарот и друг автомобил, чиј возач (39) поминал со полесни повреди. Ова е човек кој, заедно со Дани Авдија, беше златното момче на јуниорските категории на Израел, освои два златни медали на Европското првенство за ...
Тијаго Силва нема да го продолжи своето патување во Порто, сакаше да се бори за место во бразилската репрезентација, но не успеа бидејќи Карло Анчелоти се одлучи за помлади играчи. Фактот дека во септември ќе наполни 42 години веројатно не му помага, но сепак, одигра доста солидно оваа сезона, 14 натпревари за Порто, од кои 12 беше стартер. Но, и натаму не размислува за крај на кариерата. Според ESPN Бразил, Милан му понудил едногодишен ...
Еден од фаворитите за освојување на пехарот на престојното Светско првенство е Англија. Меѓутоа селекторот Томас Тухел шокираше со изборот на фудбалери кои ќе настапат за „Гордиот Албион“ на престојниот Мундијал. Веројатно најголемото изненадување е изоставувањето на Фил Фоден од Манчестер Сити, како и на Кол Палмер од Челси. Фоден имаше слаба сезона во Сити, но Палмер играше солидно. Изненадување е исто така и „бришењето“ на искусниот стопер ...
Нов клуб ќе има македонскиот репрезентативец Јани Атанасов на лето, откако неговиот тим Лариса испадна од грчката Супер-лига. Со денешниот пораз од Кифисија со 3-2, останаа на претпоследното место на табелата и се збогуваа со „елитата“. Атанасов го одигра целиот меч, и доби жолт картон. Тој игра стандарно во овој тим откако дојде ова лето, но за жал, ќе мора да ја менува средината. Во минатото македонскиот фудбалер беше дел од Краковија, ...
Младинците на Мулти Есенс победнички го подигнаа шампионскиот пехар, откако го победија Е.Пелистер 2 со 33-25. Оваа екипа и претходно ја обезбеди титулата, а сега само им беше предаден. Пехарот заслужено патува кај оваа екипа, а најдобри стрелци на мечот беа Ѓокески и Матевски кои постигнаа по седум голови во убедливиот триумф. Претходно во пионерската лига шампиони станаа Алкалоид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето ...
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, откри дека следната сезона работата на судиите во двете најсилмни лиги во Шпанија ќе биде оценувана со помош на вештачка интелигенција. Судењето, заедно со пиратеријата, е најголемиот предизвик со кој се соочува Ла Лига, која веќе многу години ја управува Тебас. Денеска тој објави дека со употреба на вештачка интелигенција и алгоритми, секој судија ќе биде оценуван, но и дека вештачката интелигенција ќе ...
Душан Влаховиќ е на радарот на Жозе Мурињо во Реал Мадрид откако српскиот напаѓач бара излез од Јувентус, а Мурињо го гледа како идеално засилување. Доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид би можело да предизвика големи промени во соблекувалната на мадридскиот гигант, а една од темите што привлече посебно внимание во последните денови се однесува на Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач долго време бара излез од својата ситуација во ...
Најголемата фудбалска сцена во светот би можела да претрпи најрадикална трансформација досега, откако дел од челниците на ФИФА се појавија со предлози за проширување на Светското првенство во 2030 година. Иако бројот на учесници за СП 2026 ќе се зголеми од 32 на 48 на турнирот што започнува за три недели, ФИФА дискутира за премин кон формат со дури 66 национални тимови! Драстично зголемување на бројот на учесници Додека фудбалскиот свет се ...
Познатиот босански тренер Вахид Халилхоџиќ ја заврши својата тренерска кариера на начин на кој најмалку посакуваше. 73-годишникот не успеа да го спаси францускиот Нант од испаѓање од Лига 1. Тој е на чело од март, а неговото збогување се одржа на стадионот. Играчите му подготвија изненадување на центарот од теренот, а навивачите го поздравија од трибините. За време на збогувањето, Халилхоџиќ се воздржа од солзите, но неговите силни емоции, ...
Епидемијата на ебола во Конго значително го менува планот за подготовка на најдобрите фудбалери на земјата за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Светската здравствена организација прогласи епидемија на смртоносна болест во Конго. Досега се регистрирани 139 смртни случаи, уште 600 се потенцијално заразени, а вонредната состојба неизбежно влијаеше и врз репрезентацијата на Конго. Фудбалската асоцијација на оваа земја затоа одлучи ...
Манчестер Јунајтед веќе подготви две спектакуларни засилувања за новата сезона кои треба да го формираат новиот среден ред на Олд Трафорд. Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марки, Сандро Тонали и Едерсон се на врвот на листата на желби на „црвените ѓаволи“. Од Јунајтед сакаат да ги комплетираат двата трансфери истовремено. Ситуацијата околу Едерсон, играчот за врска на Аталанта, за кого интерес покажува и Атлетико Мадрид, е особено ...
Јапонскиот репрезентативен пивот Шуичи Јошида е најновото шесто засилување за ГРК Охрид новата натпреварувачка сезона. Јошида потпиша едногодишен договор со охриѓани, со можност за продолжување за уште една, до јуни 2028. Има 25 години (193 cm) и ќе го носи сино-белиот дрес со број 11. „Јошида е огромно засилување за нашиот тим. Доаѓа по две сезони од гигантот Нант (Франција) каде што играше клучна улога во француското првенство и Лигата на ...
Ергин Атаман ќе продолжи да го води Панатинаикос најмалку до крајот на оваа сезона, откако турскиот стратег успеа да ја преживее големата криза по вчерашните шпекулации дека му е подготвен отказ, а на негово место ќе пристигне Жељко Обрадовиќ. Газдата на ПАО, Димитрис Јанакопулос, утрово објави заедничка фотографија од прегратката со Атаман по освоената титула во Евролига, воедно „пецнувајќи“ ги новинарите кои пишуваа дека денеска ќе има ...
Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, репрезентативниот голман Лука Грчевски го потпиша својот прв стипендиски договор со белградска Црвена Звезда. Грчевски, кој е член на младата репрезентација на Македонија до 17 години, потпиша договор кој го врзува со еден од најголемите клубови во Источна Европа. Претседателот на Црвена Звезда, Светозар Мијаиловиќ како и директорот на младинската школа, Никола Јелиќ не го криеаја ...
Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата на ...
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – ...
Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ објави дека ја завршува играчката кариера. Драгана Цвијиќ се збогува со ракометот на 36-годишна возраст. Таа својата кариера ја почна во Црвена звезда. Потоа, во 2009 година, играше за Крим. Беше и член на Будуќност, а потоа го носеше дресот на ЧСМ Букурешт. Во текот на кариерата, таа беше и пивот во тимот на ЦСКА од Москва, а кариерата ја заврши во Ференцварош, кој го водеше до финалето ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман ги избра фудбалерите кои ќе патуваат на Светското првенство кое што за помалку од еден месец се одржува во САД, Канада и Мексико. На списокот се најде и легендарниот голман, Мануел Нојер за кого ова ќе биде веројатно последно интернационално натпреварување во кариерата. Нојер го објави своето повлекување од репрезентацијата на крајот од летото 2024 година за да се ...
Не стивнуваат реакциите по синоќешното скандалозно однесување на Шкендија и нивните навивачи на Куп финалето во кој тетовскиот клуб загуби од Силекс со 1-0. Околу сите случување со соопштение се огласи и Министерството за спорт. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштениe: По последните случувања на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, би сакале да го дадеме следново соопштение: „Министерството за спорт ...
Селекторот на египетската фудбалска репрезентација, Хосам Хасан, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. На списокот се наоѓаат: голмани – Мохамед Ел Шенави, Мостафа Шобеир, Ел Мади Солиман, Мохамед Ала, одбрана – Мохамед Хани, Тарек Ала, Хамди Фати, Рами Рабија, Јасер Ибрахим, Хосам Абделмагид, Мохамед Абделмонем, Ахмед Фатух, Карим Хафез, среден ред – Марван Атија, ...
Бразилската ѕвезда Нејмар заработи полесна повреда на десниот лист, но неговиот настап на претстојното Светско првенство засега барем не е загрозен, пренесуваат бразилските медиуми. Клупскиот лекар на Сантос, Родриго Зогаиб, потврди дека се работи за оток кој нема да ги наруши плановите на искусниот 34-годишен напаѓач, но сепак чекаат да видат како ќе тече рехабилитацијата. Според лекарските проценки, тој веќе следната недела треба да и се ...
Андреј Тодороски од ТСЦ Бачка Топола бил на списокот на Гоце Седлоски за натпреварите со БиХ и Турција, образложи селекторот. Меѓутоа поради административни пречки тој нема да биде дел од репрезентацијата. Едноставно не е средена неговата патна исправа, и се чека само на таа формалност за да дебитира за Македонија. „Тодороски беше на списокот, меѓутоа се чека неговиот пасош. Има квалитет, го имам гледано и верувам дека набрзо ќе биде средено ...
Досегашниот тренер на Вардар, а актуелен македонски селектор Гоце Седлоски на прес-конференцијата при соопштувањето на списокот на Македонија за престојните пријателски натпревари против БиХ и против Турција, се осврна и на срамната прослава на вардаровите фудбалери по освојувањето на шампионската титула. Седлоски се извини во лично негово име, но и во име на целиот тим на Вардар, за непристојните навредливи песни за време на прославата. „Би ...