Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Ти-Џеј Шортс минатата сезона беше меѓу главните кандидати за МВП признанието, си обезбеди преселба во Панатинаикос, но наместо трансфер од соништата тоа се претвори во кошмар, откако македонскиот репрезентативец не успеа да се снајде во бројните ротации и тактички експерименти на Ергин Атаман. ПАО има исклучително неуспешна сезона, неизвесно е дали Атаман воопшто ќе остане за 2026/27, но за Шортс нема дилема дека најдобро е што поскоро да си ...
фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа изрази задоволство по обезбедувањето на опстанокот во Првата фудбалска лига, потенцирајќи дека тоа била главната цел на тимот оваа сезона. За затворање на сезоната Арсими го пречекува поранешниот шампион Струга Трим Лум. “Многу сме среќни што математички го обезбедивме опстанокот. Тоа беше нашата главна цел и верувам дека сосема заслужено го остваривме со работа, жртва и единство во текот на целата сезона”, ...
Пеп Гвардиола викендов заминува од Манчестер Сити заокружувајќи ја најуспешната ера во клупската историја откако освои се што можеше да се освои како предводник на „„граѓаните“. Британската јавност на испраќање го опишува Пеп како најдобар стратег во премиерлигашката историја, но каталонскиот стручњак јасно стави до знаење дека не се согласува со тие тврдења – епитетот најдобар насочувајќи го кон легендарниот Сер Алекс Фергусон. „За мене, Сер ...
Кристијан Трапановски повеќе не е член на Данди јунајтед откако македонскиот фудбалер се најде на листата играчи кои си заминуваат откако не им беше понуден нов договор со шкотскиот премиерлигаш. Трапановски дојде во Данди јунајтед од редовите на Шкупи во 2024 година, имаше одличен старт на авантурата во елитното шкотско фудбалско друштво, но низата повреда го спречија да продолжи во ист ритам и придонесоа тој да си замине од клубот. ...
Струга Трим Лум со гостувањето денеска кај Арсими и официјално ќе ја затвори сезоната 2025/26. Со освоеното трето место, стружани го повторија успехот од сезоната 2020/21, но не успеаја да изборат пласман на европска сцена. Бесмир Бојку истакна дека тој и соиграчите планираат да стигнат до трите бода и сезоната да ја завршат со победа. „Очекуваме отворен и убав натпревар за навивачите. Ова е последен меч во сезоната и сакаме да го завршиме со ...
Раководството на Е. Пелистер веќе почна со формирање на ростерот што новиот тренер Лино Червар ќе го има на располагање од леово, па денеска беше претставено и петтото ново засилување за наредната сезона. Станува збор за Словенецот Малик Татар, 20-годишен лев бек кој ги има минато сите млади селекции во својата татковина, а сега ќе се обиде во дресот на битолчани да направи чекор напред во својата кариера. „Со карактеристики кои го привлекоа ...
Партизан одлично ја финишира сезоната во АБА-лигата на резултатски план, но „црно-белите“ се соочуваат со огромни проблеми во обидите да договорат врвни засилувања за летниот преоден рок. Српскиот гигант е фокусиран на врвен поентер, главна желба му беше Коби Симонс, но овој кошаркар реши да ја прифати понудата за нов договор со Басконија, по што челниците на Партизан го насочија вниманитео кон Армони Брукс. Американскиот бек дури и начелно ...
Мохамед Салах утре за последен пат ќе го облече дресот на Ливерпул, во обид да ги предводи „црвените“ до триумф над Брентфорд за печат на билетот за ЛШ следната сезона. „Фараонот“ пристигна од Рома во 2017 година и во овие девет сезони освои се што можеше да се освои со гигантот од „Енфилд“, освојувајќи ги срцата на симпатизерите. Навивачите заедно со управата подготвуваат специјално испраќање на легендата, а Ливерпул на официјалните профили ...
Домашниот пораз од Фиорентина скапо ќе го чини Јувентус откако „старата дама“ ги загуби речиси сите шанси за пласман во Лигата на Шампионите за наредната сезона. Ова ќе значи и финансиска загуба од околу 50 милиони евра во однос на предвидените приходи за 2026/27, но резултатското фијаско нема да донесе и нова тренерска смена. Како што информира „Газета дело спорт“, највисокото раководство на „старата дама“ донело одлука да го продолжи ...
Алесандро Бастони повторно е максимално актуелен во шпанската фудбалска јавност, но не за Барселона, туку за преселба во редовите на Реал Мадрид. Италијанскиот репрезентативец е меѓу најпосакуваните дефанзивци на пазарот за овој преоден рок, Флик го посакуваше како идеално засилуввање за Барса, но управата на каталонците реши поголем дел од буџетот да насочи кон ангажман на наследникот на Роберт Левандовски, по што преговорите со Интер ...
ЛА Лејкерс повторно доживеаја неуспех во плејофот, титулата засега делува далечно, а управата е подготвена да повлече нов сериозен потег за „езерџиите“ во новата сезона да атакуваат на големиот трофеј. Леброн Џејмс се ште се нема изјаснето за иднината, големи се шансите дека суперѕвездата или ќе се пензионира или ќе се пресели во друг клуб, што им остава на лејкерси простор во буџетот за ангажман на нова суперѕвезда како соиграч на Лука ...
Федерико Димарко е главниот лауреат на наградите з анајдобрите во сезоната во италијанската Серија А што беа доделени во текот на вчерашниот ден. Левиот бек одигра сезона за паметење во дресот на Интер, постигнувајќи шест гола и дури 18 асистенции, бројка што е нов рекорд за број на успешни додавања за гол во историјата на елитното италијанско фудбалско друштво. Доминацијата на Интер во овие награди ја комплетираа Лаутаро Мартинез како ...
Оклахома Сити тандер славеше со убедливи 108-123 на гостувањето во Сан Антонио, враќајќи го „брејкот“ што го загуби на првиот меч и поведувајќи со 2-1 во финалната серија од Западната конференција. Предводени од Гилџус Александер актуелните шампиони одиграа уште еден беспрекорен офанзивен меч, во кој Сан Антонио имаше водство само во првата четвртина (31-26). Оклахома Сити потоа го доби вториот период со 20-32, го сврте резултатот во своја ...
Дваесетина дена пред почетокот на СП 2026 на прагот сме на нов огромен скандал, откако американские власти објавија дека нема да дозволат влез на една од селекциите – учесници на мундијалот. Не станува збор за Иран, држава со која САД е во воен конфликт, туку за репрезентацијата на Конго, земја во која владее епидемија на ебола. Оваа репрезентација се уште се нема комплетирано, го откажа тренинг-кампот во татковината поради бројни случаи на ...
Неколку дена по нивното срамно однесување и исвиркувањето на македонската химна, навивачите на Шкендија се јавија со соопшение со кое се пожалија на нееднаков третман на нивниот тим во сезоната што изминува, но и повик политиката да се дистанцира од спортот. Тетовци дефинитивно ќе заработат жестока казна, но навивачката група „Балисти“ порачува дека нивното однесување е одговор на односот на останатите навивачки групи кон нив. Соопштението на ...
Ленс се закити со трофејот во Купот на Франција откако оваа екипа во вечерашното финале успеа да триумфира над Ница со убедливи 3-1. Тимот на Ленс цела сезона играше одличнeн фудбал, до две рунди до крајот беше во трка за титулата со ПСЖ, „светците“ на крајот стигнаа до титулата, но куп-трофејот е добра утеха за Ленс и награда за прикажаното во последните десет месеци. Тован беше играчот што го отвори резултатот во 25. минута, пред крајот на ...
Реал Мадрид целосно ја надигра Валенсија и заслужено се најде во финалето на Евролигата, но шансите за успех во пресметката со Олимпијакос се минимални по најновиот малер што ги снајде „кралевите“. За потсетување, Реал допатува во Атина без да може да смета на првиот центар Валтер Тавареш, но и на неговата резерва Алекс Лен. Единствена опција на Скариоло на центарската позиција беше Гаруба, па затоа „кралевите“ беа во шок кога шпанскиот ...
Реал Мадрид е вториот финалист во големото финале на фајналфор турнирот во Атина откако „кралевите“ славеа во шпанската полуфинална пресметка со Валенсија со убедливи 105-90. Валенсија се надеваше на триумф носена на крилата на извонредниот пресврт во четвртфиналето против Панатинаикос, но Серџо Скариоло постави беспрекорна тактика со која го исфрли од ритам противникот и заслужено стигна до билет за финалето. Првото полувреме мина во ...
Андреј Јакимовски и Тренто се на чекор до апсолутна сензација во италијанскиот шампионат откако поведоа со 2-1 во четвртфиналната серија со Виртус Болоња. Тимот на македонскиот репрезентативец едвај стигна до билет за плејофот, но со одличните изданија дефинитивно покажа дека заслужува метово Топ 8, претходниот меч успеа да направи „брејк“ во Болоња, а вечерва пред своите гледачи го демолираше актуелниот евролигаш со убедливи 102-85. ...
Сонот на Енис Барди да го крене трофејот во Купот на Турција со тимот на Коњаспор се претвори во кошмар откако неговиот тим загуби во финалето со Трабзонспор со 1-2, во дуел во кој трагичар беше токму македонскиот капитен. Трабзон имаше предност од 0-1 по првиот дел, но Коњаспор израмни на 1-1 преку Мулека по акција што почна од Барди и негов одличен центаршут, првиот обид на Мулека заврши во дирекот, по што истиот фудбалер одбиената топка ја ...
Лука Модриќ поради сериозна повреда на лицето мораше да го пропушти финишот од оваа сезона, но хрватскиот генијалец ги израдува навивачите на Милан откривајќи дека е подготвен да потпише нов договор со „росонерите“. Актуелниот договор со 40-годишниот Хрват истекува летово, тој не крие дека сака да остане, па дури и да освои трофеј со Милан пред да ја заврши својата кариера. „Јас сум среќен во Милан, но не сакам да зборувам однапред. Во ...
Шарунас Јасикевичиус со право беше разочаран откако неговиот тим Фенербахче претрпе убедлив пораз од Олимпијакос во првото полуфинале од фајналфор турнирот што се одржува во Атина. Фенер лани стигна до тронот на Европа, но вечерва турскиот тим беше целосно надигран од големиот ривал, па на литванскиот стратег не му преостана ништо друго освен да му честита на поквалитетниот противник. „Честитки за Барцокас и за Олимпијакос, јасно е дека тие ...
Прилеп ја продолжи серијата одлични резултати откако вечерва славеше над Пролет со резултат 29-27, десетта победа во низа на прилепчани кои последниот пораз го претрпеа пред повеќе од три месеци, на 13 февруари на дуелот со Е. Пелистер. Денешната битка со гостите од Скопје се покажа покомпликувана од очекувањата, Пролет одигра квалитетен натпревар и во огромни периоди целосно му парираше на домашниот тим. На седум минути до крајот скопскиот ...
Баерн Минхен ќе се обиде да ја комплетира двојната круна во Германија со триумф на утрешното куп-финале против Штутгарт, но баварскиот гигант ќе мора да стигне до триумф без помошта на својот прв голман Мануел Нојер. Искусниот чувар на мрежата пред два дена се најде на финалниот список на Нагелсман на германската репрезентација за СП 2026, за веднаш потоа да биде обелоденето дека е повреден. Нојер дефинитивно нема да може да брани во ...
Ќе нема спектакуларни трансфери во Барселона ова лето. Ова го најави претседателот на клубот Жоан Лапорта кој денеска ја коментираше можноста екипата да привлече некои големи имиња. Конкретно, Лапорта беше прашан за ангажман на Ерлинг Халанд и на Хулијан Алварез. „Нема разговори за такви блескави трансфери. Навивачите знаат дека ние имаме силен тим“, изјави Лапорта, и додаде: „Не сакам да исклучам никого од списокот. Барселона може да се ...
Ракометарите на Вардар уште пред репрезентативната пауза ја осигураа шампионската титула, но „црвено-црните“ јасно ставија до знаење дека не планираат да отстапат од квалитетот и интензитетот на партиите до самиот крај на сезонава, демонстрирајќи го тоа и на вечерашниот дуел со Тиквеш. Гостите од Кавадарци немаа никакви шанси за изненадување, „вардарци“ одиграа максимално фокусирани 60 минути и заслужено стигнаа до нова двоцифрена победа ...
Додека се повеќе се пишува за иднината на Арне Слот во Ливерпул, „црвените“ го договрија првото засилување за следната сезона. Станува збор за колумбискиот талент, Самуел Мартинез кој се наоѓа пред потпис со англискиот гигант. Тимот веќе постигна договор за потпис на овој 17-годишен фудбалер кој игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред. Во моментов настапува за Атлетико Национал, а брилијираше на последното првенство на Јужна ...
Каков ден за младиот напаѓач на Спартак Варна, Георг Стојановски. Македонскиот интернационалец постигна три гола во победата на својот тим од 3-0 над Славија Софија, за опстанок во најдобрата лига на Бугарија! Стојановски со головите во 8-та, 30-тата и 62-рата минута, донесе триумф за својата екипа, и така за еден бод повеќе од Септември Софија, успеа да обезбеди директен опстанок во „елитата“. За потсетување дека тренер на Спартак е Ѓоко ...
Марсело Биелса навести дека нема да остане селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај по јули, велејќи дека неговата работа во тимот завршува со Светското првенство. „Мојата работа завршува по Светското првенство“, рече Биелса на настан организиран од Уругвајската фудбалска асоцијација. Иако не ги образложи своите коментари, локалните медиуми објавија дека Аргентинецот нема да продолжи по истекот на неговиот тековен договор на крајот ...
Немаше ниту „н“ од неизвесност на првиот полуфинален натпревар од Евролигата помеѓу Олимпијакос и Фенербахче. Грчкиот тим амксимално го искористи домашниот терен, пеколната атмосфера да слави 79-61 во битката со својот ривал. Уште од стартот на натпреварот Олимпијакос дојде до солидна предност, не дозволувајќи му на противникот во ниту еден момент да ја загрози победата. Носени од својата публика, „црвено-белите“ одиграа одлична партија, се ...