Аргентинската репрезентација доби одлични вести само три недели пред почетокот на Светското првенство, бидејќи првите прегледи не покажаа сериозна повреда на капитенот Лионел Меси. Интер Мајами објави дека на Меси му е дијагностицирано истегнување на мускулот на левата бутина, а точниот датум на неговото враќање на теренот ќе зависи од текот на неговото закрепнување и медицинските проценки. Според аргентинскиот весник „Ла Насион“, ...

Селекторот на репрезентацијата на Колумбија, Нестор Лоренцо, го објави списокот за претстојното Светско првенство 2026. На списокот од 26 фудбалери се наоѓаат Давид Оспина, Сантијаго Ариас, Хуан Фернандо Кинтеро и, секако, Хамес Родригез, човекот кој пред 12 години беше една од најголемите ѕвезди на светскиот турнир. Враќањето на искусните играчи предизвика големо внимание кај фудбалските фанови, особено за генерацијата што и донесе на ...

Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130-93 и со убедлива серија од 4-0 дојдоа до финалето на Источната конференција. Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени. Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по 15 за Никс, кои станаа само четвртиот тим во историјата со серија од 11 победи во плејофот. ...

Заокружувајќи го играчкиот кадар за следната сезона, новиот македонски шампион Вардар го продолжи договорот и со репрезентативецот Дарко Велковски. Двете страни се договорија за продолжување на соработката на уште една година. „ФК Вардар ја информира јавноста дека Дарко Велковски постигна договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2027 година. Клубот му посакува многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес!“ – ...

Изненадување во баражот за опстанок. Падерборн од втората Бундеслигата се сели во првата, а некогашниот првак Волфсбург се сели во „цвајте“. Падерборн по продолженијата успеа да слави триумф, и така да дојде до победа од 2-1 на реваншот, и после оние 0-0 во Волфсбург, избори пласман во „елитата“. А, се одлично почна за Волфсбург. Пејчиновиќ уште во 3. минута донесе предност, и се чинеше дека „волците“ добро „гризат“ кон опстанокот. Меѓутоа ...

Одличната сезона во БиХ, македонскиот интернационалец Агон Елези ја заокружи со победнички гол за Сараево, во последниот натпревар од сезоната, со кој неговиот тим славеше над градскиот ривал Железничар со 1-0. Елези погоди во третата минута од судиското надополнување во првиот дел, и тоа беше единствен гол на мечот. Играчот од средниот ред имаше одлична сезона, со оглед дека го постигна деветтиот гол за својот тим во сезоната. Тој ќе се ...

Отказ за Масимилијано Алегри и тројца директори. Денеска во Милан имаше „земјотрес“ и многу промени откако тимот не успеа да се избори за место во Лигата на шампионите. „Росонерите“ и официјално ја почнаа потрагата по нов тренер, а веќе почнаа шпекулациите за наследник на Алегри. „Скај Спорт“ ја објави веста дека Милан е заинтересиран за Андони Ираола, кој досега го водеше тимот на Борнмут. Ираола го однесе овој тим во Лигата на Европа, а од ...

Разделба после 2,5 години помеѓу Јетон Беќири и Шкендија. Тренерот кој ја освои титулата минатото првенство, и потоа го однесе тимот до европските височини, односно до најголемиот успех на меѓународна сцена на еден македонски клуб, не се договори за продолжување на соработката со тетовскиот тим. Го даде последното интервју како тренер на Шкендија, и кажа дека оваа сезона трката за титулата била нерамноправна. Беќири истакна дека дури е ...

Енрике Рикелме е решен да го замени Флорентино Перез на функцијата претседател на Реал Мадрид. Во интервју за Марка, тој истакна дека веќе има јасно дефиниран спортски проект што би го започнал доколку ја добие довербата на членовите на клубот. Иако не сакаше да навлегува во премногу детали, Рикелме потврди дека, во случај на победа на изборите, многу големи имиња од светскиот фудбал ќе пристигнат на Бернабеу. „Секако, имаме спортски проект и ...

Прашањето на вториот финалист во АБА кошаркарската лига ќе биде решено во четврток во Зеница, затоа што кошаркарите на Будуќност го победија Дубаи во Подгорица со 91-90, и го одведоа мечот во „мајсторка“. Почетокот на мечот им припадна на гостите, кои имаа предност, потоа Будуќност врати, па повторно Дубаи поведе, за на крајот да заврши со „егал“. Во вториот период домашните кошаркари носени од својата публика се стекнаа со предност од +7 ...

Гостување во БиХ, па потоа и кај Турција за македонската репрезентација во финишот на сезоната. Два „теста“ пред почетокот на Лигата на Нации во септември, селекција со многу нови имиња, во кои селекторот Гоце Седлоски ќе ја тестира можноста и тие да бидат дел од националниот тим на официјалните натпревари. Еден од оние кои веќе со години е дел од селекцијата е Јани Атанасов. Тој вели дека секогаш за Македонија се дава максимумот, и дека не ...

Македонската фудбалска репрезентација ги очекува двата пријателски натпревари против БиХ во Сараево, и против Турција во Истанбул. Македонија од овие два меча очекува добро да се воигра, особено што селекторот Гоце Седлоски смета на некои нови играчи. Меѓу нив е и Сефер Емини, кој кажа дека овие два меча добро ќе и дојдат на Македонија пред почетокот на Лигата на Нации во септември. „Треба добро да се спремиме за овие два натпревари. Во ...

Кошаркарот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, нема да игра за својата репрезентација летово во квалификациите за СП. Селекторот на Босна и Херцеговина, Дарио Ѓерѓа, нема да го има на располагање најсилниот тим за овој прозорец. Во јули месец Босна и Херцеговина ќе има тешки натпревари против Србија и Турција. Сепак, се очекува да може да помогне во август. „Во текот на јули, Нуркиќ ќе биде во преговори за нов договор со НБА, па затоа, ...

Наследникот на Гоце Седлоски во Вардар доаѓа од Аргентина. И официјално, само два дена по освојување на титулата, новиот шампион објави дека Аргентинецот Кристијан Фабијани е нов тренер на „црвено-црните“. 42-годишниот Фабијани има играчко искуство во неколку аргентински, но и клубови од Израел и од Романија, а од 2021 година почнува тренерска кариера во Феникс де Пилар, а потоа оди во Депортиво Риестра, па во Депортиво Мерло, одново во ...

Фудбалските сезони завршија во сите пет најдобри лиги, па почна и промената на тренерите кај најсилните европски клубови. Една од нив пристигна во Наполи каде што Антонио Конте, тренерот кој го водеше клубот до титулата претходната сезона, одлучи да ја напушти клупата поради спор со претседателот Аурелио де Лаурентис. Така, неговото место остана празно, а веќе започнаа шпекулации за тоа кој тренер би можел да седне на клупата на ...

Неколкуте спорни одлуки на судиите предизвика реакции во Шпанија по финалето во Евролигата. Кошаркарите на Реал не успеаја да ја освојат својата 12-та титула во елитното натпреварување. Кралевите беа поразени од Олимпијакос во неизвесна завршница на финалето одиграно во Атина со 92-85. Можеби исходот ќе беше поинаков доколку судијата Сретен Радовиќ не досуди контроверзен фаул од Кампацо над Волкап на крајот од натпреварот при резултат 82-80 ...

Откако Милан шокантно остана без Лигата на шампионите во последното коло, миланскиот клуб донесе голема одлука. Како што објави Фабрицио Романо, Милан го отпушти Масимилијано Алегри, кој седеше на клупата во 2025 година. Тоа беше негов втор мандат на клупата на „росонерите“, но овој траеше многу пократко и беше многу понеуспешен. Неговиот наследник се уште е непознат, а покрај Алегри, клубот го напушти и извршниот директор Џорџо Фурлани. ...

Фудбалерите на Работнички со пораз од 1-3 на домашен терен против Тиквеш ја завршија најсрамната сезона во историјата на клубот од осамостојувањето откако следната сезона херојот од „Дебар маало“ ќе игра ранг подоле. Гостите од Кавадарци поведоа со 0-1 со погодокот на Лавал во 32. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Кристијан Стојкоски. Во вториот дел 0-3 беше со погодокот на Сила во 73. минута, додека ...

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, го објави конечниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, а најголемото изненадување е отсуството на дефанзивецот Дин Хујсен. Со оваа одлука, Реал Мадрид остана без ниту еден свој претставник во националниот тим за Мундијалот. Хујсен, кој беше дел од шампионскиот тим на Европското првенство во 2024 година, тешко ја прими веста дека нема да патува за ...

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, изјави дека неговиот тим постигнал огромно достигнување со пласманот во Лигата на шампионите. Во неделата, Комо го победи Кремонезе со 1-4 на гостински терен во натпревар од последното 38. коло од Серија А. Фудбалерите на Комо ја завршија сезоната во италијанското првенство на четвртото место на табелата со 71 бод, што беше доволно за историскиот пласман на овој тим во Лигата на шампионите. „Кога пристигнав ...

Фудбалерите на Работнички имаат негатива од 0-2 на полувреме на домашен терен против Тиквеш во последниот натпревар за клубот од Дебар маало во догледно време во елитата, откако следната сезона се селат во ВМФЛ. Гостите од Кавадарци поведоа со 0-1 со погодокот на Лавал во 32. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Кристијан Стојкоски. Во вториот меч од денешната програма последна за оваа сезона Македонија ЃП и ...

Наполи утрово и официјално ја потврди разделбата од Антонио Конте, додека само прашање на време е кога Милан ќе објави дека му е врачен отказ на Масимилијано Алегри, А според последните информации од Апенинскиот полуостров – токму Конте е главниот фаворит за клупата на „росонерите“, стратег со темперамент и карактер на роден победник кој ќе може да го разбуди заспаниот италијански џин. Весникот „Кориере дело спорт“ обелодени дека првичните ...

Maкедонскиот фудбалски прволигаш Шкендија и официјално ја потврди разделбата со тренерот Јетон Беќири заблагодарувајќи му се за неговиот придонес во текот на неговиот мандат како тренер на тетовскиот тим, посакувајќи му многу успех во иднина. Јетон Беќири ќе замине како еден од најуспешните тренери во историјата на клубот, период во кој успеа да стигне до нокаут фаза во Конференциската лига на УЕФА. „Шкендија објавува дека тренерот Јетон ...

Сезоната во Серија А официјално заврши доцна синоќа, а дел од клубовите денеска повлекуваат и конкретни потези при планирањето за 2026/27. Лацио и дефинитивно се разделува од Маурицио Сари откако искусниот стручњак неколку пати сезонава влегуваше во конфликт со управата и со првиот човек Лотито. Римскиот клуб солидно ја заврши сезоната, но Лотито не му прости на Сари и соработката заврши со последниот овосезонски меч. На негово место доаѓа ...

НБА-лигата денеска ја објави идеалната петорка за сезоната 2025/26 во која се најдоа најголемите ѕвезди на најсилната лига во светот. Актуелниот МВП, Шеј Гилџус – Александер е предводник на првата петорка во која има место и за двајцата најдобри центри во лигата, Никола Јокиќ од Денвер и Виктор Вембињама од Сан Антонио. Од нив, Јокиќ и Гилџус Александер имаат добиено по максимални 500 гласови, додека Вемби собра 498 гласа. Лука Дончиќ исто ...

Тотенхем вчера славеше опстанок во Премиер-лигата откако стигна до посакуваниот триумф во последното коло над Евертон, а навивачите на лондонскиот клуб денеска имаат две нови причини за задоволство. „Спарси“ и официјално ја договорија соработката со две одлични засилувања, кои ќе пристигнат во тимот на Роберто де Зерби без никаква отштета. Станува збор за Енди Робертсон и за Маркос Сенеси, кои од претходно ги имаа договорено условите за ...

Маџари испиша историја откако оваа екипа во првата сезона во елитното друштво најпрвин влезе во плејофот, потоа во Топ 4, за на крајот да го елиминира лидерот ТФТ и да се избори за место во големото финале. Таму беше поразен од МЗТ Скопје, но мора да се истакне дека Маџари настапи значително ослабен, без најдобриот кошаркар Џевон Грин кој заработи тешка повреда со ТФТ. Сепак, „црно-белите“ предводени од одличниот стратег Миодраг Тодоровиќ ...

Учеството на Лионел Меси на претстојниот фудбалски мундијал не би требало да биде доведено во прашање без оглед на повредата што аргентинскиот генијалец ја заработи на синоќешниот дуел за својот клуб Интер Мајами. Веста дека Меси побарал да биде заменет жалејќи се на повреда предизвика бурна реакција во фудбалскиот свет, ако се знае дека почетокот на СП 2026 е закажан за помалку од 20 дена. Сепак, од Интер Мајами информираа дека проблемот не ...

Олимпијакос ја крена европската титула, а „црвено-белите“ само неколку часа подоцна им донесоа нова одлична вест на своите верни навивачи. Жан Монтеро ќе биде првото засилување на „црвено-белите“ од Атина за наредната сезона, откако новиот европски првак ја доби трката за извонредниот поентер на Валенсија. Монтеро имаше на маса понуда од два милиони евра по сезона од Валенсија, но реши да си замине и да се пресели во редовите на Олимпијакос. ...

Фудбалската А-репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на новиот прозорец во кој нашата национална селекција ќе одигра пријателски натпревари со селекциите на БиХ и на Турција. „Црвено-жолтите“ веќе денеска ќе се комплетираат со доаѓањето на Енис Барди и на Елиф Елмас, а првиот тренинг е закажан од 18 часот во тренинг-комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ. Македонската експдиција в четврток патува за Сараево каде на 29 мај ќе се ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Калај

53.60

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54