Ливерпул би можел да донесе дури двајца нови крилни напаѓачи до крајот на преодниот рок, објави Фабрицио Романо. Бредли Баркола останува главна цел и преговорите со ПСЖ продолжуваат, а потребата за уште еден крилен играч би се зголемила дополнително доколку Коди Гакпо замине во Тотенхем. Ливерпул го следи Ибрахим Мбаје од ПСЖ, но Французите во моментов бараат превисока цена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на ...

Документарниот филм за нашата најголема фудбалска легенда Дарко Панчев – „Патот на Кобра до ѕвездите“ доби уште признание на престижен Меѓународен филмски фестивал во регионот. Документарецот за македонската Кобра доби Грандпри награда на силниот Меѓународен филмски фестивал „Сити Фест“ кој се одржа во Ниш, Србија. „Патот на Кобра до ѕвездите“ освои Грандпри за спортски филм, заедно и со документарецот „Булевар Ивица Осима“ на Мухамед Бикиќ ...

Фудбалерите на Партизан се пласираа во плеј-оф рундата од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА откако го победија Тобол со 1-2 и на реваншот во Казахстан. Црно-белите одиграа многу подобро второ полувреме, направија пресврт и, врз основа на сè што покажаа по паузата, целосно ја заслужија победата. Тобол поведе со голот на Дмитри Чеснаков уште во 7. минута, Стефан Митровиќ израмни во 47. минута, додека Џака Траоре му донесе победа на ...

Галатасарај испрати официјална понуда до Црвена Звезда за еден од најталентираните фудбалери на српскиот клуб, фудбалерот со македонско потекло, Василиј Костов. Како што ексклузивно објавува турскиот новинар Ферхат Кизилташ, клубот од Истанбул понудил 25 милиони евра, со 15% од следната продажба за 18-годишниот офанзивен играч од средниот ред. Понудата е веќе испратена до Црвена Звезда, а Галатасарај сега чека одговор од српскиот шампион. Во ...

Пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон Вила (2-1), водечките луѓе на европскиот фудбал се состанаа во Салцбург, а главна тема на дискусија беше кризата во раководството на ФИФА. На состанокот присуствуваа, меѓу другите, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, и претседателот на Асоцијацијата на европски клубови (ЕКА), Насер Ал-Келаифи. Присуството на претседателот на Конфедерацијата на африкански фудбал (КАФ), Патрис ...

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите заинтересирани клубови дека од денеска е отворен процесот на пријавување на екипи за учество во следните натпреварувања: ФФМ Детски лиги ФФМ Регионални лиги за петлиња и помлади петлиња Во следната сезона, во рамки на ФФМ Детските лиги ќе бидат опфатени пет натпреварувачки категории: – Родени 2015 година – Фудбал 9 – Родени 2016 година – Фудбал 7 – Родени 2017 година – Фудбал 7 – Родени ...

Огромно признание за еден од најпрестижните меѓународни фудбалски младински турнири „Илинден Куп“ кој од страна на Меѓународната асоцијација на фудбалски турнири (АФТ) е категоризиран како Елитен Турнир, еден од четирите најдобри во Југоисточна Европа. „Илинден Куп“ кој оваа година, по четврти пат, ќе се одржи од 11 до 13 септември на терените во општина Илинден а во организација на Фудбалската школа Грозданоски, повторно ќе биде домаќин на ...

Речиси неочекувано, Манчестер јунајтед ова лето го доби назад Маркус Рашфорд како засилување. Тренерот Мајкл Керик го изрази своето задоволство од ваквиот расплет. Англискиот репрезентативец имаше солидна прошла сезона во Барселона. Се очекуваше шпанскиот шампион да го откупи неговиот договор, но тоа не се случи и тој мораше да се врати на „Олд трафорд“. Сепак, ситуацијата во матичниот клуб драстично се промени од моментот кога тој замина. ...

Методи Максимов во првиот негов официјален натпревар оваа сезона за штипска Брегалница, покажа дека ќе биде одлично засилување за штипската чета и секако важна алка во мозаикот на тренерот Кузманов. Во недела штипјани ги чека пресметката со Шкендија во Скопје… „Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи професионалци, ...

Шпанскиот тренер Алберт Риера треба да биде именуван за нов стратег на Црвена Звезда по отказот кој го доби Дејан Станковиќ по неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите. Шпанецот беше споменуван како наследник на Владан Милојевиќ на црвено-белата клупа уште во текот на есента минатата година, но потоа го продолжи договорот со словенечкиот Целје и остана недостапен за белградскиот клуб. Интересно, тогаш првиот човек на црвено-белите, ...

Шпанскиот Суперкуп оваа сезона, во кој ќе учествуваат Барселона, Реал Мадрид, Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид, ќе се одржи од 2 до 7 февруари во Турција, а не во Саудиска Арабија каде што во истиот период ќе се игра Азискиот куп соопшти Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ). Од 2020 година, Шпанскиот Суперкуп се одржува во Саудиска Арабија, со која РФЕФ има договор до 2027 година. Сепак, поради Азискиот куп, кој е закажан од 7 јануари до 5 ...

Младиот македонски фудбалер Бесмир Даци, офанзивен играч за врска, денеска потпиша за словачкиот клуб Нитра. 22-годишниот Даци потекнува од фудбалската школа на Шкупи а играше и за Дукаѓини, Беса и во два наврати за ФК Скопје ,каде остави и најдобар впечаток. На бараж мечот со Брера, Даци беше еден од најдобрите играчи, давајќи придонес за пласманот на Скопје во Првата македонска фудбалска лига. Од друга страна Нитра е клуб со повеќе од ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги објави казните за случувањата по завршувањето на мечот меѓу Вардар и Шкендија од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалерот на „црвено-црните“, Јоакин Торес е казнет со пет меча суспензија. Од друга страна фудбалерот на тетовци Анес Мељичи доби казна од три меча. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Дисциплинската комисија на ФФМ: – Торес Јоакин ...

Златко Далиќ беше официјално претставен како нов селектор на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ со големи амбиции го најави своето враќање во ОАЕ. Тој веќе три години работеше во таа земја како тренер на Ал Аин, со кого постигна забележителни резултати, а сега сака да направи исчекор на репрезентативно ниво. „Мило ми е што сум во ОАЕ, мојот втор дом. Се надевам дека повторно ќе постигнеме одлични резултати, овојпат со репрезентацијата. Ви ...

Maкедонскиот ракометен вицешампион Е. Пелистер го дозна комплетниот распоред за настапот во групната фаза од Лигата на Европа, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги официјализираше термините за сите шест натпревари. За противници во групата битолчани ќе ги имаат Гумерсбах, Ла Риоха и Гдањск. Европската авантура за избраниците на пелистерци ќе започне на 30 септември, кога во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе гостува ...

Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, ги изненади сите со објава посветена на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Првиот човек на ФИФА, кој во последните недели по неуспешниот план за продажба на правата за Светското првенство се соочува со нагло паѓање на поддршката од бројни федерации и организации, сега прави се за да ги придобие симпатиите на одредени асоцијации. Како дел од таа кампања, Инфантино сподели ...

Судењето за смртта на Марадона продолжи во Аргентина, а новото сведочење на судскиот вештак откри шокантни детали за последните денови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. На рочиштето во Сан Исидро, судскиот лекар Карлос Касинели упати сериозни обвинувања против медицинскиот тим што се грижел за Марадона, тврдејќи дека биле занемарени бројни алармантни симптоми и дека изостанала навремена реакција од лекарите. Од ...

ФК Силекс и официјално го потврди ангажманот на Мартин Талаков како најново засилување за претстојната сезона 2026/27. 23-годишниот фудбалер во Кратово пристигнува од редовите на ФК Работнички. Станува збор за поливалентен играч кој може да одговори на предизвиците во средниот ред, но и на крилните позиции во нападот. Талаков зад себе веќе има богато искуство со настапи за неколку клубови во Првата македонска фудбалска лига, како и ...

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе го пречека шкотски Хиберниан во натпревар од 3. коло во Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Артим Положани е оптимист дека Шкендија може да ја претвори негативата од еден гол во конечен триумф во двомечот со Хибернијан, со што македонскиот вицепрвак би се пласирал во плејофот за влез во Конференциската лига на УЕФА. „Oва беше исклучително ...

Од Шпанија пристигнуваат навистина неверојатни сцени. Фулам одби да изведува пенали по нерешениот резултат 2-2 против Малага, го напушти теренот и со тоа му го препушти трофејот „Коста дел Сол“ на домаќинот. Играчите на англискиот премиерлигаш разговараа со судиите неколку минути по крајот на натпреварот, а потоа едноставно се упатија кон соблекувалната. Од Фулам тврдеа дека изведувањето пенали не било предвидено во договорот со кој биле ...

Македонскиот ракометен шампион РК Вардар официјално ја започна продажбата на сезонските билети за претстојната натпреварувачка сезона. Цената на сезонскиот билет изнесува 4.500 денари. Со неговото купување, верните навивачи на „црвено-црните“ ќе имаат можност да ги следат сите домашни натпревари на клубот. Билетот ги опфаќа возбудувањата од домашниот шампионат, но и сите мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите. Од клубот ги повикуваат ...

Реал Мадрид славеше на гостувањето против Ла Коруња со 1-0, а Жозе Мурињо јасно им порача на своите фудбалери да се навикнуваат да добиваат вакви натпревари и со минимален резултат. „Секако дека сакате да победите што поубедливо на секој натпревар. Сепак, кога веќе не можете да ја наполните мрежата на противникот, важно е да се научи да се победува и со 1-0. Тоа исто така е резултат што носи три бода“, прокоментира Мурињо, кој низ годините ...

Хибернијан со предност од еден гол допатува во Македонија за денешниот реванш против екипата на Шкендија, меч што е на програмата од 20 часот на Националната арена „Тодор Проевски“. Тренерот Дејвид Греј ги предупреди своите фудбалери дека никако не смеат да си дозволат да го бранат минималното водство, бидејќи со тоа би се осудиле самите на неуспех на овој реванш. „Ова е европско гостување и треба на сите да им биде јасно, ако само застанете ...

Потписот на Душан Влаховиќ за Бешикташ предизвика воодушевување меѓу фановите на турскиот гигант, па бројни новинарски екипи беа присустни при слетувњето на српскиот голгетер на аеродромо во Истанбул. Таму „уловија“ интересен детал, па покрај куферите со багаж на екс-фудбалерот на Јувентус беа забележани и две гајби со домати што Влаховиќ ги зеде со себе во возилото што го чекаше на аеродромот. Новинарот Емре Танвиер откри за што всушност ...

Ракометарите на Е. Пелистер продолжуваат со подготовките во Словенија, при што тимот на Лино Червар ја одигра третата контролна средба, забележувајќи ја и третата победа. „Зелено-белите“ за противник на овој дуел го имаат Словењ Градец, меч што мина во израмнета борба и заврши со триумф на македонскиот вицешампион од 22-21. Червар им даде шанса на сите ракометари, искусниот стратег повторно испроба најразлични тактички варијанти, но судејќи ...

Лео Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност појавувајќи се во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3. Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата. Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се ...

Партизан се уште се мачи да го комплетира ростерот за наредната сезона, но „црно-белите“ се надеваат дека до крајот на оваа седмица ќе го комплетираат трансферот на Итан Томпсон, репрезентативец на Порторико кој би дошол во Белград од НБА-лигата. Томпсон, кој настапува на позицијата бек шутер, доаѓа од редовите на Индијана пејсерс, клуб каде во последните месеци конечно доби шанса да заигра во најсилната лига на светот. Тој претходно беше дел ...

И третото коло во европските фудбалски купови не може да мине без претставник на Фудбалската федерација на Македонија. На реванш мечот од Конференциската лига меѓу Омонија од Кипар и клубот Линколн од Гибралтар што се игра во Никозија на 13 август во Никозија, Комисијата на УЕФА го одреди за делегат на овој натпревар Филип Поповски. Во меѓувреме патуваше и Александра Пејковска, која од 5 до 8 август исто така беше делегат на квалификациониот ...

Стратегот на ПСЖ, Луис Енрике не го криеше задоволството откако неговиот тим крена уште еден пехар, триумфирајќи повторно во Суперкупот на Европа со победата од 2-1 над Астон Вила во Салцбург. „Светците“ имаа проблеми бидејќи голем дел од првотимците пред неколку дена се приклучија на подготовките, но сепак одиграа квалитетен меч и стигнаа до победата и новиот трофеј. „Беше многу компликувано, исто како и лани, но најдовме начин да стигнеме ...

Атлетико Мадрид осигура уште еден важен потпис откако шпанскиот гигант постигна целосен договор со Тотенхем околу трансферот на Кристијан Ромеро. Темпераментниот аргентински дефанзивец беше профил на играч каков што Диего Симеоне бараше за својот тим како нов „командант на одбраната“, а управата на мадридскиот клуб успеа да ја исполни оваа желба на трофејниот стратег. Тотенхем бараше 50 милиони евра за Аргентинецот, но „спарси“ на крајот се ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1029
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
64%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1029
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.9
73%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
80%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
62%
1029
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
87%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.13
67%
1030
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
68%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
94%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Сребро

1666.05

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Иридиум

321507.47