Раководството на Милан е во шок откако „росонерите“ претрпеа неочекуван пораз на домашен терен од Калјари во последното коло од Серија А, исход што значеше и губење на билетот за ЛШ за наредната сезона. Ова само по себе значи загуба од најмалку 50 милиони евра, па јасен е бесот кај челниците на италијанскиот гигант кои уште синоќа најавиле сериозен ремонт. За сопственикот Кардинале нема дилема, мора да „летаат“ лица од највисоката управа на ...

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го објави конечниот список од 26 фудбалери кои ќе ги бранат боите на „црвената фурија“ на претстојниот светски шампионат. Очекувано, на списокот доминираат членови на Барселона, но изненадување е што во составот на Шпанија ќе нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Екс-капитенот Дани Карвахал е игнориран откако речиси цела сезона ја преседе на клупата за резерви, но изненадување е што во последен момент ...

Бруно Фернандеш викендов го сруши рекордот во Премиерлигата по број на асистенции во една сезона. Сепак, голем број навивачи се убедени дека неговата асистенција не требаше да биде евидентирана на вчерашниот натпревар против Брајтон. Португалецот беше прогласен за најкориснот играч на сезоната во Премиерлигата, а откако асистираше на Олд Трафорд против Нотингем Форест, се израмни со Анри и Де Брујне со по 20 асистенции. Манчестер Јунајтед ...

Со натпреварите Македонија ЃП – Силекс и Работнички – Тиквеш денеска се става точка на сезоната во Првата македонска лига во која Вардар е шампион, Шкендија и Силекс уште ќе не претставуваат во Европа, а поранешните шампиони Македонија ЃП, Работнички и Шкупи ја напуштаат лигата. Работнички ќе ја заокружи сигурна најсрамната сезона во нзависна Македонија, со прво свое испаѓање од елитата во историјата, со домашен натпревар против Тиквеш за ...

Трофејот од Купот е освоен, излезот во Европа обезбеден, и со тоа е остварена главната цел на Силекс за оваа сезона. Па, кратовскиот тим денеска против Македонија ЃП ја „спушта завесата“ на натпревари во Првата лига, а потоа се фокусира кон настапите во Европа, во Лигата на Конференции. Силекс, сепак, посакува триумф на последниот натпревар против Македонија ЃП, како што вели еден од најдобрите фудбалери на тимот, дефанзивеецот Михаил ...

Шампионскиот пехар од ПМФЛ е во рацете на фудбалерите на Вардар. Тимот чекаше шест години за повторно да го крене трофејот, а крилниот офанзивец на „црвено-црните“ Димитар Данев само една. Откако дојде на почетокот на оваа сезона еден од најдобрите млади фудбалери на Македонија веднаш се закити со титулата. И тоа, токму на денот на неговиот 20-ти роденден. „Ова е исполнување на сонот, титулата ми беше најубавиот родендески подарок“, вели ...

По десет години, Пеп Гвардиола повеќе нема да биде на клупата на Манчестер Сити, поради што се очекуваат големи промени во самиот тим. Многу играчи сакаат да го напуштат клубот бидејќи една од главните причини за нивното доаѓање беше токму соработката со Гвардиола, па сигурно ќе има огромни промени меѓу „граѓаните“. Истото се очекува и во Реал Мадрид, чиј тренер речиси сигурно ќе биде Жозе Мурињо од летото. Мурињо и Перез сакаат да направат ...

Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на тимот од Битола е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион. Мехмедовиќ ракометно потекнува од екипата на Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница од ...

Шеј Гилџес-Александар повторно е во центарот на вниманието поради сомнителна судиска одлука. Во Европа, судиското трио Сретен Радовиќ-Роберт Лотермозер-Олегс Латишевс беше „на тапет“ откако Олимпијакос го победи Реал Мадрид во финалето на Евролигата. Неколку часа подоцна, во САД, Сан Антонио Спарс ја победија Оклахома и го израмнија резултатот на 2-2, а сите се бесни на озлогласениот Скот Фостер и неговите помошници Кертис Блер и Ник Бушерт. ...

Ракометарите на Охрид славеа со 28-29 на гостувањето против словачка Татабања на првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп, со предност враќајќи со дома пред реваншот кој е за седум дена во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Нескриено е задоволството меѓу охриѓани кои веруваат дека на домашен терен сега треба да се потврди европската круна. „Навистина сме среќни со победата, иако требаше да биде поубедлива ако се знае дека во еден ...

Сан Антонио Спарс ги победија Оклахома Сити Тандер со 103-82 изминатава ноќ во НБА плеј-офот. Драмата продолжува во Западната конференција со повторно израмнување во серијата. Со победата на Сан Антонио Спарс над Оклахома, сега е 2-2 во серијата. Актуелниот НБА шампион дозволи брејк во првиот натпревар откако Вембањама имаше 41 поен и 24 скока, но Оклахома го врати брејкот во третиот натпревар, изненадувајќи ги Спарс. Екипата на Мич Џонсон ...

Лионел Меси ги загрижи навивачите пред Светското првенство напуштајќи го натпреварот на Интер Мајами синоќа во МЛС лигата. Иако се очекуваше да ја предводи одбраната на титулата на Аргентина, 38-годишниот напаѓач заврши надвор од теренот поради повреда, само неколку недели пред почетокот на турнирот. Одморот на Меси пред Светското првенство, кое започнува на 11 јуни, започна малку порано од планираното. Во 73. минута од натпреварот против ...

Иднината на Масимилијано Алегри на клупата на Милан е крајно неизвесна откако тимот не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите на вчерашниот натпревар против Каљари. Судбината на тренерот сега ќе ја одлучи сопственикот на клубот, Гери Кардинале, а замената се чини дека е сè поверојатна опција по болниот спортски неуспех. По натпреварот, видно потресениот Алегри не го криеше своето незадоволство. „Како тим се браневме многу лошо. Немам ...

Ужасни сцени по натпреварот меѓу Раднички Крагујевац и Јавор во српската Суперлига, на кој Раднички одигра нерешено (2-2) на домашен терен, таман толку колку што му требаш за да се избори за опстанок. Но, последниот свиреж на судијата, место славење за останување во лигата, донесе ужасни сцени. Маскираните навивачи на домашниот тим почнаа да ги бркаат и тепаат фудбалерите на Раднички, а фрлаа и факели кон нив. Според информации од српските ...

Натпреварувачката сезона 2025/26 во Серија А заврши со вечерашното дерби меѓу Торино и Јувентус кое заврши без победник, 2-2. Дуелот доцнеше еден час поради диввеењето на гостинските навивачи, кои инсистираа фудбалерите на Јуве да не го играат натпреварот поради полициската бруталност врз нив. На крајот беше донесена одлука дербито да се игра, гостинските навивачи бесни ја напуштија трибината, по што дуелот стартуваше во 21.45 часот. Јувентус ...

Пролет се закити со титулата кадетски шампион на Македонија откако овие млади ракометари излегоа како победници од фајналфор турнирот што денеска се одигра во Битола. Две тешки победи за помалку од осум часа, доказ за квалитетот и карактерот на момците кои цела сезона не знаеја за пораз, а успехот го крунисаа со денешните победи над Охрид и над Мулти Есенс. Противник во полуфиналето на Пролет беше кадетскиот тим на Охрид, кој беше совладан со ...

Белграно е сензационален победник на шампионатот на Аргентина откако во денешното финале успеа да слави над гигантот Ривер Плата со 3-2. Битката за титулата беше исклучително интересна, а Ривер делуваше на патот до 39. титула во историјата откако во последните десет минути влезе со предност од 1-2. Белграно, тим што немаше ниту една титула до вечерва, сепак блесна кога беше најтешко, а херој беше Николас Фернандез кој влезе во игра во 75. ...

Милан изврши „самоубиство“ во последното коло од Серија А откако „росонерите“ загубија на домашен терен од Калјари со 1-2, исход со кој овој тим остана без место во ЛШ за наредната сезона. Милан влезе во оваа последна рунда како третопласиран, играше со ривал за кого натпреварот немаше преголемо резултатско значење, дури и поведе по две минути игра преку Салемакерс. А потоа шок, Калјари израмни во првото полувреме, потоа на стартот од вториот ...

МЗТ Скопје од година во година ја зголемува својата колекција на трофеи, надополнета со двојна круна за оваа сезона 2025/26. Аеродромци славеа со максимални 3-0 во финалето со Маџари, противникот се покажа како одличен ривал во своето прво учество во финалето, но МЗТ имаше и кваллитет и искуство, да ги добие клучните моменти од натпреварите и да се закити со титулата. Тринаесет титули во 14 сезони, огромен дел од нив со двојни круни, најдобар ...

Олимпијакос по огромна драма успеа да слави над Реал Мадрид и да се искачи на врвот на кошаркарска Европа, откако во вечерашното финале во Атина го совлада Реал Мадрид со резултат 90-85. Како и пред 13 години кога го совладаа Реал додека во тимот го имаа нашиот Перо Антиќ, атинските „црвено-бели“ дочекаа повторно да се искачат на тронот, повторно со триумф над шпанскиот кошаркарски гигант. „Кралевите“ и без тројца повредени центри се покажаа ...

Последното коло во италијанската Серија А минува во хаос откако фудбалерите на Јувентус не излегоа на терен да го почнат градското дерби со Торино, и тоа на инсистирање на навивачите на „старата дама“. Градското дерби требаше да почне во 20.45 часот, но пред натпреварот дојде до сериозни инциденти надвор од стадионот, полицијата користеше и солзавец, а италијанските медиуми информираат дека еден навивач на Јувентус е примен во клиника во ...

Дамјан Стојановски го крена шампионскиот пехар со МЗТ Скопје, со што искусниот крилен играч испиша историја како најтрофеен во мак-баскетот. За Дамјан ова беше вкупно 11. шампионска титула, со што долгогодишниот репрезентативец го остави зад себе братот Огнен Стојановски, како и Марјан Ѓуров со по 10 шампионски трофеи. Дамјан веќе е на врвот на листата и по бројот на освоени куп-трофеи, со што капитенот на МЗТ е апсолутен владетел кога ...

Македонската кошаркарска легенда Војдан Стојановски е добитник на признанието за најкорисен играч во финалната серија со Маџари, откако искусниот ас го предводеше МЗТ до нова шампионска титула. Војдан вообичаено ја презеде улогата на лидер, беше најдобар кога беше најважно, својот најквалитетен натпревар играјќи го токму на гостински терен во Маџари. Војдан Стојановски го заврши вечерашниот натпревар со 17 поени, 3 скокови и 3 украдени топки, ...

МЗТ Скопје ја продолжи жетвата на трофеи во македонскиот кошарка со уште една шампионска титула, 13. во клупската историја откако аеродромци славеа со максимални 3-0 во финалната серија со Маџари. По двете победи на домашен терен, „металците“ вечерва славеа и во Маџари со резултат 74-80, за нов шампионски трофеј во клупските витрини. Маџари беше подобар тим во почетната фаза од овој натпревар, но МЗТ постигна серија лесни поени преку ...

Охрид е многу блиску до кревање на шампионскиот трофеј во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим славеше со 28-29 на првиот дуел од финалниот двомеч со Татабања, и тоа на гостински терен во Унгарија. Доминацијата што ја покажаа охриѓани во големи периоди од денешниот меч е најдобар доказ за квалитетот на Охрид, начинот на кој беше неутрализиран атомскиот напад на Унгарците, сето тоа дава причина за оптимизам дека историската шанса нема да ...

Пораанешниот мадински репрезентативец на Македонија, Димитар Зетов, се приклучува на колонијата играчи во НЦАА-лигата откако денеска и официјално потпиша договор со Универзитетот Мисури стејт. Десетина дена откако центарот Тео Симиќ го напушти Кожув за преселба од другата страна на Атлантикот, Зетов е вториот играч на суперлигашот од Гевгелија што се решава на идентичен потег. Мисури стејт е тим што ланската сезона ја освои осмата позиција во ...

Елиф Елмас со победа ја заврши кариерата во Наполи откако македонскиот ас ги одигра сите 90 минути за својот триумф во минималниот триумф од 1-0 над Удинезе. „Наполитанците“ веќе објавија дека нема да ја активираат клаузулата за откуп на македонскиот репрезентативец од Лајпциг, кој играше одлично на натпреварите на кои доби шанса, но сепак недоволно за да се убеди управата да плати 16 милиони евра за негов перманентен трансфер. Што се ...

Раководството на Вардар преку јавно соопштение му искажа благодарност на Гоце Седлоски, стратег што ги предводеше „црвено-црните“ кон нова титула, но веднаш си заминува за целосно да се посвети на работата како селектор на А-репрезентацијата. „ФК Вардар сака на овој начин да изрази голема почит и благодарност кон шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Тој заминува да ја води “А” репрезентацијата, но вратите во клубот за него секогаш ...

Ливерпул ремизираше со Брентфорд на последниот овосезонски дуел, меч што ќе остане запаметен како последен што Мохамед Салах и Енди Робертсон го одиграа во дресот на англискиот фудбалски гигант. Нивното заминување како слободни играчи летово веќе беше официјализирано, а навивачите се погрижија збогувањето да биде незаборавно, па најпрвин Салах, а по него и Робертсон по замените од Арне Слот со солзи го напуштија теренот. Две легенди без кои ...

Со одигрувањето на денешните натпревари познати се двојките за баражите за пополнување на последните две места од ПМФЛ за наредната сезона. Веќе е официјално, лигата ќе се намалува, Шкупи, Македонија ЃП и Работниички се селат во Втората лига, од втората во првата влегува Брегалница, а во баражот ќе играат второ и третопласираните екипи од вториот ранг на натпреварување, против осмиот и деветтиот од елитата. Или конкретно, Пелистер ќе се бори ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59