Ќе добие статуа и трибина на „Етихад“ менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, како благодарност за сите успеси кои ги направи во изминатите 10 години со клубот. Статуата ќе биде истакната пред стадионот на Сити, а северната трибина ќе биде преименувана во негова чест, соопшти англискиот клуб. Гвардиола потврди дека на крајот на сезоната го напушта Манчестер Сити после 10 години, во кои освои 20 трофеи. „Остави неизбришлива трага во ДНК на ...

Заврши ерата на австрискиот репрезентативец Давид Алаба во Реал Мадрид. После пет сезони, дефанзивецот заминува од клубот како слободен агент. „Кралевите“ преку официјална објава се заблагодарија на Алаба на досегашниот придонес, и му посакаа се најдобро во иднина. Алаба одигра 131 натпревар во текот на пет сезони, во кои освои 2 пехари во Лигата на шампионите, 2 Светски клупски првенства, 2 УЕФА Супер-Куп трофеи, две титули во Ла Лига, еден ...

Ако овој трансфер се случи, ќе биде вистинска „бомба“ во летниот преоден рок. Аргентинскиот играч од средниот ред Енцо Фернандез ќе биде нов играч на „кралевите“ за новата сезона. Тимот веќе тргнува во нова ера на чело со Жозе Мурињо на клупата. „Кралевите“ се без титула две години, и тргнаа да го градат тимот со кој ќе го преземат приматото од Барселона, која владее со Ла Лига во последните две години. Енцо бил подготвен за трансфер во ...

Францускиот фудбалер Кингсли Коман секоја сезона во својата кариера, освен една, ја заврши со шампионската титула. Титулата на фудбалерот на Ал-Наср во Саудиска Арабија, беше 13-та во четвртата земја, во 14-тата година од неговата кариера. Оваа необична серија трофеи започна со Пари Сен Жермен, каде што Коман се етаблираше, ја помина целата своја јуниорска кариера, а потоа играше за сениорите две сезони. Првите трофеи пристигнаа во 2013 и ...

Како никогаш досега во македонскиот фудбал, ФК Вардар и извршниот директор Миленко Неделковски, денеска со објавување документи, на смешен начин и по социјални мрежи, самоуверено тргнаа во директен судир со Фудбалската федерација на Македонија. Иако, се чини, притоа заборавајќи дека фудбалот не се игра само на трибини и по кафеани, туку согласно веќе поставените статутарни правила на кои и самите изминатава година во повеќе наврати толку ...

Шпанскиот фудбалер Цезар Аспиликуета објави дека ќе ја заврши кариерата во недела, кога сезоната официјално ќе заврши. Во богатата кариера, Шпанецот ја освои Лигата на шампионите, две Лиги на Европа, две Премиерлиги, еден ФА и Лига куп со Челси, како и Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА. Тој го освои францускиот Лига куп со Олимпик Maрсеј. Од 2013 до 2022 година, тој запиша 44 настапи за репрезентацијата на Шпанија и постигна ...

Арне Слот одржа прес-конференција пред последното коло од Премиерлигата во кое Ливерпул ќе го пречека Брентфорд. Една од главните теми, како што се очекуваше, беше Мохамед Салах. Уште еднаш оваа сезона, по којзнае кој пат, објавите на Мохамед Салах на социјалните мрежи беа тема на прес-конференцијата на менаџерот на Ливерпул. „Не мислам дека е воопшто важно како се чувствувам во врска со тоа. Важно е да се освои место во Лигата на шампионите ...

Првата ѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ќе игра за српската репрезентација летово . Српските кошаркари ќе играат во квалификациите за пласман на Мундобаскет. „Орлите“ ќе играат против Швајцарија на 2 јули, а потоа на 5. во Белград против Босна и Херцеговина. Како што објави „Моцарт Спорт“, Душан Алимпијевиќ потврди дека Никола Јокиќ ќе го носи дресот на Србија во овие два споменати натпревари. „Никола Јокиќ треба да биде во двата ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Норвешка, Столе Солбакен, го објави списокот на играчи за претстојното Светско првенство. Презентацијата на тимот се одржа во националната база Груе ИЛ, каде што беа присутни и членови на тренерскиот штаб, вклучувајќи го и помошникот тренер Кент Бергерсен. Солбакен истакна дека изборот бил тежок, но дека верува оти е формиран силен тим кој може да одговори на предизвиците на турнирот. Норвешка ќе се ...

Поранешниот германски репрезентативец и актуелен раководител на УЕФА за развој на елитен младински фудбал, Андреас Бек, престојуваше во посета на Фудбалската федерација на Македонија, каде заедно со стручните служби на ФФМ ги анализираше тековните проекти и идните планови во рамки на програмата за Елитен младински фудбал и академијата на ФФМ. Бек, кој во својата играчка кариера настапуваше за германската репрезентација, како и за екипите на ...

Саша Обрадовиќ веќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Црвена звезда. Клупското раководство утрово донесе експресна одлука за прекин на соработката, непосредно по болната елиминација од вечниот ривал Партизан во полуфиналето на АБА лигата. Иницијативата за смена ја покренаа навивачите, а раководството ја потврди по серијата слаби резултати. Покрај неуспехот во регионалната лига, на Обрадовиќ му се замерува и десеттото место во Евролигата, како ...

По жрепката со која се одредија четирите двојки за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига, денеска се познати и стадионите на кои ќе се одиграат овие мечеви. На 30 мај на програмата се три средби. Во Кратово ќе се соочат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, Градскиот стадион во Кочани е домаќин на дуелот Кожув Гевгелија – Борец Велес додека во Штип за место во ВМФЛ ќе се бодат Победа Валандово и Камјани од село Камењане. ...

Фенербахче и Олимпијакос ќе ги вкрстат копјата во првото полуфинале од фајналфор турнирот од Евролигата во Атина, дуел на два тима кој за нашата јавност ги поврзува едно добро познато име – Перо Антиќ. Македонската легенда освои две титули со Олимпијакос, еднаш се искачи на тронот на кошаркарска Европа со Фенербахче (под водство на Жељко Обрадовиќ), па повеќе од јасно е дека денешното полуфинале ќе биде од специјално значење за нашиот ...

Македонскиот фудбалски клуб Брегалница се наоѓа пред двоен голем чекор, официјално враќање во Првата лига и комплетна промена на сопственичката структура со влез на странски капитал. Ова денеска го потврди градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на официјалната прес-конференција организирана во просториите на клубот во пресрет на последното, клучно коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). „Веќе интензивно комуницираме со ...

Алваро Арбелоа денеска ја одржа својата последна прес-конференција како тренер на Реал Мадрид, пред натпреварот со Атлетик Билбао со кој ја завршува својата епизода на клупата на „кралевите“. Шпанскиот стратег емотивно зборуваше за своето заминување, истакнувајќи дека е горд на сработеното во клубот каде што помина голем дел од својот живот. Тој изрази благодарност до управата, играчите и навивачите за поддршката во текот на сезоната и најави ...

Поранешниот европски шампион и англиски гигант Манчестер сити ја потврди информацијата која што веќе беше позната неколку дена дека завршува ерата на Пеп Гвардиола на чело на клубот од „Етихад“. Шпанецот со емотивна порака се збогува со клубот во кој помина најмногу време во својата тренерска кариера… „Кога пристигнав, моето прво интервју беше со Ноел Галагер. Си заминав мислејќи: „Добро… Ноел е тука? Ќе биде забавно. Какво време поминавме ...

Поранешниот европски шампион и англиски гигант Манчестер сити ја потврди информацијата која што веќе беше позната неколку дена дека завршува ерата на Пеп Гвардиола на чело на клубот од „Етихад“. Шпанскиот тренер помина една деценија на клупата на англискиот гигант во која ги испиша најубавите страници од историјата на клубот. Под водство на Каталонецот, Манчестер сити шест пати беше шампион на Англија, три пати го освои ФА купот, а пет пати ...

Англискиот гигант Манчестер јунајтед денеска и официјално го потврди тоа што веќе беше познато некое време, а тоа е дека Мајкл Керик ќе го води тимот во новата сезона во Премиерлигата и во Лигата на шампионите. Керик на клупата на „црвените-ѓаволи“ дојде како наследник на Рубен Аморим во период кога тимот се наоѓаше во катастрофална форма и повторно беше во знак прашалник настапот во Лигата на шампионите. Откако е на клупата на Јунајтед, ...

Фудбалскиот клуб Вардар испрати официјален допис до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), тврдејќи дека нема правна основа за покренување дисциплинска постапка против клубот. Оваа реакција доаѓа откако куќата на фудбалот отвори истрага за неодамнешната прослава на „црвено-црните“ која предизвика бурни реакции во јавноста. Од раководството на Вардар потенцираат дека спорниот настан не се случил на официјален натпревар, туку за време на ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, го објави списокот од 26 играчи за Светското првенство во САД, Канада и Мексико и навлече голем гнев на јавноста во оваа земја. Како што беше објавено, Англија ќе оди на Светското првенство без ѕвезди како Кол Палмер, Фил Фоден и Трент Александар-Арнолд. Од тимот нема да биде и двоецот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер и Лук Шо кои имаа солидна сезона во Премиерлигата. Англија го отвора Светското првенство ...

Иако сè уште не е официјално, се поизвесно е дека Пеп Гвардиола ќе ја заврши својата ера во Манчестер Сити ова лето. Каталонскиот стручњак ќе заврши една деценија исполнета со страст, работа и успех, со верување дека неговата мисија на „Етихад“ е исполнета. А, неговото враќање на тренерскиот трансфер-пазар предизвика вистинска лавина од понуди. Иако е под договор со Сити, Каталонецот отсекогаш бил поврзуван со врвни клубови и елитни ...

Саша Обрадовиќ се наоѓа на работ на отказ од Црвена Звезда по новиот катастрофален настап на вечното дерби со Партизан, петти пораз на последните шест дуели со овој ривал и елиминација во полуфиналето на АБА-лигата. Се поочигледно е дека српскиот стратег нема контрола и авторитет над бројните ѕвезди во тимот, а потврда за тоа е и изјавата што ја даде Чима Монеке, еден од најдобрите играчи на Црвена Звезда, веднаш по вчерашниот пораз. „Немаме ...

Се е подготвено за големото шоу наречено фајналфор на Евролигата, што ќе стартува денеска и ќе трае се до недела во Атина, кое ќе даде одговор на прашањето може ли Фенербахче да остане на врвот на европската клупска кошарка. Домаќин на овој спектакл е Панатинаикос во својата „ОАКА“ Арена, но „зелените“ од Атина шокантно прокоцкаа 2-0 во четвртфиналето со Валенсија и останаа без место на фајналфор турнирор. Во таква ситуација, Олимпијакос ќе ...

Едно од најголемите имиња кои ќе го пропуштат првенството е дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Селекторот на Англија, Томас Тухел денеска официјално треба да го соопшти списокот за Светското првенство 2026, но во англиските медиуми веќе протекоа информации дека таму нема место за неколку огромни ѕвезди на тимот, како Александар-Арнолд, Палмер, Фоден…, но и Хари Мегваер. За 33-годишниот ветеран со 67 настапи, одлуката веројатно ...

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски го продолжи договорот со австралискиот премиерлигаш Перт Глори. Чолаковски ја заврши изминатата полусезона, откако во јануари се врати во Глори, со 13 настапи во кои постигна три гола и две асистенции, па сега го продолжи договорот со клубот за уште една година. Македонскиот напаѓач во дресот на Перт Глори во сезоната 2023/24, претходно, ја доби наградата за гол на ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, донесе неколку шокантни одлуки со составот за Светското првенство 2026. Иако списокот официјално ќе биде објавен денес во 11 часот, многу детали од конечниот список веќе протекоа во англиските медиуми. Јавноста е шокирана бидејќи Тухел не вклучи некои огромни ѕвезди меѓу 26-те играчи, меѓу кои се Мегваер, Фоден, Палмер… Но, денеска шокантна информација од Фабрицио Романо кој известува дека и Трент ...

Ал Наср конечно стигна до посакуваната шампионска титула, но колку што е голем придонесот на Кристијано Роналдо на теренот, подеднакво значајна е работата на Жорге Жезус како кормилар на новиот шампион на Саудиска Арабија. Токму затоа, Жезус изненади многумина што веднаш по завршувањето на последното коло и прославата на титулата објави дека заминува од Ал Наср. Интерес за овој стратег покажуваат Португалската Фудбалска Федерација (за по СП ...

Роберто Мартинез го објави списокот од 26 играчи на Португалија за Светското првенство 2026, кој го предводи Кристијано Роналдо. Селекторот на Португалија имаше „слатки маки“ при изборот на конечниот список. Сепак, едно име особено привлече внимание. Станува збор за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва, за кого сите мислеа дека ќе добие повик бидејќи игра многу добро во дресот на својот клуб, но тоа не се случи. Овој 22-годишник ...

Њујорк Никс го победија Кливленд со 109-93 во вториот натпревар од финалето на Истокот. Во првиот натпревар имаше многу драма, а Џејлен Брансон беше херој по продолжението, за да сега, во вториот натпревар, Никс лесно ги победија Кавси со двоцифрена разлика. Момците од Охајо се држеа во првото полувреме. Никс водеа со 53-49 на полувремето, а Кливленд се надеваше дека ќе можат да направат нешто и да ја свртат ситуацијата во своја корист. ...

Роберт Левандовски одлучи дека по четири сезони е време да ги спакува куферите и да ја напушти Барселона. Каталонскиот тим му понуди на Левандовски опција да остане и да го продолжи договорот за уште една сезона, но кога сфати дека ќе биде резервен играч, ја одби понудата. Левандовски не сака да биде резерва на крајот од кариерата и неговата цел е да оди во клуб каде што ќе има шанса да игра во почетниот состав бидејќи верува дека сè уште ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39