Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Тотенхем е големиот победник во последното коло од Премиер-лигата откако „спарси“ славеа на домашен терен над Евертон со 1-0 за опстанок во елитното друштво. На Тотенхем му беше доволен само еден бод, но стигна до цел плен благодарение на погодокот на Палиња во самиот финиш од првото полувреме. Резултатот на овој меч значеше и сигурно испаѓање на Вест Хем, па „чеканите“ без оглед на денешниот триумф над Лидс од 3-0 ќе се преселат во ...
Охрид е чекор поблиску до кревање на европско трофеј откако македонскиот претставник славеше со 28-29 на првиот дуел од финалето на ЕХФ Европскиот куп во кој за противник ја имаше Татабања. Унгарците беа фаворити само на хартија, Охрид им одржа лекција по модерен ракомет, па нашиот тим може да жали само што нема уште поубедлива предност ако се знае дека охриѓани во неколку наврати имаа „плус шест“ во ова финале. Татабања се врати, за момент и ...
Пелистер и Брера забележаа победи на домашен терен во последното коло од ПМФЛ, во пресметки што немаа преголемо значење на конечниот изглед на прволигашката табела. „Пелистерци“ за противник го имаа Башкими, тим што го совладаа со минимални 1-0 со голот што во 24. минута го постигна Србијанац. Брера за противник го имаше веќе испаднатиот Шкупи, дуел што струмичани го добија очекувано лесно и убедливо со 6-0. Крадењето авторски текстови е ...
Екипата на Бадел 1862 е нов државен првак во М12 лигата во женска конкуренција откако во големото финале го совлада домаќинот Вардар со 40-44. „Баделки“ почнаа одлично добивајќи ја првата чеетвртина со 9-22, но Вардар возврати во вториот период што црвено-црните го добија во своја полза со 14-2. Финишот беше израмнет, но Бадел со поените на Серафимовска и Трајковска се одлепи по 40-40, поведе со 40-44 и на крајот се закити со трофејот. ...
Бруно Фернандеш ја круниса сезоната во Премиер-лигата со неверојатно остварување, станувајќи најдобар асистент во една натпреварувачка сезона во елитното англиско фудбалско друштво. Досегашниот рекорд беше сопственост на Кевин де Бруине и на Тиери Анри, Бруно се израмни со по 20 асистенции во пресрет на денешното последно коло, за попладнево во Брајтон да стане апсолутен рекордер во оваа категорија. Капитенот на Јунајтед мајсторски изведе ...
Црвена Звезда попладнево го официјализираше она што веќе беше најавено, Саша Обрадовиќ со отказ го плати катастрофалното издание и елиминацијата со 0-2 од Партизан во полуфиналето од АБА-лигата. „Црвено-белите“ се видно незадоволни од резултатите на скапо платениот тим, а вообичаено цената ја плати тренерот, кој дојде на местото на Сферопулос, но не успеа да ја доврши сезоната на чело на белградскиот тим. Од Црвена Звезда решија сезонава да ...
Марк–Андре Тер Штеген одигра само неколку натпревари во сезоната 2025/26 но стигна до неверојатна коинциденција, во иста сезона се закити со шампионски трофеј и испадна од елитното друштво. Германскиот ветеран ја почна сезоната како член на Барселона, не доби шанса на голот на каталонскиот гигант, па во јануари реши да замине на позајмица во Џирона. Веднаш следеше нова повреда и пауза, 34-годишниот Германец успеа да одигра неколку средби за ...
Олимпијакос и Реал Мадрид вечерва ќе излезат на мегдан во „ОАКА“ Арена во Атина, да дадат одговор на прашањето кој од овие два европски гиганти ќе го наследи Фенербахче на тронот на европската кошарка. Неочекувано, двете екипи славеа лесно и убедливо во полуфиналето, Олимпијакос против бранителот на трофејот Фенер, додека Реал излезе како победник од шпанската битка со Валенсија. Олимпијакос како домаќин во својата град секако ќе ја има ...
На општо задоволство на бразилската нација, Нејмар доби покана од Карло Анчелоти за настап на Светското првенство 2026. Ѕвездата на Сантос моментално има проблеми со повреди. Тој ќе ги пропушти подготвителните натпревари на „кариоките“, што сигурно не му се допаѓа на Дон Карло, кој буквално се согласи да го покани овој фудбалер под голем притисок од јавноста и од првиот човек на федерацијата. Сепак, ништо не може да промени една од неговите ...
Ракометарите на Охрид денеска (17 часот) на гостувањето против Татабања во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп го стартуваат својот историски поход по првиот трофеј во клупската историја! Огромен е мотивот меѓу избраниците на Ројевиќ да дојдат до позитивен резултат со кој ќе си го олеснат патот до титулата пред реваншот во Охрид за седум дена. А, на тој пат до посакуваниот трофеј охриѓани ќе имаат и голема поддршка од своите ...
Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ синоќа до својот прв шампионски трофеј во кариерата, како што вели, всушност до остварување на детскиот сон со кој живее од првите свои денови на најраната младост кога почна во школата на најтрофејниот македонски клуб. По освојувањето на трофејот во Купот на Македонија минатата година, 23-годишниот Омерагиќ вчера подигнувајќи го и најпосакуваниот домашен трофеј, на најдобар можен начин ја заокружи одличната ...
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, објави реномираниот француски спортски весник „Л’Екип“. На 28 април, 27-годишниот Хакими го повреди бутниот мускул на десната нога на првиот натпревар од полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн и оттогаш не тренираше. Според „Л’Екип“, Мароканецот нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, но ќе се опорави на ...
Кратовски Силекс официјално објави дека е продолжен договорот за соработка со актуелниот шеф на стручниот штаб Александар Васоски. Васоски ќе го води тимот и во европските настапи во Конференциската лига на УЕФА, откако Силекс го освои Купот на Македонија оваа сезона. „ФК Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи нашиот тим.По ...
Лука Модриќ е подготвен да остане во Милан следната сезона, но продолжувањето на соработката зависи од исполнување на два услови. Договорот на хрватскиот гигант истекува на 30 јуни, а постои опција да се продолжи до 2027 година. Освојувачот на „Златната топка“ за 2018 година е отворен за продолжување на кариерата во Италија по одличната сезона. Модриќ го импресионираше тренерот Масимилијано Алегри со својата професионалност и прилагодување ...
Во натпреварот од последното коло за оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Пелистер во Битола ќе се соочи со Башкими. Битолчани ќе ја бараат првата победа против овој противник, откако ги загубија двата претходни дуели сезонава. Во таборот на Пелистер се цврсто решени за атак на трите бода, но дефанзивецот на гостите, Борјан Пановски, смета дека овој меч нема резултатски императив и дека шансата која ќе ја добијат ...
Грчкиот фудбал е потресен од драматичната вест за тешката сообраќајна несреќа во која настрада поранешниот репрезентативец, Мариос Иконому. Поранешниот дефанзивец на АЕК и бројни европски клубови е во критична состојба по вчерашниот судир кој се случил во Јанина, а според информациите од Грција, тој претрпел многу сериозни повреди на главата. Според првите информации, мотоциклот што го управувал 34-годишниот Иконому се судрил со автомобил, по ...
АП Брера ќе игра бараж за опстанок во елитата, но за да ја заокружи сезоната со позитивен резултат, посакува триумф на денешниот меч (16:30 ч.) против Шкупи. Трите бода се императив за струмичкиот состав на мечот кој го играат на домашен терен. „Треба да ја заокружиме сезоната на најдобар начин и да се подготвиме за бараж-натпреварот што не очекува за опстанок во елитата“, порачуваат од Брера. АП Брера оствари две победи оваа сезона против ...
Ракометарите на Охрид денеска (17 часот) на гостувањето против Татабања во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп го стартуваат својот историски поход по првиот трофеј во клупската историја! Огромен е мотивот меѓу избраниците на Ројевиќ да дојдат до позитивен резултат со кој ќе си го олеснат патот до титулата пред реваншот во Охрид за седум дена. „Не очекува тежок натпревар во недела, влогот е голем, титула во Европа. Според мене ...
Легендарниот капитен на Реал Мадрид, Дани Карвахал, синќоќа го одигра својот последен натпревар за „кралскиот клуб“ во победата од 4-2 против Атлетик Билбао во последното сезонско коло во Ла Лига. Преполниот „Сантијаго Бернабеу“ со долги овации под силни емоции се збогуваше со Карвахал кој не можеше да ги сокрие солзите пред навивачите. „Цел ден сум растревожен, уште уште кога го видов тренинг-центарот почнав да плачам. А кога го доживувам ...
Џенаро Гатузо би можел да го преземе Лацио по неуспешниот мандат како селектор на Италија. Како што објави Алфредо Педула, поранешниот играч од средниот ред на Милан е во потесниот круг на кандидати за наследник на Маурицио Сари. Пред тоа, Гатузо имаше понуди од турскиот Амедспор, кои дури и не ги разгледа, како и од Торино, каде финансиската пречка се покажа како непремостлива. Покрај Гатузо, на списокот на Лацио се наоѓаат и Рафаеле ...
Вардар вчера ја прослави својата 13-та титула во својата историја, 12-та во независна Македонија, како заокружување на сезоната со, и тоа како, турбулентни случувања надвор од теренот кои некако повеќе, отколку од оној фудбалскиот аспект, го окупираа домашниот клупски фудбал. И во моменти, повторно на тотална еуфорија, клубот, како по обичај секогаш кога е во прашање болната историја на Вардар во независна Македонија, некако ги остава по ...
Килијан Мбапе е член на Реал Мадрид две години и сè уште е без трофеј. Французинот дојде како големо засилување, требаше да биде лидер на тимот, но на секој чекор добива критики од незадоволните навивачи на кралскиот клуб. Има многу такви на кои не би им пречело Мбапе да го напушти клубот. Дури и започнаа петиција за тоа, но реално кажано, малку е веројатно дека Килијан ќе го напушти Бернабеу во наредниот период. Сепак, од Англија доаѓаат ...
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Марио Хезоња, го најави вечерашното финале на Евролигата против Олимпијакос од Пиреја. Марио Хезоња истакна дека Реал Мадрид ќе остане обединет и покрај проблемите со скратениот состав пред финалето на Евролигата, а се осврна и на приказните дали тој моментално е најдобриот играч во Европа. Реал Мадрид влегува во финалето во ситуација што донекаде потсетува на 2023 година во Каунас, кога тимот беше без неколку ...
Енрике Рикелме ја објави својата кандидатура за претседател на Реал Мадрид. Сепак, покрај Флорентино Перез, ќе биде многу тешко да се победи и се очекува долгогодишниот прв човек на клубот да остане на чело на кралскиот клуб. Навивачите на Реал во огромно мнозинство го поддржуваат Перез. Многу помладиот Рикелме не е популарен меѓу нив, па тие се бесни поради пропагандата што го турка овој човек во преден план во медиумите. На натпреварот ...
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е човекот кој тотално ја промени сезоната на Валенсија. Повредата на голманот Жулен, кој бранеше во есенскиот дел, му отвори врата на голот само да го потврди тоа што многумина го знаеја – дека Димитриевски е далеку поквалитетен голман. Па, со извонредните настапи буквално на секој натпревар оваа пролет, Димитриевски ја донесе Валенсија и до европски излез, иако во тоа за малку не успеа. ...
Сррпскиот кошаркар Бобан Марјановиќ се впушти во физичка пресметка со навивачите на Крка во поразот на неговиот тим. КК Илирија загуби со 97-74 и го заврши учеството во полуфиналето од словенечкиот плеј-оф со 2-1 во серијата. Шест минути пред крајот на натпреварот, кога Крка водеше со 83-63, Марјановиќ направи прекршок врз Блажо Маховиќ, за што мораше порано да оди во соблекувалната. На пат кон соблекувалната, српскиот центар, кој сè уште ...
Кошаркарите на Њујорк го победија Кливленд со 121-108 и поведоа со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Сега се само на една победа од нивното прво учество во финалето на НБА од 1999 година. Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис додаде 22. Заедно со Брансон и Бриџис, значаен придонес дадоа О-Џеј Ануноби со 21 поен, Ландри Шемет со 14 и Карл Ентони Таунс со 13 поени. Никсите го завршија натпреварот со одличен ...
Нов хаос пред стартот на СП 2026, само што се смири ситуацијата околу Иран. Сега, на репрезентацијата на Конго, им е забранет влез во САД во период од 21 ден, со наредба да бидат во изолација поради епидемијата на ебола во нивната земја. Конго се подготвува за својот втор настап на Светското првенство и прв од 1974 година. Нивните подготовки воопшто не беа едноставни, бидејќи земјата е погодена од нова епидемија на ебола во форма на сојот ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред можен трансфер во еден од најдобрите француски клубови Олимпик Марсеј! Француските медуми вечерва пренесоа бомбастична вест дека Олимпик Марсеј е повеќе од сериозно заинтересиран за услугите на Димитриевски, на кого договорот со Валенсија му истекува ова лето. Французите се подготвени да издвојат сериозни средства за привлекување на македонскиот голман, кого го гледаат како замена ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитривски и Валенсија со голема победа ја завршија сезоната во Ла Лига, триумфирајќи против шампионот Барселона со 2-1. Во уште еден одличен меч за Димитриевски, кој повторно беше еден од најзаслужните во неговиот тим за победата, Барселона прва поведа со голот на Левандовски во 61. минута. Но, Гуера во 66. минута и Риоха во 71.минута донесоа целосен пресврт. Конечните 3-1 ги постави Родригез во ...