Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Сезоната во Примера се уште не е завршена, а раководството на Атлетико обезбеди исклучително важен трансфер за летниот преоден рок. Весникот „Марка“ прв ја објави информацијата, Бернардо Силва ќе биде новата трансфер-бомба на Атлетико откако мадридскиот клуб ги договори условите за ангажман на одличниот португалски плејмејкер. Овој 31-годишен ас (ќе полни 32 години во август) станува слободен играч по истекот на договорот со Манчестер Сити, ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа и до втората победа за 2-0 во финалната серија против Маџари во битката за титулата во македонскиот шампионат, низ крајно драматичен меч во кој на крајот и со помош на судиите, по исклучувањата на двајцата гостински тренери, дојдоа до тримфот против одличниот Маџари. „Металците“, овој пат низ далеку подраматична завршница дојдоа до триумфот од 81-76, низ крај кој дефинитивно не е за гордеење на домашните. На ...
Центарот на Бостон селтикс, Лука Гарза, ќе му биде на располагање на селекторот на Босна и Херцеговина за натпреварите против Турција и Србија. Селекторот Дарио Ѓерѓа ја потврди веста, додека Гарза не го криеше своето задоволство. „По разговорот со тренерот, можам да кажам дека ми е чест што имам можност да ја претставувам Босна и Херцеговина ова лето. Ова значи многу за мене и моето семејство. Едвај чекам да бидам таму со другите момци и да ...
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија беше разгледана и состојбата со финансиските обврски на клубовите од Втората македонска фудбалска лига кон ФФМ. И покрај поддршката од страна на Федерацијата и пренамената на дел од средствата од УЕФА за намалување на долговите преку компензации, дел од клубовите и понатаму се соочуваат со значителни финансиски обврски. Заклучно со 18 мај 2026 година, вкупниот долг ...
Кошаркарите на ТФТ Скопје се изборија за мајсторка во битката за третото место во Првата македонска кошаркарска лига за сезоната 2025/26, откако во разигрувањето за бронзата во шампионатот денеска во Битола успеаја да му се реваншираат на Пелистер за поразот во првиот меч победувајќи по продолжение со 112-116. На стартот од мечот Пелистер се одлепи резултатски, поведувајќи со 13-8, а потоа и со 15-10 со поените на Вилсон. Џенкинс и Малешевиќ ...
Управниот одбор на ФФМ ја потврди распределбата на финансиски средства од УЕФА кон домашните клубови од Прва, Втора, Женска МФЛ и Прва футсал лига. Имајќи ја предвид важноста на овие средства за развојот на клупскиот фудбал, како и обврската за транспарентно и отчетно управување со истите, вкупниот износ на средства што ФФМ ги има префрлено кон клубовите во сезоната 2025/26 изнесува 9.414.689 евра. Средствата се распределени согласно ...
УЕФА денеска и официјално потврди дека ќе има измени во форматот на Лигата на нации и квалификациите за пласман на европското првенство од сезоната 2028/2029. Во иднина, според новите измени, Лигата на нациите ќе се игра, место досегашните четири дивизии, во три дивизии поделени со по 18 репрезентации. Притоа, секоја дивизија ќе има по три групи со по шест репрезентации, и ќе се играат по пет натпревари. Со тоа што единствено Дивизијата Ц ќе ...
Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин го објави списокот од 26 играчи за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули. Швајцарците ќе ги предводи капитенот Гранит Џака кој досега има 144 настапи и 16 голови за Швајцарија, а ова ќе биде седмо големо натпреварување по ред за нив, а четврто светско првенство. Но, на списокот го нема Џердан Шаќири, една од најголемите легенди на швајцарскиот фудбал, ...
Силекс и Шкендија вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје ги очекува финалето од Купот на Македонија во битката за 33-от трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување. И за двете екипи ова ќе биде шести настап во решавачкиот натпревар за трофејот во Купот. Силекс последен пат во финалето играше во 2022 година кога беше поразен од Македонија ЃП и тоа по подобро изведување на пенали, а само една година претходно го ...
УЕФА одлучи да го казни Петр Влаховски со доживотна суспензија од фудбалот, затоа што тајно ги снимал своите фудбалерки. Чешките медиуми тврдат дека во мај 2025 година на Влаховски првично му била изречена условна казна од една година затвор и петгодишна забрана за тренирање екипи. Сето ова затоа што тајно ги снимал фудбалерките на ФК Словачко во соблекувалните, од кои најмладата имала 17 години. Според обвинението на кое се повикуваат ...
Македонија вечерва ќе го добие по 33-ти пат победникот на Купот на Македонија кој се игра за трофејот на Фудбалската федерација на Македонија. Силекс и Шкендија на арената „Тодор Проески“ во обид да дојдат до својот четврти за Силекс, односно трети за Шкендија трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување. А, најтрофеен клуб досега во историјата во Купот на Македонија, како и досега, е Вардар со шест титули, последната освоена ...
Селекторот на Турција, Винченцо Монтела го објави репрезентативниот список за престојното Светското првенство 2026, но и за тест дуелот со Македонија кој ќе се игра на 1 јуни во Истанбул. Монтела објави список со 35 фудбалери, кој до стартот на Мундијалот 2026 ќе мора да се скрати на 26. Турците ќе бидат предводени од младите ѕвезди Арда Ѓулер од Реал Мадрид и Кенан Јилдиз од Јувентус, но и искусниот Хакан Чалханоглу кој сигурно се очекува да ...
Финалето од Купот на Македонија вечерва на арената „Тодор Проески“ против Силекс ќе биде последен за Јетон Беќири на клупата на тетовска Шкендија, дознава ЕКИПА. Без разлика на исходот од вечерашната пресметка во финалето од Купот, сосема е јасно дека Шкендија ќе се раздели со Јетон Беќири, по една од најуспешните сезони на тимот со настапот во групната фаза во Европа, и пласманот во 1/16-финале од Конфернциската лига на УЕФА. Но, од Шкендија ...
Со исфрлувањето на Саутемптон од плејофот поради скандалот со шпионирање, Пандорината кутија е отворена. А кога ќе се отвори, тоа повлекува бројни последици. Иако го победи Мидлсбро во два натпревари на теренот и освои место во финалето на плејофот за влез во Премиерлигата, Саутемптон беше исфрлен поради аферата со шпионирање. Наместо тоа, местото во финалето му припадна на Мидлсбро, кој треба да се соочи со Хал во сабота на Вембли. ...
Португалецот од редовите на Силекс, Мигуел Пиреш, треба да биде првото засилување за Вардар за новата сезона. Според информациите од Кратово, Пиреш веќе се договорил за преселба во редовите на новиот македонски шампион, и покрај тоа што за неговите услуги имало интерес уште од неколку екипи од Македонија, но и од соседството. Пиреш беше еден од најдобрите фудбалери на Силекс изминатава сезона. 29-годишниот напаѓач постигна 11 гола, а имаше и ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа улогата на фаворит, и го освоија првиот поен во финалната серија на плеј-офот против екипата на Маџари. Во првите 40 минути од финалето, „металците“ користејќи го своето искуство успеаја да дојдат до првата победа пред екипата на Маџари која во добар дел од мечот и тоа како успешно парираше на фаворитот во неговата сала, покажувајќи дека нема така лесно да се предадат во битката за титула и покрај ...
Судбината на Ергин Атаман во Панатинаикос наскоро треба да биде позната, а тоа е отказ за трофејниот турски тренер. Денешниот тренинг на клубот е откажан, поради тоа што турскиот стручњак ќе одржи состанок со Димитрис Јанакопулос. Медиумите таму нашироко пишуваат дека часовите на Атаман на клупата на атинските зелени се одбројани, па само прашање на време е кога и официјално ќе биде објавено дека тој повеќе не е тренер на клубот. ПАО не успеа ...
Интер се ближи кон крајот на многу успешна сезона, кога станува збор за домашниот фронт, што беше доволно за раководството на клубот да му понуди нов договор на тренерот Кристијан Киву. Романецот го презеде тимот на крајот од минатата сезона, по заминувањето на Симоне Инзаги. И веднаш во првата сезона, тој ја освои двојната круна, Скудетото и купот, што беше прв пат „нероаѕурите“ да успеат да ги освојат двата домашни трофеи од познатата ...
Денеска во Подгорица беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката определба кон зајакнување на квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и унапредување на севкупниот ракометен амбиент во регионот. Регионалната ...
Далас Маверикс го објавија меѓусебното раскинување на договорот со главниот тренер Џејсон Кид, со што заврши неговиот петгодишен мандат на клупата на Далас. Кид двапати постигна 50 или повеќе победи со тимот и ја освои титулата во Западната конференција во сезоната 2023/24. Тој тим на крајот загуби од Бостон Селтикс во пет натпревари во финалето на НБА. Сепак, тој имаше и три негативни сезони, вклучувајќи ја и минатата година со сооднос ...
Кошаркарот на Панатинаикос, Ти Џеј Шортс, е пред трансфер во Хапоел Тел Авив. Израел Хајом тврди дека Хапоел сака да го доведе Шортс бидејќи верува дека плејмејкерот на Валенсија, Џан Монтеро, нема да му биде достапен. Репрезентативецот на Доминиканската Република е член на идеалната петорка на Евролигата, како и МВП на четвртфиналето од плејофот. 22-годишникот веќе ја изрази својата желба да оди во НБА. Медиумите шпекулираа дека би можел да ...
Партизан стана хит на европскиот ракометен пазар оваа пролет, а доаѓањето на шпанскиот тренер Раул Гонзалез на клупата јасно покажа дека црно-белите планираат да играат во Лигата на шампионите од септември. Тимот е речиси комплетиран со осум нови играчи, меѓу кои и четворица странци: австрискиот пивотмен Тобијас Вагнер, белорускиот лев бек Владислав Кулеш, израелскиот централен бек Јоав Лумбросо и шпанскот лево крило Мигел Санчез Мигалон. ...
Манчестер сити ја изгуби секоја шанса да му се закани на Арсенал за титулата во Премиерлигата со ремито кај Борнмут. Тренерот на тимот од „Етихад“, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата, сепак, посвети добар дел на веста дека го напушта тимот на крајот од сезоната. Дефинитивно, во предиграта на судирот помеѓу Борнмут и Манчестер Сити, најавата на англиските медиуми дека Пеп Гвардиола го напушта тимот со кој освои 20 трофеи беше пожешка тема ...
Новиот шампион на Македонија, Вардар полека го составува костурот на тимот за следната сезона, откако денеска официјално беше потпишана нова соработка со четворица стандардни фудбалери. Верноста кон „црвено-црните“ за уште една година ја продолжија голманот Методија Велковски, дефанзивецот Ненад Мишковски, како и играчите од средниот ред Филип Дурански и Горан Закариќ. Во следниот период Вардар ќе донесе и две странски засилувања како што ...
По години пропуштени можности, Арсенал конечно ја помина целната линија и ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2025-26. Ремито 1-1 на Манчестер Сити на гостински терен против Борнмут во вторник вечерта значи дека Лондончани сега имаат недостижна предност на врвот на табелата, уште еден натпревар до крајот. Ова е нивната 14-та титула во првата лига, четврта во Премиер лигата и прва од познатата кампања „Непобедливи“ од 2003-04. ...
Ракометниот клуб Кувајт го засили својот состав со капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски, пред почетокот на Азиското клупско првенство. Со тоа Кузмановски стана четвртиот странец професионалец во овој клуб, и ќе игра на турнирот кој ќе се одржи од 6 до 15 јуни. Покрај Кузмановски, Кувајт се засили и со Владан Липовина од Црна Гора, како и со португалскиот репрезентативец Виктор Итуриза. Целта е да се освои овој турнир. ...
Трофејот во Купот вечерва го чека победникот во големото финале, во кое се среќаваат Силекс и Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20:00 часот. Силекс јуриша кон четвртиот трофеј во историјата, го игра шестото финале, додека, пак, за Шкендија исто е шесто финале, а досега имаат два трофеи во ова натпреварување. За кратовскиот тим овој меч е финале на Купот, но и финале за излез на меѓународна сцена, односно во Лигата ...
Ќе го освежува тимот шампионот на Италија Интер во обидот следната сезона да се престави во што подобро светло, особено во Лигата на шампионите. Затоа во таборот на „нераѕурите“ подготвуваат измени во играчкиот кадар. Според информациите, тимот од Милано планира прво да почне од обраната. Роналд Араухо од Барселона и Лука Вушковиќ од Хамбургер се меѓу желбите на првакот аз засилувања. Исто така во комбинација се и Тарик Мухаремовиќ од Сасуоло ...
Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во која повод беше непримерната ...
Сонот на секој фудбалер кој настапува за својот национален тим е да игра на Светско првенство. Понекогаш тој сон може да биде срушен и тоа не поради она што се покажува на теренот, туку надвор од него, односно поради карактерот и односот. Таков е случајот со младиот играч на Барселона, Рони Бардагџи. Тој нема да игра на Мундијалот за својата Шведска поради тоа што имал – проблематичен карактер. Шокантната одлука шведскиот селектор Грем Потер ...