Нова прволигашка сезона екипата на Пелистер од Битола ќе бара преку бараж. Ова стана јасно откако битолскиот тим не успеа да триумфира на гостувањето во Кавадарци, играјќи само 2-2. Тиквеш водеше 2-0 и се чинеше дека ќе му нанесе пораз на битолскиот тим, но благодарение на Ивановски, Пелистер успеа да остане непоразен од овој натпревар. Ацковски во 29. минута донесе предност за Тиквеш, а потоа Сила од пенал во 38. минута за 2-0. Ивановски ...

Само една непозната имаше пред одигрување на последното коло во германската Бундеслига, односно кој е вториот тим кој ќе испадне директно, а кој ќе игра во баражот. Така во меѓусебна пресметка играа Сент Паули и Волфсбург. На Сент Паули му требаше само победа, додека на Волфсбург му одговораше и бод за да дојде до бараж местото, а на крајот во голема драма, Волфсбург се избори за дополнителни два натпревари за останување во „елитата“. Така ...

Дојава за бомба можеше лесно да го одложи најголемото дерби во Бугарија помеѓу Левски и ЦСКА Софија. Пресметката меѓу лутите ривали беше под голем знак прашалник откако само неколку часа пред почетокот на натпреварот полицијата добила дојава за поставена бомба на стадионот „Георги Аспарухов“. Според бугарските медиуми, пријавата е прмена непосредно пред да бидат отворени вратите за да може навивачите да влезат на стадионот. Експлозивната ...

Турскиот центар Омер Јуртсевен и официјално ќе игра за Реал Мадрид до крајот на сезоната. Тој е слободен агент откако заврши сезоната во НБА со Голден Стејт, и ќе му помогне на тимот да дојде до титулата во шпанското првенство. Тој ќе игра само во домашниот шампионат, додека ќе нема право за настап во Евролигата. Доаѓањето на Јуртсевен беше врвен приоритет за тимот на Серхио Скариоло. Повредите на Таварес и Лен сериозно го ослабнаа нивниот ...

Италијанскиот крилен напаѓач Стефан Ел Шарави (33) објави дека ќе ја напушти Рома на крајот од тековната сезона, каде што ги помина сите 10 години во два мандата. Тој пристигна во Рома во 2016 година од Милан, а неговиот мандат заврши помеѓу 2019 и 2021 година, кога беше на позајмица во Шангај, Кина. Поранешниот италијански репрезентативец, кој го одби Египет за да игра за „Аѕурите“, испрати емотивна порака со која им се збогува на навивачите ...

Шампионската бајка на Хартс се претвори во кошмар откако Селтик стана нов првак на Шкотска со гол во последните мигови од мечот. Во директната пресметка, Селтик триумфираше со 3-1, и така стигна на крајот до првото место. А, се добро почна за Хартс. Предност во 43. минута од средбата со голот на Шанкланд, но и вднаш израмнување преку Енџелс од страна на Селтик. Во вториот дел „зелено-белите“ долго го бараа патот до голот. Се случи во 88. ...

Се подготвува голем ремонт во редовите на Јувентус, а тимот ќе се засилува на сите позиции ова лето. Од голманската до напаѓачката, тимот од Торино ќе добие сосема нов лик, со цел да се врати на шампионските патеки. Ако трансферот на голманот Алисон е пред реализација, сега Јувентус сака да ја засили одбраната со еден од најдобрите дефанзивци во Серија „А“ и член на Аталанта, Џорџо Скалвини. Јуве во Скалвини гледа како идеален стопер со кој ...

Се молат од Реал Мадрид сезоната да заврши што побрзо. Изгубена титула, елиминација од ЛШ, тензии меѓу играчите, „крт“… Остануваат уште два меча до крајот на сезоната, кои ќе бидат последни за Алваро Арбелоа на клупата, по што ќе има нов тренер, најверојатно Жозе Мурињо. Пред мечот со Севиља тренерот го коментираше скандалот со Килијан Мбапе на мечот против Овиедо, како и за гласините за доаѓањето на „Специјалниот“ на „Бернабе“. „Му реков да ...

Заминува Леон Горецка од Баерн, заминува и Рафаел Гереро, но Баерн Минхен доби одлично засилување за следната сезона. „Баварците“ постигнале договор со играчот на Њукасл, Ентони Гордон, кој се согласил да се пресели во германскиот првак. После болната елиминација од ПСЖ во полуфиналето на ЛШ, Баерн сака да го засили својот ростер. Крилниот напаѓач го дал своето конечно „да“ на раководството на германскиот клуб, и ќе почне нова авантура на ...

Сезона за заборав има екипата на Ливерпул во Премиерлигата. Актуелниот првак никогаш не одиграл вака мизерно, особено во одбраната. Синоќа избраниците на Арне Слот примија четири голови од Астон Вила, а влегоа во серија од три меча без победа, и сега им виси настапот во Лигата на шампионите, доколку Борнмут успее да го изненади Манчестер Сити, и може да му се доближи пред последното коло во англиската „елита“. Дека одбраната на Ливерпул оваа ...

Готово е! Роберт Левандовски ја напушта Барселона на крајот на сезоната. Ова го објави самиот фудбалер на социјалните мрежи. Полјакот пред четири години стана дел од Барселона откако дојде од Баерн Минхен, и беше заслужен за освоените титули на клубот. Левандовски објави проштална објава на социјалните мрежи, но не прецизираше кој ќе биде неговиот клуб. „По четири години, полни со предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. ...

Убедлив триумф остварија кошаркарите на Пелистер во првиот плеј-оф натпревар во битка за третото место на гостувањето кај ТФТ. Битолскиот тим на крај славеше победа од 109-87, и така дојде на дофат до третата позиција во македонското кошаркарско првенство. Битолчани уште по првата четвртина направија солидна предност од 10 разлика (20-30). ТФТ успеа во вториот период да се соземе, да дојде и до негатива од еден поен, но повторно Пелистер ...

Со свој став се огласи и Фудбалската федерација на Македонија, која исто така искажа осуда за скандалозните скандирања за време на прославата на титулата на ФК Вардар по триумфот во Струга. Оваа недолична прослава наиде на осуда и од страна на министерството за спорт. Од ФФМ најавија дека ќе отворат постапка против клубот, кој може да се соочи и со казна поради навредливото пеење. Од Федерацијата истакнуваат дека е неприфатлива потребата да ...

Една од најголемите вести во сезоната беше збогувањето на Мохамед Салах од Ливерпул. Египќанецот потврди дека ќе ги напушти „црвените“ по девет сезони, безброј рекорди и бројни освоени титули. Тој ќе замине како слободен агент, бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2026 година, но сè уште не е јасно во која насока ќе се движи. Сега има изненадувачка понуда. Турскиот гигант Фенербахче е подготвен да му понуди тригодишен договор со ...

За срамната прослава на фудбалерите на Вардар каде што се скандираа женски имиња и навреди, стигна осуда и од министерството за спорт. ЕКИПА вчера пишуваше за прославата на „црвено-црните“ по победата во Струга, кога ја славеа титулата, и пееја против трета страна, која не беше засегната во случајот. Интересно е што видеото поставено од извршниот директор Миленко Неделковски мистериозно „исчезна“ од неговиот профил на социјалните мрежи. Од ...

Селекторот на Тунис, Сабри Ламуши, привлече големо внимание во јавноста откако откри необични детали во врска со составот на репрезентацијата пред Светското првенство. Во центарот на вниманието беше талентираниот фудбалер, Луи Бен Фархат. Според селекторот, овој играч бил сериозен кандидат за конечниот список на патници за Мундијалот. Меѓутоа целата ситуација ескалирала и добила неочекуван пресврт, откако селекторот имал сериозн разговор со ...

Директен опстанок посакува тимот на Башкими, и го има во раце само доколку го победи на свој терен тимот на Македонија ЃП, кој веќе е второлигаш. „Лавовите“ немаат веќе ниту теоретски шанси да се спасат од испаѓање, но затоа овој меч кој се игра во Гостивар многу ќе му значи на тимот на Башкими, кој во моментов има четири бода предност пред АП Брера, кој е пред играње на бараж. Башкими очекува победа иако игра на неутрален терен, и со тоа и ...

Со вчерашната победа на гостувањето против Струга ТЛ, Вардар повторно ја врати шампионската титула во своите витрини, како заокружување на успешната сезона. Па, од раководството на „црвено-црните“ денеска и информацијата за освоениот нов шампионски трофеј, „вардарци“ ќе поделат премија од 250.000 евра. Најава од вардаровиот табор и дека по последниот овосезонски натпревар против Шкендија, на кој ќе се прославува титулата, ќе има и ...

Хаосот кој владее во Реал Мадрид на крајот би можел да биде решен со бомбастичен излезен трансфер. Францускиот „Л’Екип“ тврди дека еден од Килијан Мбапе и Винисисус Жуниор мора да замине. „Одредени лидери на Реал Мадрид вршат притисок за заминување на Килијан Мбапе или Винисиус Жуниор ова лето. Тие се убедени дека не можат да соработуваат. Во моментов, заминувањето на Мбапе изгледа нереално“, според „Л’Екип“. Ова значи дека најверојатно Вини ...

Осум години подоцна, почнува нова ера во Ливерпул. Заминува Салах, си оди и Робертсон, можеби Алисон, а сега најверојатно ги пакува куферите и Вирџил ван Дајк. Холандскиот стопер веројатно ќе има нов клуб на лето, и ќе се пресели во Истанбул, со оглед дека веќе му кажал „да“ на тимот на Галатасарај. Ван Дајк со години е еден од најдобрите играчи на Ливерпул, заслужен за два трофеи во Премиерлигата, за освоената Лига на шампиони, но сега дојде ...

Ракометна фешта ќе има утре во Скопје. Сите патишта водат кон салата „Борис Трајковски“, каде Македонија ќе слави пласман на ново Светско првенство. Избраниците на Кирил Лазаров го играат реваншот против Словачка, и се чини ќе немаат проблеми да го минат баражот, со оглед дека носат седум голови позитива од првиот меч во Прешов. Шоуто ќе трае речиси цел ден. Фештата започнува од 14:00 часот пред салата Борис Трајковски. Ќе има забава, игри, ...

Во свој стил Ергин Атаман одговори на прозивките на сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанају. Контроверзниот газда од Израел на социјалните мрежи објави дека Атаман нема авторитет во соблекувалната на Панатинаикос. Турчинот не остана должен, па го нападна Јанају. „Нема ништо да освојат. Јас имам три трофеи во Евролигата во последните пет години. Молчи и гледај си го својот тим“, рече Атаман и додаде: „Почитувам многу луѓе, новинари, ...

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Челси. Договорот ќе биде комплетиран после викендов, откако „сините“ ќе го одиграат финалето во ФА Купот против Манчестер Сити, но англиските медиуми објавуваат дека веќе „паднал договор“. Шпанецот има усмен договор со раководството на тимот а веќе е на пат кон Лондон, каде се очекува во следните денови да го комплетира својот трансфер во тимот на Челси, кој оваа сезона смени дури тројца тренери, а тимот ...

Барселона ја финализира подготовката на тужба против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а можеби и против други лица од кралскиот клуб, објави шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Причината за ова се сериозните обвинувања што ги изнесе првиот човек на Реал Мадрид на прес-конференцијата минатиот вторник, во врска со исплатите што Барселона ги направила на Енрике Негреира, поранешниот потпретседател на Комисијата за судии. Перез ...

Шкотската полиција уапси 19-годишен маж за прекршување на Законот за заштита на податоци откако личните податоци на фудбалскиот судија Џон Битон беа објавени на интернет. Битон и неговото семејство беа ставени под полициска заштита откако неговите податоци беа објавени по натпреварот во среда, на кој тој досуди контроверзен пенал во победата на Селтик над Мадервел. Битон досуди пенал во судиското продолжение откако беше утврдено дека играчот ...

„Волците“ веќе не се во мода во НБА. Сан Антонио Спарс успеа да ја совлада Минесота со 139-109 во шестиот натпревар во полуфиналето на Западната конференција и се пласираа во финалето каде што одат на Оклахома Сити. Сан Антонио уште на стартот наметна ритам, и дојде до +29 разлика во втората четвртина, и веќе беше јасно кој ќе го добие овој натпревар. Стефон Касл го предводеше Сан Антонио со 32 поени, 11 скока и шест асистенции, Дирон Фокс ...

Ако овој најавен трансфер се случи, тогаш навивачите на Интер ќе бидат многу бесни. Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ се поврзува со „кам-бек“ во Милано, ама овојпат во дресот на Милан, пишуваат хрватските медиуми. Наводно неговиот соиграч од репрезентацијата Лука Модриќ го препорачал на челниците на Милан, како решение во средниот ред. Овој евентуален трансфер сигурно не би дошол добро кај фановите на Интер, каде Хрватот играше од ...

Не личи на себе Ливерпул оваа сезона. Астон Вила вечерва му го нанесе уште еден тежок пораз на тимот од Енфилд во последно време. Тимот од Бирмингем славеше убедлива победа од 4-2 над „црвените“, симнувајќи ги на петтата позиција на табелата, и опасност избраниците на Арне Слот да бидат загрозени од Борнмут и на крај да останат без ЛШ. До 42. минута немаше погодоци, а потоа почна голеадата. Во самиот финиш од првиот дел Роџерс успеа да донесе ...

Голманот ветеран на Баерн Минхен, Мануел Нојер, официјално го продолжи договорот со клубот за уште една година – до јуни 2027 година. Следната сезона Германецот ќе го носи дресот со број 16 во баварскиот тим. Истиот ден, третиот голман на тимот, Свен Улрајх, исто така го обнови договорот за идентичен рок. „Доволно добро размислив за мојата одлука и сега сум многу среќен. Сè е тука како што треба: со овој тим можеме да победиме секого. ...

Ќе научи ли конечно македонскиот спорт, и посебно оние кои се најпрепознатливите како негов репрезент, идоли и пример за сета младина кај нас и идни генерации, за спортска култура, чест и достонствена прослава на спортскиот успех!? Вардар денеска, по години чекање дојде до нова шампионска круна, како заокружување на успешната сезона. И, сосема очекувана, и заслужена, на задоволство на сите во тимот, е еуфоријата во црвено-црните редови! Но ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.65
47%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
62%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
73%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.32
51%
1017
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.33
53%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
61%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
47%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.59
46%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.37
50%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
54%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
65%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
0.49
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33