Рафаел Надал ги негираше обвинувањата дека ќе се приклучи на претседателската кампања на Енрике Рикелме против Флорентино Перез. Во последните неколку дена, шпанските медиуми пишуваа дека поранешниот тенисер е дел од струјата што сака да го замени Перез од местото на чело на кралскиот клуб. Познато е дека Надал е голем обожавател на Реал Мадрид, но тој остро ги негираше овие медиумски пишувања. „Ги прочитав обвинувањата што ме поврзуваат со ...

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Адем Мекиќ и неговиот Задар поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во плеј-офот во шампионатот на Хрватска откако вечерва на домашен терен славеа со 90-70 против Кварнер. Задар во текот на сите 40 минути го контролираше резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека на било каков начин може да стигне до изненадувачка победа против фаворитот. Адем Мекиќ имаше ...

Ракометарите на Франција ја завршија целата работа околу пласманот на Светското првенство кое што на почетокот на следната година ќе се игра во Германија, откако вечерва славеа на гостувањето кај Чешка со убедливи 26-37 во првиот натпревар од бараж двомечот. Французите уште од самиот старт тргнаа јако, па по триесет минути игра веќе имаа плус шест 14-20. До крајот на натпреварот разликата само се зголемуваше за конечен триумф на галските ...

Навивачите на Црвена Звезда и полицијата се судрија непосредно пред почетокот на финалето на Купот на Србија. На стадионот во Лозница, Црвена Звезда и Војводина се среќаваат во финалето на Купот. Српските медиуми известуваат дека пред почетокот на натпреварот, избувнала тепачка во делот од трибината каде што се наоѓале навивачите на Звезда. Дополнителните информации од Србија велат дека била загрозена безбедноста и на дечиња на стадионот во ...

Ракометарите на Грција стигнаа до голема победа на домашен терен од 29-27 против Холандија во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство кое што наредната година ќе се игра во Германија. Грците го контролираа резултатот во текот на целиот меч против фаворитот и на крајот заслужено стигнаа до победа од два гола пред реваншот во Холандија. До голема победа, но на гостински терен стигна Полска која во најинтересниот ...

Фудбалерите на Севилја по се изгледа и сезонава ќе се спасат и ќе обезбедат опстанок во домашниот шампионат откако вечерва со пресврт славеа на гостувањето кај Вилјареал со 2-3 во натпревар од 36. коло во Ла лига. Домаќините стигнаа до брза предност од 2-0 со погодоците на Морено во 13. и Микаутадзе во 20. минута. До крајот на првиот дел гостите успеаја целосно да се вратат во мечот (2-2) со погодоците на Осо и Салас. Голема победа за клубот ...

Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром се пласираа во ново финале во Суперлигата, откако вечерва на домашен терен во „мајсторката“ го декласираа Пелистер со убедливи 87-58. Битолчани одиграа одлично во првиот дел во кој успеаја да му парираат на домаќинот и на пауза да се замине во егал 37-37. Сепак, во вториот дел играше само еден тим. Во третиот период битолчани постигнаа само пет поени, а по 30 минути игра ...

Ракометната репрезентација на Македонија се подготвува за утрешниот дуел против Словачка на гостински терен во баражот за пласман на Светското првенство кое што на почетокот на следната година ќе се игра во Германија. Најискусниот во нашата репрезентација, голманот Никола Митревски ги сподели своите очекувања за утрешниот натпревар. „Голема непознаница за нас бидејќи никогаш не сме играле против нив. Очекувам тежок и неизвесен натпревар. Се ...

Навивачите на Црвена Звезда и полицијата се судрија непосредно пред почетокот на финалето на Купот на Србија. На стадионот во Лозница, Црвена Звезда и Војводина се среќаваат во финалето на Купот. Српските медиуми известуваат дека пред почетокот на натпреварот, избувнала тепачка во делот од трибината каде што се наоѓале навивачите на Звезда. Tuča navijača Crvene zvezde i policije uoči početka finala Kupa Srbije. #fkcz ...

Хрватските фудбалски фанови имаат причина за задоволство по денешната вест дека Јошко Гвардиол е подготвен за камбек на фудбалските терени. Најдобриот дефанзивец на „коцкестите“ заработи тешка повреда пред неколку месеци, по што се стравуваше дека тој нема да може да се рехабилитира навреме за да настапи на СП 2026. Рехабилитацијата се забрза во последните триесетина дена, за Гвардиол вечерва да се најде дури и на списокот на играч на Пеп ...

Фудбалерите на Динамо Загреб ја потврдија доминацијата на хрватската фудбалска сцена освојувајќи нова двојна круна. Шампионската титула беше освоена уште пред неколку седмици, но „модрите“ од Загреб вечерва се закитија и со куп-трофејот, откако во големото финале славеа над Ријека со 2-0. Првото полувреме мина во израмнета битка на двете страни, па мрежите мируваа во овие 45 минути од финалето. Натпреварот целосно се промени по погодокот на ...

Ромелу Лукаку го одигра своето во дресот на Наполи, откако белгискиот голгетер реши да си замине од Неапол и да се врати назад во татковината. Тој речиси цела сезона се мачи со повреда, а во март приреди скандал во клубот одбивајќи да се врати назад и инсистирајќи дел од рехабилитацијата да мине токму во Белгија. Ова предизвика бурна реакција од „наполитанците“, кои го казнија финансиски својот фудбалер, а по враќањето тој беше целосно ...

Мајкл Карик ќе остане на чело на Манчестер јунајтед и наредната сезона откако поранешниот англиски репрезентативец импресионираше во неколкуте месеци што ги мина на „Олд Трафорд“. Тој потпиша краткорочен договор како привремена замена за Рубен Аморим, но успеа да го извлече Јунајтед од големата резултатска криза, го искачи овој тим до третото место и обезбеди влез во ЛШ, со што ги импресионираше фудбалерите, навивачите, но што е најважно – и ...

Кенан Јилдиз ги израдува навивачите на Јувентус со изјавата дека нема намера да го напушти најтрофејниот италијански клуб во претстојниот преоден рок. Турскиот суперталент се наоѓа на листата со желби на неколку европски гиганти, но Јилдиз пред неколку месеци потпиша нов договор со „старата дама“ и јасно стави до знаење дека трансфер не е опција за него летово. „Јувентус е во моето срце. Благодарност до првите луѓе на клубот што веруваат во ...

УЕФА денеска објави дека Фенербахче ќе мора да плати казна од огромни 10 милиони евра откако се утврдени низа манипулации и неправилности во финансиското работење на турскиот гигант. Специјален одел во УЕФА редовно го проверува спроведувањето на правилата за финансиска издржливост и соодносот на приходите и расходите на клубовите, покривањето на платите на играчите, трансферите и менаџерските провизии. Ситуацијата станала симптоматична по ...

Флорентино Перез вчера одржа бурна прес-конференција во која влезе во конфликт со речиси сите мадридски фудбалски новинари, обвинувајќи ги за креирање кампања против него како прв човек на Реал Мадрид. Долгогодишниот претседател потоа јасно стави до знаење дека нема да поднесе оставка, но обелодени и дека е подготвен да распише претседателски избори за да го потврди својот легитимитет. Информациите од Шпанија говорат дека Флорентино со право ...

Бернардо Силва веќе објави дека летово ќе го напушти Манчестер Сити како слободен играч, португалскиот плејмејкер во меѓувреме доби неколку понуди, но последните информации говорат дека тој е најблиску до преселба во редовите на Јувентус. Лучијано Спалети неодамна објави дека му е неопходен офанзивен играч за врска, креатор каков што нема во тимот, по што управата ги интензивираше преговорите со Бернардо. Италијанските медиуми тврдат дека е ...

Македонските ракометари денеска отпатуваа за Словачка, каде утре ќе го одиграат првиот дуел од баражот за СП 2027, со јасна цел – продолжување на континуитетот од настапи на големите натпреварувања. Томи Јагуриновски е еден од оние со подолг стаж во националниот тим, десниот бек игра во одлична форма во дресот на Охрид и се очекува во ист ритам да продолжи и на овие клучни натпревари за македонската репрезентација. Искусниот ракометар е ...

Организаторите на АБА-лигата стравуваат од инциденти на претстојните полуфинални дуели меѓу Партизан и Црвена Звезда, но сега се соочија со нов неочекуван проблем, откако Будуќност објави дека нема намера да патува на гостувањето против Дубаи. Тимот на Дубаи обезбеди пласман во полуфиналето, по што побара домашните средби до крајот на сезонава да ги игра во својата сала, по смирувањето на тензиите во Иран поради кои Дубаи беше домаќин во ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, повторно тема е ракометот, наши гости се претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и легендата на овој спорт во Македонија, Филип Миркуловски. Првиот човек на федерацијата, Александар Стефанов, меѓу бројните теми, се осврна и на финансирањето од државата преку ваучерите, кое, за жал, клубовите го гледаат како единствен спас за преживување. Но, ...

Во својата дебитантска сезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Маџари не само што мина низ повеќе од позитивна епизода на елитната сцена, но успеа изненадувајќи многумина во домашната кошарка да запише историја за својот клуб со пласманот во финалето на плеј-офот со кој обезбеди и битка за трофејот во шампионатот. Тренерот на Маџари, Миодраг Тодоровиќ, по вчерашната втора победа над фаворитот ТФТ Скопје во полуфиналната ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја повтори пораката на Флорентино Перез од прес-конференцијата во врска со анти-мадридското расположение и паника, особено во врска со случајот Негреиро. „Седум украдени титули во лигата? Секако. Ако Реал Мадрид го допрел дното, што направија другите?“ – беа некои од одговорите на тренерите. Арбелоа зборуваше за атмосферата на Бернабеу. „Секогаш велев дека Реал Мадрид е посилен кога сме заедно. Тоа ...

Ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид стана главна тема на шпанските медиуми во последните денови, па неизбежно околу сето тоа сега за сè проговори и претседателот на клубот, Флорентино Перез. Откако информациите што протекоа во јавноста за сериозниот конфликт меѓу Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени, Перез првпат јавно ја коментираше целата ситуација. Претседателот на Реал не сакаше да навлегува во деталите за самиот инцидент, но ...

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона, со уште една година соработка, за својата богата кариера да ја заврши во црвено-црниот дрес. Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз, Франција и Букурешт во Романија. Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот мозаик. „РК Вардар е неизмено ...

Искусниот хрватски тренер Лино Червар е нов тренер на Е. Пелистер. Битолскиот клуб денеска ја потврди веста која вчера беше актуелна. 75-годишниот Хрват ќе го води новиот проект на „зелено-белите“ со една цел – да се врати титулата во Битола, и да се направи успех на меѓународна сцена. Со битолчани се договори за двегодишна соработка. Червар после девет години се враќа во Македонија, откако го водеше Металург од 2009 до 2017 година, а ...

Македонската машка сениорска репрезентација замина за Словачка, каде што утре (14 мај) во Прешов ќе го одигра првиот бараж натпревар против селекцијата на Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Заедно со репрезентацијата кон Словачка заминува и делегација на Ракометната федерација на Македонија, предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да даде поддршка на националниот тим во овој важен предизвик. За патувањето до ...

Карло Анчелоти се одлучи, сепак, да го смести легендарниот Нејмар на првичниот поширок список за Светското првенство 2026. Сега дури италијанскиот стратег и со пофални зборови за Нејмар, кој нема настап за Бразил под водство на Анчелоти. Сепак, сега се чини дека ќе добие и дефинитивен повик за Светското првенство. „Нејмар е сигурно најценетиот фудбалер во Бразил меѓу соиграчите, и обожаван од навивачите, така да неговото присуство носи само ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, повторно тема е ракометот, наши гости се претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и легендата на овој спорт во Македонија, Филип Миркуловски. Во момените кога легендарниот хрватски тренер Лино Червар повторно се враќа во македонскиот ракомет, откако е веќе јасно дека од јули ќе го преземе тимот на Е. Пелистер, македонската икона Филип ...

Со триумфот над Елче синоќа, екипата на Бетис после 20 години обезбеди пласман во Лигата на шампионите, и идната сезона ќе игра со најдобрите европски клубови. „Зелено-белите“ на урнебесен начин го најавија својот „кам-бек“ во ЛШ после две децении. Со популарниот Мистер Бин, а во пародијата беа вклучени и актуелниот првак ПСЖ, како и најтрофејниот клуб Реал Мадрид. Hola, @ChampionsLeague 😜💫 pic.twitter.com/qOSLjQbsOd — Real Betis Balompié ...

Ирачката фудбалска репрезентација би можела да се соочи со огромен проблем пред да се упати на Светското првенство. Имено, сега се појави информација дека Соединетите Американски Држави одбиле да издадат визи на одредени репрезентативци на Ирак. Според извештаите кои сè уште чекаат официјална потврда, американските власти наводно ги одбиле барањата за виза на дури пет играчи на ирачката репрезентација. На листата се Хајдер Абдул Карем, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Родиум

257205.97