Титулата е обезбедена на најдобар можен начин – со победа над вечниот ривал. Барселона го совлада Реал на „Ел Класико“, и ја потврди новата шампионска титула во Шпанија. Само еден ден по дефинитивно обезбедениот трофеј, вечерва во Барселона се славеше. Стотици илјади луѓе излегоа на шампионската парада низ улиците на каталонскиот град за да го прослават овој успех. Во отворен автобус, новите шампиони имаа фешта со своите фанови. Тука беше и ...

Пауло Дибала (32) потврди дека Рома сè уште не го контактирала за продолжување на договорот и дека дербито против Лацио може да биде неговиот последен домашен натпревар за клубот. По драматичната победа на Рома од 2-3 над Парма, аргентинскиот напаѓач изјави дека сè уште не знае што му носи иднината. „Никој не ме контактирал. Мојот договор истекува за два натпревари и, како што стојат работите сега, дербито ќе биде мојот последен натпревар ...

Опстанокот во романскиот шампионат ќе се решава во последното коло, а за Херманштад вечерва еден од хероите е Марко Ѓорѓиевски. Македонскиот интернационалец асистираше за првиот гол за својот тим, во ремито 2-2 против Металглобус, последнопласираниот тим на табелата, кој сигурно се сели во понизок ранг. Ѓорѓиевски ја запиша првата асистенција во сезоната, а досега има два постигнати гола, а од крајот останува уште едно коло. Херманштад ќе ...

НОВА (22) ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со претседателот на Ракометната федерација на Македонија, АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ и со иконата на македонскиот ракомет, ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ ‼️‼️‼️ Се за македонскиот ракомет, за минатото, за актуелностите но и за сите идни планови и амбиции… За новиот супер-настан поттикнат од РФМ – 17 мај – „НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА РАКОМЕТОТ“ – ден кој ќе биде посветен на спортот број 1 во Македонија‼️‼️ ...

Шпанската фудбалска репрезентација доби охрабрувачки информации пред почетокот на Светското првенство, бидејќи деталните прегледи не покажаа сериозна повреда на Нико Вилијамс. Крилниот играч Нико Вилијамс ќе отсуствува околу три недели, што значи дека треба да биде подготвен за Светското првенство. Најголемиот страв во таборот на Атлетик Билбао и националниот тим беше поврзан со можното оштетување на тетивата, но магнетната резонанца ги ...

Селекторот на актуелниот светски шампион Аргентина, Лионел Скалони, го објави поширокиот список од 55 фудбалери на кои ќе смета за претстојното Светско првенство 2026. Како што се очекуваше, на чело на тимот е капитенот Лионел Меси, но списокот предизвика бура во јавноста поради отсуството на неколку големи ѕвезди. Најголемото изненадување е изоставувањето на членот на Рома, Пауло Дибала, како и на искусниот Анхел Кореа. Наместо нив, Скалони ...

Маркус Рашфорд го оправда епитетот засилување за Барселона, но сè уште не е познато дали ќе биде купен од Манчестер Јунајтед, поради финансиски тешкотии. По триумфот во Ел Класико против Реал, каде што англискиот напаѓач постигна гол, тој зборуваше за својата иднина. „Не знам што да ви кажам… Да бев магионичар, ќе останев во Барселона“, рече искусниот напаѓач. Маркус Рашфорд верува дека Барса ќе продолжи да бележи одлични резултати уште долго ...

Словачкиот селектор Фернандо Гурич го објави списокот со 20 повикани ракометари за претстојниот бараж-двомеч против Македонија, кој е последна пречка на патот кон Светското првенство. Очекувано, костурот на тимот е составен од играчи од домашниот шампион Татран Прешов. Добра вест за словачката селекција е враќањето на Марко Јуркович, кој успешно се рехабилитираше по операцијата на ногата. Покрај него, Гурич реши повторно да им укаже доверба ...

Оваа недела ќе бидат познати финалистите во Купот на Македонија во младинска и кадетска конкуренција. Кај младинците во првото полуфинале се среќаваат Шкупи и Вардар, а натпреварот ќе се игра во вторник, 12 мај со почеток во 16 часот. Вториот финалист ќе биде познат ден подоцна откако АП Брера и Пелистер ќе го одиграат дуелот кој е закажан за 11 часот. Во кадетска конкуренција двете полуфинални соочувања се предвидени за в среда, 13 мај. Во ...

Женската репрезентација на Македонија до 16 години во последното коло од УЕФА развојниот турнир што се одржа во Струмица е поразена од селекцијата на Косово со 2:1. Откако првото полувреме заврши без голови на почетокот од второто во 58. минута, Олса Кучи им донесе предност на гостинките од 1:0. Во 79-тата, Леона Малоку зголеми на 2:0, а во последната минута од натпреварот Елена Наумоска беше стрелец на единствениот гол за Македонија. ...

Германскиот судија Даниел Зиберт ќе биде судија на финалето од Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Арсенал, објави УЕФА. Негови помошници ќе бидат Јан Зајдел и Рафаел Фолтин, а Сандро Шерер е назначен за четврти судија. Бастијан Дункерт, Роберт Шредер и Карлос дел Серо Гранде ќе седат во ВАР собата. Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај во 18 часот во Будимпешта. Судија на финалето на Лигата на Европа помеѓу Астон ...

Селекторите на 48-те фудбалски репрезентации учесници на Светското првенство во САД, Канада и Мексико (11 јуни – 19 јули) имаат рок до 30 мај да го испратат списокот на играчи што ќе ги носат на натпреварувањето, но селекторот на Босна и Херцеговина Сергеј Барбарез не сакаше да одложува. Шефот на стручниот штаб на Босна и Херцеговина ги избра најсилните адути, според неговото професионално мислење, со надеж дека никој нема да се повреди во ...

Навивачите на Барселона синоќа ја прославуваа новата шампионска титула, а денеска веќе имаат нова причина за славје, откако тренерот Ханси Флик ги договори условите за продолжување на соработката со каталонскиот гигант. Германецот страег стигна до две титули во двете сезони по доаѓањето на „Камп ноу“, импресионирајќи со тактичкото познавање, но пред се со офанзивниот фудбал на кој инсистира, со што го извлече максимумот од огромен дел од ...

Македонскиот тенис добива нова генерација таленти кои сѐ погласно го најавуваат своето присуство на меѓународната сцена. Изминатата недела во Скопје, младите македонски тенисери Кристијан Јанев и Сара Митевска уште еднаш покажаа дека иднината на овој спорт кај нас е светла, освојувајќи ги титулите на силниот јуниорски турнир J30 Скопје – Поинтер опен 2026. На терените на ТК Поинтер Тенис Парк, пред домашната публика блеснаа Сара Митевска и ...

ТФТ имаше извонредна сезона во регионалното натпреврување во кое македонскиот вицепрвак најпрвин стигна до финалето на АБА2 каде загуби од Широки бријег, а потоа беше поразен и во двете пресметки од баражот со Борац Чачак. „Црно-белите“ од Тафталиџе загубија здив во финишот од сезонава, но тоа не го брише одличниот впечаток што го оставија во изминатите месеци во АБА2. „Тоа што го кажав и во соблекувалната веднаш по мечот, дури и пред ...

Екипата на КМФ Проект од Јосифово ја освои двојната круна во годинешната сезона во футсал. По победата во финалето од Купот на Македонија, КМФ Проект славеше и во првенството. Составот од Јосифово беше супериорен во националниот шампионат на крајот мина прв низ целта со 21 бод повеќе во однос на КМФ Кеги Моби од Велес кој беше противник во решавачкиот натпревар за освојување на трофејот во Купот. За КМФ Проект ова е втора титула во ...

Македонската репрезентација ги стартуваше подготовките за баражот за СП 2027 и двете средби што нашите најдобри ракометари во следните денови ќе ги одиграат против Словачка (четврток првиот меч во Прешов, в недела е реваншот во Скопје). Филип Кузмановски како капитен и клучен играч ќе биде од огромна важност за „црвено-жолтите“ и на овие натпревари, на кои одличниот бек верува дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат и пласман на уште едно ...

Роберт Левандовски крена уште еден трофеј со Барселона, па полскиот ас триумфално ќе го напушти каталонскиот гигант на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Полјакот на 30 јуни ќе стане слободен играч, преговорите за нов договор одамна се прекинати и јасно е дека тој ќе ги смени клупските бои летово. Едно е сигурно, иако има 38 години Левандовски не размислува за пензија. „Ситуацијата е таква, договорот ми истекува, имам добиено понуди, но ...

Селекторот Кире Лазаров гласно ги предупредува свооите ракометари дека во ниту еден случај не смеат да ја потценат селекцијата на Словачка во претстојниот бараж за пласман на СП 2027. Според него, првиот дуел во Прешов ќе биде исклучително важен, а нашите ракометари никако не смеат да си дозволат да имаат лош ден како што тоа беше случај пред две години во последниот бараж со Фарските острови, кога потоа моравме да бркаме голема негатива на ...

Шпанците се соочуваат со огромни проблеми во пресрет на СП 2026, Ламин Јамал е во трка со времето за да биде фит за стартот на мундијалот, а вчера повреда заработи и вториот крилен офанзивец на националниот тим, Нико Вилијамс. Брзоногиот крилен играч се повреди во првото полувреме од мечот меѓу Атлетик Билбао и Валенсија и видно разочаран го напушти теренот. Станува збор за проблем со мускулот, веќе е јасно дека тој нема да може да игра за ...

Турбуленциите во Реал Мадрид продолжуваат и по синоќешниот пораз од Барселона, со кој каталонскиот гигант и математички ја осигура титулата, и тоа во директна пресметка со „кралскиот клуб“. Во главна улога повторно е Килијан Мбапе, кој воопшто не отпатува со тимт за Барселона, првите информации говореа дека станува збор за повреда, но денешната верзија на настаните е значително поразлична. Имено, Арбелоа и неговите помошници не биле ...

Милан се наоѓа во сериозна криза, откако резултатските проблеми се продлабочија по синоќешниот домашен пораз од Аталанта, со кој „росонерите“ си ја искомпликуваа борбата за место во Лигата на Шампионите. И додека медиумите пишуваат дека една од причините за падот на формата на тимот се конфликтите на управата со тренерот Алегри, искусниот стратег повика на единство во клубот во борбата во преостанатите неколку натпревари до крајот на ...

Првиот собир во рамките на ФИБА проектот за развој на млади и талентирани кошаркари ќе биде реализиран во Букурешт, во периодот од 13. до 17. мај, каде Македонија ќе настапи со две репрезентации „Под 14“ години – во машка и во женска конкуренција. По одржаните селективни тренинзи, селекторите Мартин Атанасовски и Никола Петровски ги одредија составите кои ќе ја претставуваат Македонија на првиот турнир од проектот, во кој учествуваат повеќе ...

Новинарката Дунија Месли го забележа моментот кога Луис Енрике прашува за резултатот од „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид. „Така е. Така е!“ прослави тренерот кој играше за двата шпански гиганти во текот на својата кариера, кревајќи ја тупаницата откако дозна дека Барселона победила со 2-0. Со победата на Камп Ноу, Барса ја освои веројатно најслатката титула досега. First thing Luis Enrique wanted to know after PSG’s game 😂 He still ...

Српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ е најновото засилување на ГРК Охрид. Зечевиќ потпиша договор со охриѓани до јуни 2028 година, со можност за продолжување на истиот. Игра на позицијата лев бек, има 24 години (200 cm) и ќе го носи дресот со бр.31 од следната сезона. Доаѓа од шампионот на Србија, РК Партизан каде што игра одлична улога и во двата правци и заслужено ја носеше капитенската лента во овој тим. Со своите одлични игри се ...

Стартот на Ерик Гарсија врз Џуд Белингам предизвика бура од реакции на преносот во живо на ТВ Реал Мадрид од Ел Класико, во кој Барселона стана шампион на Шпанија. Откако англискиот фудбалер беше оставен да лежи на тревникот по дуелот, коментаторите на официјалниот клупски канал оценија дека ситуацијата мора подетално да им се прикаже на гледачите и го изразија своето незадоволство бидејќи, според нив, немало доволно повторени снимки од ...

Четирите прваци на Третите фудбалски лиги на Македонија веќе ги примија пехарите и почнаа да се подготвуваат за бараж средбите за настап во Втората лига на Македонија. Тоа се Борец од Велес (Југ), Камјани од Камењане (Запад), Влазними од Струга (Југозапад) и Еуромилк од Горно Лисиче (Север). Се уште не се знае само кој ќе го претставува Истокот: Победа од Валандово или Овче Поле од Свети Николе? Трета лига – Југозапад (17 коло) ...

Со домашен пораз од Лил (1-0) на стадионот „Луј Втори“, Монако ја загуби Лигата на шампионите, а по натпреварот, Пол Погба беше во центарот на вниманието. Поради видеото кое се појави во етерот од него се бара да си замине. Монако го врати Пол Погба во живот. По долга пауза поради суспензија поради допинг, овој тим го прифати познатиот играч од средниот ред и му даде шанса да се врати во фудбалот. Затоа сцените по натпреварот со Лил не им се ...

Реал Мадрид можеби одби да постави шампионски шпалир за играчите на Барселона по налог на Флорентино Перез, но по натпреварот и поразот од нивниот голем ривал (2-0), играчите на кралскиот клуб се покажаа како вистински господа, пристапувајќи еден по еден до Ханси Флик, кој го загуби својот татко, и изразувајќи му сочувство, и честитки за шампионската титула. Зад Реал Мадрид е уште една многу тешка сезона. Уште еднаш, „кралевите“ останаа без ...

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е прогласен за играч на мечот во вчерашната победа на Валенсија од 0-1 на гостувањето против Атлетик Билбао во Ла Лига. Димитриевски повторно беше извонреден на голот на Валенсија, со неколку извонредни интервенции, посебно и во финишот од средбата, одбранувајќи ја победата на својот тим. Токму поради тоа Столе доби и највисока оценка од шпанските медиуми од сите актери на теренот, а и ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54