Скопје
-6ᴼ /
-6ᴼ
Црвена Звезда се соочува со огромен проблем во пресрер на белградското евролигашко дерби против Партизан што е не програмата в четврток откако Чима Монеке обелодени дека повредата што го мачи веќе извесно време воопшто не е наивна. Крилниот центар не настапи во АБА-лигата против Босна, се веруваше дека Обрадовиќ само го чува за дербито со Партизан, но Монеке во последната изјава обелодени дека станува збор за проблем со тетивата. „Не можам да ...
Кожув ќе влезе со нов тренер во натамошниот дел од сезоната, откако прволигашот од Гевгелија реши да се раздели од Апостоли Апостолов и на негово место да го ангажира Љупчо Малинков. Кавадаречкиот тренер до неодамна се наоѓаше на кормилото на Гостивар, а откако беше заменет не остана долго без нов ангажман, прифаќајќи ја понудата на Кожув. Овој тим ланската сезона стигна до куп-финале, но на стартот на Супер-лигата ги немаше посакуваните ...
Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е под голем знак прашалник за утрешниот меч против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Французинот денеска не тренираше со остатокот од тимот поради мала повреда на мускулот, па така за него ќе се одлучува се до пред самиот почеток на мечот. Извори од Мадрид истакнуваат дека медицинскиот тим на „кралевите“ прават напори да го оспособат да игра, но не е познато дали ќе се најде во почетниот ...
Не е никаква тајна дека фудбалските фанови во поранешна Југославија најмногу ги поддржуваа клубовите од „големата четворка“, која во тоа време ја сочинуваа Црвена Звезда, Партизан, Динамо Загреб и Хајдук. Сепак, многумина сè уште се сеќаваат на златните генерации што некогаш ги имаа клубовите од Босна и Херцеговина, Вележ, Сараево и Железничар, но и скопски Вардар кој во 1987 ја изненади „големата четворка“ и ја освои шампионската титула во ...
Дејан Станковиќ би можел повторно да ја преземе клупата на Црвена Звезда, речиси шест години откако првпат го замени Владан Милојевиќ на таа позиција во декември 2019 година. Раководството на актуелниот шампион на Србија размислува за отпуштање на Милојевиќ поради лошите резултати во домашното првенство и последниот пораз од Војводина, објави „Спорт клуб“. Според информациите од клубот, контактот со Станковиќ веќе постои, а се подготвува ...
Добра вест доби тренерот на Наполи, Антонио Конте пред крајот на годинава. Напаѓачот Ромело Лукаку повторно започна со тренинзи, после повредата која ја заработи во август. После три и пол месеци, Белгиецот го одржа својот прв индивидуален тренинг. Повредата Лукаку ја доби на пријателски натпревар во август, откако го повреди бутниот мускул. Лукаку најверојатно ќе може да излезе на терен на 14 декември во натпреварот од Серија „А“ против ...
Грчки Олимпијакос ја запиша првата своја победа во групната фаза од Лигата на шампионите сезонава, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против казахстански Каират во Астана. Стрелец на победничкиот гол за Грците беше Мартинс во 73. минута од средбата. Kairat 0-1 Olympiakos – Gelson Martins 73′ byu/4gjdtokurwa insoccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно ...
По одигрувањето на седмото коло, познати се и позициите на табелата на осумте екипи од македонскиот шампионат, според кои се формираат и двојките од четвртфиналето во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женскиот сениорски сегмент. Актуелниот „изглед“ на табелата вели дека три екипи се на делба на првата позиција. Крива Паланка, Баскет кам и Вардар имаат идентичен ефект, односн скор од шест победи и еден пораз по првиот круг од ...
Лицитацијата за тоа кој ќе биде на кошаркарската клупа на Партизан по Жељко Обрадовиќ продолжува, а Жоан Пењароја е новото име во оптек. Со привремениот тренер Мирко Оцокољиќ, Партизан оствари две победи: една во Евролигата и една во АБА лигата, а тој ќе го предводи тимот во вечното дерби од 15. коло во Евролигата. Како што дознава Спортклуб, нема да има промени на клупата пред дуелот со Црвена Звезда, но по дербито, Пењароја наводно треба да ...
Поранешниот селектор на Словенија, Борис Дениќ, е еден од кандидатите да го преземе кормилото на македонскиот ракометен шампион, Е. Пелистер, пренесуваат словенечките медиуми. Словенците пишуваат дека 58-годишниот Дениќ е сериозен кандидат да го наследи Рубен Гарабаја кој неодамна се повлече од клупата на битолчани. До крајот на година, според одлуката на клубот, екипата ќе ја води Звонко Шундовски, по што и дефинитивно треба да биде именуван ...
Ракометарките на Германија се првите полуфиналистки на Светското првенство 2025. Во четвртфиналето, Германките сосема убедливо славеа против Бразил со убедливо 30-23, повеќе од заслужено обезбедувајќи место меѓу четирите најдобри селекции на шампионатот. Уште од самиот старт на натпреварот беше јасно кој е кој, Германија го презеде водството и во континуитет го зголемуваше до 17-11 на полувремето. Во вториот дел се продолжи на исти начин, ...
Поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, сега раководител за Маркетинг и логистика, Филип Поповски доби големо признание од УЕФА, што е и големо признание за Фудбалската федерација на Македонија, со одредеувањето да биде делегат на мега-дербито меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити од групната фаза во Лигата на европските шампиони. Пресметката која ќе биде во фокусот на Еврпа се игра утре (10 декември) во Мадрид. ...
И по завршувањето на првиот дел од сезоната во ПМФЛ, нема крај на обврските за тетовска Шкендија за која до крајот на актуелната календарска година остануваат уште две средби во групната фаза од УЕФА Конференциската Лига. Веќе во четврток во Скопје, актуелниот шампион го очекува дуелот со Слован Братислава. Голманот Бабукар Гаје, кој е еден од најдобрите во тимот сезонава, верува дека ќе има квалитетно издание против Словаците со позитивен ...
Денеска беше извршена ждрепката за 1/16 финалето на Купот на Шпанија, популарниот Копа дел Реј, во кој фаворитите добија лесни задачи. Екипата на Барселона ја доби за противник екипата на Гвадалахара. Реал Мадрид, пак, ќе се сретне со Талавера де ла Реина, додека Атлетико Мадрид за противник ќе го има Атлетико Балеарес. Сите овие тимови ќе играат во гости. Валенсија на Столе Димитриевски за противник го доби Спортинг Хихон. ⚔ Los cruces de ...
Англискиот напаѓач Ајван Тони, е уапсен во текот на ноќта поради тепачка во Лондон. Напаѓачот на Ал-Ахли е приведен поради основано сомнение дека удрил едно лице кое се обидело да се фотографира со него. Очевидец за „Сан“ ја објаснил целата случка, откако група на луѓе го препознале повремениот англиски репрезентативец, и сакале да се фотографираат о него. „Мина покрај маса во која седеа неколку момчица. Еден од нив го препозна и сакаше да се ...
После долго време, Барселона може да смета на својот голман Марк-Андре Тер Штеген. Ова го потврдија и од Барселона, но и тренерот Ханс Флик. Тер Штеген последен пат бранеше за Барселона против Виљареал во мај оваа година, што значи дека после шест и пол месеци се враќа меѓу диреците на каталонскиот клуб. Во меѓувреме, Германецот беше на излезна врата со оглед дека каталонскиот тим го ангажираше Жоан Гарсија од Еспањол, и моментално тој е прв ...
Во обидот да ја спаси катастрофалната сезона, Ливерпул во зимскиот преоден рок има намера да ја засили одбраната. Затоа наводно „црвените“ испратиле понуда од 38 милиони фунти за дефанзивецот на Галатасарај, Вилфред Синго. Синго има договор до 2030 година, а наводно во неговиот договор има клаузула која вклучува сума од 52 милиони фунти, но клубот од Истанбул може малку да попушти. Почетните разговори се веќе во тек, а изворите тврдат дека ...
Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во текот на оваа недела ќе има два нови контролни натпревари, а противник е селекцијата на Црна Гора. Предводникот на националниот тим Димитар Капинковски на списокот има 26 играчи кои ќе конкурираат за место во екипата за дуелите што ќе се играат во Струмица. Првиот е на програмата утре (10 декември), а вториот ќе се игра в петок на 12 декември. СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ ПОВИКАНИ ЗА У-18 ...
Меси со 40 години се очекува да ја предводи Аргентина на следното Светско првенство во кое ќе оди да го одбрани пехарот освоен во Катар 2022 година, нешто во кое никој не успеал од 1962 година. Меси ги спомена своите пет фаворити за освојување на „Божицата“, по што фановите беа во шок. „Кога ја видов нашата група, бев убеден дека повторно ќе стигнеме далеку. Освојувањето на последното Светско првенство ми симна огромен товар од грбот. Сега ...
Играчот на Ливерпул, Мохамед Салах кој беше суспендиран од Ливерпул и не беше земен на гостувањето во Милано на мечот против Интер во Лигата на шампионите, се огласи со нова објава на социјалните мрежи. Египѓанецот сподели фотографија од салата за кревање товар каде што тренираше денеска, додека неговите соиграчи ги очекува дуел со италијанскиот вицепрвак. Немаше никаков текст во објавата. 33-годишниот фудбалер влезе во конфликт со тренерот ...
Барселона на крајот на сезонава треба да донесе одлука околу иднината на Маркус Рашфорд, односно дали ќе го откупи или ќе го врати во Манчестер Јунајтед. Меѓутоа сега се појавува нова опција, односно белгиски талент кој ги мрси сметките околу иднината на Англичанецот. Станува збор за фудбалерот на Лион, Малик Фофана кој е опција за Барселона за идната година. Крилниот напаѓач долго време е мета на големи гиганти, тој беше поврзуван и со ...
Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните. ТИМ НА 16. КОЛО Тринаесет победи, три нерешени средби и ниту еден пораз за Вардар во есенскиот дел од сезоната. Најтрофејниот македонски клуб ќе ја мине ...
Кристијан Пулишиќ беше херој на Милан во победата против Торино од 3-2. Иако само еден ден претходно лежеше во кревет со висока температура, тој влезе од клупата и постигна два гола за да му донесе победа на Милан од 2-3, откако неговиот тим губеше со 2-0. Настапот на Пулишиќ беше под голем знак прашалник до самиот ден на натпреварот. Поради високата температура, тој дури и не патуваше со тимот, туку им се придружи во Торино само неколку часа ...
Ситуацијата во Реал Мадрид е катастрофа, а како што пренесуваат шпанските медиуми Чаби Алонсо ќе добие отказ доколку загуби од Манчестер сити во Лигата на шампионите. Причина плус за оваа ситуација е и тоа што се случувало во соблекувалната на кралевите по поразот од Селта Виго на домашен терен со 0-2. По завршувањето на натпреварот во соблекувалната на мадриѓани се случувал вистински хаос. Како што пренесуваат медиумите од Пиринеите по мечот ...
Американскиот кошаркар Малик Бизли, како што стојат работите, нема да дојде во КК Партизан. Деновиве на големо се зборуваше дека Малик Бизл, ќе ги засили редовите на Партизан во моменти на голема криза. Сепак, како што стојат работите – нема ништо од тоа. Веста дека Бизли доаѓа во Србија прв ја демантираше неговиот агент Брајан Џангреис, кој за „Фронт Офис Спортс“ изјави дека имало разговори со црно-белите, но дека двете страни се далеку од ...
Легендарниот шпански голман и човек кој испишување историја со Валенсија, Сантијаго Кањисарес, даде свое видување за ситуацијата на Столе Димитриевски во шпанскиот ла лигаш. Кањизарес го советува најдобриот македонски голман дека најдобро за него ќе биде колку може побрзо да ја напушти средината. „Ако клубот во две сезони не реализира ништо од она што му било ветено, тогаш играчот мора да размисли за својата иднина. Искрено, Димитриевски ...
Долгогодишниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека единствениот виновник за кризата што ги тресе „црвените“ е Мохамед Салах. „Фараонот“ не е задоволен од драстично помалата минутажа во последно време, па затоа реши да ја отвори душата и не штедеше зборови кога стануваше збор за шампионот на Англија, особено за тренерот Арне Слот. „Мислам дека она што го направи по натпреварот е срамно. Секогаш кога Мо Салах ќе застане во ...
Кошаркарите на Феникс санс забележаа нова победа сезонава во НБА лигата откако синоќа во најинтересниот меч славеа на гостувањето кај Минесота тимбервулвс со 105-108. Марк Вилијамс со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 40 поени на Ентони Едвардс. Во останатите два меча од синоќешната понуда: Индијана – Сакраменто 116-105 и Њу Орлеанс – Сан Антонио 132-135. Крадењето авторски текстови е ...
Познатиот грчки кошаркар Димитрис Дијамантидис изјави дека само Жељко Обрадовиќ од сите тренери во Европа може да предизвика излив на емоции и гест на наклонетост од навивачите, како оној што го покажаа фановите на Партизан откако познатиот стратег ги напушти црно-белите. Обрадовиќ поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Партизан по серијата лоши резултати, кои кулминираа со дебакл против Панатинаикос. Тоа е клубот каде што ...
Ракометнииот суперлигаш на Македонија Тинекс Пролет ја раскина соработката со Никола Матлиески кој повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога. За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по ...