Бурен дерби натпревар во 28. коло од Втората македонска фудбалска лига одиграа Брегалница и Шкендија Арачиново, кој на крај заврши без победник, 1-1. Резултат кој многу повеќе им одгововара на штипјани кои го зачуваа врвот на табелата пред последните две кола од првенството. По ова реми на арачиновци, сега надеж за бараж има и Охрид кој славеше против Големо Коњари со 3-0. А, Скопје триумфираше со 0-1 на гостувањето против Тетекс. ВТОРА ЛИГА ...

Има зошто и да слави Ристо Танев од Гевгелија, генерален директор на клубот А.Е.П од малото гратче Поликастро во близина на македонската граница бидејќи неговиот клуб по 23 години по втор пат ја освои титулата, првак на Третата лига-север во Грција. Последен пат А.Е.П беше првак во лигата во сезоната 2002/03 кога Ристо Танев беше активен играч четири години, две години и капитен. Ристо Танев е познато фудбалско име во Македонија. Долго години ...

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски е расположен за голови во финишот од сезоната во чешкиот шампионат повторно стрелајќи за својот Бохемијанс. Ристовски на реваншот од разигрувањето за пласман од 7. до 10.место, стрелаше во победата на Бохемијанс од 0-2 на гостувањето против Сигма Оломуц. Македонскиот напаѓач погоди во 31. минута од средбата, за водство од 0-1 во тие моменти за Бохемијанс. Nedůraz Sigmy ve vlastním vápně potrestal ...

Фудбалерите на АП Брера имаат водство од 2-1 по првото полувреме во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. А, уште во 1. минута, односно по само 28 секунди, „романтичарите“ дојдоа до водство од 0-1 со голот на Хоџа. Сепак, веќе во 3. минута Никола Величковски израмни на 1-1 за Брера… И, потоа целосен пресврт на домашните фудбалери. Во 31. минута и втор гол на мечот на Величковски за предност од 2-1 на Брера. Величковски имаше ...

Државниот шампион од средното училиште СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во футсал, кое од 10 до 26 мај се одржува во Бања Лука. Нашите ученици ќе бидат дел од континенталниот шампионат на кој ќе учествуваат 250 учесници од 11 земји. Европското отворено првенство во футсал е наменето за ученици до 18 години, а ќе се натпреваруваат вкупно 15 екипи. Покрај Македонија, учество ќе земат и ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска означи старт на подготовкит за претстојните бараж дуели против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Првиот натпревар ќе се одигра на 14 мај во 19 часот во Прешов, Словачка, додека реванш бараж натпреварот ќе се одигра на 17 мај во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Селекторот Кире Лазаров истакна дека максимално сериозно мора да се пристапи на овој бараж, без ниту ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска означи старт на подготовките за претстојните бараж дуели против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Првиот натпревар ќе се одигра на 14 мај во 19 часот во Прешов, Словачка, додека реванш бараж натпреварот ќе се одигра на 17 мај во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На собирот присуствуваше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар ...

Семејна трагедија го погоди тренерот на Барселона, Ханси Флик пред вечервашното Ел Класико. Неговиот татко почина изминатава ноќ, само неколку часа пред клучниот натпревар меѓу Барселона и Реал Мадрид. И покрај тешката трагедија, германскиот стручњак одлучи да го предводи својот тим на натпреварот што се игра на Камп Ноу. Каталонскиот клуб издаде соопштение во кое изрази поддршка за својот тренер. „Барселона и целото семејство Блауграна ...

Алфа Диало игра во одлична форма во дресот на Монако, крилниот кошаркар беше избран за најдобар дефанзивец во Евролигата, па неслучајно доби бројни понуди за продолжување на кариерата откако стана јасно дека нема да остане меѓу „кнезовите“. Барселона веруваше дека е победник во трката за потписот на Диало, начелно беа договорени условите за двогодишна соработка, но овој трансфер пропадна во „пет до дванаесет“, откако Дубаи тргна во офанзива и ...

Стив Кер и во следната сезона ќе продолжи да го води тимот на Голден стејт откако најде заеднички јазик за продолжување на соработката со „воините“. Неговата иднина за момент беше доведена во прашање по променливите резултати во текот на оваа сезона, која заврши со пораз од Феникс во плејин доигрувањето. Сепак, на крајот беше донесена одлука соработката да продолжи, а Кер ја прифати понудата за нов тригодишен договор за плата од 17,5 милиони ...

Јувентус стигна до значајна победа на гостувањето против Лече на меч што го реши Душан Влаховиќ со погодок во 11. секунда, но Лучијано Спалети воопшто не беше задоволен од изданието на својот тим. „Повторно гледав многу слична средба на бројни претходни од изминатиот период. Даваме гол рано, делуваме како да имаме целосна контрола, но не успеваме да го осигураме триумфот. Потоа како што минува времето стануваме се понервозни, па му ...

Кошаркарите на ТФТ вечерва во 21 часот во салата „Лазо Лечиќ“ во скопскиот градски пак ќе го пречекаат составот на Борац Чачак, во вториот меч од баражот за АБА-лигата. Првиот дуел заврши со убедлива победа на Борац од 97-61, па јасно е дека српскиот тим како фаворит влегува и во денешниот втор меч. Сепак, ако ТФТ нешто покажа низ годините, тоа е дека тимот на Боро Смилковски никако во ниту еден момент не смее да се потцени. Иако преморени ...

МЗТ Скопје со предност од 1-0 патува на денешниот реванш во Битола против Пелистер, со оптимизам дека може да се стигне до посакуваната победа што ќе значи и билет за големото финале во плејофот. „Металците“ славеа по голема борба на првиот полуфинален меч, имаат 3-1 во досегашните четири овосезонски средби со „пелистерци“, па со зголемена самодоверба ќе излезат на терен против незгодниот ривал. „Свесни сме дека не очекува тешко гостување во ...

Килијан Мбапе нема да може да настапи за Реал Мадрид на вечерашното Ел Класико, откако францускиот голгетер воопшто не се најде на списокот на тренерот Арбелоа за патници за каталонската престолнина. Мбапе го навлече бесот фотографирајќи се на одмор во Италија додека беше повреден, пред неколку дена се врати назад во Мадрид, почна со тренинзи, но во консултации со лекарскиот тим било проценето дека ризикот од нова повреда е преголем, па тој ...

Шалке еуфорично го прослави враќањето назад во првата Бундес-лигата, во текот на изминатата седмица можеа да се проследат фотографии и видеа од фештата што фудбалерите на германскиот клуб ја направија на Ибица, па логично беше тоа да остави трага врз нивниот настап на првиот нареден натпревар. Тој натпревар беше одигран синоќа во Нирнберг, каде Шалке очекувано беше далеку од посакуваниот ритам и загуби со убедливи 3-0. Пред камерите по ...

На две кола пред спуштање на завесата во ПМФЛ, Арсими и Башкими излегуваат на директна пресметка која може да вреди опстанок. „Златните“ бодови се на маса, а притисокот е доведен до точка на вриење. Домаќинот Арсими е во одлична серија со 10 освоени бодови од последните пет меча, но Башкими по триумфот над Шкендија покажа дека знае како со фаворитите. Во пресрет на овој дуел свое очекување изнесе дефанзивецот на Арсими, Џелил Абдула, кој ...

Роберто Парондо со успех го води бундеслигашот Мелсунген, но екс-тренерот на Вардар сериозно размислува за чекор напред во кариерата – и преселба на клупата на ПСЖ. Шпанецот во 2018 година го наследи Раул Гонзалес на клупата на Вардар и успеа да стигне до европската титула со „црвено-црните“, а Парондо сега повторно ќе тргне по стапките на „Ел Команданте“, кој до пред неколку сезони седеше на кормилото на гигантот од Париз. Штефан Мадсен ...

Флорентино Перез реши да не ја испочитува традицијата како прв човек на Реал Мадрид да се најде во ложата на „Камп ноу“ за големото дерби со Барселона што е на програмата вечерва. Претседателите на лутите ривали традиционално го следат секој дерби дуел во првиот ред од свечената ложа, но Флорентино овојпат реши да остане дома во Мадрид, наместо да отпатува во каталонската престолнина. Причината е јасна, Реал се наоѓа во катастрофална форма, ...

Остануваат уште три кола до крајот на првенството во Првата лига, а Работнички се обидува да го пронајде своето место под сонцето. Битката за опстанок е сурова и едноставно „романтичарите“ мораат да ги освојат трите бода на денешното гостување кај АП Брера во Струмица. Во пресрет на мечот од 31.коло, АП Брера се наоѓа на деветтата позиција со 36 бода, додека Работнички е на 11.место со 29 бода. „Целта се трите бода. Немаме право на грешка, ...

Екипата на Ле Ман пред нецели две години се наоѓаше на работ на банкрот, кога бројни еминентни спортски имиња предводени од Новак Ѓоковиќ решија да инвестираат ппари и да го спасат овој клуб од колапс. Ле Ман еднаш прогласи банкрот во 2013 година, успеа да се врати во втората лига кога му се закануваше повторување на црното сценарио, но тоа се промени по инвестицијата на Ѓоковиќ, Тибо Куртоа, Кевин Магнусен, Фелипе Маса… Резултатите експресно ...

Пеп Гвардиола беше видно расположен на прес-конференцијата откако неговиот тим славеше над Брентфорд со 3-0, враќајќи се во игра во трката за титулата. „Уживам, апсолутно уживам во оваа трка за титулата, повторно да сум дел од неа. Не ужживав лани кога се боревме за влез во ЛШ, но сега се бориме за титулата и ќе бидеме најмалку втори, имаме трофеј од лига–купот, а ќе играме и финале од ФА Купот. Се е добро… Секако, не сме господари на ...

Стратегот на Охрид, Борис Ројевиќ, не го криеше задоволството откако неговиот тим успеа да слави во големото дерби со Вардар и да се врати на второто место на плејоф табелата. Српскиот стратег откри дека советите и тактичките промени на полувремето биле клучни за резултатот да се смени во корист на охриѓани, потенцирајќи ја поддршката од трибините како многу значаен фактор за овој триумф. „Прво сакам да му честитам на Вардар за заслужената ...

Брегалница во денешното второлигашко дерби ќе го пречека тимот на Шкендија Арачиново, во пресметката на двете водечки екипи на табелата која би можела да го реши патникот во елитното друштво. Штипјани во пресрет на овој суперзначаен натпревар испратија апел до своите навивачи, на спортски начин да ги бодрат фудбалерите на Брегалница, без провокации кон гостите од Арачиново. „ФК Брегалница Штип упатува искрен апел до сите присутни на ...

Урош Луковиќ преку емотивна порака се збогуваше од КК Куманово, со што извонредниот српски центар и дефинитивно стави крај на оваа авантура во таборот на „сино-белите“, чии бои ги бранеше во неколку наврати, последен пат доаѓајќи во 2024 година и останувајќи до крајот на оваа сезона. Луковиќ се приближува до крајот на кариерата, Србинот веќе има 36 години, се уште е неизвесно дали ќе настапува за некој друг клуб или ќе замине во играчка ...

Шампионот Оклахома сити тандер е на чекор до ново финале во Западната конференција откако синоќа убедливо славеше на гостувањето против ЛА Лејкерс со 108-131, за водство од 3-0 во оваа плејоф серија. „Езерџиите“ пробаа најразлични варијанти во играта, тренерот Редик им даде шанса на неколку играчи кој најчесто седат на клупата, но конечниот исход е идентичен, Оклахома Сити беше тимот што на крајот се радуваше на победата. Пресудно се покажа ...

Неверојатни сцени доаѓаат од Чешка, каде големото дерби меѓу Славија и Спарта Прага не го дочека својот крај поради хаосот што го направија домашните навивачи. Имено, резултатот беше 3-2, а Славија со таквиот исход ќе имаше „плус осум“ во однос на лутиот ривал и можеше да ја прослави шампионската титула. Само што… на навивачите не им се чекаше, па шест минути пред да биде означен крај стотици фанови на Славија влетаа на терен, дел од нив ја ...

Јувентус стигна до значајна победа во трката за место во ЛШ откако вечерва славеше на гостувањето против Лече со 0-1, благодарение на Душан Влаховиќ и погодокот што српскиот голгетер го постигна уште во првата минута од мечот. Резултатот беше отворен буквално во првата акција, откако Јуве тргна од центар, топката стигна до Влаховиќ, кој уште во 11. секунда донесе радост на „старата дама“. Србинот имаше уште неколку шанси за втор гол што не ги ...

Доминацијата на Галатасарај во турскиот шампионат продолжи со нова титула. четврта во низа за овој гигант кој на едно коло до крајот го осигура трофејот пред лутиот ривал Фенербахче. Галата вечерва неочекувано се мачеше со Анталијаспор, два пати губеше со 0-1 и со 1-2, но „црвено-жолтите“ сепак најдоа начин да победат и да ја прослават победата пред своите верни навивачи. Виктор Осимен беше херојот со гол за 3-2 во 88. минута, по што ...

Лионел Меси продолжува со маестралните изданија во МЛС-лигата откако аргентинскиот генијалец го предводеше Интер Мајами до триумф на гостувањето во Торонто (2-4). Де Пол донесе водство на Интер во првото полувреме, по што во вториот дел почна шоуто на Меси. Аргентинецот најпрвин му асистираше на Луис Суарез за 0-2, потоа му додаде на Регуилон за неговиот прв гол во МЛС (за 0-3), пред Меси самиот да стрела прецизно за 0-4. 🇦🇷✨ Leo Messi (38) ...

Струмица 2001 е тимот што се закити со титулата шампион на Првата македонска лига, откако во финалната серија успеа да триумфира со 2-1 над составот на Бутел. Мајсторката се играше вечерва во Струмица, каде домашните кошаркари по голема битка стигна до триумф од 81–76 што им носи и билет за преселба во елитното друштво. Струмичани имаа контрола над резултатот во голем дел од натпреварот, на полувреме водеа со 45-38, на крајот од третиот ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

53.60

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54