Вардар е новиот есенки првак. Лидерот на табелата успеа да триумфира против Македонија ЃП на гостински терен, и така да ја одбрани првата позиција, на која ќе презими до почетокот на пролетниот дел од сезоната, кога ќе се обиде да дојде до титулата во ПМФЛ. Натпреварот можеше да има сосема поинаков епилог, откако гостите се намачија да стигнат до пресврт, откако имаа негатива на стартот од вториот дел. Вардар имаше најмалку шест сериозни ...

Екипата на Струга ТЛ со победа ја заврши 2025 година, и ќе презими на втората позиција со еден бод заостанување зад лидерот Вардар. Во втората полуетапа од сезоната, стружани ќе се обидат да дојдат до третата шампионска титула. Струга ТЛ денеска обезбеди триумф во Кавадарци над Тиквеш. Со еден гол, стружани стигнаа до трите бода. Моментот на одлука се случи во 36. минута од натпреварот, кога Хамза со прекрасен лоб удар го совлада Тасев. ...

Крилниот играч на Тотенхем, Дејан Кулушевски би можел да се врати во Италија, откако во последно време се поголеми се шпекулациите за интерес од страна на тренерот на Наполи, Антонио Конте за неговите услуги. Според италијанските меидиуми, Конте и спортскиот директор Џовани Мана веќе работат на можен договор со шведскиот репрезентативец кој има потекло од Македонија. Наполи се соочува со сериозни тешкотии во седниот ред, и поради оваа причина ...

Заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан и натаму е главна тема во Србија. По повод неговото заминување, изјава за националниот сервис РТС даде и нашиот поранешен кошаркар и екс претседател на КФМ, Перо Антиќ. Антиќ работеше со Обрадовиќ во минатото, и добро го познава неговиот менталитет. Заедно со него беа во Фенербахче, а во 2017 година ја освоија Евролигата. „Жељко е човек кого го запознав во 2001 година додека играв за АЕК и секогаш ...

Рубен Гарабаја повеќе не е тренер на шампионот Е. Пелистер. После ремито со Алкалоид во македонското првенство и поразот од Загреб во ЛШ, шпанскиот стручњак поднесе оставка од функцијата, а клубот му ја прифати. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот. Клубот веднаш реагираше и го назначи досегашниот директор Звонко Шундовски за в.д. тренер, и тој ќе ја води екипата на дуелот со Вардар. „Сакам да потенцирам дека по натпреварот ...

Играчот на Е.Пелистер Филип Кузмановски, го има третиот најубав гол на колото во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец при предност од 3-5 за битолскиот тим на истекот на 14. минута, успеа да постигне убав гол. Кузмановски од место од девет метри успеа да даде гол, и така да го зголеми резултатот, а тој гол се најде меѓу најдобрите во ЛШ. Сепак, на крајот битолскиот тим го загуби овој натпревар со 27-23. Крадењето авторски ...

Тренерот на Валенсија, Карлос Корберан на прес-конференцијата после натпреварот против Картагена во Купот на Шпанија, со пофалби за македонскиот голман Столе Димитриевски, кој, конечно, доби шанса да стартува и да заврши еден натпревар за својот тим. Корберан рече дека Димитриевски бил клучен фактор за победата на Валенсија во тој натпревар, не само поради одбранетиот пенал, туку и поради изведбата во целиот натпревар. „Димитриевски одигра ...

Голем скандал ја тресе Турција утрово. Од рано наутро се извршени апсења низ целата земја. Фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај, Мерт Хакан Јандаш и Метехан Балтачи, беа приведени како дел од огромна операција под обвинение за обложувања во фудбалот. Обвинителството, исто така, објави дека е приведен и судијата Зорбај Кучук. Голем број професионални фудбалери, менаџери, претседатели на клубови беа уапсени, сето тоа како дел од истрагата ...

Поранешната НБА ѕвезда, сега кошаркар на Баерн Минхен, Спенсер Динвиди, даде интересна изјава по поразот на неговиот тим од Партизан во Белград во Евролигата. За време на натпреварот, домашните навивачи жестоко ги исвиркаа сопствените играчи, револтирани од заминувањето на Жељко Обрадовиќ. Динвиди опиша како ја доживеал таа необична атмосфера во белградската арена. „Го разбрав контекстот, но не и зборовите. Секако, не го разбирам јазикот, но ...

Во домашниот фудбалски шампионат денеска се очекува заверка на „есенската титула“. Лидерот, екипата на Вардар денеска го игра својот последен дуел есенва, во рамките на 16. коло од ПМФЛ. Триумф против тимот на Македонија ЃП на гостински терен од 13 часот ќе значи и презимување на лидерската позиција. Секако, од „сенка“ чека тимот на Струга ТЛ кој што чека кикс на Вардар, а во обид да дојде до победа над Тиквеш на гостувањето во Кавадарци, ...

Тиквеш денеска (13 часот) на свој терен во рамките на последното есенско коло од ПМФЛ шампионатот на свој терен ќе го пречека тимот на Струга ТЛ. Кавадарчани во добар стил ја завршуваат есенската полусезона откако се мачеа резултатски и играчки на почетокот. Со доаѓањето на Борче Христов на кормилото, нештата се подобрија, па во Кавадарци се радуваа на девет бода од последните четири мечеви. Тоа секако дека е позитивно делува на се, пред се ...

Фудбалерите на Струга ТЛ се во победничка серија и се надеваат дека ќе ја продолжат и на денешното гостување против Тиквеш во Кавадарци во последното есенско коло (13 ч.) На последните натпревари, во одлична форма игра Стефан Јевтоски, кој заедно со капитенот Буњамин Шабани и Бесмир Бојку, го сочинува „моторот“ на тимот на средината на теренот. „Имаме серија победи, за која верувам дека ќе продолжи и во Кавадарци. Во моментов мислам дека сме ...

Медиумите на Островот се прашуваа каде „исечзна“ македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по враќањето во Шкотска, овој пат во дресот на Ренџерс. „Бојан Миовски исчезна без трага на социјалните мрежи откако ги избриша своите профили на Инстаграм и Твитер (Х). А, сето тоа доаѓа во периодот на пост во дресот на Ренџерс за кој нема постигнато гол од 5 октомври“ – пишува „Дејли рекорд“. „Миовски се пресели на Иброкс за договор од 4,2 милиони ...

Ждрепката за групите на Светското првенство 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, е вечерва од 18 часот во Вашингтон. Титулата светски шампион ќе ја брани репрезентацијата на Аргентина. И Македонија ја очекува денешната ждрепка и евентуалната своја група на Мундијалот, доколку успее да го мине плеј-оф баражот закажан за март следната година и дуелите со Данска, и потоа со Чешка или со Р. Ирска. Ждрепката ќе стартува со извлекување на ...

Навивачите на Манчестер Јунајтед едноставно се заситија од сè и решија да го истурат целиот свој гнев на социјалните мрежи по ремито (1-1) на тимот со Вест Хем во Премиерлигата. Навивачите на Јунајтед ги окупираа социјалните мрежи и го „нападнаа“ Аморим затоа што го внесе Угарте место Куња во 77. минута од натпреварот. По само седум минути по таа измена, Вест Хем успеа да дојде до гол за конечни 1-1. „Секој пат кога Угарте ќе влезе на ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа како гости кај Торонто Репторс со 120-123, во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата. Лука Дончиќ, кој е во Словенија, каде што тој и неговата сопруга го очекуваат своето второ дете, не беше на теренот. Него соодветно го компензираше Остин Ривс, кој забележа дури 44 поени, 10 асистенции и пет скока и со тоа стана третиот „езерџија“, по Словенецот и Коби Брајант, кои израмнија три такви ...

Мирко Оцокољиќ, главниот тренер на Партизан на натпреварот против Баерн Минхен, беше задоволен по победата на црно-белите во 14. коло од Евролигата со 92-85. Партизан одигра натпревар против Баерн во невидена атмосфера. Играчите беа исфиркувани, но и тренерот Мирко Оцокољиќ беше пречекан со свирежи. Тој им се обрати на новинарите на прес-конференцијата откако црно-белите го забележаа својот петти триумф оваа сезона. „Мило ми е, заради ...

Филаделфија го победи Голден Стејт со 99-98 на домашен терен, благодарение на блокадата на Тајрис Макси врз Дионтони Мелтон буквално со звукот на сирената. Пред тоа, победничкиот кош го постигна ВЈ Еџкомб, кој го исправи промашувањето на Макси, на само 0.9 секунди до крајот. Неверојатна завршница која ретко се гледа на кошаркарските терени… VJ EDGECOMBE PUTBACK WITH 0.9 LEFT. TYRESE MAXEY CHASEDOWN BLOCK. SIXERS WIN AN ABSOLUTELY WILD ONE. ...

Манчестер јунајтед испушти триумф во 14. коло од Премиерлигата ремизирајќи (1-1) на „Олд Трафорд“ против Вест Хем. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Далот во 58. минута од средбата. Но, Вест Хем дојде до израмнување за конечни 1-1 со голот на Магаса во 84. минута. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ...

Лацио се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија. Во осминафиналната пресметка против Милан, „лацијалите“ пред своите навивачи триумфираа минимално со 1-0 но сосема доволно за место меѓу осумте најдобри екипи во најмасовното клупско натпреварување во Италија. Стрелец на победничкиот гол за Лацио беше Закањи во 80. минута од натпреварот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и ...

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е херојот на Валенсија во 1/32-финалето од Купот на Шпанија. Димитриевски ја спаси Валенсија од бламажа откако во 119. минута од мечот на гостувањето против нисколигашот Картагена во „Копа дел реј“ успеа да одбрани пенал, по што му овозможи на својот тим да дојде до победа од 1-2 и пласман во 1/16-финалето на Купот. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1, па следеа продолженија на ...

Очигледно ќе биде тешка вечер во Белград на натпреварот од Евролигата меѓу Партизан и Баерн Минхен, ако се суди според стартот на мечот пред загревањето на двата тима. По мачната ситуација созаминувањето на Жељко Обрадовиќ од клупата на Партизан, навивачите ги исвиркаа играчите на Партизан, а потоа почнаа да скандираат – „Жељко Обрадовиќ“. Кошаркарите на Партизан беа жестоко исвиркани од своите навивачи и при претставувањето на нивите имиња, ...

Нова одлична партија на македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски во дресот на италијанскиот Тренто. Јакимовски беше еден од лидерите во победата на својот тим на гостувањето против Улм од 87-100 во 9. коло во ФИБА Еврокупот. Италијанците на тој начин ја запишаа четвртата своја победа во европското натпреварување. Македонскиот кошаркар мечот го заврши со 13 поени и одлични 9 скокови, останувајќи само на еден скок од „дабл-дабл“, а имаше ...

Кошаркарите на Реал Мадрид го победија Ефес во Истанбул, со 75-81, во 14. коло од Евролигата. За Реал се истакна Марио Хезоња со 22 поени, четири скока и три асистенции, по него следуваа Треј Лајлс со 11 поени и пет скока, и Чума Океке со 10 поени и пет скока. Кај Ефес се истакна Роланд Шмитс со 21 поен, три скока и две асистенции, по него Ерџан Османи со 18 поени и четири скока. Ајзеа Кордини исто така имаше двоцифрен број на поени со 10 ...

Кошаркарите на Партизан конечно дојдоа до победа во Евролигата, триумфирајќи против Баерн Минхен со 92-85, во првиот натпревар без Жељко Обрадовиќ на клупата. Во меч во кој партизановите кошаркари ја немаа поддршката од навивачите од трибините кои во текот на целиот натпревар скандираа „Обрадовиќ Жељко“, на крај „црно-белите“ победија благодарение на одлично одиграната трета четвртина која ја добија со 28-15. Претходно, првото полувреме мина ...

ГОГ Гудме приреди вистинска сензација на гостувањето против Висла Плок победувајќи со 34-35, со што направи голем чекор напред кон следната фаза во Лигата на шампионите. Данците до победата дојдоа во последната секунда со голот на Расмусен. По оваа победа Гудме има две победи повеќе од македонскиот шампион Е. Пелистер, со што за битолчани сведени се на минимум шансите за пласман во следната фаза. Иако Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме имаат ...

Поранешниот играч на Селта Виго, Уго Мало, конечно е осуден за сексуален напад врз жена облечена како маскота на Еспањол. Ова беше потврдено откако тој ја изгуби жалбата. На 34-годишниот играч му беше наредено да плати казна од околу 7.000 евра, како и 1.000 евра плус камата директно на жената. Инцидентот се случил на 24 април 2019 година, пред почетокот на натпреварот на Селта со Еспањол. На натпреварот, Мало, тогашен капитен на Селта, го ...

Аргентинската ѕвезда и член на Интер Мајами, Лионел Меси ги сподели своите спомени од соработката со Пеп Гвардиола. Меси го фали Гвардиола, велејќи дека е најдобриот тренер на денешницата. За Пеп вели дека е уникатен тренер, кој не само што го менува стилот на својот тим, туку и на останатите екипи во првенството. „Се сретнавме еднаш, не го познавав, и немавме никаква врска се додека не стана главен тренер. Има добри тренери, но тој е ...

Екипата на Баерн Минхен е заинтересиран за 21-годишниот играч на Брајтон, Карлос Балеба. Играчот од средниот ред е опција за „Баварците“ за летото 2026 година. Камерунскиот репрезентативец е желба и на Манчестер Јунајтед за идното лето, но Баерн сака да го потпише на местото на Леон Горецка. Сепак, високите барања на Брајтон се проблем за сите заинтересирани клубови. Премиерлигашот бара огромни 85 милиони евра за неговите услуги, и тоа може ...

Фудбалерите на Болоња се пласираа во 1/4 финалето на Купот на Италија, откако со 2-1 ја елиминираа Парма од ова натпреварување. Домашните играчи со гол во последната минута, стигна до триумфот и да пласманот меѓу најдобрите осум тима. Парма стигна до шокантно водство во 13. минута откако Бенедичак стрелаше во мрежата за предност. Рове во 38. минута успеа да го израмни резултатот. Победникот беше решен во 89. минута од натпреварот, кога Холм ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
59%
1026
weather icon

Белград

-6ᴼ / -8ᴼ
4.12
63%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -10ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
8.75
68%
1026
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
8.02
72%
1022
weather icon

Љубљана

-7ᴼ / -8ᴼ
0.63
89%
1025
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
4.92
60%
1015
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
47%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
32%
1024
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -7ᴼ
3.09
91%
1018
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
8.23
67%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
7.72
93%
1017
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Родиум

310254.70

Кобалт

59.52

Паладиум

57935.65

Платина

72292.89

Цинк

3.10

Бакар

11.84

Иридиум

169549.30

Рутениум

44946.74

Калај

44.73

Алуминиум

3.14

Сребро

2569.43

Злато

144981.23