Кошаркарите на ТФТ не успеаја преку АБА2 да влезат директно во елитното друштво, но македонскиот вицепрвак има нова шанса за такво нешто, преку баражот со претпоследниот тим од АБА1, српскиот претставник Борац Чачак. Серијата се игра до две победи, Борац ја има предноста на домашен терен почнувајќи од вечерва во 20.30 часот, но во таборот на ТФТ владее оптимизам дека ќе може да се замрсат сметките на фаворитот. Впрочем, скопскиот клуб во АБА2 ...

Сан Антонио израмни на 1-1 во полуфиналето на Западната конференција против Минесота откако спарси издоминираа во овој втор меч, славејќи со преубедливи 133-95. Домаќините влегоа максимално мотивирани, прашањето на победникот решавајќи го во првите две четвртини што „мамузите“ ги добија со 24-17 и со 35-18. Убедливото водство и осигураната победа придонесе тренерите да ја поделат минутажата во второто полувреме, па така Вембањама реализираше ...

Фудбалерите на актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен се пласираа во ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва ремизираа на реваншот против Баерн Минхен на „Алијанц арената“ 1-1. По феноменалниот натпревар одигран пред осум дена во Париз кој заврши со победа на „светците“ од 5-4, неверојатен старт имаше и овој дуел откако гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Усман Дембеле уште во 3. минута на асистенција на Квича ...

Кошаркарките на Бадел ја спасија првата меч топка откако славеа на третиот натпревар од финалната серија против Крива Паланка на домашен терен со 71-69 и намалија на 2-1 во финалната серија во шампионатот на Македонија. Гостинките напаѓачки подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 19-24. По израмнетиот втор период Крива Паланка успеа ја пауза меѓу двете полувремиња да замине со позитива од шест поени 37-43. ...

Актуелниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен е пред пласман во ново финале во Лигата на шампионите откако има предност и на реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето. Грузискиот интернационалец Квича Квараскелија повторно е во прв план. Тој беше асистент на голот на Усман Дембеле за 0-1 во 5. минута. Со оваа асистенција тој стана првиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој на седум меча во низа во нокаут фазата ...

Ракометарите на Барселона рутински ја завршија работата што ја почнаа минатата недела на гостувањето кај Нант во Франција откако вечерва на домашен терен во реваншот славеа со убедливи 31-21. Каталонците уште од самиот старт го контролираа мечот и веќе на пауза имаа позитива од 15-12. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 31-21. Алеиш Гомзе со 10 гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Тибо ...

Трет натпревар и трет брејк во серијата меѓу Панатинаикос и Валенсија откако вечерва шпанскиот тим славеше на гостувањето кај атинските зелени со 87-91 и со тоа намали на 2-1 во четвртфиналната серија во Евролигата. Гостите од Шпанија изненадувачки стигнаа до рутинска победа во ОАКА откако во ниту еден момент од натпреварот не дојде до знак прашалник нивниот триумф. Натпреварот го одбележа и исклучувањето на двајцата тренери поради ...

Продолжува тензијата меѓу Панатинаикос и Валенсија и на третиот меч од серијата кој се игра во Атина. Валенсија има предност на стартот на последниот период, но и двата тима се без своите тренери. До тоа дојде откако и Атаман и Педро Мартинез беа исклучени поради тоа што влегоа во меѓусебен дуел на аут-линијата. Pedro Martinez and Ergin Ataman got into a heated exchange on the sidelines, and BOTH GOT EJECTED 🤯 pic.twitter.com/0qrEIshv2a — ...

Кошаркарите на Жалгирис не дозволија „метла“ против актуелниот шампион Фенербахче откако вечерва во натпреварот три од плеј-офот славеа на домашен терен со 81-78 и со тоа намалија на 2-1 во победи. Гостите од Турција освен тоа што го добија првиот период со 12-25, буквално не покажаа ништо од шампионскиот тим од минатата сезона, па на крајот литванската гордост со цврста игра заслужи да стигне до триумф од 81-78. Tубелис со 26 поени беше прво ...

Како и на првиот натпревар така и вечерва Баерн Минхен и Пари Сен Жермен се решени да ни приредат невидено шоу. Гостите од Париз доаѓаат до водство од 0-1 уште по само четири минути. Квича Квараскелија одлично го проигра Дембеле кој на феноменален начин го матираше Мануел Нојер. Bayern Munich 0 – [1] PSG [4-6 on agg.] – Ousmane Dembélé 3' byu/ayoefico insoccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...

Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот од Суперлигата откако денеска на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ славеа против Пелистер со 80-75. Домаќините фуриозно го отворија натпреварот и по десет минути веќе имаа двоцифрена предност 28-18. Битолчани заиграа подобро во вториот период, па на пауза заминаа со негатива од само четири поени (39-35). Вториот дел ни ...

Германскиот Фуксе Берлин е првиот патник на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако по пенал серија славеше на Веспрем во натпревар од четвртфиналето. Германците одлично играа во првиот дел се до моментот кога имаа плус шест 17-11, а промашија и празен гол за големи плус седум. Веспрем некако се разбуди и до паузата стигна на негатива од само два гола 17-15. Во вториот дел Гидсел стрелаше за 26-24, ова за него беше 142 гол сезонава со што ...

Германскиот Фуксе Берлин е првиот патник на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако по пенал серија славеше на Веспрем во натпревар од четвртфиналето. Германците одлично играа во првиот дел се до моментот кога имаа плус шест 17-11, а промашија и празен гол за големи плус седум. Веспрем некако се разбуди и до паузата стигна на негатива од само два гола 17-15. Во вториот дел Гидсел стрелаше за 26-24, ова за него беше 142 гол сезонава со што ...

На возраст од 61 година, по долго боледување, почина Сами Адеми, еден од доајените на спортското новинарство во Македонија и долгогодишен коментатор во Македонската радио-телевизија. Адеми беше синоним за спортската редакција на втората програма на МТВ. Неговиот глас со децении ги пренесуваше најважните моменти на македонската репрезентација, будејќи емоции кај гледачите и во моментите на големи победи и во деновите на тешки порази. Тој не ...

Двата реванш полуфинални натпревари од Купот на Македонија беа од особено значење за сите четири екипи, кои во нив влегоа со резултатска неизвесност. На натпреварите имаше неколку предизвикувачки ситуации за судиите, како и за ВАР судиите. На натпреварот во Куманово, помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Шкендија Тетово, во 90. минута беше покажан директен црвен картон за играчот со бр. 11 поради провокативни, неспортски и вулгарни ...

Не може да мине ден без скандал во Реал Мадрид, откако на „кралевите“ им стана јасно дека повторно ќе останат без трофеј цела сезона, па сега се повеќе сме сведоци на препукување во ѕвездениот тим од шпанскиот главен град. Половина екипа е во конфликт со тренерот Арбелоа (весникот „Марка“ објави дека најмалку шест првотимци воопшто не комуницираат со шефот на струката), во текот на вчерашниот ден Антонио Ридигр на тренинг го удираше левиот ...

Баерн Минхен брка негатива од еден гол на вечерашниот реванш со ПСЖ, па тренерот Компани очекувано повторно се реши за ултра-офанзивна постава, со Мусиала како плејмејкер зад офанзивното трио Олис – Дијаз – Кејн кое функционира беспрекорно од стартот на сезонава. На спротивната страна, Луис Енрике е принуден на една измена, па така на местото на повредениот Хакими мора да игра Заир Емери, кој вообичаено е во средниот ред, но овојпат ќе ...

Ансу Фати и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Монако откако „кнезовите“ решија да ја активираат клаузулата за откуп на неговиот договор со Барселона. Поранешната „десетка“ на Барса си замина од каталонскиот гигант во обид да ја врати кариерата во посакуваниот правец, а преселбата во Монако се покажа како вистински потег. Тој настапи на 28 средби за „кнезовите“, притоа постигнувајќи 11 погодоци во сите натпреварувања. За ...

Поранешниот соиграч на Рајан Шерки од тимот, Жорж Микаутадзе, тврди дека ѕвездата на Манчестер Сити е подобар од талентот на Барселона, Ламине Јамал. Микаутадзе играше заедно со Шерки во Лион минатата сезона и во 34 натпревари учествуваа во девет голови заедно. Француско-грузискиот напаѓач потоа се пресели во Виљареал за околу 26 милиони фунти, додека Шерки се пресели во Манчестер Сити за околу 34 милиони фунти. Во својата дебитантска сезона ...

Жозе Мурињо е „избраниот“ тренер од страна на Флорентино Перез, откако првиот човек на Реал Мадрид разгледа неколку различни опции, но на крајот пресече дека португалскиот стратег е идеален за враќање на „кралскиот клуб“ на победнички патеки и освојување на трофеи, нешто што не беше случај во последните две сезони. Мурињо има договор со Бенфика, но тој проблем се решава со плаќање на клаузулата во висина од три милиони евра, а португалските ...

Екипата на Дубаи имаше сосема солидна дебитантска сезона во Евролигата, но богатиот клуб од ОАЕ веќе планира сериозни засилувања за летниот преодеон рок. Дубаи ќе ја користи кризата на Монако, па веќе се најавува дека е осигуран и првиот потпис од редовите на актуелниот европски вицепрвак, и тоа францускиот репрезентативец Ели Окобо. За Окобо се интересираа уште неколку евролигаши, особено откако стана јасно дека кризата на Монако е огромна и ...

Енис Барди има причина да биде горд на себе и на своите соиграчи откако Коњаспор во голем стил стигна до финалето во Купот на Турција. Откако во четвртфиналето беше елиминиран гигантот Фенербахче, тимот на Коњаспор синоќа направи уште еден подвиг, во полуфиналето на гостински терен совладувајќи го Бешикташ со 0-1, и тоа со голот што го постигна токму Барди во продолженијата од два пати по 15 минути. „Пресреќен сум, искрено… направивме огромен ...

Силекс и Шкендија Тетово ќе ги одмерат силите во големото финале на Купот на Македонија, откако прволигашките екипи ги добија денешните пресметки со ривалите од Втората лига, визирајќи си го билетот за големото финале. Силекс имаше нерешени 1-1 по првиот дуел со Охрид, но кратовци со денешниот триумф од 1-0 стигнаа до посакуваниот исход во овој двомеч. Тимот предводен од Александар Васоски одигра беспрекорно во одбраната, па два гола во 180 ...

Комитетот за итност на ФФМ донесе одлука, финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција да се одигра на 14 мај на стадионот на Македонија ЃП со почеток во 15 часот. Во решавачкиот натпревар за трофејот во ова натпреварување ќе се сретнат ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса. Согласно пропозициите за финалето на Купот во женска конкуренција оваа година ќе одигра со примена на ВАР технологијата. За фудбалерките на Тиверија Брера ова ...

На последниот состанок на дисциплинската комисија при ФФМ донесени се следниве одлуки: 1. Фудбалерот на ГФК Тиквеш1930 АД Камара Фоде се казнува со забрана за настап на три натпревари 2. Фудбалерот на ФК Струга Трим Лум АД, Меметриза Хамза се казнува со забрана на настап на два натпревари 3. Фудбалерот на ФК Шкендија АД, Фабрис Тамба се казнува со забрана на настап на два натпревари 4. Фудбалерот на ГФК Охрид Лихнидос, Иван Глигоров се ...

Килијан Мбапе требаше да биде засилување од соништата за Реал Мадрид, но не само што „кралевите“ втора година по ред се без трофеј со францускиот голгетер во своите редови, туку тој почна да ги фрустрира сите со своето однесување. Создадениот раздор во соблекувалната според многумина се должи токму на чудното однесување на екс-ѕвездата на ПСЖ, кој добива и повластен статус. Соиграчите и дел од стручниот штаб се бесни што тој среде сезона во ...

Се е подготвено за вечерашниот реванш меѓу Баерн и ПСЖ, а неуралната фудбалска јавност гласно се надева – овие два дрим-тима да понудат барем приближно возбудлив и ефикасен фудбал како што тоа беше првиот меч во Париз што францускиот тим го доби со 5-4. Голем проблем за гостите ќе биде неиграњето на Хакими, додека Баерн ќе биде комплетен во обид да ја урне непријатната традиција – по пет елиминации во низа конечно да стигне до финале откако ...

Најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК е посветена на легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Васил Рингов, кој на крајот од минатата година го напушти, помалку неочекувано, овој свет. А, гостин во специјалната епизода посветена на животниот пат на Васил Рингов е истакнатиот македонски новинар и публицист, Срѓан Ивановиќ, автор токму на биографијата за фудбалската легенда – „Фудбал под сенка“, која излезе постхумно. ...

Женскиот кошаркарски клуб „МВП Скопје“ ќе биде организатор на завршниот турнир во М14 лигата. откако се пријави и се стекна со правoтo да биде домаќин на финалниот дел од ова натпреварување. Во исто време, утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат: МВП Скопје и Струга 2009, односно Петровски и Бадел 1862, ќе се играат на 9. мај ...

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, ја критикуваше ВАР-собата по натпреварот со Нотингем Форест. Нотингем победи со 1-0, со гол на Крис Вуд, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа. Емери рече дека судијата Жоао Пинеиро бил добар, но и дека ВАР требало да го информира поради остриот старт на Елиот Андерсон врз Оли Воткинс. „Судијата беше фантастичен, фантастичен“, рече Емери, додавајќи: „Но ВАР е навистина, навистина лош. Тоа ...

Цезар салата

53 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Калај

53.60

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39