Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Промените во раководството на кошаркарскиот клуб Партизан започнаа со оставката на тренерот Жељко Обрадовиќ по што следеше и оставка на спортскиот директор Зоран Савиќ чие место нема да долго да биде слободно според пишувањата на медиумите кај нашиот северен сосед. Неговиот наследник се очекува да биде уште една легенда на клубот во името на Жарко Паспаљ кој е прв избор на претседателот на белградскиот гигант, Остоја Мијајловиќ. Паспаљ има ...
На шампионот на ПМФЛ екипата на Шкендија само пет минути и беа потребни за да поведе против Работнички, кого го очекува жестока битка за опстанокот во најсилната македонска фудбалска лига. После шансата на Ибраими во третата минута и одбраната на Василев, две минути подоцна се тресеше мрежата на „романтичарите“. Долга акција на Шкендија, по која топката се „прошета“ низ одбраната од средината на десната страна до Трумчи, кој асистираше до ...
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември 2025 година, а во работата на најважните две репрезентации на Македонија беше вклучен од 2014 година. Во својот мандат на клупата на најдобрата македонска репрезентација, од 1. август 2021 година, Милевски ја предводеше ...
Арне Слот доби простор за дишење со вчерашната победа на гостувањето против Вест хем, со која стратегот на „црвените“ ја намали опасноста од добивање отказ по серијата катастрофални резултати во последните два месеца. Слот може да здивне откако утрово беше објавено и дека миленикот на навивачите, легендарниот Јирген Клоп, ја отфрлил можноста за камбек на „Енфилд роуд“. Иако претходно беше најавувано дека Ливерпул е единствениот англиски клуб ...
Фудбалската репрезентација на Словеннија во иднина ќе има нов селектор откако беше донесена одлука за разделба од Матијаж Кек, стратегот кој одлично ја водеше селекцијата на ЕВРО 2024, но на крајот ја плати цената за слабите резултати во последните мундијалски квалификации. Федерацијата денеска објави дека се разделува од овој стратег, кој во двата мандата како селектор ја водеше Словенија на две големи натпреварувања, на СП 2010 и на ЕП ...
Флоријан Вирц стана прв германски фудбалер што по подолга пауза го одби Баерн Минхен откако екс-капитенот на Баер Леверкузен го избра Ливерпул за следна станица во кариерата. Германецот се мачи да се наметне во првите месеци во клубот, а челниците на Баерн едвај дочекаа да фатат „сеир“ зошто Вирц не игра како што треба за актуелниот англиски првак. Ули Хенес гласно го критикуваше Ливерпул, потенцирајќи дека себичноста на „ѕвездите“ на ...
Вардар утре во последиот домашен меч од групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ ќе го пречека составот на Тулуз, дуел на кој тренерот Чупиќ не крие дека очекува ново добро издание и победа на „црвено-црните“. Тулуз е ривал што Вардар веќе го доби во Франција, дуелот нема преголемо резултатско значење ако се знае дека Вардар секако ќе биде прв во групата, а гостите се без шанси за следната фаза, но Чупиќ јасно стави до знаење дека нема да ...
Работнички во последниот натпревар од 15.коло во Првата фудбалска лига денеска гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Шкендија (13 часот). Со оглед на позицијата на табелата и скромното бодовно салдо, за тимот од Дебар Маало секој нареден меч во првенството ќе има огромно значење во битката за опстанок. Целта е јасна, мора да се освојуваат бодови, затоа што конкурентите се сѐ подалеку и Работнички мора да реагира и што поскоро да влезе во ...
Страшни вести пристигнуваат од Бугарија, откако медиумите од источниот сосед пренесоа дека легендарниот голгетер Љубослав Пенев се наоѓа во тешка состојба во клиника во Германија. Веста беше потврдена и за информативнаа агенција БТА од страна на Ивајло Аспарухов, близок пријател на Пенев кој обелодени дека Љубо се наоѓа во клиника во Германија, состојбата му е тешка и лекарите во последните денови се борат за неговиот живот. Тој потврдил и ...
Реал Мадрид приреди ново разочарување за своите навивачи откако во 14. коло од Ла Лига освои само бод на гостувањето кај жилавата Џирона (1-1), препуштајќи ја првата позиција на табелата на вечниот ривал Барселона. Ѕвездата на „кралевите“ Килијан Мбапе имаше голема шанса во 94. минута да го доведе својот тим до триумф, но не ја искористи големата шанса. Неговото промашување драматично го доживеа Чаби Алонсо кој во неверување падна на колена ...
Јувентус во следниот период ќе мора да се снаоѓа без услугите на Душан Влаховиќ откако српскиот ас заработи повреда за време на саботниот дуел со Калјари. Голгетерот мораше да биде заменет по само триесетина минути игра, а Спалети веднаш по мечот изјави дека повредата не изгледа добро и дека Влаховиќ ќе мора да отсуствува извесно време. Детални информации се очекуваат во текот на денешниот ден, но „црно-белите“ од Торино се подготвуваат да ...
Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија победничката низа во НБА лигата триумфирајќи и над Њу Орлеанс со 133-121 благодарение на новата одлична партија на словенечката ѕвезда Лука Дончиќ. Дончиќ овој пат го предводеше својот тим со 34 поени, 12 скокови и седум асистенции за 35 минути поминати во игра. На спротивната страна се истакна МекГовенс со 23 поени. Шампионот Оклахома исто така ја продолжи победничката низа триумфирајќи на гостувањето кај ...
Македонската кошаркарска репрезентација ја издвои и втората победа во претквалификациите за Евробаскетот 2027 триумфирајќи на гостински терен во Даблин против Ирска по голем пресврт. Македонија не беше на ниво во воведот во средбата, но двоцифрената негатива на крајот на средбата беше претворена во двоцифрена победа. „На почетокот, мечот не беше на наша страна заради цврста игра на ривалот. Но брзо се адаптиравме и дадовме одговор. На крајот ...
Андреј Шошкиќ прераснува во лидер на тимот на Стоуни брукс во НЦАА-лигата откако токму македонскиот репрезентативец ја имаше улогата на херој на гостувањето против ЛМУ, во победата од 68-71, прв триумф на Стоуни брукс на гостувањето против овој реномиран ривал во историјата на НЦАА. Шошкиќ и соиграчите одиграа одлично прво полувреме во кое имаа двоцифрена предност, но домаќините се вратија. Во последните секуннди Стоуни брукс имаше „плус ...
Селекторот Марјан Илиевски има причина за задоволство откако Македонија забележа две победи на стартот од претквалификациите за Евробаскет 2029. Ривалите се далеку од реномирани, но Ирците синоќа покажаа дека можат да одиграат квалитетно, создавајќи ни проблеми во огромни делови од мечот во Даблин. Сепак, покажаниот карактер и двоцифрената победа на крајот се причини за задоволство на стручниот штаб предводен од Марјан Илиевски. „Првично, ...
Екипата на Реал Мадрид и дефинитивно е симната од првото место на табелата по третото реми по ред. Избраниците на Чаби Алонсо успеаја да освојат само бод на гостувањето кај Џирона играјќи 1-1. Уште еднаш „кралевите“ покажаа слабост во завршницата од нападите, не успеаја да дојдат до втор гол, и така ја испуштиај победата, а Џирона можеше на крај и да ги казни гостите. Избраниците на Алонсо беа шокирани во финишот од првиот дел, кога Оунахи ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, призна дека имало чувство на олеснување во таборот на шампионите откако тимот ја прекина серијата од три порази со победа од 2-0 над Вест Хем. Холанѓанецот го опиша успехот и неприфаќањето на голот во натпреварот како добар прв чекор. Самиот Слот беше под жесток притисок дека мора да победи, откако доби ултиматум дека мора да триумфира на следните два меча, ако сака да ја задржи позицијата. „Дефинитивно има ...
Наполи успеа да слави на тешкото гостување во Рим со 0-1, и така да ја симне Рома од врвот на табелата во Серија „А“. Сега Наполи заедно со Милан се на делба на првото место на табелата со 28 поени, додека Рома падна на чевртата позиција, но има само еден бод помалку од водечките. Стрелец на единствениот гол за победа на овој меч беше Давид Нереш по еден брз противнапад на гостите. Изгубена топка, по што контра која ја поведе Хојлунд, и ...
После четири кола во кои не успеа да запише ниту една победа, екпиата на Лион успеа да слави три бода во мечот против Нант, победувајќи со убедливи 3-0. Сите три гола паднаа во вториот дел, кога тимот на Лион имаше играч повеќе на теренот, по исклучувањето на Мванга пред крајот на првиот дел. Тоа го искористи најпрво Абнер Винициус кој донесе предност во 51. минута, а потоа во 70. минута Сатриано зголеми на 2-0 со прекрасен гол со ножички. ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски, со уште една одлична партија ја однесе Македонија до втор триумф во претквалификациите за пласман на Светското првенството. Играчот на Тренто го заврши мечот со постигнати 26 поени, а по мечот истакна задоволство од победата на репрезентацијата. „Ова е многу важна победа за нас. Мечот беше физички тежок, знаевме дека играме на гости, дека судиите малку ќе бидат на страна на ...
Како и против Швајцарија, така и против Босна и Херцеговина, кошаркарската репрезентација на Србија имаше негатива, но на крајот славеше со 74-72 во Сараево по голем пресврт, и по одличната четврта четвртина која ја добија Србите со 23-14. Кошаркарите на БиХ ја добија воведната четвртина, а потоа славеа и во втората, па заминаа со предност од +4 поени на полувремето. Србите никако не успеваа да најдат противигра за домашниот тим, па така во ...
Иван Галевски е херојот на Алкалоид. Голманот на скопскиот тим одбрани пенал во последната секунда, и донесе реми за својот тим на жешкиот терен во Битола. На крајот мечот заврши 26:26, но треба да се напомене дека шампионот „прокоцка“ водство од цели седум голови предност во второто полувреме. На крајот избраниците на Кирил Лазаров не се предадоа, покажаа карактер и дојдоа до големо реми. Првиот дел беше резултатска вртелешка, двете екипи се ...
Иван Галевски, голманот на Алкалоид е херој на својот тим на тешкото гостување во Битола. Чуварот на мрежата успеа да ја добие психолошката војна во дуелот со Хосни од Е.Пелистер, а потоа и да му одбрани пенал на Радивојевиќ, за голем бод. Галевски имаше вербална комуникација со Хосни, а потоа „мртов-ладен“ го сочека изведувачот на пеналот Радивојевиќ, му го одбрани ударот, па следуваше огромна радост. Инаку Алкалоид имаше седум голови ...
Ливерпул го совлада Вест Хем на гости со 0-2, а имаше еден интересен детал во 84. минута од овој натпревар кој беше решен во вториот дел. Црвените на крајот со головите на Исак и на Гакпо славеше. На овој начин екипата на Арне Слот ја прекина серијата на порази, и барем малку ги смири незадоволните навивачи. Меѓутоа интересен детал беше начинот на кој играчот на Вест Хем, Лукас Пакета доби црвен картон. Овој фудбалер веќе беше во центарот на ...
Челси и Арсенал одиграа нерешено 1:1 во меѓусебниот натпревар од 13. коло во Премиерлигата. Арсенал имаше предност на теренот со играч повеќе која не успеа да ја искористи, и да дојде до нова победа со која ќе се зацврстеше на првото место на табелата. Натпреварот започна со многу дуели, а во 5. минута Мартин Зубименди го доби првиот жолт картон на натпреварот, а потоа и Марк Кукуреља доби картон. Првата добра ситуација дојде во 13. минута ...
Екипата на Ајнтрахт Франкфурт го губи здивот во трката за врвот, откако денеска на свој терен одигра само 1:1 против Вофлсбург, и не ја оправда фаворитската улога. „Волците“ дури беа и пред триумф, но во 90. минута домашните успеаја да се спасат. Центер во 67. минута на асистенција на Кумбеди успеа да донесе предност за гостите, која беше актуелна се до последните мигови од мечот. Во шестата минута од судиското продолжение, Ајнтрахт од пенал ...
Аталанта со 2-0 беше подобра од екипата на Фиорентина на домашен терен, и ја оствари само третата победа во Серија „А“, и со тоа ја прекинаа низата на лоши резултати на екипата од Бергамо. Од друга страна, пак, ниту тренерската смена во Фиренца не донесе нешто ново во поглед на резултатите. Кусуну во 41. минута на асистенција на Де Кетеларе успеа да донесе предност за домашниот тим. На вториот гол се чекаше само шест минути од стартот на ...
Кошаркарската репрезетнација на Македонија забележа победа и во второто коло од претквалификациите за Евробаскет 2029, откако вечерва по голема борба славеше на гостувањето против Ирска со резултат 76-88. Ирците се покажаа како незгоден ривал, имаа двоцифрена предност во првото полувреме, целосно парираа до две минути пред крајот, кога Македонија сепак успеа да се одлепи и да стигне до значаен триумф со кој се зацврсти на првото место на ...
Претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ се обрати на јавноста првпат пат откако тренерот Жељко Обрадовиќ поднесе оставка од местото тренер на „црно-белите“. Српските медиуми објавуваат дека Мијаиловиќ најавил дека ќе бидат раскинувани договори со кошаркарите, поради тоа што, како што рече, не го слушале тренерот Обрадовиќ, но и дека се одлучиле да „бојкотираат“ после серијата од 25-0 на Панатинаикос. „Жељко рече дека ...
Министерството за внатрешни работи објави дека по завршувањето на натпреварот Вардар – Шкупи приведени биле седум лица, поради нарушување на јавниот ред и мир. Според полицијата, истите фрлале пиротехнички средства, го нарушувале јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување на наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачјето на Скопје. „Денеска (30.11.2025) по завршување на фудбалскиот напревар во ...