Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Македонската репрезентација има предност од минималннни 40-42 по првото полувреме од гостувањето против Ирска, меч на кој дефинитивно се очекуваше многу подобра игра од нашите кошаркари од она што го покажаа во првите 15 минути. Во неколку ситуации имавме и двоцифрена негатива, но за среќа се разбудивме, почнавме да играме онака како што треба и го свртевме резултатот во наша полза, на одмор заминувајќи со „плус два“. Селекторот Илиевски ...
Долго време Интер се мачеше да дојде до триумф над Пиза во рамките од 13. коло во Серија „А“. На крајот до него успеа да дојде благодарение на Лаутаро Мартинез кој со два гола го врати својот тим на победничките патеки. Имаше Интер шанси и во првиот дел преку Димарко, па потоа преку Ачерби, потоа и Лаутаро имаше шанса, но немаше погодок. Пиза се закани преку Пичини во првиот дел, ама топката отиде само крај дирекот. Пиза беше нешто подобар ...
Ставен е крај на лошата серија на Ливерпул и на голгетерскиот пост на Александар Исак. Арне Слот го „преживеа“ првиот ултиматум, и со неговиот тим ги освои трите бода од гостувањето во Лондон, против Вест Хем со 0-2. Самиот меч изобилувше со многу шанси, а први се заканија фудбалерите на Ливерпул преку Исак, па шанса имаше и Вирц, но головите се случија во вториот дел. Најпрво во 60. минута Исак доби топка од Гакпо, со прецизен удар го ...
Манчестер Јунајтед успеа да слави уште една победа во Премиер лигата, победувајќи го Кристал Палас со 1:2, а Бруно Фернандеш повторно блескаше. Искусниот 31-годишен Португалец блесна и овој пат, докажа дека е суштинскиот фудбалер на овој клуб и дека е некој што е симбол на постојаност во овие лоши времиња за клубот. Денеска Португалецот имаше две асистенции, и тоа беше доволно да се постигне големо достигнување. По бројот на асистенции, сега ...
На дуелот помеѓу Хамбургер и Штутгарт, е виден еден од најлошо изведените слободни удари во историјата на фудбалот. И наместо досудениот слободен удар да донесе шанса за победа, тој придонесе за противнапад, и за пораз на Штутгарт. Гостите добија прекин, кој го изведоа катастрфално лошо, а Хамбургер од противнапад успеа да постигне погодок и да слави триумф. Ситуацијата може да ја погледнете на следниот ЛИНК. Крадењето авторски текстови е ...
Челси од 39. минута од дербито против Арсенал, има играч помалку. Моисес Кајседо беше исклучен од натпреварот, по остар старт над Микел Мерино. Интересно е тоа што судијата Ентони Тејлор му даде на Каиседо само жолт картон, а овој остана изненаден од одлуката. Но, набрзо Тејлор беше повикан од ВАР собата, па ја смени својата одлука, и му додели црвен картон. Caicedo put this challenge on Merino and fell on the ground pretending to be injured ...
Во меч со многу набој и со прекин од 20 минути пред самиот финиш, градското дерби за Севиља го доби тимот на Бетис, кој славеше на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ со 0-2. Двата гола за триумф, гостите ги постигнаа во вториот дел, а потоа останаа и со играч повеќе, што ги изнервира домашните фанови кои фрлаа со предмети по гостинскиот голман, па мечот мораше да биде прекинат. Пабло Форналс во 54. минута донесе предност за Бетис, а ...
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, предвреме го заврши натпреварот за Тун против Лозана на гостински терен, поради тоа што заработи исклучување во 50. минута од средбата. Растодер на стартот на вториот дел го доби вториот жолт картон, што значеше дека ќе мора предвреме да го заврши мечот. Во тие моменти беше 2-0 за Лозана, а до крајот неговиот тим само успеа да намали на 2-1. Тун и после овој пораз остана на врвот на табелата со 31 ...
Одличниот натпревар во Сан Себастијан помеѓу Реал Сосиедад и Виљареал, беше крунисан со пет голови и со победа на гостинскиот тим и тоа со погодок во последните секунди од натпреварот. Виљареал се стекна со предност од 0-2, која подоцна беше анулирана. Перез во 31. минута и Молеиро во 57. минута го донесоа гостинот до водство од два гола. Меѓутоа Солер во 61. минута намали. Баренетче во 87 минута од слободен удар постигна спектакуларен гол, и ...
Македонската фудбалска репрезентација е пред момент на нова одлука околу идното свое функционирање. Денеска завршува договорот на македонскиот селектор Благоја Милевски, а утре, согласно најавите, Управниот одбор на ФФМ ќе ги анализира изминатите две години репрезентативен фудбал со одлука за продолжување или не на соработката со актуелниот стручен штаб. И, некако, изминативе денови се создаде впечаток за наводна некаква пресвртница, момент ...
Екипата на Шкупи претрпе уште еден убедлив пораз во Првата македонска фудбалска лига. Не можеше и ништо друго да се очекува во дуелот против лидерот на табелата Вардар, кој денеска на „Петар Милошевски“ славеше убедлив триумф со 6-1. Ситуацијата во Шкупи е катастрофална. Тимот има само еден бод, тешко дека ќе успее да избори опстанок, а за тоа што се случува во поранешниот шампион, доволно говори и сцената при шестиот гол на Вардар. Откако ...
Екипата на Лече за две минути успеа да го победи Торино со 2-1, и да дојде до третиот триумф во сезоната во Серија „А“. Натпреварот беше неизвесен и драматичен, а Торино покрај негативата од 2-0, на крај можеше и да остане непоразен со оглед дека промаши пенал. Кулибали во 20. минута донесе предност за Лече, а Банда во 22. минута зголеми на 2-0. Че Адамс во 57. минута успеа да намали, а во финишот тотална драма на стадионот во Лече. Аслани во ...
По шокантниот пораз од Евертон на домашен терен со играч повеќе, Манчестер Јунајтед им се врати на победите откако со пресврт успеа да го совлада Кристал Палас и тоа на гостински терен со 1:2. Матета уште во 36. минута од средбата од пенал кој сам го изнуди, донесе водство за Палас, и проблеми за Манчестер Јунајтед. Во вториот дел Манчестер Јунајтед израмни со голот на Цикрзе во 54. минута од средбата. Мејсон Маунт во 63. минута успеа да го ...
Вест Хем и целиот англиски фудбал е во тага по веста за смртта на легендарниот фудбалер Били Бондс кој почина денеска на 79-годишна возраст. Бондс мина 27 години во Вест Хем и како играч, и како менаџер. Одигра 799 настапи за тимот на Вест Хем, што го става на врвот по бројот на настапи за екипата на сите времиња, и рекорд кој веројатно никогаш нема да биде надминат. „Бонзо“ како што нарекуваа, стана капитен на „Чеканите“ кој два пати го ...
После триумфот над Азербејџан во Скопје, најдобрата машка кошаркарска репрезентација денеска од 18:00 часот го игра вториот меч во претквалфиикациите за пласман на Светското првенство против селекцијата на Ирска. Македонските кошаркари важат за фаворити од овој меч, и сакаат да дојдат до вториот триумф во групата. Селекцијата на Република Ирска пред неколку дена беше поразена од Луксембург, и се освен триумф на Македонија денеска ќе биде ...
Вардар долго време се мачеше да го отвори тимот на Шкупи, но успеа да дојде до предност од 2-0 на полувремето против најслабиот тим во ПМФЛ. Стрелец на двата гола беше Горан Закариќ, кој во само една минута успеа да го донесе водството од +2 по првите 45 минути. Претходно Гроте имаше свое шоу, откако ги одбрани ударите на Босанчиќ, Закариќ, Сенгор и на Јанкулов. Меѓутоа во 36. минута Закариќ шутираше од 20 метри, топката зафати некој од ...
Убедлив триумф на Струга ТЛ во дуелот со Башкими од 6-0 во 15. коло од Првата лига, и ја продолжи трката за првото место на табелата со Вардар пред последното коло од есенскиот дел. Со тоа продолжува лошата серија на кумановскиот тим, каде очигледно нешто се случува, затоа што ова е за нив уште еден убедлив пораз после оние 3-0 со Тиквеш. Струга ТЛ поведе со голот на 24. минута преку Шабани, откако доби одлична топка од Радески. Малески ...
Вардар очекувано, и сосема заслужено го совлада тимот на Шкупи со 6-1 во меч од 15. коло кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“. „Црвено-црните“ имаа мака само додека го „отворат“ противникот, а потоа кога тоа им успеа, на крајот дојдоа до убедлив триумф, а доколку на голот на чаирчани не беше Гроте, тогаш сигурно дека победата на Вардарци ќе беше поубедлива. Се истакна капитенот Азер Омерагиќ, кој постигна три гола, сите три во ...
Екипата на Беласица дојде до десетиот триумф во Втората лига, и до третото место на табелата. Попладнево на свој терен струмичкиот тим го совлада тимот на Преспа со 3-1. Сите четири гола беа постигнати во вториот дел, откако на полувремето беше 0-0, а струмичани ја оправдаа фаворитската улога. Беласица со овој триумф има 31 бод, и се пласираше на третото место пред Охрид, но Охриѓани имаат два меча помалку, и имаат големи шанси да се дојдат ...
Откако пред неколку недели на „Ел-Класико“ играчот на Реал Мадрид Винициус, јавно го изрази незадоволството откако беше заменет од натпреварот, по што одби да се ракува со својот менаџер, сега истото го стори и играчот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси. На вчерашното дерби во Леверкузен, Гираси беше заменет во 61. минута, а измената воопшто не му се допадна на самиот играч, кој одби да се ракува со тренерот Нико Ковач, а потоа ги игнорираше ...
Тотенхем и натаму тоне во длабока криза. ТИмот од Лондон вчера на свој терен загуби од Фулам со 1-2, а менаџерот на оваа екипа се соочува со отказ, со оглед дека има само две победи на последните 10 натпревари. На почетокот од мечот Тотенхем прими два брзи гола. Фулам преку Тете и Хари Вилсон поведе со 0-2, а потоа Тотенхем само успеа да го ублажи поразот. Меѓутоа реакцијата на навивачите го разбеснаа менаџерот на овој тим. „Не можам да ...
Сплитски Хајдук никако не успева да дојде до посакуваната титула во хрватскиот шампионат. Навивачите долго време чекаат трофеј, а во изминатите години многу тренери минаа низ „Пољуд“, но без успех. Хајдук речиси секоја сезона менува тренер, некогаш и по два, три, а се чини дека така ќе биде и оваа сезона. После поразот од Ријека со 5-0, и после ремито со Вараждин на домашен терен 1-1, сплитските „бели“ веќе размислуваат за тренерска смена на ...
Екипата на EUROEDIL HOLDING, освојувачот на Red Bull Half Court Македонија го освои второто место на светското Red Bull Half Court финале, кое во изминатите два дена се одржува во Дубаи. Храбрите момци, кои пред неколку месеци беа најдоминантни на познатиот терен во скопско Влае, во финалниот натпревар загубија од екипата на Египет, откако претходно им одржаа баскет-лекција на екипата од Молдавија во полуфиналниот дуел (19-4) односно на ...
Струга ТЛ речиси сигурно ќе дојде до нова победа во ПМФЛ, откако по првиот дел води над екипата на Башкими со 3-0. Кумановскиот тим не знае што му се случува по првите 45 минути, и прими три гола, и е на добар пат да запише уште еден пораз. После двете супер шанси за Струга ТЛ кои останаа неискористени, во 24. минута Буњамин Шабани по одличното додавање на Радески, успеа да го совлада Стојковски и да донесе водство. На вториот гол се чекаше ...
Екипата на Милан ја продолжи серијата без пораз, која трае 13 натпревари. Тимот на Масимилијано Алегри го победи Лацио со 1-0 во рамките од 13. коло во Серија „А“. Главниот тренер на „росонерите“ беше исклучен пред крајот на натпреварот поради расправија со судијата. Последен пат кога Милан загуби беше во првото коло, кога Кремонезе ги шокираше „црвено-црните“ победувајќи ги со 2-1. Од тогаш, Милан има девет победи и четири нерешени средби. ...
Белфаст е потресен од неверојатен скандал откако тренер од младинската лига сподели ценовник за кокаин во групен разговор. Објавата беше веднаш отстранета, но последиците останале, а клубот веднаш реагирал и го ибркал тренерот. Тренерот го објавил ценовникот во група на апликацијата „WhatsApp“ која била посветена околу организацијата на мечеви на младинската екипа. Листата содржела датуми, локации за состаноци и износи, како што вели тој ...
Екипата на Тотенхем продолжува да потфрлува во Премиерлигата, и сега во моментов Томас Франк има најсериозни шанси да добие отказ во Премиерлигата. Вчера тимот од „Вајт Харт Лејн“ доби сериозен шамар од Фулам кој славеше со 1:2 на гостувањето, а ова е трет пораз по ред во дербијата на Лондон, откако претходно загубија од Челси и од Арсенал. Исто така Франк на последните девет натпревари како менаџер во сите натпреварувања запиша само две ...
Поранешниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ имаше свој коментар за заминувањето на Жељко Обрадовиќ од кормилото на Партизан, со кој предизвика огромен гнев кај навивачите на „црно-белите“. На навивачите на Партизан не им се допадна една реченица на популарниот „Кари“ околу ситуацијата во белградскиот клуб, и тврдат дека тоа е непочитување кон легендарниот тренер. „Јавноста го направи Жељко Обрадовиќ многу повеќе отколку што е“, рече ...
Нешто полесна задача за Вардар и дуел против Шкупи, додека за Струга ТЛ следува меч против Башкими на домашен терен, за продолжување на битката за врвот на табелата, и освојување на есенската круна во претпоследната пресметка во ПМФЛ за оваа година. Уште од денеска Вардар може да биде крунисан за есенски првак ако го совлада Шкупи на свој терен, а Струга ТЛ загуби од Башкими на домашен терен, тогаш скопските „црвено-црни“ ќе се стекнат со ...
Фудбалерите на Фламенго го освоија Копа Либертадорес со победа од 1-0 во бразилското дерби против Палмеирас во мечот одигран на преполниот стадион во Лима, Перу. Фламенго со тоа испиша историја и стана првиот бразилски клуб кој освоил четири трофеи во најпрестижното јужноамериканско клупско натпреварување. Почетокот на натпреварот мораше да биде одложен за 15 минути, поради сообраќајни метежи. Фламенго имаше поголем посед на топката во текот ...