Екипата на Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако во последното 15. коло од првиот дел од сезоната триумфираше на гостувањето против Виница со 0-2. На тој начин, охриѓани завршија на врвот од табелата оставајќи ги во „сенка“ и Шкендија Арачиново и Брегалница кои во поголемиот дел од есенската полусезона беа на водечките позиции. Стрелци на головите за екипата на Охрид Лихнидос на гостувањето во Виница беа Албнор ...

Антонио Конте ќе го предводи Наполи на големото дерби против Јувентус, а неверојатно делува податокот дека на овој дуел Конте за првпат во кариерата за ривал ќе го има Лучијано Спалети. Двајцата врвни стратези имаат одлични кариери со години наназад, па зачудувачки е како досега немаат ниту еден меѓусебен дуел, што беше повод за навраќање кон нивното минато од страна на италијанските медиуми. Конте ја почна кариерата во Серија Б со Арецо и ...

Серхио Рамос е подготвен за камбек во европскиот фудбал откако искусниот дефанзивец објави дека нема да го продолжи договорот со мексиканскиот клуб Монтереј чиј член беше од февруари годинава. Мексиканците му понудија нов договор на 39-годишниот ветеран, но Рамос ја одби оваа понуда со јасна желба да се врати назад во Европа и да се бори за место во шпанската репрезентација за претстојниот мундијал. „Готово е, дуелот со Толука беше последен ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија го освои првото место на меѓународниот турнир што се одржуваше во Анкара, каде нашите ракометарки за противници ги имаа селекциите на Турција, Словенија и Словачка. По триумфот над Турчинките и ремито со Словенија, нашите ракометарки денеска славеа со 26-24 над Словачка, резултат што им го донесе на „црвено-жолтите“ првото место на турнирот. Резултатот на паузата гласеше 12-12, но Македонија ...

Пелистер максимално подготвен ќе го дочека Вардар во големото македонско дерби, а „зелено-белите“ ќе имаат и огромна поддршка од трибините за овој меч на кој ќе сторат се за да ја прекинат перфектната серија на вечниот ривал. Атмосферата ќе биде фанатична, најава за тоа е и фактот дека битолчани ги распродадоа сите билети за дербито за експресно кратко време. Јасно е, Битола живее за ракометот, а кога на гости ќе дојде Вардар, тогаш возбудата ...

Бојан Миовски беше во центарот на вниманието на шкотската јавност откако Македонецот постигна два гола во победата од 0-3 на Глазгов Ренџерс на гостувањето против Килмарнок. Голгетерот кој беше критикуван во изминатиот период одговори на најдобар можен начин, докажувајќи дека е квалитетен за да биде дел од шкотскиот фудбалски гигант. „Секако дека сум среќен, работев напорно и не се откажував, знаев дека головите ќе дојдат… Постигнав два гола ...

Лео Меси го предводеше Интер Мајами до титулата во МЛС-лигата, а аргентинскиот ас успеа и да ги собере сите индивидуални признанија во оваа натпреварувачка сезона. Аргентинецот имаше сезона за паметење, ја освои „златната копачка“ за најдобар стрелец, беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната, а по финалето со Ванкувер го освои и трофејот за МВП на плејофот откако Меси испиша историја како прв со вкупно 15 голови и асистенции во ...

Интер го декласираше Комо со 4-0 нанесувајќи му го само вториот пораз сезонава на тимот на Цеск Фабрегас, фудбалерите на „нероаѕурите“ беа презадоволни по последниот судиски свиреж, но истото не се однесуваше и за тренерот Кристијан Киву. Романскиот стратег изненади многумина со изјавата веднаш по мечот дека е задоволен од конечниот исход, но не и од играта на својот тим. „Освоивме три бода и тоа е најважно, но ако говорам за играта можам да ...

По поразот од Арсими на домашен терен, Силекс со гостување кај Работнички ја завршува годината. Кратовци со максимален респект кон противникот, влегуваат во пресметката во која се надеваат дека ќе ги однесат бодовите со себе во Кратово, и победнички да заминат на паузата меѓу двете полусезони. Фудбалерот на Силекс, Илија Донов вели дека позицијата на табелата на противникот не смее да „залажува“ дека ќе биде лесно, туку очекува интересен ...

Арне Слот нема да го преживее најновиот неуспех и ремито со Лидс, особено откако Мохамед Салах ја разбранува јавноста отворено говорејќи за незадоволството што последните три меча ги стартуваше од клупата за резерви. Од Слот се очекуваа три победи против Вест Хем, Сандерленд и Лидс, забележа само една, па холандскиот ас се наоѓа пред отказ што би можел да го добие веќе во текот на денешниот ден. Управата чувствува дека му дала доволно ...

Мохамед Салах е крајно несреќен од ситуацијата во Ливерпул, големиот ас по синоќешниот дуел со Лидс ја отвори душата говорејќи за разочарувањето зошто е оставен на клупата кога тимот игра далеку од посакуваната форма. Тој отворено призна дека веќе нема никаква комуникација со Арне Слот, но и дека чувствува дека неоправдано е посочуван како главен виновник за големата криза на „Енфилд“. Салах не крие дека почнал дури и да размислува за ...

Работнички се уште е најтрофеен македонски кошаркарски колектив, но „центарци“ за жал мака мачот во обидот за консолидација, како на финансиски, така и на организациски план. За потсетување, „црвено-белите“ убедливо ги загубија првите две средби сезонава бидејќи поради големите долгови имаа забрана за да ги регистрираат новите странски засилувања. Само за момент проблемот беше надминат, но „освежената листа“ на ФИБА открива дека Работнички ...

Миодраг Тодоровиќ има причина за задоволство откако синоќа против Гостивар стигна до четвртата суперлигашка победа со Маџари. Младиот стратег за противник го имаше Александар Петровиќ чиј асистент беше пред неколку години во МЗТ Скопје, тоа беше само мотив плус за Тодоровиќ, да го извлече најдоброто од својот тим и да стигне до посакуваниот триумф, изразен со конечните 78-64. „Честитки до играчите за начинот на кој го одигравме овој ...

Бојан Миовски беше најдобар поединец во таборот на Глазгов Ренџерс, со два гола предводејќи го својот тим до триумф на гостувањето против Килмарнок. Критикуван поради слабите изданија во претходните месеци, Миовски се издигна над проблемите и постигна два прекрасни погодоци со што ги собра комплиментите од навивачите, но и од тренерот Дени Рол кој не го криеше задоволството по изданието на нашиот репрезентативец. „Не сум изненаден бидејќи ...

Шкупи денеска ќе го одигра последниот натпревар за 2025 година, кога ќе се сретне со екипата на АП Брера во рамките на 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Домаќините се надеваат дека спортската среќа конечно ќе им се насмевне на последната средба оваа година и ќе ја забележат толку посакуваната победа. Третиот капитен на Шкупи, Џихан Адили, истакнува дека тимот работел сериозно и максимално се подготвувал за претстојниот предизвик. ...

Мохамед Салах не го криеше разочарувањето откако Арне Слот го остави на клупата за време на целиот меч од синоќешното реми против Лидс. Ова беше прв пат во неговата кариера во Ливерпул тој да биде резерва на три меча во низа на „црвените“, па очекувано најголемата ѕвезда го крена гласот, меѓу другото и против тренерот Арне Слот. „Не можам да поверувам што ми се случува. Седам 90 минути на клупата, три меча по ред сум резерва, ова ми се нема ...

Минесота славеше на дуелот со ЛА Клиперс со 109-106, меч на кој Џејмс Харден испиша историја влегувајќи во топ-листата од 10 најдобри стрелци на сите времиња во НБА-лигата. Харден стигна до бројката од 28.303 поени во кариерата, прескокнувајќи го Кармело Ентони, па „брадата“ сега е десетти најдобар стрелец на вечната листа. Тој го заврши мечот со 34 поени, но и тоа се покажа недоволно за да се стигне до позитивен резултат. Клиперси имаа ...

Аталанта продолжува да тоне на табелата во Калчо-лигата откако вечерва загуби од „фенерџијата“ Верона, екипа што во пресрет на ова коло немаше ниту една победа, но успеа да триумфира над гостите од Бергамо со 3-1. „Веронезите“ влегоа максимално мотивирани и преку Белгали и Џоване заминаа на одмор со предност од 2-0. Домашниот тим не дозволи камбек и пресврт, во второто полувреме поведе и со 3-0 преку Бернеде, а се што успеа да направи ...

Атлетик Билбао во последните седмици лесно загуби и од Барселона и од Реал Мадрид, но клубот од Баскија се погрижи тоа да не биде случај и на вечерашниот со Атлетико Мадрид, земајќи го скалпот на тимот на Диего Симеоне со минимална победа од 1-0. Очекувано, дуелот не изобилуваше со премногу шанси, а клучна се покажа 85. минута кога Беренгер мајсторски стрелаше од работ на шеснаесетникот, сместувајќи ја топката во мрежата на Јан Облак. За ...

ПСЖ експресно се врати на победнички патеки по поразот од Монако минатиот викенд, откако „светците“ вечерва го историја бесот врз Реенн декласирајќи го овој ривал со 5-0. Рен е тим што низ годините знаел да го изненади големиот фаворит, но избраниците на Луис Енрике се погрижија тоа да не биде случај вечерва. Кварацхелија постигна два прекрасни погодоци, Мајула погоди на асистенција на Невеш, а во завршните минути Мбаје постигна еврогол пред ...

Лионел Меси ја исполни мисијата поради која пристигна во САД, откако вечерва со својот Интер Мајами се закити со титулата во МЛС-лигата. Ривал на Интер Мајами во финалето беше Ванкувер, Меси од другата страна го имаше Томас Милер, но Аргентинецот и соиграчите одиграа одличен меч славејќи со 3-1. Интер Мајами имаше и многу среќа откако при 1-1 противникот во рок од пет секунди три пати го погоди дирекот. Неколку минути подоцна, Меси му ...

Кошаркарките на Вардар забележаа голема победа во скопското дерби против Бадел, и тоа на гостински терен со 74-85. Гостинската екипа имаше добра прва и одлична последна четвртина преку кои и дојде до двата бода за задржување на првото место на првенствената табела. По почетните (26:20) кои ги креираа „вардарки“ во првата четвртина и изедначената втора, домашната екипа одигра силно во третиот период, во кој не само што ја анулираше негативата ...

Бојан Миовски често е критикуван поради слабите игри во дресот на Глазгов Ренџерс, но Македонецот конечно ги дочека своите пет минути постигнувајќи важен гол на гостувањето против Килмарнок. Миовски се најде на вистинското место и со мајсторски шут од петнаесетина метри го матираше голманот на домаќините за огромна радост на ренџерси. Miovski and Curtis combining, 1-0 🙂↕️ 🇬🇧 pic.twitter.com/H7SpfovKVr — Declan 🏄🏻♂️ (@declan_19) December ...

Бојан Миовски чекаше само еден гол за да си ја врати самодовербата и да влезе во посакуваната форма во дресот на Глазгов Ренџерс. Македонецот го постигна водечкиот погодок на гостувањето против Килмарнок, а Миовски имаше нов блесок во второто полувреме, стрелајќи прецизно и за 0-2 за својот тим. Вториот погодок беше мало ремек-дело, Бојан одлично си создаде простор, а потоа во манир на голем стрелец ја смести топката крај првиот дирек додека ...

Интер ќе ја мине ноќта на чело на калчолигашката табела откако „нероаѕурите“ вечерва неочекувано лесно и убедливо го торпедираа Комо со 4-0. Комо имаше само еден пораз во пресрет на овој дуел, но Интер одигра перфектно, знаеше како да ги искористи своите шанси и да стигне до победата. Барела промаши зицер веќе во 2. минута, но само неколку минути подоцна домаќините поведоа преку Лаутаро Мартинез. Гостите се отворија во второто полувреме во ...

Барселона ја демонстрираше својата сила на незгодното гостување во Севилја, славејќи против Бетис со убедливи 3-5. Интересно, домаќините први дојдоа до предност на овој меч преку Антони во 6. минута, но со тоа само ги налутија каталонците кои доминираа до самиот крај. Феран Торес постигна два брзи гола за нецели три минути и Барса во 13. минута веќе водеше со 1-2, а нешто подоцна меѓу стрелците се запиша и младиот Швеѓанец Бардгџи, кој по ...

Кризата на Ливерпул уште повеќе се продлабочи откако „црвените“ одиграа 3-3 на гостувањето против Лидс, за уште поголем притисок врз тренерот Арне Слот како најодговорен за огромната криза на актуелниот првак на Англија. „Црвените“ имаат за што да жалат ако се знае дека имаа водство од 0-2 со двата гола на Екитике и целосна контрола над играта, се до почетничкиот пенал што го направи Конате врз Гнонто. Калверт Луин погоди од белата точка и ...

Куманово ја прекина серијата од два порази во Супер-лигата откако вечерва успеа да триумфира над составот на Тиквеш со 94-77. Конечниот резултат е убедлив, но треба да се истакне дека кавадарчани три четвртини целосно парираа на фаворитот, но искуството и квалитетот на избраниците на Докузовски сепак беа пресудни за Куманово во завршните десет минути да се одлепи и да стигне до победата. Куманово ја доби првата четвртина со 24-19, но ...

Кошаркарите на ТФТ покажаа зошто моментно се лидери во Супер-лигата откако во дербито на колото како гости го совладаа Пелистер со резултат 83-87. Битолчани имаат за што да жалат ако се знае дека до три-четири минути до крајот беа во егал-меч, но серијата грешки во клучните моменти пресуди гостите да се радуваат на победата на крајот. ТФТ прв се одлепи на самиот старт поведувајќи со 3-8. Пелистер имаше одговор, но Пелистер со серија добри ...

Мохамед Салах беше најзаслужен за успесите на Ливерпул во претходние години, па изненадувачки делува одлуката на Арне Слот упорно да го „бетонира“ големиот ас на клупата за резерви, веќе трет натпревар по ред. Ако одлуката за мечот со Вест хем беше оценета како „шок-терапија“, но Слот потоа го изостави Салах од стартниот тим и за дуелот со Сандерленд, на кој го уфрли „фараонот“ на самиот старт од второто полувреме. Се очекуваше тој да биде ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
3.09
68%
1025
weather icon

Белград

-7ᴼ / -9ᴼ
4.63
68%
1024
weather icon

Загреб

-6ᴼ / -13ᴼ
1.03
86%
1023
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
6.69
73%
1027
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
7.16
77%
1021
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -9ᴼ
0.47
91%
1026
weather icon

Атина

6ᴼ / 4ᴼ
6.69
65%
1013
weather icon

Тирана

-1ᴼ / -1ᴼ
2.06
47%
1021
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
37%
1023
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
3.09
90%
1017
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -8ᴼ
4.92
70%
1020
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
7.2
93%
1015
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Бакар

11.84

Кобалт

59.52

Калај

44.73

Цинк

3.10

Платина

72292.89

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Иридиум

169549.30

Алуминиум

3.14

Сребро

2569.43

Рутениум

44946.74

Родиум

310254.70