Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините. Беше дефакто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на ВРЕДИ, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна ...
Канализацијата Зајас – Другово ќе биде завршена со буџетски пари затоа што, поради неодговорноста на минатата власт, изгубен е грантот за оваа намена – вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека со посветена работа на оваа власт проектот ќе биде реализиран, но оти ќе се бара одговорност од оние што го довеле во ваква состојба. – Тоа беше исклучително криминален проект, со сета одговорност тоа можам да го кажам. Фирма што во меѓувреме ...
Проширување на Вертикалниот коридор со нашата земја и Србија, енергетската поврзаност и енергетската безбедност во регионот, како и зајакнување на регионалната соработката, беа во фокусот на првиот квадрилатерален министерски состанок во Атина со учество на надлежните министри од нашата држава, Бугарија, Србија и домаќинот Грција. Состанокот, прв од ваков тип, се одржа претпладнево во Националниот музеј на современа уметност во Грција на ...
Утврдивме дека мора да соработуваме бидејќи се работи за енергетика, се работи за стабилноста на снабдувањето за нашите граѓани, затоа оваа соработка мора да продолжи и да се продлабочи – нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска од Атина по завршувањето на првиот квадрилатерален министерски состанок, на кој, освен нашата земја и домаќинот Грција, учествуваа и Бугарија и Србија. На првиот министерски ...
По години застој во реализацијата на проекти, во Кичево се забележуваат првите знаци на развој и во периодот што следува како Влада ќе продолжиме да помагаме за развојот на општина Кичево – порача при денешната посета на Кичево претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, како и заменик-министри, директори на државни институции и пратеници изврши увид во ...
Гувернерот на Народна банка Трајко Славески учествувал на регионален состанок на гувернери што се одржал во Пула во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите биле дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања. На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот финансиски свет“, гувернерот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во иднина ќе следуваат законски измени, кои ќе бидат порестриктивни во однос на управувањето електричен тротинет. Одговарајќи на новинарско прашање, денеска, на официјалната промоција на кампањата за побезбеден сообраќај „Одговорно со технологијата“ на „А1 Македонија“ и МВР, Тошковски рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ограничување на возраста до 16 или до 18 ...
Во Секторот за внатрешни работи (СВР) – Штип, утринава, во 4.24 часот, од вработените во Клиничката болница – Штип било пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата 25-годишна мајка Ѓ. У. од село Конче, Радовишко, го родила во домот. – Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничката болница – Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР ќе постапи во согласност со своите надлежности доколку бидат преземени потребните процесни чекори во врска со информациите на ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во земјата. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на „А1 Македонија“, Методија Мирчев, ...
Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка на Владата и Министерството за спорт, денеска во Спорстката сала во Куманово се одржува караванот „Денови на спортот“, дел од „Плазма спортските игри за млади“, најголемата аматерска спортска манифестација во Европа, која за првпат се организира во Македонија. На зонското првенство учествуваат над 300 ученици од основните училишта од Куманово, Старо Нагоричане, ...
Нови мерки за поддршка на учениците воведува Општина Маврово и Ростуше, овој пат за оние во Средното општинско училиште „Маврово-Ростуше” во Ростуше. Мерките ги соопшти градоначалникот Онер Јакупоски, кој денеска присуствуваше на настанот „Ден на отворени врати“ во организација на СОУ „Маврово-Ростуше”. -Настанот предизвика голем интерес кај учениците од деветтите одделенија и нивните родители од сите основни училишта во нашата општина, кои ...
Во Кичево ќе се гради претоварна станица по сите светски стандарди, а не депонија, појасни денеска градоначалникот Александар Јовановски. Одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид на неколку капитални проекти заедно со премиерот Христијан Мицкоски, нагласи дека многу е важно граѓаните да знаат оти претоварната станица ќе биде хортикултурно уредена, заградена, асфалтирана, ќе нема отпадни води и загадување на почвата, ниту ѓубре. – ...
Повеќе од половина од проектот за поставување систем за греење и ладење во реконструираната спортска сала во Куманово е реализиран, информираше градоначалникот Максим Димитриевски. Тој посочи дека во тек е постапката за доуредување на објектот и негово целосно ставање во функција, при што видеонадзорот во салата е веќе целосно поставен, а работите за греењето и ладењето се одвиваат согласно проектот финансиран преку средствата од унгарскиот ...
– Аднан Азизи, пратеник од коалицијата ВРЕДИ, денеска со мнозинство гласови е избран за 8. претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците. – Барам да имаме добра соработка во иднина, на конструктивен начин, Комитетот да служи за конструктивни дебати – порача тој, заблагодарувајќи се за изборот што следеше по кусата пауза што беше дадена во рамки на првата седница на Комитетот. Пратениците Азизи и Арбана Пашоли беа предложени за осми ...
Општина Ѓорче Петров активно ја започна реализацијата на проектот „Заедничка соларна градина“, кој претставува една од првите конкретни локални иницијативи за создавање енергетска заедница во Република Македонија. Соларната градина, како што информираат од Општина Ѓорче Петров , ќе биде поставена во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ и ќе овозможи производство и користење на обновлива енергија преку заеднички модел на соработка ...
Во првите четири месеци од годинава Управата за јавни приходи констатирала неправилности кај над 40 проценти од контролираните субјекти во однос на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (ЗРГП), од кои 30 проценти се неправилности поврзани со неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. – Загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст и покрај континуираните ...
Во индустриската зона Речица и Новини во Куманово во тек е реализација на втората фаза од инфраструктурното уредување, при што досега се завршени повеќе од 70 проценти од работите, изјави денеска, градоначалникот Максим Димитриевски. – Во моментов се чека исплата на средствата од унгарскиот кредит, кои треба да бидат опфатени со ребалансот на државниот буџет. Паралелно имаме и неколку инвестиции, меѓу кои и инвестицијата на Lidl. Тие својот ...
Во пресрет на одбележувањето на 21. годишнина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска директорот Стојанче Ангелов со голема благодарност се обрати до сите вработени, поранешни и сегашни припадници, а и соработници, кои со својата професионалност и посветеност придонесуваат во исполнувањето на мисијата на ДЗС. Исто така, пригодно се обратија и заменик-директорот Кашмир Салиу и повозрасните вработени, кои се дел од ДЗС уште од ...
Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува. Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и дополнителни средства за патни трошоци, виза и престој. Времето ...
Министерот за правда, Игор Филков денеска се обрати на стручната расправа посветена на измените и дополнувањата на Законот за судовите, при што истакна дека реформите во правосудството мора да бидат суштински, добро анализирани и креирани преку широк и инклузивен дијалог. Во своето обраќање, министерот нагласи дека измените на Законот за судовите се дел од поширок реформски процес чија цел е создавање побрз, поефикасен и подостапен судски ...
Пратеникот Сали Мурати оствари средба со претставнички од турскиот парламент и АК Парти, при што беа разгледани билатералните односи меѓу Македонија и Турција, како и состојбите и предизвиците со кои се соочува турската заедница во земјата, соопштуваат од Собранието. Како пратеник на Движењето на Турците за правда и демократија – Европски фронт, Сали Мурати, денеска, остварил средба со претседателката на Форумот на жени на АК Парти, Тугба ...
Продолжува изградбата на базенот во Струмица, како дел од инвестициите во спортската инфраструктура. Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот Петар Јанков извршија увид на терен, при што беше потврдено дека работите се одвиваат според планот. Базенот, вреден 50 милиони денари, се очекува да биде завршен до крајот на јануари 2027 година и по пуштањето во употреба ќе биде на располагање на учениците, спортистите и граѓаните. Како ...
По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети СОС Детско село, каде што донираше подароци за децата. Градоначалникот порача дека ваквите гестови имаат за цел да внесат радост и дополнителна поддршка во нивното секојдневие. Тој посочи дека најсилен впечаток оставиле животните приказни, талентот и упорноста на младите. -Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има стипендисти на ...
Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди девет случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите, личните и медицинските ...
Фондот за здравство работи да најде решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во поцентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување. Клековски при денешниот престој во Прилеп одговараше на новинарско прашање за исплатата на ...
За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон во заштита на албанското семејство и на секој граѓанин кој со години гледал ...
Благо намалување на цените на овојшето и зеленчукот, покажуваат првите анализи од инспекторите кои пред пет дена излегоа на терен. Се проверуваат цените во маркетите, но и кај дистрибутерите и увозниците. Ако се откријат манипулации ќе следуват казни. Минатиот месец имало забележано благо покачување на цените на прехранбените производи, а ако продолжи овој тренд, стандардот на граѓаните ќе се штити со дополнителни мерки. „Немаме основа по ...
Околу една милијарда евра за патно поврзување на Кичево со околните градови. Премиерот Мицкоски информира дека овој град дополнително ќе се развие кога ќе бидат готови автопатите кои го поврзуваат со Скопје и Охрид. Долгоочекуваната делница Кичево – Охрид планирано е да биде готова до крајот на годинава, а најдоцна до првиот квартал 2027-ма. Досега од овој автопат пуштени во сообраќај се 34 од вкупно 57 километри автопат. „Очекувам да ...
Во време на брзи општествени промени, Меѓународниот ден на семејството потсетува дека семејството останува темел на љубовта, разбирањето, воспитувањето и заедништвото –вредности кои имаат непроценливо значење за секо јчовек и за целото општество. Од Институтот за семејни студии апелираат дека во овој динамичен начин на живот најважно е да најдеме и посветиме квалитетно време на своето семејство. Со работилници за учениците и студентите ...
250 евра казна за родителите чии деца се однесуваат насилно во училиште. Со новите законски измени се предвидуваат парични казни за родителите на децата кои во училиште прават булнг и малтретираат соученици. Ќе има казни за оние родители кои одбиваат да соработуваат со училиштата и институциите. Според најавите од Министерството за образование и наука, новите измени во законот за основно образование, веќе се во завршна фаза и наскоро ќе бидат ...