Булеварот кој со децении беше симбол за хаос гужви и нервози – конечно добива нов лик. Градската артерија „Борис Трајковски“ е во завршна фаза и работите се одвиваат со засилено темпо.Пробиена е речиси цела траса од Пинтија до Драчево. Булеварот ќе биде со четири ленти и со велосипедска патека. На оваа делница ќе се постави и атмосферска канализација.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека ова е еден од најважните инфраструктурни проекти за ...

Бројот на заболени од рак на кожа расте, а болеста се почесто се појавува кај помладата популација. Причините, според лекарите се прекумерната изложеност на сонце, користењето солариуми и недоволната фотозаштита. Алармираат за почести прегледи и внимателно изложување на сонце. „Случувања во природа и навики на млади, солариуми и изложеност на сонце, фотопротекцијата треба да започне од нулта возраст. Се поретко граѓаните доаѓаат доцна, со ...

Серизони пропусти се направени во истрагата за набавката на мазут во Тец Неготино, владејачката ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во намерни потези координарини од Ислам Абази. Наместо сериозно истражување и собирање докази, обвинителството истрагата ја водело со земање на изјави од некомпетентни лица за набавката на мазут, скапа 167 милиони евра. Селективно се постапувало и не биле земени предвид извештаите на Државниот завод за ревизија. Со овие ...

По години распаѓање и влага, оставен на забот на времето, спомен домот во Разловци, повторно оживува. Ревитализацијата на еден од најзначајните симболи на македонската историја, е при самиот крај. Објектот кој со децении сведочи за Разловечкото востание, во вторник на одбележувањето на 150 години од востанието , повторно ќе ги отвори вратите за посетитетлите.. Неговата архитектура носи силна симболика за македонската борба за слобода „Овде ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на традиционалната средба на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Манастирот „Пеленица“ во Драчево. Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: -Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи. Чест ми беше што бев дел од оваа средба – објави Мицкоски на Фејсбук. За средбата ...

Двојни аршини од Обвинителството за организиран криминал и корупција – за обични смртници притворски мерки и за помали кривични дела, за судии фатени со мито, одземање на пасош. Адвокатот Јанаки Митровски остро реагира по одлуката в.д. претседателот на гостиварскиот суд да помине со мерки на претпазливост и само да остане без пасош откако беше фатен „ин флагранти“ како прима поткуп за да влијае во граѓански спор. Иако секој предмет е засебен, ...

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин, соопшти Министерството за здравство. -Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние ...

Поддршката за малите бизниси и домашните претприемачи добива конкретна форма преку мерки кои директно помагаат во економскиот развој и зголемувањето на конкурентноста. Mинистерството за економија и труд објави јавен повик со 11,34 милиони денари за микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, преку кој ќе се кофинансираат до 40 проценти од трошоците за нови машини и алати, до 200 илјади денари по апликант, стои во соопштението на ВРЕДИ. ...

Продолжува доизградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со ...

Во организација на здружението „Антика“ и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи 53. Државен натпревар по класични јазици за ученици од гимназиите и средните училишта од државата. Натпреварот ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет со почеток во 9:30 часот, а учество ќе земат 73 ученици од 15 училишта, кои ќе се натпреваруваат во три категории според степенот на изучување на јазикот ...

Здружението „ХАЕ Македонија“ утре во Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ) со настан посветен на терапијата, поддршката и заедништвото на лицата што живеат со ова ретко заболување. Настанот ќе се одржи во хотел „Солун“ со почеток во 11 часот, под мотото „ХАЕ денес: терапија, поддршка и заедништво“, а ќе обедини пациенти, нивни семејства, лекари, институции и поддржувачи со цел подигнување на свеста и отворање ...

Делчевските матуранти синоќа со традиционално дефиле низ центарот на градот ја одбележаа матурската вечер, обојувајќи го Делчево во духот на младоста, елеганцијата и надежта. Вкупно 66 матуранти од средношколскиот училишен центар СОУ „М.М.Брицо“ продефилираа пред бројни граѓани, кои со аплаузи и поддршка ја поздравија генерацијата 2022/2026 на нивниот свечен чекор кон новото животно поглавје. Градоначалникот Гоцевски, упатувајќи честитка до ...

Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче. Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДСМ, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и Филипче, не само што немаат проблем што дел од соседите не ...

Финалната епизода од првата сезона на „Буквождер“, новата анимирана серија инспирирана од култниот свет на „Бушава азбука“ ќе биде прикажана денеска 20:15 часот. Една од најважните македонски едукативно-забавни приказни „Бушава азбука“, со „Буквождер“ доби современо продолжение за новите генерации на деца. Серијата ги следи Дарија, Марко, Филип и нивниот верен бувчето Ѕе во авантура низ свет во кој буквите исчезнуваат, а децата се тие што ...

Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДСМ и ДУИ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Како кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДСМ и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра. ...

Незаштитени косини, непредвидени клучки и натпатници при изградбата на патот Кичево-Охрид, незавршена експропријација, дисклокација на објекти и водови на делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани … се само дел од проблемите со кои се соочила Владата по преземањето на надлежностите. Оттогаш, велат надлежните, напорно и интензивно се работи на решавање на проблемите со косините и свлечиштата за што ќе се градат 14 галерии. Рокот за ...

СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ по повод 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Под мотото „ Возиме со срце – бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи“ дефилето, како што се наведува во соопштението на СОС Детско село, започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кружна рута низ ...

Најниската температура изутринава е измерена во Берово, Лазарополе и Попова Шапка – четири степени, а највисоката во Демир Капија – 13. Како што соопшти УХМР, во Берово, Лазарополе и Попова Шапка се измеренин 4 степени, во Kрушево и Mаврови Анови шест, во Крива Паланка седум, во Охрид и Битола осум, во Скопје-Петровец, Тетово, Претор и Прилеп девет, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес и Кавадарци десет, во Штип, Виница и Гевгелија 11, во ...

Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение. Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата. Заев и Филипче се ставени на услуга на Бугарија ...

По однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, мазут вреден 167 милиони евра, може да констатираме дека таму функционира еден тандем. Тандемот се обвинителите Абази и Коларевиќ коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДСМ, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција, изјави денеска на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот, Антонио ...

Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со настапи на DJ Oky Doky, DJ ...

Бидејќи по вчерашната прес-конференција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денес повторно ги прашуваме Венко Филипче и СДСМ: Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија? Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита на бизнис интереси и лични ...

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол. Според пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 ...

Јавниот обвинител Ненад Савески оствари средба со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери, на која беа разгледани соработката меѓу двете земји и поддршката на Италија во областа на владеењето на правото. Од Јавното обвинителство соопштија дека на средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочува обвинителството. – Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на ...

Во време на континуирана геополитичка неизвесност и нестабилност на глобалните енергетски пазари, министрите потврдија дека енергетската безбедност, достапноста и отпорноста повеќе не се само национални приоритети, туку заеднички европски и регионални одговорности. Истакнаа дека ЈИ Европа треба да има поактивна улога во обликувањето на идната архитектура на европскиот енергетски систем преку подлабока соработка, посилни интерконекции и ...

Со забрзана динамика се одвиваат градежните работи за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Преку објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски наведува дека проектот е во завршна фаза. – Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани – вели тој. Тој додава дека се работи на откочување на проекти ...

Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18 449 000 патници, од кои 16 964 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз 1 485 000 патници, соопшти Државниот завод за статистика. Со 1 982 патнички автомобили се изминати вкупно 60 158 000 километри, од кои 53 418 000 во градскиот превоз, а 6 740 000 километри во меѓуградскиот превоз. Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18 449 000 патници, од кои 16 964 ...

Над 100 моторџии од повеќе градови низ државава денеска се собраа во Градски парк кај фонтаната, каде се одржа мото дефиле по повод Меѓународниот ден на семејството, во организација на Мото клубот „Вепар“ и СОС Детско село. Моторџиите со ова дефиле ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност. – За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како ...

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, оствари средба со амбасадорката на Словачката Република, Ивета Хрицова, на која главна тема беше унапредувањето на билатералната соработка, со посебен акцент на европските реформски процеси во работата на Јавното обвинителство. Како што соопштуваат од ЈОРСМ, на средбата биле разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката преку директни контакти со словачкото обвинителство. – Меѓу ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
90%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
62%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
45%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97