Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Љубљана оствари средба со претседателот на словенечкиот Државен Збор, Зоран Стевановиќ, кому му го честиташе стапувањето на функцијата. На средбата, Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на парламентарната дипломатија и улогата на законодавните домови во зачувувањето на институционалниот континуитет и јакнењето на меѓусебната ...
Потпретседателот на Собранието Јован Митрески, оствари средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на која беше потврдена добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и важноста од понатамошно унапредување на меѓусоседските односи. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, потпретседателот Митрески ја истакна значајната улога на опозицијата во едно демократско општество, нагласувајќи ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на којa биле нагласени традиционалното пријателство и долгогодишната конструктивна соработка и поддршка меѓу двете земји. Тој, како што информираат од собраниската прес-служба, ѝ посакал на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во ЕУ и истакна дека за жал, нашиот пат кон ЕУ е попречен од ...
Реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во јавниот сектор и зајакнувањето на административните капацитети беа централна тема на разговор на денешната протоколарна средба на министерот за јавна администрација, Горан Минчев со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер. Средбата, информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација, се одржа во духот на традиционално добрите и ...
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километтри на час краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира Упразвата ...
Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо Бриони, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија. - Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена ...
Основци и средношколци од Куманово денеска преку авторски видеоприказни ја покажаа својата креативност и почит кон делото на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, во рамки на настанот „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“. Во организација на Здружението на просветни работници, а со поддршка на Општина Куманово, денеска се одржа настанот „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“, на кој ученици од основните и средните ...
Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на семејството и институциите во државата за што треба поголема будност, следење на состојбата на промените во однесувањето на децата и младите со цел рана детекција и превенција на насилството, покажува годишниот извештај на СОС-линијата +389 70 390 632 за деца и млади „Ало, бушавко“ за 2025 година – истакна денеска на прес-конференција Жарко Змијанац, ...
Пушка од семејството на Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски заедно со уште многу видови оружје кое се користело и во Разловечкото и во Кресненското востание, како и оружје кое, главно, го поседувал турскиот аскер старо, околу 3 века, е дел од приватната колекција на старо оружје Ванчо Габер и Благој Механиџиски од Берово. Ова оружје беше денеска изложено во рамките на локалниот базар организиран од Општина Делчево, како дел од чествувањето на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на престојот во Љубљана оддаде почит пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните. Во својата порака, таа истакна дека спомениците во чест на жртвите од војните не само што сведочат за трагедиите од минатото, туку и потсетуваат на цената што човештвото ја плаќа кога ќе потфрлат разумот и дијалогот. -Пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со ...
Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов. -Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи. Тоа е и повод за размислување како да се воспостави ...
Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, во Скопје, на маргините на 11-тиот EUSAIR форум, остварил средба со Гилес Гител, претставник на Европската комисија во Генералниот директорат за регионална и урбана политика (DG REGIO), како и раководител на тимот за Инструментот за претпристапна помош (IPA), преговорите за проширување на Европската Унија и Јадранско-јонската макрорегионална стратегија (EUSAIR). -Имавме многу плоден разговор, ...
Во просториите на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечерва беше промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска, насловена „Македонија низ вековите“. Настанот, кој симболично се совпадна со одбележувањето на Светскиот ден на музеите, собра бројни претставници на академската фела, културни дејци и почитувачи на македонската историја. Модератор на настанот беше Валентина ...
Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз модернизацијата на патната мрежа и подобрувањето на комуналната инфраструктура, со цел долгорочно да го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните и да го поттикне локалниот економски развој. На врвот на приоритетите е почетокот на изградбата на Јужниот булевар, односно влезот во Кочани откај Грдовци, проект кој целосно ќе го промени сообраќајниот крвоток ...
Македонија не бара привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет, порача од Љубљана Гордана Сиљановска Давкова. По средбата со нејзината словенечка колешка Наташа Пирц Мусар, Сиљановска Давкова укажа на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето. „Да укажам на опасноста од билатерализација на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитестки ...
Државата прави се што е можно со цел македонските граѓани да не чекаат со часови на граничните премини, поради новиот систем за влез и излез во земјите на Европската Унија. Владата на највисоко можно ниво и билатерално, но и директно во Европската Унија, се обидува да најде решение за овој проблем. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, вели дека лично го отворил ова прашање, за кое се разговарало и на состанокот на министрите за ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните со заостанати обврски за потрошена вода да ја искористат можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата, во рамки на тековната акција што трае до 5 јуни годинава. Како што информираат од претпријатието, акцијата опфаќа плаќање на заостанати долгови, и тужени и редовни, без камата за задоцнето плаќање, а рокот за користење на поволноста истекува на 5 ...
Со мотото „Сите на Водно!“ викендов се одржа 14-тото издание на спортската манифестација „Прв до врв“, која и оваа година го претвори Водно во најголемата спортско-рекреативна сцена во земјата. Со повеќе од 4.500 учесници од Македонија и странство, настанот уште еднаш ја потврди својата позиција како најмасовно организирано планинско искачување во регионот и еден од најзначајните спортски настани на отворено кај нас – соопшти организаторот. ...
Стручна јавна расправа за предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка се одржа денеска во организација на Министерството за правда, со учество на претставници од правосудството, академската заедница и меѓународни експерти, при што беше истакната потребата од поефикасен и прецизно уреден систем за одземање незаконски стекнат имот. Како што соопштуваат од Министерството, во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков, ...
При извршената контрола на терен во рамките на реконструкцијата на плоштадот кај Чинарот надзорниот орган констатирал неправилности во поставувањето на коцката на почетокот од пешачката зона, на површина од приближно 45 квадратни метри. На изведувачот притоа му е издаден налог за корекција и целосно усогласување со проектната документација и техничките стандарди, при што сите трошоци за прередување ќе бидат на товар на изведувачот. Од Општина ...
Со последните одлуки на Советот на Општина Центар, во оваа општина се воспоставува нов систем на паркирање, во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе може да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом, односно таму каде што тоа е најпотребно. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега – по ...
– Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични лаги и лажни реалности, бара смирена храброст и бистрина на умот. Тоа е мечот на духовниот воин. Тоа е моќта на поезијата – изјави познатата естонска поетеса Дорис Карева на отворањето на третото издание на манифестацијата Денови на поезијата, што се одржа во Скопје, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Годинава се одбележаа многубројни јубилеи на ...
Другарство и соработка со институциите спаси детски живот. Девојче се јавило на СОС линијата „Ало Бушавко“ сакајќи да му помогне на својот другар кој сакал да си го одземе својот живот. Од Меѓаши пружиле совети, а кога тие не биле успешни, интервенирале заедно со надлежните институции. Од таму велат дека посветено се залагаат за помош на децата и подобрување на нивното ментално здравје. Тие ја раскажуваат успешната приказна која е само еден ...
Учениците од деветто одделение при ООУ „Стив Наумов“ – Скопје денеска го посетија Основниот кривичен суд Скопје, каде што преку едукативна и интерактивна средба имаа можност непосредно да се запознаат со функционирањето на правосудниот систем, како и со предизвиците поврзани со малолетничката деликвенција и нејзината превенција – соопштуваат од судот. Во рамките на посетата учениците биле информирани за постапките што се водат кога во нив се ...
Собранието ја почна 102. седница, на која на дневен ред се повеќе точки. Пратениците го усвоија дневниот ред и почнаа прашањата за опозоцијата. По скратена постапка ќе се носи предлог-закон за задолжување на Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), „Банко Билбао Визкаја Аргентарија, С.А.“ (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте груп банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одржа работна средба, на која присуствуваа копретседателите на „Вреди“, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше на темата за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Како што соопшти владината прес-служба, било нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија што ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко ...
Дигиталната трансформација и зајакнувањето на соработката во областа на иновациите беа во фокусот на билатералната средба меѓу министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерот за економија и иновации на Литванија, Едвинас Грикшас, реализирана во рамки на работната посета на Вилнус. Како што соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација, двајцата соговорници ја истакнале важноста на дигитализацијата како ...
Иднината на Македонија е во Европската Унија. Ги поздравуваме досегашните реформски напори на државата и нивното усогласување со безбедносната политика. Словенија останува цврст и искрен поддржувач на проширувењето на ЕУ кон Западен Балкан. Веруваме дека тоа значи поголема безбедност, поголема политичка стабилност на регионот, побрз развој на државите од Регионот и појака и поповрзана Европа, порача денеска претседателката на Република ...
За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...
Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел подобрување на условите за работа и поефикасно користење на ресурсите, истакна денеска во Собранието министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со музичкиот ансамбл во Тетово. Тој нагласи дека во Националната стратегија за развој на културата 2026–2030 не се предвидува затворање на институции, туку „разумна ...