Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
И во наредните две недели граѓаните ќе точат горива по најниски цени во регионот, откако Владата ги продолжи мерките за намалени акцизи и повластено ДДВ за бензините. Премиерот Мицкоски вели дека и покрај светската енергетска криза, државата успева да го ублажи ценовниот удар и да обезбеди поевтино гориво за граѓаните. „Покрај сите ризици и покрај сите предизвици со кои се соочува светот, ние во овие речиси три месеци од, би рекол, ...
И покрај поскапувањето на керозинот, туристичките агенции уверуваат дека аранжманите и авионските летови за летната сезона остануваат сигурни и нема да се откажат. Можно е минимално зголемување на цените кај авионските аранжмани, но од агенциите велат дека тоа нема значително да влијае врз патниците. За најголема сигурност тие апелираат до граѓаните да си го закажат својот летен одмор токму преку туристичките агенции. „Оние дестинации кои се ...
19 годишник со пиштол усмртил свој врсник од скопското село Бојане. Телото полицијата го најде во шумата во близина на Сарај. Синоќа еден час по полноќ во полиција се јавил таткото на осомничениот убиец за да го пријави синот. Тој на полицајците им признал дека неговиот син го убил својот врсник пред два дена. На телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во ...
Нелиценцирани планинарски водичи и натаму водат туристички групи по македонските планини, иако не се соодветно обучени за справување со ризици и спасувачки ситуации. Дел од нив, предупредуваат експертите, водат и авантуристички тури без елементарни планови за управување со ризик, што директно ја загрозува безбедноста на туристите. Во авантуристичкиот туризам ризикот е секогаш присутен, па затоа безбедноста мора да биде на прво место, велат од ...
Досега се откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. -Прва пролетна култура која што влегува во процес на откупот, односно пласман е пролетната зелка. Во струмичкиот регион оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 1 јануари до денешен ден се ...
Источниот регион конечно ќе добие нова и современа патна инфраструктура. Експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, кој со години беше само ветување, влегува во фаза на реализација. Наредната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити-студија, со што почнуваат активностите за еден од најзначајните инфраструктурни проекти за Истокот. „Следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити-студија на ...
Владата останува силен партнер на општините. Во Виница инвестираме во бројни инфраструктурни проекти во патишта и улици, водоводни системи и други проекти за да го подобриме животот на граѓаните, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Виница. Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Виница, Митко Костадинов, извршија увид во инфраструктурни ...
„Добар ден и од мене. Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, од денеска па во наредните два дена ќе престојува во Баку, каде како носител на делегацијата од Македонија ќе учествува на Светски урбан форум 13, еден од најзначајните глобални настани посветени на иднината на градовите, локалниот развој и одржливите заедници. Форумот, кој е организиран од UN-Habitat, посочуваат од Министерството за локанла самоуправа, претставува висока меѓународна ...
Преспа и Преспанско Езеро се неистражена тема, вруток од идеи и предизвици за секоја генерација која неможе да одолее на повикот на природата, а потоа и науката на која се посветуваат студенти и експерти од земјата и странство. Мотивирани од целта да се збогати знаењето за постоење на подводно археолошко наследство во Преспанско Езеро, да се валоризираат најистакнатите елементи на културното наследство во Преспа, но и да се заштити културната ...
Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт. Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет. Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче не ...
Денес ќе изнесеме два податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ, со моминско презиме Маркова, со партиите СДСМ и ДУИ. Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДСМ во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДСМ и ДУИ е избрана за уставен судија. Овие фамилијарни кариери на родителите во семејството Коларевиќ се цврсто поврзани со ...
Ноќеска во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ, соопшти полицијата. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со новиот закон за игри на среќа рече дека се става ред и дисциплина во во игрите на среќа и дека не може државата да наликува на Лас Вегас. Смета дека нема да има нелегални приредувања на игри на среќа и дека ќе се изгубат работни места. -Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори. Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните верници. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека навозможни се условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ да влезе на македонскиот пазар. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата. -Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 ...
По половина година интензивна работа граѓаните на Виница конечно добија нов затворен градски пазар лоциран на површина од 1810 квадратни метри со дукаќни за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, санитарни јазли и 87 тезги. За негова изградба беа потрошени 24 милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Виница. Покрај тоа извршено е и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар за што ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека работите за ставање во употреба на граничниот премин Клепало на македонско-бугарската граница од наша страна се завршени, како и дека од бугарска страна проектот почнал да се реализира и дека очекува тоа да продолжи по изборот на новиот министер за транспорт во Софија. -Во однос на Клепало, од наша страна целосно се завршени работите. Во координација со релеватните ...
Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5 проценти на реален БДП во услови кога Европа расте под 1 процент да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница. -Со консолидирење на европскиот пазар, кој е нашиот најголем трговски ...
Од денеска до 20 мај во Лондон ќе се одржи Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини што се организира по 24 пат. Годинава, темата на форумот е „Образование за заедничка иднина: Мир, планета, цел и патеки“. На форумот ќе учествува и министерката за образование и наука Весна Јаневска која ќе биде меѓу говорниците на панел дискусија посветена на креирање образовни политики базирани на факти, каде ...
Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на семејството, 15-ти мај, со голема забава, со многу детски работилници, занимливости, не само за децата туку и за возрасните, бидејќи семејството е темел на секое општество и место каде што се создаваат сите врски, основни вредности и основното воспитување на секој еден човек. Сите тие врски всушност потоа продолжуваат да не следат во животот и затоа мислам дека треба да имаме поголем фокус на ...
Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти“ влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотељаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори. Овие не се гласот на студентите. Овие се гласот на ДУИ. Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се ...
По обновеното полетувалиште за параглајдеристи на Мечкин Камен, Крушево за оваа сезона ќе добие уште две полетувалишта на местото Црн Врв. Во фаза на имплементација е нов проект за прекугранична соработка во истото партнерство со општина Елбасан, Албанија како претходниот кој заврши. Проектот е насловен „Крушево и Елбасан – патување и авантура“. Со постојните 2000 метри квадратни, сега Крушево ќе добие уште толку што ќе одговори на сѐ ...
Работите за дислокација на дел од цевководот на водоводот Росоки – Дебар се одвиваат според планираната динамика а во меѓувреме нема проблеми околу снабдувањето со техничка вода за корисниците, изјави градоначалникот на Дебар, Фисник Меља. -Можам со задоволство да кажам дека првиот дел од дислокацијата на цевководот, во должина од 200 метри, се завршени. Во тек е дислокацијата на вториот дел, па се надеваме дека до крајот на денов или ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава ...
Во рамките на престојот во Атина по повод учеството на дводневниот самит „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорката на Соединети Американски Држави во Грција, Кимберли Гулфојл. Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во пријателска и конструктивна атмосфера биле разменети ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словенија. Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со ...
На планината Водно денеска ќе се одржи 14-тото издание на најмасовниот планински спортски настан во земјата „Sparkasse Life – Прв до врв“, кој традиционално обединува илјадници љубители на спортот и природата. Како што информираат организаторите, настанот ќе понуди натпреварување во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри, планински велосипедизам на 9 километри, друмски велосипедизам на 11,4 километри, Е-bike на 9 километри и ...
Четириесетина планинари од разни делови на државата се дел од денешната Бошавска јужна трансверзала 2026 година, што по петти пат се реализира на Кожуф планина, во организација на Дарко Најдов, здружението „К3“ и планинарскиот клуб „Зелен брег“. – По врвиците на славното минато, некои од планинарите за првпат ќе ги запознаат прекрасните убавини што Кожуф планина ни ги дарува бесплатно. Тргнавме со организиран превоз од Кавадарци, преку ...
Традиционален пчеларник стар 70 години, во кој пчеларското знаење се предавало низ пет генерации по ред, денес го пренесува искуството од здравствените придобивки на севкупното работење на пчелите, кое е презентирано во работата на апи-терапискиот центар „Ристо Алчинов”. Овој центар лоциран на патот кон селото Мрзенци во Гевгелија, кој функционира четири години, беше дел од годинешното одбележување на Светскиот ден на пчелата организиран во ...