Денес, повторно сведочиме на неодговорен и неодржлив пристап од страна на СДСМ, Венко Филипче и целокупната опозиција со банални оправдувања дека немало место каде да седнат и слични изговори, само за да не почнеме со работа на Комисијата за финансирање и буџет, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од денешната изјава за медиумите на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови Венко, СДСМ и целата опозиција го ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Тони Марфи, претседател на Европскиот суд на ревизорите. На средбата присуствуваа и главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик-главниот државен ревизор Орхан Адеми. Како што инфоррмираат од собраниската прес-служба, претседателот Гаши се фокусира на важноста на транспарентноста, отчетноста и институционалниот надзор како клучни елементи за функционирањето на демократските институции ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови на земјите членки на НАТО и партнерските држави, кој се одржа во седиштето на алијансата во Брисел, Кралството Белгија. На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, се дискутира за актуелната безбедносна ...

Разловечкото востание претставува вонвременски миг во кој еден народ застанува пред бездната на сопственото исчезнување и одлучува дека достоинството вреди повеќе од животот. Во таа одлука лежи целата негова големина. Јунаците од Разловци не ја победија Империјата, но ја победија тишината, а таа е најстрашната форма на ропство. Одовде, во Разловци, селани, учители, свештеници и револуционери тргнаа кон сигурна саможртва и токму затоа нивниот ...

Пратениците ја одобрија потребата државата да се задолжи кај странски комерцијални банки за 260 милиони евра. Овој кредит е планиран со буџетот, а парите ќе се користат за тековни потреби, капитални инвестиции, но и за враќање на долгови наследени од претходната власт, вели министерката за финансии во интервју за Алфа. Според неа, Македонија излегла на меѓународниот финансиски пазар во најдобар момент и под поволни услови, а тоа што парите ...

„Вреди“ на дело докажува дека политиката ја разбира единствено како обврска за носење решенија, а не како платформа за празни зборови и бескрајни ветувања. Нашата мисија е јасна, институционално да ги исправиме неправдите кои со децении беа наталожувани како последица на половични решенија и политички пазарења од минатото, се вели во соопштението од „Вреди“. Студентите и младите генерации се нашето најголемо богатство и нивна обврска е да ...

Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или личат на уставен инженеринг се оние што се иницирани однадвор, како оние што призлегоа од Рамковниот договор, потоа и од Преспанскиот, за кои нè убедуваа дека се последни. Сега повторно се бара од нас промена на Уставот за вметнување на Бугарите во него за да ги почнеме преговорите. Нашето соломонско решение е доколку ги направиме измените и тие навистина ...

Почитувани, СДСМ продолжува со своите лаги и манипулации. Откако седум години власт не направија ништо за студенти и не исполнија ниту едно ветување, сега кога студентите имаат партнер во Владата, манипулираат дека стипендиите се намалени. Такво нешто нема, стипендиите не се намалени со Законот за студентскиот стандард, бројот на стипендиите не е дел од законското решение, туку истите се носат на годишно ниво, согласно Буџетот и согласно ...

Венко Филипче не попушта, повторно реши да биде погласен од Бугарија со барањето за Бугари во Устав. Тоа било поважно од реформите кои Европската Унија ги бара од државата, а кои неговата партија во моментов се обидува да ги блокира како што е случајот со изборниот законик. -Со внесувањето на Бугарите и другите малцинства во Уставот се зајакнуваат нашиот национален идентитет, сите идентитетски одредници, бидејќи тогаш е јасна дистинкцијата ...

Превозниците очекуваат дека за петнаесеттина дена македонските возачи ќе можат да почнат да аплицираат за доглорочни визи за возење низ земјите од ЕУ кои ќе ни ги додели Хрватска. Според Биљана Муратовска од МАКАМ, по изгласувањето на законот во Хрватска, околу две недели се потребни за да се подготви процесот за добивање на истите. Одлуката Хрватското Собрание ја донесе откако Вицепремиерот Александар Николоски водеше долги преговори со ...

На граѓаните им е доста од обвинителства под политичка команда на политичките партии СДСМ и ДУИ. Случајот „Мазут“ е доказ дека СДСМ и ДУИ со години го користат правосудниот систем за свој личен штит и заштита на криминалот и личните партиските интереси. Случајот Мазут е доказ дека тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДСМ и ДУИ во политиката. Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, ...

Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси. Филипче продолжува со поданоста и измеќарството на туѓите агенди, и уште еднаш се докажа како прв антимакедонец и побрза да ја слави победата на Бугарија на Евровизија. Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се доказ дека Филипче е спремен на се само за ...

Децата заедно со воспитно-згрижувачкиот кадар од центарската градинка „13 Ноември“, вчера приредија вистинска музичка и сценска магија на првиот детски фестивал „Детелинки“, што се одржа во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар. Преку музика, танц, оригинални детски песни и многу насмевки, најмладите покажаа талент, креативност и искрена детска радост, додека публиката уживаше во вечер исполнета со емоции, аплаузи и ...

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Македонија. Очигледно е дека зад овие активности стои политичката ...

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела ...

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: “Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“ во рамките на нејзината официјална посета на Словенија. Македонската претседателка вчера оствари средба со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести. По средбата, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со ...

По повод одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свеста за инфламаторните цревни заболувања, Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија – Скопје денеска организира стручно предавање посветено на современите аспекти во дијагнозата и третманот на инфламаторните цревни заболувања (ИБЗ). Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Медицинскиот факултет, а предавањето има цел да ја подигне свеста за животот со ИБЗ и да ги претстави ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште 11 точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша во согласност со роковите и условите утврдени во договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат осум комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за европски прашања, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Пред ...

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа Извршен комитет на кој беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. За нов портпарол на партијата избран е Валентин Манасиевски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дел од претседателите на општинските комитети се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донеле големи победи на изминатите изборни циклуси, но ...

Денешниот протест заврши, но вистината остана: ДУИ 20 години манипулираше со употребата на албанскиот јазик. Денес сме тука затоа што вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Протестот е демократско право и никој тоа не го ...

Венко Филипче немал желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија. Веројатно доколку за независноста Филипче не е на екстра продолжен викенд до Дубаи, на приватна журка со Харис Џиновиќ, во Рим, Франкфурт или на луксузна јахта на Халкидики со Зоран Заев, тогаш ќе продолжи со слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво, и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија, разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, притоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. – Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со ...

Делегација на Собранието на Македонија во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата, Мимоза Муса, член како и Ели Панова, заменик член учествуваа на Втората меѓупарламентарна конференција за борба против организираниот криминал во регионот на ОБСЕ која се одржа на 14 и 15 мај 2026 година во Рим. Конференцијата се одржа на иницијатива на потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален претставник за борба против ...

Денес, повторно се обраќаме до Венко Филипче и раководството на СДСМ, за прашање од врвен национален и државен интерес, прашање кое ја засега суштината на нашата демократија, транспарентноста на политичкото дејствување и заштитата на македонските национални интереси, се вели во соопштението на ЗНАМ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Никола Мемов. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, во изминатиот период, со факти и докази ја ...

Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со ...

Градоначалниците од Пелагонискиот Регион денеска дадода јавна поддршка на Регионалната платформа за млади, документ кој етаблира и е двигател на младинските политики, изработен од здружението на граѓани „Про-Локал“-Битола. Платформата функционира како жив и динамичен простор за дијалог, каде што идеите на младите добиваат конкретна форма преку регионални иницијативи и политики, информираа од „Про-Локал“ по заедничка средба со пелагониските ...

Темата поврзана со насилството во училиштата не е нова и не се појавува само во последно време, отсекогаш имало такви случаи, но за разлика од претходните случаи, овој пат Министерството за образование и наука изрази подготвеност да преземе конкретни мерки – изјави денеска заменик-министерот за образование и наука Дритон Сулејмани одговарајќи на пратеничко прашање на Сања Лукаревска од СДСМ за одговорноста за случаите со врсничкото насилство ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Кобалт

45.39