Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
ЕСМ вложи жалба за одлуката на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал за прекинување на истрагата за случајот „Мазут“ , информира премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува Вишото јавно обвинителство правилно да одлучи. Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето по повод 10-годишнината од своето присуство и работење во Македонија на германската компанија „Костал“ во Охрид, премиерот рече дека ќе ја почека одлуката на ...
Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до десет годишна возраст, со цел да им излезе во пресрет на семејствата кои во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка поради работни обврски, се наведува во соопштението на Општината. Пријавувањето, додаваат оттаму, почнува од 21 мај, а родителите треба да достават документација согласно критериумите наведени во правилникот. Станува збор за програма за дневно ...
Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – приближно 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата – беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, појасни дека ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со пишувањата во медиумите за наводна шпионска афера во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка. – Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за предистражна постапка, ...
Костал Македонија, која започна со работа во објектите на поранешниот гигант ЕМО, денес одбележува 10-годишнина од своето постоење и за краток временски период успеа да изгради компанија која денес вработува околу 1.340 лица, со реализирани инвестиции од околу 200 милиони евра. Оваа година очекуваме да достигнеме минимум 280 милиони евра извоз, со потенцијал таа бројка да порасне и до 300 милиони евра, истакна извршниот директор Виктор Мизо. ...
И покрај обидот за блокади од СДСМ, во Собрание на комисиска расправа помина задолжувањето од 260 милиони евра. Пратениците дадоа виза за планот на Владата со кој треба да се обезбедат средства за повисоки плати и пензии, повеќе крупни капиитални проекти, но и сервисирање долгови кои се наследени од претходната власт. Обидите на СДСМ по секоја цена да ја блокира седницата на Комисијата за финансирање и буџет заврши со целосно повлекување на ...
На Факултетот за образовни науки при Штипскиот универзитет беше промовирана книгата „Многуимените други – Македонија, пресечна точка на другоста на средновековниот Балкан: Идентитетски јазли“ од професорот Стојко Стојков. Авторот посочи дека книгата почнал да ја пишува во 1999 година, а низ неа се обработуваат прашања поврзани со идентитетите на словенските народи на Балканот. Во делото се анализираат клучни прашања за влијанието на една ...
„Зборот на Конески, гајдата на Пеце“. Општините Прилеп и Долнени, под ова силно мото, по 52-ри пат, утре и задутре ќе бидат домаќини на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Како единствен фестивал кај нас кој половина век е неприкосновен чувар на изворната македонска песна и на народните инструменти, ќе собере над 200 учесници од 5 до 85 години, кои со гордост го негуваат изворниот македонски фолклор и традиционалните ...
Сомнеж за финансиски неправилности е причина за смена на директорите во двете детски градинки во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов го разреши досегашниот директор на најголемата детска градинка во градот, „Астибо“. На негово место доаѓа директорката на другата градинка, која ќе има задача од Државниот завод за ревизија да побара детална финансиска анализа, со која ќе се утврди како работело досегашното раководство. Јорданов вели дека ...
Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервјуто за една од националните телевизии. “Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот да биде завршен целиот автопат. Имаше бројни проблеми, ...
Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија “Рајанер”, Владата продолжува со отворање на нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите ...
Довербата во правосудството е на историски минимум, а институциите штитат лица блиски до СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО ДПМНЕ. Советот на јавни обвинители на чие чело е Башким Бесими, стана штит на криминалот тежок 167 милиони евра за случајот „Мазут’’. Советот на јавни обвинители, предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот висок функционер на ДУИ, Фатмир Бесими, наместо да биде чувар на правдата, стана заштитник на политичко-криминалните ...
Во СДСМ ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДСМ која со години ја понижува Мaкедонија и дава простор на официјална Софија да продолжи со негирањето на македонскиот јазик и историја. Филипче и СДСМ немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филипче и СДСМ не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива. За Филипче и ...
Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе започне од Плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази задоволство што ЕК ја одобри новата транша од 65,7 милиони евра за нашата земја во рамки на Планот за раст и Механизмот за реформи, потенцирајќи дека тое доказ дека сме земја број еден во Западен Балкан. Овие реформи, рече тој, не значат само контрибуција за Буџетот туку значат и подобар живот за граѓаните. -Во однос на Планот за раст ми е многу драго што се демантираа бројни ...
Проектот за брзата пруга е почнат уште минатата есен, но во рамки на оваа една година го правиме најбитниот дел во еден проект кој што е најмалку атрактивен за јавност – а тоа е делот кој значи добро планирање, геотехнички истражувања, понатака, истражување за влијание врз животната средина, истражување за влијание во средината каде што живеат луѓето, археолошки наоѓалишта и така натака, порача вечерва вицепремиерот и министер за транспорт ...
Отпадот не е само ѓубре, туку е ресурс од кој може да се произведе некој друг ресурс, а со тоа да се создаде циркуларна економија. На депониите, според оваа економија, ќе се фрла само оној отпад кој не може да се рециклира – велат од Македонската асоцијација за управување со отпад. За таа цел, велат, треба што поскоро да се отворат регионалните центри за отпад, но и да се обучи кадар кој ќе може ефикасно да управува со нив. „Прилично касниме ...
ОЈО ГОКК денеска потврди дека отворило истрага заради сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова – ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвори предистражна постапка и ...
Премиерот Христијан Мицкоски со остри критики за аферата со наводна шпионажа во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Тој говореше за, како што рече, „шпионски талог“ и „глодари од минатото“, а го обвини и шефот на Обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази, дека создава паника во јавноста. Премиерот Христијан Мицкоски со остри критики за аферата со наводна шпионажа во кабинетот на претседателката Гордана ...
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Албанија во Македонија, Денион Меидани, на кого му бил упатен устен демарш. Според информациите, на средбата присуствувал неговиот заменик, кому му биле пренесени забелешките во врска со неодамнешните јавни изјави на амбасадорот. Како што дознаваме, од македонска страна било посочено дека дел од изјавите се движат на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ. -Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат ...
Според „Глобал Тајмс“, Кина сè повеќе се развива во центар на светската дипломатија, посочувајќи дека е исклучително ретко една земја да ги угости лидерите на САД и на Русија еден по друг во рок од седум дена. По нив, сега посета на Кина најави и српскиот претседател Александар Вучиќ, од 24 до 28 мај. Ова патување Вучиќ вели дека го смета за круна на неговата кариера, бидејќи кај кинескиот лидер Си Џинпинг оди по скорешната посета на ...
Демократска Република Конго бара меѓународна помош за борба против епидемијата на Ебола. Бројот на сомнителни случаи расте, а Уганда воведе карантин за над 100 лица поради можен контакт со заразени. Досега се потврдени над 500 сомнителни и над 130 смртни случаи во регионот. Од Светска здравствена организација велат дека ризикот од глобално ширење на епидемијата е низок, но висок на национално и регионално ниво. Демократска Република Конго ...
Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст. Како што соопшти Министерството за европски прашања, оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, во согласност ...
Општина Тетово на градскиот плоштад одржа настан „Отворен ден со средните училишта“, како и активност за одбележување на Денот на пожарникарите заедно со Територијална противпожарна единица-Тетово. Командирот на единицата, Авни Амети, информираше дека во моментов располагаат со 77 редовно вработени пожарникари и 17 со договор на дело, но дека за оптимална покриеност на регионот се потребни уште најмалку 30 професионалци. -Ова не е доволно, ни ...
Со успешно спроведена тактичко-показна вежба – симулација на пожар во ООУ „Св.Климент Охридски“ и спасување на повредени лица, како и гасење пожар на објектот, но и дефиле и презентација на возила и опрема во Делчево е одбележан Денот на македонските пожарникари, 20 Мај. Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види физичката и психичката подготвеност на пожарникарите во услови на вистинска појава на пожар ...
Со показна вежба спасување при сообраќајна незгода и со изложување на дел од опремата на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Центарот на Прилеп, прилепската противпожарна единица го одбележа денот на пожарникарите, 20 мај. Бројот на пожари, посебно на отворено, во споредба со лани, е на истото ниво, а единицата настојува опремено и подготвено да ја пречека летната сезона кога опасноста од пожари е најголема. -Од почетокот на годинава се ...
Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“, организирана од Вилфред Мартенс центарот и Фондацијата Конрад Аденауер, по повод Денот на Европа 2026 година. Конференцијата се одржа под наслов „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, а ...
Со испраќањето на последната група, комплетирана е овогодинешната тура со 512 кандидати за Хаџ кои од гостиварско тргнаа за Саудиска Арабија. Со желби за добро здравје и враќање, покрај членовите на семејства, идните аџии ги испратија гостиварскиот градоначалник Ваљбон Лимани, поглаварот на ИВЗ Хафиз Шаќир Фетаху и гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели. Денеска од рано утро кон скопскиот аеродром од Гостивар тргна првата група од 180, околу ...
Наследството на светите браќа Кирил и Методиј е живо и актуелно. Без разлика колку и да се чини старо нивното дело, постојано има нови моменти кои се појавуваат во истражувањето на нивното духовно и културно наследство, порача денеска деканот на Православниот богословски факултет во Скопје Илче Мицевски – Игнат. На официјалното отворање на третите научни Кирилометодиеви средби, Мицевски – Игнат рече дека научните средби посветени на светите ...