На платото на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на 77-годишнината од основањето на Универзитетот и патрониот празник – 24 Мај. Активностите ќе почнат со положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, по што во свечената аула на ректоратот ќе се обрати ректорката на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова. Ќе бидат доделени награди на најдобро ...

Државно-црковна делегација на Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Рим ќе му оддаде почит на св. Кирил во рамките на традиционалната манифестација посветена на сесловенските просветители. За време на престојот во Италија, претседателот на парламентот, Гаши, денеска во Ватикан ќе има аудиенција кај папата Лав XIV и средба со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Поклонението во чест на св. Кирил ...

Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија. Венко Филипче знае дека има ...

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка и Лазарополе – шест степени, а највисоката од 19 степени во Скопје – Петровец. Како што соопшти УХМР изутринава се измерени шест степени на Попова Шапка и Лазарополе, седум во Mаврови Анови, девет во Охрид и Битола, десет во Крива Паланка, Kрушево и Претор, 11 во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во ...

Во рамките на акцијата „Мисли на македонски, читај домашно“, во книжарницата на „Матица македонска“ се одржа инспиративна средба на близу осумдесет ученици со Стојан Тарапуза, еден од најомилените македонски автори за деца и еден од ексклузивните автори на „Матица македонска“. Средбата ја потврди основната порака на акцијата: македонската книга треба да биде жива средба меѓу авторот и читателот, меѓу јазикот и детската љубопитност, меѓу ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата по повод 24 мај денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј и престојниот продолжен викенд, кога се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено на отворените патни правци кон туристичките места. Со пораката „Вози одговорно – Секој живот е важен“, РСБСП потсетува ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран кибернапад. Станува збор за DDoS-напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика оптоварување и нарушување на достапноста на системите. ...

Во просториите на Македонски културно-информативен центар во Софија, синоќа се одржа промоцијата на третата поетска книга „За малите нешта“ од Катја Андреева, настан организиран по повод Светскиот ден на културната различност. На почетокот на вечерта, директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, ги поздрави присутните и истакна дека токму преку културата, литературата и уметноста се создава простор за меѓусебно ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и посочи дека нападите на опозицијата и на Венко Филипче постепено паѓаат во вода, обвинувајќи ја претходната власт дека со своите политики ја довела државата во ќор-сокак во однос на билатералните прашања и евроинтегративниот процес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите напади на опозицијата и на Венко Филипче постепено една по една ...

Општина Центар го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време“, вечер исполнета со музика, игра, емоции и спомени што го вратија шармот на некогашно Скопје. Настанот, информираат од локалната самоуправа, започна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов“, каде граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата на незаборавните скопски прошетки и вечерите ...

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера оствари конструктивна средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните активности и иницијативи во ...

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените контроли, Комисијата констатираше повеќе неправилности и постапувања ...

Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците- порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки, информираат од Народната банка, беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во ...

Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик, се вели во соопштението на Вреди. Затоа се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети? Против самиот себе, како дел од системот ...

Сите приказни кои водат кон загрозување и потпалување на меѓуетнички тензии се опасни и се неприфатливи, а тие кои не внимаваат на меѓуетничките односи коишто се премногу важни, се неодговорни, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши. Гаши вечерва во интервју на една од националните телевизии оцени дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за дневнополитички пресметки. – Не сакам да зборувам за себе ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на Националниот демократски институт (НДИ), Роберт Скот Хејзлет денеска потпишале Меморандум за соработка, како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“. Со овој меморандум, како што информира Ѓорѓиевски, се продлабочува соработката меѓу Град Скопје и НДИ, преку конкретни активности насочени кон навремено препознавање, ...

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денеска остварил одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата со адмиралот Викоф, министерот Мисајловски се заблагодарил за поддршката од Сојузничката команда на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...

Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија – се вели во соопштението од Вреди. Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати. Европската комисија го ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација. – Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека и понатаму ...

Општина Маврово и Ростуше продолжува со континуираните инвестиции во правец на подобрување на локалната патна инфраструктура. Во моментов, активно се спроведува втората фаза од проектот за рехабилитација, санирање и асфалтирање на локалниот пат кој ги поврзува селата Велебрдо и Требиште – информираше Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста во општината. Со текот на работите денеска попладне се запознаа градоначалникот Онер ...

Постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности, се вели во реакцијата на Кабинетот на законодавниот дом во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека го прекршил Деловникот со закажувањето на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. -Имено, на 18 ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно четири пријави за семејно насилство, додека две лица се лишени од слобода. Вчера во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Во 11:00 часот вчера во СВР Скопје, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц преку писмо до лидерите на Европска Унија предлага нова динамика за пристап на земјите од Западен Балкан и Молдавија, преку постепено интегрирање. Тоа, според Мерц, значи дека земјите, преку градење блокови, постепено ќе ги прилагодуваат сопствените европски стандарди, „чекор по чекор“. Ваквата идеја на Мерц ја става во геополитички контекст, имајќи ја предвид Украина. Со оглед на тоа што земјата е во војна, ...

Во Стокхолм, Шведска, денеска се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска стопанска комора и Македонија 2025, со поддршка на владите на двете држави, посветен на унапредување на економската соработка, трговската размена и инвестициските можности меѓу Македонија и Кралство Шведска. На Форумот поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој истакна дека и покрај ...

Ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од парцела до финален купувач е презентирано денеска од страна на ИНОФЕИТ – ЕДИХ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Директорот на ИНОФЕИТ – ЕДИХ, професор д-р Димитар Ташковски објаснил дека дигиталното управување со земјоделското производство овозможува ефикасно следење и организација на клучните активности поврзани со бербата, ...

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњаносвки оствари средба со раководството на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, организатор на меѓународната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмарт“. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека градоначалникот Коњановски бил информиран за подготовките на 45. издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ на која ќе учествуваат 18 делегации од ...

Партијата на „Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам, се вели во соопштението на ВРЕДИ. Токму оваа политика ...

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните интереси – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека со нејзините ставови изразени за време на посетата на Словенија „паднала на испитот“. – Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит ни на факултет, а во Словенија докторскиот испит ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

53.60