Проширувањето е стратегиски одговор во услови на новата геополитичка реалност и инвестиција во стабилноста и економскиот раст – рече на денешното обраќање на панел-дискусијата на Националниот совет за евроинтеграции, Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија и експерт на УНОПС. Тој пред присутните членови на Советот, претставници од академската заедница и граѓанскиот сектор на ...

Шестото издание на POPRI EUSAIR Youth заврши вчера во Скопје означувајќи уште една значајна пресвртница за овој ценет меѓународен натпревар посветен на негување на претприемачкиот дух во Јадранско-јонскиот макрорегион. Настанот, кој беше организиран како дел од 11-тиот EUSAIR-форум, ги собра најперспективните идни претприемачи од 10 земји со цел да покажат како нивните компетенции може да одговорат на најголемите предизвици во регионот, се ...

Сервилноста на македонските дипломати е минато, добро е што конечно гледаме раздвижување и реакција од нашата дипломатија, кога се во прашање обидите за влијанија од странски дипломати на внатрешно политичките состојби во Македонија. По јавните реакции на албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, кој ги поддржа студентите што протестираат за полагање на правосуден испит на албански јазик, познавачите велат дека однесувањето на ...

Доктори хирурзи во јавното здравство земаат и до 120 илјади денари плата, а не фатиле скалпел во рака со месеци.Тоа најчесто се прави во болниците од внатрешноста, каде што немаат никакви услови да оперираат, а докторите сами си пишуваат измислени операции за кои покрај платата зимаат и додатоци од државата. Анализата на Фондот за здравство покажува дека во јавното здравство работат околу 19 илјади здравствени работници. Огромен дел од парите ...

Над 50 проценти од апликациите, односно половина од околу триесетината инфраструктурни проекти во Куманово, поддржани од вториот владин повик за инфраструктурна поддршка на општините, веќе се воведени во работа информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој на прес-конференција изјави дека Општина Куманово внимателно ја следи динамиката на проектите за да не се доведат компаниите кои ги извршуваат градежните активности во ...

Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, а клучен приоритет е енергетската стабилност – порачала денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ресорскиот состанок, на кој биле разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на кој присуствувале претставници од релевантните институции од енергетиката, се разговарало на повеќе теми во насока на навремена реализација ...

„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот, информира компанијата. Со импресивни 95 IWC поени, „Babuna Red 2023“ се издвои меѓу највисоко оценетите вина во ...

Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...

Општина Куманово започна со целосна реконструкција на улицата „Бајрам Шабани“, каде во тек се активности за поставување бетонски рабници и изградба на нови тротоари, по што ќе следува асфалтирање на целата улица, информираа денеска од општината. Градоначалникот Максим Димитриевски соопшти дека средствата за реализација на проектот за реконструкција на улицата се обезбедени преку вториот владин повик од унгарскиот кредит. -Започнавме со ...

Во две меѓународни изложби „World Cartoon Expo“ во Анкара и „Kyoto Internacionalen MANGA Museum“ кои беа отворени вчера, со свои стрипови учествува и македонскиот автор Златко Крстевски. На изложбата во Анкара, Крстевски учествува со осум сатирични слики од стрипови и се дел од тематска изложба, која ја преиспитува пандемијата од една страна и мирот како глобален „Манга Пандемик“. Темата на светската изложба на карикатури, организирана од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“ во општината Ѓорче Петров во Скопје. Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ги претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, ...

Образовниот и научно-истражувачкиот систем во Македонија продолжуваат интензивно да се трансформираат во насока на прифаќање европски стандарди, подобар квалитет и посилна институционална поставеност. Приоритет се реформите кои произлегуваат од Реформската агенда 2024-2027, Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан и стратешките приоритети на Владата во областа на човечкиот капитал. Ова го нагласи министерката за образование и ...

Работната група за реформи во Изборното законодавство денеска на седница разгледала повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и како што соопшти Министерството за правда најголем дел од препораките се прифатливи и наскоро ќе има законско решение. На седницата биле усвоени повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата била отворена дополнителна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да почека „неколку дена“ за одговорот на Иран на најновиот предлог од Вашингтон, насочен кон завршување на војната, но предупреди дека ситуацијата може брзо да ескалира доколку Техеран не даде „соодветни одговори“. Овие изјави доаѓаат веднаш по соопштението на иранското Министерство за надворешни работи дека Техеран разгледува нов американски предлог, кој наводно бил доставен ...

По посетите на Доналд Трамп и Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ ќе пристигне во Пекинг кон крајот на мај, на покана на кинескиот лидер Си Џинпинг. Официјалната дводневна посета на Кина е планирана од 24 до 28 мај 2026 година. Ова патување Вучиќ го најави на прес-конференција одржана на 16 мај, посочувајќи дека го смета за круна на неговата кариера, бидејќи кај кинескиот лидер Си Џинпинг оди по скорешната посета на ...

Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период – вели гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кои, по период на дезинфлација, ...

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со отворање нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми – потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања, кои би биле на штета на другите ...

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска во Загреб ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференција „Општество и технологија – 2026“, манифестација на која Комората е еден од ко-организаторите заедно со Стопанската комора на Хрватска, Коморите на Индустрија и Трговија и на занаетчиство и мали бизнис на Словенија, Регионалните комори на Приморска, Словенија и Штаерска од Австрија, како и Универзитетот Алма Матер ...

Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка – Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3 % поради повисоките депозити на двата сектори, со поголем придонес на депозитите на секторот домаќинства – се наведува во соопштението од Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто како резултат на зголеменото ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И. Ш. во својство на градоначалник на општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 3 в.в со ст. 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Како што стои во соопштението, пријавениот И. Ш. во текот на 2025 година ги ...

– Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат – да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се навратиме наназад и да ...

Новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на планот за раст за Западен Балкан и механизмот за реформи и раст е резултат на координирана работа на институциите, на посветеноста на администрацијата, на политичката одговорност и на решителноста реформите да не останат само на хартија, туку да донесат конкретни резултати за граѓаните – истакна на денешната прес-конференција првиот заменик-претседател на Владата и ...

Пронајдено е тело на жена со прострелна рана во главата, во Скопско, покрај неа пронајден е и пиштолот на нејзиниот сопруг, информираа денеска од Јавното обвинителство. – Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на самото место во село Копаница, Скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е ...

Ни игла веќе не може да влезе и излезе во и надвор од Македонија без знаење на македонските цариници. Вчерашната заплена на рекордни половина милион евра на Богородица, за познавачите е само показател дека граничарите повеќе не замижуваат на едното око и не дозволуваат прекршување на законот. Изминатите неколку акции на заплени на дрога, девизи и злато се уште една потврда дека контролите на македонските граници се подигнати на значително ...

Од последна, Македонија стана лидер по спроведените реформи. Премиерот Мицкоски задоволен од најновата тура одобрени средства од Планот за раст за Западен Балкан според кои земјава добива најмногу пари или 65,7 милиони евра. Тој вели дека уште од стартот на мандатот на оваа Влада се фатиле сериозно за работа. Тоа резултирало со лидерска позиција во однос на реформската агенда во јануари, што според него, ќе биде потврдено и во следниот ...

За земјите кандидати за членство во Европската Унија има прозорец со можности, но за тоа треба храброст, политичка волја, обединетост и многу реформи. Тоа вреди да се направи – порача денеска амбасадорот на Шведска во земјата, Ола Сулстром. Сулстром на панел дискусијата „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации на Западен Балкан“ рече дека земјава припаѓа на Европската унија и дека вреди да се направат жртвите и реформите ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека интензивно се работи на сите портфолија за претстојниот период од реформската агенда и нагласи оти очекува позицијата први во регионот Западен Балкан – 6 во јануарскиот извештај да се потврди и во јунскиот извештај за Македонија. Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за новата транша за земјата од 65,7 милиони евра во рамките на планот за раст за Западен Балкан и ...

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше за смената на директорите на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Ивана Ангеличкова заминува на директорската позиција на градинката на „Астибо“, а на нејзиното место за вршител на должност директор на „Вера Циривири-Трена“ е назначена Ана Јакимова. Јорданов посочи дека причината за ...

Општина Битола го одбележа Светскиот ден на културната различност востановен со одлука на Генералното Собрание на Обединетите нации и поддржан од УНЕСКО. Во своето обраќање до учесниците на културниот настан, културно уметнички друштва и претставници на етничките заедници во Битола, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека локалната самоуправа продолжува да ја негува културата и мултикултурата како важно обележје на градот. -Со овој ...

ЕСМ вложи жалба за одлуката на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал за прекинување на истрагата за случајот „Мазут“ , информира премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува Вишото јавно обвинителство правилно да одлучи. Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето по повод 10-годишнината од своето присуство и работење во Македонија на германската компанија „Костал“ во Охрид, премиерот рече дека ќе ја почека одлуката на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Калај

53.60