Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Разловечкото востание e кренато на 20 мај 1876 година (нов стил), и важи за едно од првите организирани вооружени востанија на македонскиот народ против отоманската власт во втората половина на XIX век. Избувнало во селото Разловци (денес во Општина Делчево, источна Македонија), во време на силните политичко-револуционерни превирања на Балканот, кога народите во Отоманска Турција сè поревносно барале поголема слобода и национални права. Под ...
Обвинителите истражуваат евентуална шпионажа со електронски податоци од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Обвителството за гонење организиран криминал отворило истрага лани во ноември откако МВР пријавило дека постојат индиции за незаконски активности од висок државен истерес. Сомнежите се дека вработен во Кабинетот на претседателката пристапувал до електронски податоци, ги копирал, енкриптирал и складирал на надворешни ...
Двојно повеќе пари за научници, истражувања и бесплатен пристап до светски бази. Владата годинава сериозно вложува во науката и образованието со буџет од околу 770 милиони денари, што претставува значително зголемување во споредба со 2024 година. За првпат, научниците во Македонија ќе имаат бесплатен пристап до двете најголеми светски научни бази, со цел полесно да работат и да подготвуваат научни трудови. Премиерот Христијан Мицкоски порача ...
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележаа 20-ти мај – Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила. -Ова е најстарата ...
Добра и интересна идеја за размислување, но проблемот е што за неа треба да гласа и Бугарија, која тешко дека ќе прифати сама себе да си ги врзе рацете – ова е оценаката на експертите за германската идеја за нов механизам, според кој специјална арбитражна комисија би оценувала дали некое барање на земја членка кон земја аспирант е според копенхашките критериуми или не. Како на пример за тоа дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин, дали ...
Под полна опрема, стручно и професионално, пожарникарите од ТППЕ од Прилеп за неполни десетина минути извлекоа заглавен човек од автомобил по сообраќајна незгода. Ова беше само мал сегмент од денешната јавна показна вежба, која прилепските пожарникари ја презентираа на Градскиот плоштад, а во чест на Денот на пожарникарството – 20 Мај. Според заменик-командирот на Единицата, пред почетокот на сезоната на пожари, едукацијата на целокупното ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ...
Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 20.05.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Црвена Вода бр. 7. ( општина Центар ) – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Саса – крак 24. ( општина Кисела Вода ) – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 6 во населба Бардовци. ( општина Карпош ) – во периодот од 09.15 до ...
Панел дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии. На панел дискусијата, што е дел од одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, се предвидува учество на претставници од државава и странство, на дипломатскиот кор, академската заедница, ...
Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија. Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”. Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност. Дополнително, Филипче не се ...
Најниска температира изутринава е измерена во Лазарополе, 2 степени, по што следуваат Mаврови Анови и Попова Шапка, Крива Паланка, 5, Охрид, Претор, Kрушево, 6, Тетово, 7, Битола, Прилеп и Берово 8, Скопје-Петровец, Штип и Виница 9, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија и Кавадарци 10, Велес и Струмица 11, Гевгелија 15, информира УХМР. Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврна во Крушево, 25 литри на метар квадратен, ...
Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДСМ и ДУИ врз обвинителството. За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот. Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази ги амнестираше ...
Македонската асоцијација за управување со отпад (MASWA) денека со почеток во 12 часот во хотел „Мериот“ во Скопје ќе одржи панел-дискусија на тема „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“. Во рамки на агендата се предвидени поздравни обраќања од претседателот на MASWA, Михаил Матески, и министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, како и презентација на студија на ...
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 14. седница со почеток во 9:30 часот, на која ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти од различни области, вклучувајќи ги урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа. Како што информира Судот, предвидено е разгледување на седум иницијативи кои опфаќаат одредби од Законот за градење, Законот за дивеч и ловство, Законот за ...
Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали информираше дека во рамки на 11. ЕУСАИР форум и министерскиот состанок на Јадранско-јонската иницијатива (AII), остварил серија значајни билатерални средби со европски и регионални партнери, фокусирани на регионалната соработка и процесот на европска интеграција. – За време на средбата со италијанскиот министер за кохезија и европски политики, Томазо Фоти, разговаравме за ...
Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија на една од националните телевизии се осврна на економските политики кои ги презема власта и направи паралела на економските политики кои беа преземани од опозициската СДСМ. Тој додаде дека во поглед на задолжувањата, во рамки на Буџет, државата била дупло задолжена за време на опозициската СДСМ, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Во 2017 година ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата ...
Најголем дел од тиквешани имаат лозови насади и голем дел од времето поминуваат во нив, изложени на штетните УВ – сончеви зраци, но, недоволно внимание обрнуваат на кожата и последиците врз неа ако не се заштитени, предупредува Марија Недева, доктор дерматовенеролог. Докторката деновиве во рамките на Еуромеланома вршеше бесплатни дерматолошки прегледи во нејзиниот дерматолошки центар МН дерм во Неготино и на градскиот плоштад, а попладнево ...
Нема формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на ран развој кон извонредност. Потребно е време и голема посветеност кон остварување на претходно поставени реални цели и јасно дефинирани политики што ќе се базираат на факти. Македонската влада го прави токму тоа – образовните политики ги темели на спроведени анализи и преку мерливи критериуми ја утврдува ефикасноста – порача министерката за образование и наука проф. д-р ...
На редовната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС денеска се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што биле донесени повеќе одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, соопшти попладнево скопскиот градоначалник и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. – Една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра, побрза и поефикасна координација меѓу ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Советот за праведна транзиција порача дека декарбонизацијата претставува конкретен патоказ и дел од обврските на државата кон Европската Унија. -Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За тој процес да биде реален и одржлив, потребно е тој ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли наводите дека ќе има намалување на студентските стипендии и ги оцени како манипулација обвинувањата на СДСМ, нагласувајќи дека Владата работи на унапредување на студентскиот стандард и подобра распределба на средствата. – Да се прејудицира уште од сега дека се намалени стипендиите е чиста манипулација на политичката партија СДСМ, бидејќи бројот на стипендии не е уреден со законско ...
Регионалната соработка останува стратешки инструмент за зајакнување на стабилноста, поврзаноста, отпорноста и европската интеграција на Западен Балкан – порачаа учесниците на 11. форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот Регион (ЕУСАИР), што се одржа во Скопје. Како што беше истакнато на завршната прес-конференција, ова е одлично време да се зборува за влезот на Западен Балкан во ЕУ, за процес на пристапување со ...
Градоначалникот на Радовиш и командант на кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно задравје – Штип апелира до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од депонијата е најинтензивен. Имено, депонијата во Радовиш гори веќе петти ден и покрај огромните напори пожарот да се стави под контрола. На терен е ангажирана механизација, ...
Во Собранието денеска се одржа јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет, што го избира Собранието. Расправата ја организираше собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, а кандидатите ги изложија своите професионални биографии, искуство и визии за работата на Советот. Испразнетото место доаѓа по истекот на вториот мандат во декември лани на членот ...
Претставникот на Шпанскиот национален ромски совет, Фабијан Санчез, претседател на Presencia Gitana, вели дека ромската заедница е најдискриминираната етничка група во Шпанија, но преку Националниот совет на Ромите, основан во Шпанија во 2005, се овозможува да се слушне нивниот глас во разни политики. Токму ова, како добра практика во Шпанија, тој ќе ја сподели и со македонските партнери. Санчез е во посета на земјата на покана на министерот ...
Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем ХИС, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Онкологија 2“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети дека преку фиктивни набавки и злоупотреби со скапа терапија го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Според обвинението, двајцата ...
Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија – вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Во интервју за телевизијата „Алфа“ министерката Димитриеска-Кочоска потенцира дека Законот за задолжување кај странските банки, кој што влезе во ...
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР синоќа во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка гевгелиско Смоквица, го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30), кој управувал возило со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час. -При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно седум пријави за семејно насилство, додека шест лица се лишени од слобода. Вчера во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Полициски ...