Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Македонија и против кого пред два месеца беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ. За средбата објави самата Фондација на социјалните мрежи. „На неофицијална средба со Рубин Земон, дел од раководството на ...
Почина Бошко Стаменковски, еден од најуспешните македонски спортисти во пауерлифтинг и бенч-прес, светски и европски шампион кој со своите резултати ја афирмираше државата на меѓународната спортска сцена. Стаменковски, кој е роден во јануари 1971 година во Македонска Каменица, подолг период се соочуваше со здравствени проблеми. Во текот на својата спортска кариера важеше за еден од најдоминантните натпреварувачи во пауерлифтинг и дисциплината ...
Со пригодна церемонија и положување цвеќе, денеска во Македонска Каменица беше одбележана 82-годишнината од смртта на народниот херој Вера Јоциќ. Во знак на почит кон нејзиниот лик, дело и жртва, цвеќе беше положено пред споменикот на Вера Јоциќ во Македонска Каменица, каде присуствуваа претставници на Општина Македонска Каменица, членови на Советот на Општината, како и претставници од повеќе локални институции и организации. Во рамки на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со Меморандумот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на јавната ...
Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денеска потпиша договор за отпочнување на реализацијата на проект за реконструкција на административната зграда на општината, со цел спроведување мерки за енергетска ефикасност. Проектот претставува дел од стратешките заложби на општината за создавање „зелен град“ и унапредување на грижата за животната средина. -Со реконструкцијата се предвидува подобрување на енергетските перформанси ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари и во однос на март 2025 година, е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 проценти и Информации и ...
Градоначалникот на Берово, Петар Ружински денеска го потпиша договорот со Биро за регионален развој за реализација на проектот „Изградба на потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“ во Берово“, во рамки на Јавниот повик за финансирање на предлог-проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година. За реализација на проектот се одобрени 705.874 денари, средства кои ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска одржал прва координативна средба со претставници на граѓански организации кои работат во областа на заштита на животната средина. Средбата, информира ресорното Министерство, е дел од заложбата за воспоставување редовен, отворен и транспарентен дијалог со граѓанскиот сектор, со цел заедничко креирање политики и решенија. Министерот Хоџа истакнал дека институциите мора да ...
Младински оркестар при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово заедно со Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска гостува во Тирана на престижниот фестивал „CloudFest 2026“. Фестивалот е во организација на Општина Тирана и албанското Министерство за култура и важи за еден од позначајните културни настани со меѓународен карактер. Раководителот на оркестарот Александар Митрички вели дека учеството на фестивалот претставува голема ...
Советот на Општина Василево денеска на вонредна седница усвои Елаборат за проценка на штетата од елементарна непогода – ниски температури проследени со снег и слана на 18, 19 и 20 март лани. Истиот елаборат беше усвоен на вонредна седницата на 9 март годинава, но, како што соопшти општината, заради технички причини е вратен на корекција од страна на повисоките органи на одлучување во Владата. Според податоците од Елаборатот, невремето ...
Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, владеењето на правото, реформите во јавната администрација, енергетиката, како и инфраструктурните проекти и регионалната поврзаност, биле темите во фокусот на денешните разговори во Брисел на првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали со претставници на Европската комисија и Работната група на Советот на ЕУ (COELA). – Останува ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори, информира ...
Македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори – со добро познатиот став на македонската влада, министерот Муцунски, настапил на средбата со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова . Тој ја нагласил потребата за решавање на билатералното прашање, но притоа го потенцирал взаемното почитување и ја отворил темата за македонското малцинство во Бугарија. „На средбата беа разменети мислења за ...
Работата во областа на грижата и понатаму е една од главните пречки за родовата еднаквост во светот. На глобално ниво, жените извршуваат 76,2 проценти од неплатената работа на грижа и поминуваат во просек 3,2 пати повеќе време на неплатена грижа отколку мажите – што е еквивалентно на приближно 4 часа и 25 минути дневно во споредба со 1 час и 23 минути за мажите. Во Македонија, жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените ...
Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „11 Октомври“ во Куманово, на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „4 Јули“, информираа денеска од Општина Куманово. За реализација на проектот се обезбедени 27,2 милиони денари. Од општината апелираат до граѓаните да бидат внимателни и трпеливи за време на изведувањето на градежните работи, поради изменетиот режим на сообраќај на оваа делница, особено што оваа улица е една од ...
Модернизација на студентските програми, поголема поддршка на практична настава, воведување интердисциплинарни студии и подобрување на условите во студентските домови. Ова е планот на надлежните за задржување на младите во државата. „Еден од чекорите е подобрување и модернизација на студиските програми на нашите универзитети, при што со новиот закон се предвидуваат промени во високото образование, на пример, модуларност при учење, поттипнување ...
УКИМ не треба да биде само институција што реагира на промените, туку институција што ги предвидува и ги насочува – порача денеска ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Билјана Ангелова, на свеченоста по повод 77 години од постоењето на Универзитетот истакнувајќи дека иднината на УКИМ треба да се темели на европски модел на управување, дигитализација, интернационализација и зајакнување на автономијата и академската слобода. ...
Општина Брвеница и албанската погранична Општина Булќиза, чие седиште е на на 27 километри од Дебар, за време на вчерашната посета на делегација на Општина Брвеница на Булќиза, потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓуопштинските и прекуграничните односи. -На средбата, која се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, претставниците на двете општини разговараа за можностите за продлабочување на соработката во повеќе ...
Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи – изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Како што рече, во најдобар можен ред поминале аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен ...
Трансформација на Скопје што ќе остави траен белег и ќе го трасира патот за натамошен развој на градот, на неговите културни споменици и обележја, како Калето, акведуктот, зградата на „Пошта“ и парковите – најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пресрет на 2028 година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата. Експертите, пак, порачуваат да се создаде нова динамика во Скопје со културното наследство што го имаме и културата да ...
Втората генерација социјални ментори за работна интеграција денеска во Скопје беше сертифицирана по едногодишната работа со корисници на социјална помош, на кои им овозможувале поддршка за подобрување на нивната вработливост, ги насочувале кон пазарот на труд и ги поддржувале во процесот на вработување. Како што информираат од „Паблик“, вкупно 53 лица биле вработени во текот на минатата година, на 67 им биле подобрени вештините за ...
Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, ВЛЕН би бил првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе, се вели во соопштението на ВРЕДИ. На прашањето „За кого би гласале ако денес се одржат избори?“, 34,5% од анкетираните се изјасниле за ВЛЕН, додека 30,9% за Демократската унија за интеграција (ДУИ). Со тоа, ВЛЕН бележи видлива предност пред ДУИ, што претставува јасен показател ...
На 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од градинките во Општина Центар денеска им беа врачени награди за нивната исклучителна посветеност, грижа и ангажман во воспитувањето и развојот на најмладите. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски при доделувањето на наградите нагласи дека овие награди ќе бидат дополнителен поттик во нивната благородна мисија. – Вие сте темелот врз кој ...
Амбасадата на Јапонија денеска организираше мастер-клас за јапонска кујна во Средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, наменет за младите и идни готвачи. Како што сооштуваат од Амбасадата, идните готвачи и нивните наставници имаа можност да се запознаат со „вашоку“. Вашоку е традиционална јапонска прехранбена култура која се темели на хармонична рамнотежа помеѓу сезонските состојки, нутритивната вредност и визуелната естетика. Вашоку е ...
Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи – информира Министерството за транспорт. – Министерството за транспорт, во согласност со своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави во согласност со законските прописи во најбрз можен рок – посочуваат од Министерството за транспорт. Државната комисија по жалби ...
Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Македонија и против кого пред два месеца беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ. За средбата објави самата Фондација на социјалните мрежи. „На неофицијална средба со Рубин Земон, дел од раководството на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори, информира ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите. – Динамиката ја одредуваме според можностите и капацитетите. ...
Управата за јавни приходи ги известува компаниите што во моментот тестираат и оние што се вклучуваат во тестирање на системот „Е-фактура“ да се информираат и раководат исклучиво од она што е објавено на веб-страницата на проектот за е-фактура https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/eFaktura-WebAPP, своите прашања и сугестии да ги поставуваат на адресата [email protected] или до даночните агенти со кои воспоставиле контакт. – Дополнително, ...
Осум децении Филолошки факултет „Блаже Конески“, 25 години Културно-едукативен центар (КЕЦ) „Небрегово“ и 20 години Спомен-дом „Блаже Конески“ во Небрегово, беа одбележани денеска на овој Факултет во Скопје, во организација на едукативниот центар и на оваа високообразовна институција. – Можам со огромна чест да го најавам денешниот настан со што ни се заокружува прекрасниот семестар преполн со значајни настани преку кои одбележуваме значајни ...