Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со Институтот „Конфуциј“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со цел унапредување на образовните процеси и развој на заедничка соработка, информираа денеска од општината. На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација, како и претставници од Институтот, меѓу кои проф. д-р Лијао Веи, кинески директор на Институтот, и проф. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во Србија наскоро би можеле да се одржат нови избори. Според него, изборниот процес би можел да се одвива помеѓу крајот на септември и средината на ноември. Вучиќ упати и јавен повик до политичките противници за дијалог, но изрази сомнеж дека тие ќе го прифатат. Тој изјави дека во моментов нема сериозна дебата за клучните државни и економски прашања, како што се Косово, односите со Русија и ...
Иран и САД сè уште немаат постигнато конечен договор, но според ирански извори, разликите меѓу двете страни се намалуваат. Како главни точки на спор се посочуваат збогатувањето на ураниум и контролата врз Ормутскиот Теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да дозволат Иран да го задржи високо збогатениот ураниум и најави дека тој материјал ќе биде отстранет или уништен. Преговорите продолжуваат, додека меѓународната ...
Во САД сè погласни се шпекулациите за можниот наследник на Доналд Трамп на претседателските избори во 2028 година. Како најсериозни имиња во републиканскиот табор се спомнуваат потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. Двајцата имаа јавни настапи во Белата куќа, кои аналитичарите ги оценуваат како дел од неформалната кампања за идниот републикански кандидат. Трамп изјави дека и Венс и Рубио се „многу добри луѓе“, но ...
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска потпиша договор за реализација на проектот „Набавка на механизација за одржување на локалните патишта во села со специфични развојни потреби во Делчево“, со кој за Општината се обезбедени два милиони денари преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Како што информираше Гоцевски, проектот претставува значајна инвестиција за руралните средини и има за цел ...
Во просториите на ЈЗУ Општа болница Кочани, ХЕРА денеска го отвори вториот MM Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи, простор посветен на поддршка, доверба и грижа за менталното здравје на момчињата и мажите како и другите засегнати во заедницата. По првиот ММ Центар што ХЕРА го отвори во мај 2024 година до денеска дадени се над 950 сесии од психолози и психотерапевти на 135 момчиња и мажи. Центарот во Кочани претставува ...
Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се одржа на 19 мај 2026 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ) според дводневна ...
– По повод Светскиот ден на пчелата, во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното „Едисон“ во Карловац. Како што соопшти КИЦ Загреб, настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог и ...
Пробиена банкина, пеплосан автомобил, остатоци од изгорен камион, но и многу отворени прашања. Ова е сликата од скопската обиколница која сведочи за тешката сообраќајна несреќа во која загинаа четири лица. Животот го загубија баритонот и првенец на македонската опера и балет, Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште двајца негови другари на иста возраст. -Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од ...
Со внимание ги проследивме прес-конференциите на СДСM и настапите на Венко Филипче поврзани со ЕУ-аспирациите на земјата. Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Прес-конференциите, кои се одвиваат по принципот сакам – кажам, не знам – речам се само одраз на површноста на специјалниот пратеник на Радев во Македонија, Венко Филипче. Специјалниот ...
По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25.05.2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Со редовно работно време ќе се продолжи од 26.05.2026 година (вторник), посочуваат од Ј авното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои ...
ООУ „Блаже Конески“ денеска беше домаќин на презентација на средните стручни училишта во Аеродром и место каде што знаењето, талентите и занаетите се споија во една инспиративна и едукативна атмосфера. Како што соопшти Општина Аеродром, во соработка со Занаетчиската комора и со средните стручни училишта на Град Скопје, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со различни струки, професии и можности за продолжување на своето ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пушање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, на 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО, што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на состанокот министерот Муцунски истакнал дека средбата претставува важна можност, речиси една година по самитот во Хаг, „да се види она што е постигнато од Хаг, но и во пресрет на претстојниот многу важен самит во Анкара“, соопшти МНРиНТ. Тој нагласил дека ...
Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, во Приштина учествуваше на завршната церемонија за доделување на грантови за општините преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија. Како што соопшти Општина Бутел, проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста – REDUCE“ е финансиран од Европската Унија преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ „Неготино“. Целата документација ќе биде поднесена за постапување до Јавното обвинителство, одлучи ДКСК за предметот, кој на денешната седница го соопшти членот на ДКСК, Сервет Демири. – Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор на ...
Средствата што Европската Унија ќе ги додели по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи ќе се слеат главно во државниот буџет, а распределбата за Министерството за образование и наука ќе ја утврди Министерството за финансии – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на одбележувањето 77 години постоење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Јаневска нагласи дека очекува ...
Педесет и еден годишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња, загинаа во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. МВР попладнево соопшти дека е потврден идентитетот и на четвртата жртва во катастрофалната несреќа и оти исто така станува збор за 20-годишно момче. -Од здобиените повреди на ...
По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за соработка со двете зоолошки ...
Педесет и петгодишен маж од Велес е првиот регистриран случај на западнонилска треска во Македонија оваа година, информира Институтот за јавно здравје на својата официјална веб-страница. По појавата на првите симптоми, биле направени лабораториски анализи со кои било потврдено присуството на вирусот. „На 15.05.2026 година, Одделот за епидемиологија на заразни болести при ИЈЗ беше известен за потврден случај на западнонилска треска кај ...
Корупцијата го ограничува економскиот раст и креира проблеми кои негативно влијаат врз политичките текови во државата. Експертската јавност се мобилизира за да помогне со совети и конкретни предлози за поефикасно справување со едно од клучните зла кои го кочат развојот на државата. Поранешни амбасадори, министри, вицепремиери собрани на едно место заговараат решенија кои би се имплементирале во соработка на политиката и граѓанскиот сектор. ...
Единствениот легалистички начин да дојдеме до правдата и вистината. Битно е да се истакне дека обвиненијата секогаш треба да бидат засновани врз основа на докази од кои тоа обвинение би се докажало пред судот надвор од разумно сомнение. Исто така, доколку во текот на кривичната постапка судот донесе ослободителна пресуда и таа стане правосилна, тогаш тоа е пресудена работа“, вели Савески. Во однос на дилемата дали Републичкото јавно ...
Скопското обвинителство покрена истражна постапка против 25-годишна жена, откако пред два дена бил спречен несекојдневен обид за внесување дрога во КПУ „Идризово“. Осомничената се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, откако кај неа биле пронајдени марихуана и кокаин. Настанот се случил на 20 мај, кога жената дошла во посета на својот сопруг, кој издржува затворска казна. Таа со себе носела две ...
Комисијата за заштита на конкуренцијата открила повеќе неправилности кај откупни центри за овошје и зеленчук, кои, според институцијата, се обиделе да го заобиколат и изиграат Законот за нефер трговски практики на штета на земјоделците. Од Комисијата информираат дека најсериозните прекршувања се однесуваат на регулирањето на договорните односи меѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи. Меѓу утврдените ...
Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура, објави Македонската опера и балет. Ристе Велков беше ...
КЕЦ „Небрегово“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организираат настан по повод трите јубилеи – 80 години од основањето на Филолошкиот факултет, 25 години Културно-едукативниот центар (КЕЦ) „Небрегово“ и 20 години од Спомен домот „Блаже Конески“ во Небрегово. Настанот ќе се одржи на Филолошкиот факултет, а најавени се излагања на проф.д-р Максим Каранфиловски – „Ммисирков и Конески“, на проф.д-р Живко Цветковски – „80 години ...
Европското движење во Македонија и Градот Скопје денеска организираат кафе-дебатата на тема „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“. Кафе-дебатата се организира по повод одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа, како и во насока на афирмирање на активностите и подготовките Скопје да се претстави како Европски град на културата во 2028 година. Како што е најавено, настанот ќе обедини ...
Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ организира јавна трибина на тема „Држава за сите или плен за малкумина – може ли Македонија да ја победи корупцијата?” Во дискусијата, како што е најавено, ќе се вклучат експерти, членови на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница и на цивилното општество, за да се развие расправа за корупцијата во Македонија. Воведни обраќања ќе имаат универзитетскиот ...
Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо ...
По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска, во Зоолошката градина Скопје, ќе биде потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. На настанот ќе се обратат министерот за животна средина Муамет Хоџа, градоначалникот на Град Скопје Орце Георгиевски и в.д. директорката на ...