Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава ...
Во рамките на престојот во Атина по повод учеството на дводневниот самит „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорката на Соединети Американски Држави во Грција, Кимберли Гулфојл. Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во пријателска и конструктивна атмосфера биле разменети ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словенија. Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со ...
На планината Водно денеска ќе се одржи 14-тото издание на најмасовниот планински спортски настан во земјата „Sparkasse Life – Прв до врв“, кој традиционално обединува илјадници љубители на спортот и природата. Како што информираат организаторите, настанот ќе понуди натпреварување во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри, планински велосипедизам на 9 километри, друмски велосипедизам на 11,4 километри, Е-bike на 9 километри и ...
Четириесетина планинари од разни делови на државата се дел од денешната Бошавска јужна трансверзала 2026 година, што по петти пат се реализира на Кожуф планина, во организација на Дарко Најдов, здружението „К3“ и планинарскиот клуб „Зелен брег“. – По врвиците на славното минато, некои од планинарите за првпат ќе ги запознаат прекрасните убавини што Кожуф планина ни ги дарува бесплатно. Тргнавме со организиран превоз од Кавадарци, преку ...
Традиционален пчеларник стар 70 години, во кој пчеларското знаење се предавало низ пет генерации по ред, денес го пренесува искуството од здравствените придобивки на севкупното работење на пчелите, кое е презентирано во работата на апи-терапискиот центар „Ристо Алчинов”. Овој центар лоциран на патот кон селото Мрзенци во Гевгелија, кој функционира четири години, беше дел од годинешното одбележување на Светскиот ден на пчелата организиран во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во наредните два дена ќе оствари официјална посета на Вилнус, Република Литванија. Посетата е на иницијатива на Амбасадата на Република Литванија во Македонија и ќе се одвива според исклучително динамична агенда, која опфаќа средби на високо ниво и состаноци со државни институции надлежни за дигитализација, иновации и сајбер-безбедност. На првиот ден од посетата, министерот Андоновски ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. ...
Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава го одбележува своето 11-то издание во Скопје, како дел од светското движење кое ги обединува љубителите на класични мотоцикли и елегантен стил со цел подигнување на свеста за машкото здравје. Како што информираат организаторите, денеска се очекува на улиците на главниот град да продефилираат повеќе од 220 „дотерани“ моторџии со своите класични ...
Ликовната уметница Јана Манева – Чупоска повторно беше избрана за претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со четиригодишен мандат на вчера одржаното годишно Собрание во Домот на АРМ во Скопје. Таа беше и единствениот кандидат за оваа функција, додека со тајно гласање беше избрано и новото раководство на Друштвото со мандат до 2030 година. За членови на Управниот одбор беа избрани уметниците: Катерина Таневска, ...
Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДСМ и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до овие партии, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Овој ...
На 43. протестен „Марш за ангелите“ што денеска за прв пат се одржа во Виница родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ рекоа дека институциите и понатаму ја туркаат приказната дека „клучна причина“ за смртта на 63-те жртви е јаглерод моноксидот, но, според нив, останува фактот дека кај една третина од жртвите е утврдено присуство на водороден цијанид над граничните вредности. -Значи ако не бил кај сите, тогаш не е важно што бил кај една ...
Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот од видео објавата споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот. -Полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21:00 часот, ...
СДСМ, на чело со актуелното раководство кое е олицетворение на криминал, рекет и бугарофилски политики, повторно се обидува преку лаги и политички памфлети да ја дефокусира јавноста од сопствениот распад и паниката што ја тресе Бихачка. Венко Филипче и актуелното раководство се обидуваат да глумат борци за правда, откако токму тие ја претворија државата во симбол на корупција, криминал и национално понижување, се вели во реакцијата на ...
Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, утре ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување. Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод ...
Семејното насилство претставува сериозен општествен и здравствен проблем што бара координиран институционален одговор, поголема доверба во системот и ефикасна примена на Националната стратегија, порачаа учесниците на трибина на тема „Борбата со семејното насилство и насилството врз жената како социјален предизвик: институционален, психосоцијален и вредносен одговор“, нагласувајќи дека жртвите и натаму се соочуваат со страв, недоверба и ...
Во рамките на ЕУРОМЕЛАНОМА 2026 денеска во Градскиот парк во Скопје се одржуваат бесплатни прегледи на бемки, дамки и сомнителни промени од врвни дерматолози, кои исто така ги советуваат граѓаните за заштита од сонце и препознавање на ризични промени, но и совети за правилна УВ – заштита. До пладне беа прегледани над сто пациенти. -Целта на денешниот настан е промовирање на месец мај како месец посветен на превенција, рано откривање и ...
Кумановскиот градски плоштад денеска беше исполнет со музика, креативност и разиграна атмосфера, откако над 500 маскирани учесници продефилираа на традиционалниот маскенбал во Куманово. На манифестацијата учествуваа деца од седумте објекти на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“, ученици од основните училишта „Магдалена Антова“, „Браќа Миладиновци“ и „Вера Которка“, како и ученици од општинските средни училишта и ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ – ...
Почина д-р Јордан Пачков, истакнат лекар, публицист и долгогодишен општественик од Куманово, кој целиот свој професионален и творечки век го посвети на медицината, пишаниот збор и афирмацијата на родниот град. Тој почина на 77-годишна возраст, оставајќи зад себе богато творештво и значаен белег во повеќе области – медицината, спортот, историјата и локалната публицистика. Д-р Пачков беше препознатлив по својата посветеност кон истражувањето и ...
Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. -Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата ...
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на средбата со албанскиот народен правобранител, Ендрит Шабани, изразил благодарност за грижата и посветеноста што институцијата Народен правобранител ја покажува кон македонската заедница во Албанија. -Особено ме охрабри информацијата дека до крајот на овој месец ќе биде објавен Извештајот за состојбата со правата на националните малцинства во Албанија, заедно со ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла ...
ДУИ е распадната партија. Не може да се опорави од казната што Албанците ѝ ја испорачаа на избори. Затоа сега го прави истото што го правела секогаш кога ѝ гори под нозе. Го фрла каменот, па ја крие раката. По 20 години власт врз грбот на Албанците, со истите вечни фотелјаши на чело, оваа партија сега ги засука ракавите како очајна по власт. Како лицемери што се, заедно со неколку „студенти“ вовлечени во нивната валкана политичка игра, се ...
Општина Ѓорче Петров оваа година ќе биде домаќин на младинскиот шаховски фестивал „КВАЛИТЕТ 2026“, кој одбележува значаен јубилеј – 10 години успешно организирање на шаховски натпревари и промоција на младинскиот шах. Фестивалот претставува еден од најзначајните младински шаховски настани во регионот и ќе собере повеќе од 200 млади шахисти од Македонија, Бугарија и Турција. Во рамки на фестивалот ќе се организираат турнири за деца до 8 ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“, соопшти полицијата. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон. Надворешната канцеларија за ...
Имав чест да бидам домаќин на министрите од Србија, Бугарија и Македонија, се гледа како се менува културата, колку бевме разделени од историјата, географијата, а сега сите сфаќаме дека никој сам не може да ја преживее глобалната конкуренција. Сите заедно создаваме група од земји и населенија, создаваме пазар на кој може да сметаат странските компании, посочи министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру во однос на ...
– Кога нешто зборува СДСМ, добро е да ги согледаат сите факти и јавно да им ги презентираат на македонската јавност. Политиката не е шведска маса, па да бираш што ти се допаѓа да земеш и за тоа да зборуваш, а што не ти се допаѓа да ставиш под тепих. Политиката и јавните настапи се сериозна и одговорна работа, која бара доследност и јавно презентирање на фактите. Во тој контекст, кога СДСМ одлучи од шведската маса да земе само тоа што им ...
Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии служејќи се со популизам се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ниту пак изразуваат ...