Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДСМ и ДУИ. ...
Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да дојде со предавства и отстапки за националниот идентитет, стана поголем негатор и од најголемите негатори на Македонија, бугарските власти, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче го фатил патот на Зоран Заев и како пиун на Румен Радев е спремен да потпише нови капитулации за Македонија и македонскиот народ, во надеж дека така некој друг ќе го донесе на власт. Нема ...
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше за можноста од евентуални предвремени избори, при што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нив кога и да се одржат во согласност со анкетите што укажуваат на несомнената доверба што партијата ја ужива од страна на граѓаните, а државниот интерес е реализација на инвестиции и програми на кои е посветена Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Мислам дека како Влада имаме навистина ...
Со стихови од плејада творци од првите генерации на современата македонска поезија, вчера свечено се отворија Деновите на поезијата, на поетската сцена на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во Скопје Сити Мол. Инспириран од песната на Анте Поповски „Памети тој“, со слика на птицата која го надлетала неговиот свет и со моќниот стих „не умира и мртов памети поетот“, изборот на песни за свеченото отворање посведочи за трајното присуство на ...
Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија – потврдија од НУ Завод и Музеј – Битола. Според утврдената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, ремек-дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври – април се заштитуваат со заштитен слој од речен песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за ...
Поради неопходен зафат, односно дислокација на дел од главниот цевковод од водоводот Росоки – Дебар, утре и следните два дена прекин во снабдувањето ќе има за сите корисници на вода за пиење од водоводот Росоки – Дебар. -Станува збор за реконструкција на дел од патот во близина на село Долно Косоврасти и заштита на главната водоводна цевка, која во должина од 200 метри треба да се дислоцира. Поради оваа причина, на 16, 17 и 18 мај (сабота, ...
Поттикнување општествени промени иницирани од лицата со попреченост, со цел создавање потранспарентно, поодговорно и поинклузивно управување на локално ниво, се целите на проектот што Здружението „Хендикеп плус” го реализираше во соработка со Општина Штип. Претседателката на здружението, Бранкица Димитровска, информираше дека на завршниот настан биле презентирани резултатите од проектот, финансиран во рамки на Бугарска помош за развој. Во ...
Во Буџетот на Општина Центар за годинава се издвоени околу четири милиони денари како финансиска поддршка за новороденчиња од кои досега исплатени се 696.681 денар. – Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче, истакнува градоначалникот на Центар, Горан ...
Што се однесува до законот со којшто се избриша техничката влада, но не за следните избори, туку за оние што ќе се случат после нив. Сметам дека аспсолутно тука СДСМ не е оштетна како партија, бидејќи на следниве парламентарни избори коишто следуваат, во техничката влада ќе влезат токму луѓе коишто ќе дојдат како предлог од СДСМ, дури за наредните после нив зборуваме дека нема да има техничка влада, впрочем за тоа и од Брисел имаме оценка ...
Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. -Во однос на фишингот, односно лажните пораки што ги ...
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва истакна дека оваа Влада за разлика од претходната и покрај наследените проблеми и предизвици и покрај ограничените ресурси, со голем труд и посветеност напорно работи за подобрување на работите во државата, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Се уште се санираат штетите, не се завршени оние процеси коишто навистина од ден за ден се појавуваат низ институциите како наследени проблеми и ...
Штип од денеска стана втората општина на Балканот која Статутот на Општината го приспособи на Брајово писмо за лицата со оштетен вид информираат преку пишано соопштение од општина Штип. Во него се вели дека денеска, приспособениот Статут беше презентиран пред претставници на општина Штип, Здружението „Хендикеп плус“, како и пред Здруженија на лица со попреченост и лица со оштетен вид. -На средбата беше истакнато дека само преку соработка, ...
Денот на Европа, вечерва во Битола беше одбележан со концерт на музичката група Фанк Шуи, културен настан кој заедно со младите од овој град го следеа амбасадорот на ЕУ во земјава Михаил Рокас и градоначалникот Тони Коњановски. Посакувајќи пријатна забава, амбасадорот Рокас им порача на младите да уживаат во музиката на популарната група и да ја посетуваат канцеларијата на Europe House во битолскиот Офицерски дом. За време на вечерашното ...
Во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, на отворено, во хотелот „Гратче“, кај Кочани, денеска беа претставени придобивките од билкарството. Билјана Пешова, која има билкарница во Кочани и е една од обучувачите на група заинтересирана за стекнување вештини за собирање билки, ги претстави условите, можностите и начините за занимавање со билкарство. На презентацијата присуствуваше и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека не смее да има тивок обид на затворање на постапката за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино. Вели дека акцијата за овој случај спроведена лани била во координација и по насоки на Обвинителството. Тошковски вечерва рече дека не верува дека тогаш имало докази, а сега постапката се затвора поради недостиг на докази. – Јас сум шокиран и разочаран од одлуката на Обвинителството, исто како ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва истакна дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во какви било незаконски комуникации или пак би влијаел врз некој обвинител за да постапува на одреден начин. Тошковски на прашањето за телефонскиот разговор на Мицкоски со јавниот обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут“, за што опозициската СДСМ обвини дека „премиерот и обвинителот се договарале по ...
Советот на општина Штип денеска ја почна постапката за продажба на мнозинскиот дел од акции на Фудбалскиот клуб „Брегалница“-Штип, кои во моментов се во сопственост на Општината. На денешната седница на Советот советниците од коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ дадоа зелено светло, односно прифатија да почне постапката за продажба на акциите на ФК „Брегалница“. Советниците од СДСМ денеска на прес-конференција порачаа дека одлуката ја поддржуваат, ...
Претставниците на Регионалниот проект на ОБСЕ за мониторинг на судски постапки од областа на корупцијата и организираниот криминал денеска остварија средба со државниот јавен обвинител Ненад Савески, со кого разговараа за областите во кои овој проект ја следи и поддржува работата на обвинителството. Државниот обвинител, информираат од ОЈО, им се заблагодари за досегашните активности, нагласувајќи ја особената важност на присуството на ...
Делегација од Општина Чешиново-Облешево, предводена од градоначалникот Јорданче Костадинов, учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“, што се одржа во Пловдив и Белозем, едно од најпознатите „села на штркот“ во Европа. На фестивалот во Бугарија беа разменети искуства и добри практики за заштита на белиот штрк, зачувување на природните живеалишта и развој на еко-туризмот. Особено внимание било ...
Општина Берово ја заврши изградбата на нов тротоар на потегот од улицата Дамјан Груев со улицата Маршал Тито до влезот на градските гробишта, со што значително се подобрува безбедноста и условите за движење на пешаците во овој дел од градот. Од Општината информираат дека со реализацијата на проектот е обезбедена побезбедна и поуредена пешачка инфраструктура, особено за граѓаните кои секојдневно го користат овој потег. -Со изградбата на новиот ...
Делчевката д-р Сања Пановска, научник која го истражува магнетното поле на Земјата и е дел од GFZ Хелмхолдс центарот за геонауки во Германија, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. Како што информираа од Општина Делчево, на средбата било истакнато дека Делчево е расадник на млади и успешни луѓе кои со своето знаење, труд и посветеност успеваат да изградат значајни кариери и да бидат препознаени на ...
Мојот став за договорот од Преспа е непроменет, а потписниците на документот треба први да инсистираат на негово доследно почитување , јас само ги потсетувам на таа реалност, вели претседателката Сиљановска Давкова. Според шефицата на државата кога и да се чита преспанскиот договор се разбира дека името на државата се врзува со државни институции, меѓутоа не се забранува, ниту пак може да се забрани употребата на придавката македонски. Како ...
Уште две малотенички се пожалиле од непристојното однесување на 65 годишниот наставник и сопственик на Образовниот центар од Штип. По првичните пријави од три девојчиња, вчера во полицијат аимало уште две пријави, дознава Алфа. И тие се жалат дека наставникот ги допирал. Ова засега се непотврдени информации, бидејќи од СВР-Штип, но и Центарот за социјални работи кои активно се вклучени во постапката, не откриваат нови детали за случајот. ...
Советот на Општина Берово на денешната седница го усвои Правилникот за наградување на ученици и ментори кои оствариле значајни резултати на државни и меѓународни натпревари, индивидуално или групно. Со донесувањето на Правилникот, локалната самоуправа ја потврдува својата заложба за поддршка, мотивирање и поттикнување на младите таленти, како и за вреднување на трудот, знаењето и посветеноста на нивните ментори. Од Општината информираат дека ...
Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани денеска беа презентирани дел од активностите предвидени со проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, во чии рамки се спроведуваат обуки за собирачи на билки и шумски плодови и за дизајн на домашни билни градини. Проектот е поддржан од Амбасадата на Словенија во Македонија, Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, МРК Дијалог / Центар за истражување на природата и културата ...
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска учествуваше на панел-дискусијата организирана на Универзитетот Мајка Тереза на тема „Институционална консолидација и законодавството за високото образование“. Сали во своето обраќање, како што соопшти неговиот Кабинет, ја истакнал важноста на институционалната консолидација и зајакнувањето на високото образование како клучен столб за развојот на општеството и перспективата на младите. ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна посета на Општина Студеничани, каде заедно со градоначалникот Ејуп Абази извршија увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерот Хоџа, како што соопшти МЖССП, jа посетил локацијата каде што се одвиваат активностите за изградба на канализационата мрежа за ...
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска ги прими во посета амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина Бошевска, со кои разговараше за текот на реализацијата на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ што се реализира во Кочани со поддршка на Амбасадата на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни и европски работи. Проектот, преку собирање билки ...
Има забрзување на процесот на реформите споредено со Извештајот од минатата година и искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево, одговарајќи на новинароско прашање за тоа каков е извештајот за Македонија за напредокот во реформите. Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот кој треба да се ...
Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, оделе навечер во тогашните канцеларии на СЈО, и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова им диктирале кој предмет да се работи, кој не, и кој поединец да биде опфатен со одреден предмет, а кој да биде изземен од политичкиот прогон кој го извршуваа, благодарение на Катица Јанева, стои во соопштението на ...