Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Три британски министерки поднесоа оставки, со што дополнително се засили притисокот врз британскиот премиер Кир Стармер да објави временска рамка за своето повлекување по лошите резултати на Лабуристичката партија на локалните избори. Повикувајќи се на неименувани извори во британската влада, „Телеграф“ објави дека уште шест министри планираат да поднесат оставки. Британскиот премиер се соочува со зголемен притисок во Владата да размисли за ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна индустрија ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со силна градежна офанзива и реализација на капитални инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Во моментов, како што велат од локалната самоуправа, активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции одржаа онлајн-состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан. На состанокот, информираат од Кабинетот на министерот за европски прашања, учествуваше генералниот директор за проширување и источно ...
Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Тогаш и листите на чекање ќе исчезнат. Тоа е моделот од Словенија, не треба многу да размислуваме, треба само да го прифатиме. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од кое потекнува – изјави денеска директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Синиша Стојаноски. Пред една, една и пол ...
За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од швајцарската амбасада подготвија онлајн-водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат. Со овој водич првпат сите информации за стручното образование се ...
Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината – информира Владата. – Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води, што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за ...
Здравствен капацитет, експерти или професионалци не се создаваат за еден ден, една недела или за две години, тие се создаваат за пет, за десет години. Првпат правиме национална стратегија за човечки капацитети во здравството – изјави денеска министерот за здравство, Азир Алиу. Заедно со Министерството за образование и наука, појасни, ќе предвидуваме број на капацитети, на перформансите, почнувајќи од медицински сестри до доктори и ...
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска учествуваше и се обрати на дипломатскиот брифинг на МАРРИ / Пријателите на МАРРИ, организиран од Регионалниот центар МАРРИ и Претседателството на Босна и Херцеговина со МАРРИ Иницијативата. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, Исени во своето обраќање ја нагласил важноста на регионалната соработка во управувањето со миграцијата, заштитата на границите и справувањето со ...
Институционалната соработка и координацијата во справувањето со итни и кризни ситуации била во фокусот на денешниот работен состанок помеѓу директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, и градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мениши. Како што соопштуваат од ЦУК, на состанокот што се одржал во просториите на Општина Теарце, градоначалникот ги информирал присутните за функционирањето и значењето на дисперзираната единица на ...
Во Министерство за правда се одржа состанок посветен на е-платформата за трак-рекорд за корупција и организиран криминал во рамките на исполнувањето на обврските од реформската агенда во областа владеење на правото. На состанокот, како што соопшти Министерството за правда, се разговарало за навременото и прецизно внесување податоци во е-платформата, која претставува значајна алатка за следење на резултатите во борбата против корупцијата, ...
Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, Шабан Салиу, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, денеска во Владата одржа координативен состанок на техничко ниво со претставници на донаторската заедница, меѓународни организации и амбасади. Целта на состанокот, како што соопштија од ресорното Министерство, била зајакнување на ...
На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите ниту, пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите во согласност со медицинските протоколи и стандарди – соопшти Министерството за здравство. Во врска со објавите со ...
Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на организации и медиуми од Република Турција, меѓу кои Филиз Шахин, претседателка на здружението Светски бизнис-жени за едукација, култура, уметност, историја, здравје и солидарност, Серпил Екинџи, Накшије Илмек и Адил Кочалан, претседател на Здружението на медиумите. На средбата беа разменети ...
Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи со презентирање електронски докази и видеа поврзани со настапите на музичката група ДНК, како и снимки од критичната вечер кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој појасни дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа снимени од присутни лица. Според Обвинителството, материјалите се релевантни за утврдување на начинот на сценски настап на ...
Значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места беа во фокусот на вториот ден од Самитот на Македонија 2025 што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“. Претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“ Светозар Јаневски ...
15-годишниот ученик од Основното училиште „22 Ноември“ во Општина Гази Баба, населба Ченто, кој во понеделникот беше прободен со нож, е хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба. Од Ургентниот центар информираат дека на детето вчера му била направена операција, бидејќи имало оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена во пределот на стомакот. Напаѓачот, кој е на иста возраст со повреденото дете, по пријавата за инцидентот веднаш бил ...
По години најави и одложувања, Скопје конечно се подготвува за изградба на нов современ забавен парк во рамки на Градскиот парк. Проектот, чија вредност се проценува на околу 10 милиони евра, треба да донесе ново место за рекреација, забава и туристичка атракција во главниот град. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостување на утринската програма на Алфа, изјави дека покрај забавните елементи, планирани се и пешачки зони, ...
Со новиот закон за природа, кој е во фаза на носење и се наоѓа на ЕНЕР, ќе се стави ред во националните паркови, ќе се воспостави систем на заштита на животната средина и ќе се заштити екосистемот, велат од Министерството за животна средина. Националните паркови ќе станат позаштитени подрачја, ќе наплаќаат услуги согласно тарифник, а не како досега паушално. Отсега, корисници на услуги, угостителски објекти, планинарите и велосипедистите ќе ...
Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 13 , 11 и 10 години биле жртви на сексуално злоставување од страна на 65годишниот штипјанец, сопственик и управител на приватен образовен центар во Штип, а истовремено во центарот им предавал математика. Според обвинителството сомничениот од септември 2023 до 11.05.2026 користел прилика во која на девојчињата им држел дополнителни часови во образовниот центар и им се приближувал и ги ...
Малите и средните претпријатија имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за нивен поголем раст и развој – порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, што се одржува во Будва. Во рамките на конференцијата Ристески учествуваше ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е одржан состанок посветен на реформската агенда и на процесот на европската интеграција, на кој онлајн учествувал и Герт Јан Копман, директор на Директоратот за проширување и источно соседство при Европската комисија. Мицкоски во објава на „Фејсбук“ посочи дека на состанокот биле разгледани клучните реформски приоритети и следните чекори во процесот на европска интеграција. – Одржавме состанок ...
Со ребалансот на буџетот ќе се заштити животниот стандард и нема да се чепка во ставките кои креираат економски раст. Од Министерството за финансии велат дека тие ќе се реализираат со предвидената динамика и ребалансот на буџетот нема да излезе од предвидените рамки. Нема да се крати ниту од капиталните инвестиции. Разговорите со ресорните министри започнаа завчера, а прекроената државна каса ќе се знае кон крајот на месецов или почетокот на ...
Над 800 илјади евра народни пари од буџетот на Министерството за земјоделство на чело на Љупчо Николовски, без никаков законски основ биле доделени на микро земјоделски производители на вино, дознава Алфа. Јавниот повик за фиансиска поддршка бил распишан во 2023 година кога министер за земјоделство беше Николовски, и според наводите 50 милиони денари или околу 820 илјади евра биле доделени на мали семејни винарии. Парите, според информациите ...
Пионот на Радев, Венко Филипче, призна дека СДСM има исти позиции со Бугарија. Пионот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани Северномакедонци. Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти, кои нè нарекуваат „Северномакедонци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на избори, рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија. Мицкоски истакна оти ова не заслужува дополнителен коментар, затоа што, како ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со последниот случај со физичко насилство во основното улилиште „25 Мај“ во Ченто каде беше прободен со остар предмет 15-годишен ученик, апелира до родителите да посветат внимание на своите деца. Вели државата ќе стори се што е во нејзина надлежност, но важна алка се и родителите во целиот процес. – Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку пишано соопштение до медиумите демантира дека изјавиле оти вчера заловеното животно во скопската населба Козле е чипиран домашен миленик – куче, кое сопственикот бара да му биде вратено, а не волк како што се претпоставуваше. -Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во ...
Премиерот Христијан Мицкоски е изненаден од одлуката за стопирање на случајот за набавката на мазут во ТЕЦ „Неготино“, но, како што рече, има информации дека штом АД ЕСМ ќе ја прими одлуката, ќе ја обжали, по што се надева дека случајот ќе биде вратен на повторно разгледување. – Јас со неверување ја примив оваа вест и искрено да кажам, бев бев шокиран од она што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, најави дека штом ќе ја добие ...
Деновите на Благоја Корубин се најстарата и најдолговечна научна манифестација во независна Македонија, тие се се дел од историјата, сегашноста и иднината на Институтот за македонски јазик – порача денеска директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, на отворањето на трибината со наслов „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“, организирана по повод чествувањето на 30-годишниот јубилеј на научната манифестација ...