Филипче како слеп за стап. И покрај тоа што две третини од македонскиот народ е против, тој упорно секојдневно врши притисок и бара Бугарите да влезат во Устав. Стана погласен и дури и од Софија. Многумина не можат да го разберат мотивот, зошто упорно оди против волјата на народот и ја води својата партија кон провалија. Според познавачите и повеќе од јасно е дека актуелниот шеф на Бихаќка одработува за своите претходници, а учи и оди по ...

Пробација наместо затвор за осудениците со пониски казни – со електронски алки, засилен надзор и поголема улога на пробациските служби уште во кривичната постапка – новиот предлог закон за пробација е оформен според сите европски стандарди со помош на експерти, професори и судии. Предлог законот треба да придонесе за поефикасен правосуден систем и помалку затвореници во македонските затвори, што ќе значи и повеќе заштедени народни пари. „Со ...

Петнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода вчера во 14.50 часот од полицијци од СВР Скопје, кои постапиле по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик. Министерството за внатрешни работи соопшти дека предметот е одземен и дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. МВР во ...

Началникот на Генералштабот на македонската армија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во рамки на тридневната посета на Албанија, денеска оствари средба со министерот за одбрана Ермал Нуфи. -За време на средбата беше подвлечена важноста на тесната соработка за коридорот 8, како клучен чекор за воената мобилност и безбедноста на Западен Балкан. Искажана е заедничка оценка дека двете земји имаат добрососедски односи и, како сојузници на НАТО, се ...

Министерот за европски прашања, Беким Сали, се обрати на настанот „Young Talent for Future Growth“, организиран во рамки на програмите Young Energy Europe и Development Partnership Programme, на кој беа доделени сертификати за учесниците и награди за најдобрите проекти. Во своето обраќање, министерот Сали, како што соопшти неговиот Кабинет, нагласи дека развојот на човечкиот капитал е клучен за економската трансформација и за напредокот на ...

По повод одбележувањето на Европската недела на медицинските сестри и акушерки, денеска во Куманово беа организирани бесплатни превентивни прегледи и крводарителска акција, со цел подигнување на свеста за превенцијата и значењето на медицинските сестри во здравствениот систем. Акцијата ја организираа Здружението на медицински сестри и акушерки заедно со Здравствен дом Куманово, а граѓаните имаа можност бесплатно да го проверат крвниот ...

Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Тој ...

Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Евроњуз“. Муцунски нагласи дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во општеството. – Ние сме држава што се гордее со ...

Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште – порачаа стопанствениците од Македонија и Албанија на денешниот бизнис-форум „Преку границите“, што се одржува во Скопје. Тие укажаа на потребата од подобра поврзаност, добра инфраструктура и заеднички настап на трети пазари. – Економската ...

Факултет за земјоделски науки и храна продолжува активно да ја гради дигиталната иднина на македонското земјоделство преку современи технологии, практична едукација и меѓународна соработка. Факултетот беше домаќин на работна посета на претставници од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, предводени од директорот Пеце Стојковски, при што повеќе од 30 советници и претставници од осум плански региони имаа можност практично да ...

Поврзувањето е единствената равенка за поголем економски раст – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. – Ние треба да го изградиме темелот, го немаме и тоа е суштината. Кога ќе го поставите прашањето која е предноста на државата – единствената компаративна предност што ние ја имаме ...

Почитувани, На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика? Во тотална безидејност за политичкото делување, СДСМ и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси. Единствен но и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче. Ова ...

– Во организација на Стопанска комора на Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија, денеска во Скопје ќе се одржи Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“. Според агендата, воведни обраќања на бизнис-форумот ќе имаат албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани, претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на стопански комори на Албанија, Инес Мучостепа. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје ќе се обрати на отворањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. На отворањето на самитот воведни обраќања ќе имаат претседавачот на Одборот на директори на „Македонија 2025“, Виктор Мизо, коосновачот на организацијата Мајк Зафировски и извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевска. ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за образование, наука и спорт. На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Агенција за администрација за 2025 година и Годишниот извештај за работата на Агенција за заштита на личните податоци за 2025 година. Членовите на Комисијата за образование, наука и ...

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со ...

Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводен од ЗМСТАС „За Нас“, ќе ја одбележи Неделата на сестринството и Меѓународниот ден на медицинските сестри со свечена академија во Домот на културата во Тетово, со почеток во 16 часот. Како што соопштуваат организаторите, половина час претходно, во 15:30 часот, ќе се одржи и прес-конференција, на која изјави за медиумите ќе дадат ...

Поради технички зафати, неколку улици во Чаир и дел од булеварот Партизански одреди денеска ќе бидат без вода, соопштуваат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Прекинот на дел од булевар Партизански одреди е поради промена на затварачи на булевар Партизански одреди бр.48а и ќе трае од 9 часот до завршување со активностите. Поради промена на затварачи на улица Коста Арашевиќ бб (кај ОУ „Хасан Приштина“), прекинато водоснабдување ќе имаат ...

Во рамки на Клубот на младински прашања и политики, денеска во Собранието ќе се одржи средба меѓу пратеници и ученици од средни училишта, учесници во програмата „Најгласни“. Програмата „Најгласни“ ја имплементираат Фондација Конрад Аденауер и Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), со цел поттикнување на младинското учество, лидерството и активизмот кај средношколците. Во рамки на Клубот на младински прашања и политики, денеска во ...

За ВРЕДИ, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на ВРЕДИ, се наведува во партиското соопштение. ВРЕДИ и дава ново значење на децентрализацијата. За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем ...

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на регуларност на Основен суд Куманово за 2024 година – 3 сметки. ➡ Линк до Конечен ревизорски извештај: ➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (македонски јазик): ➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (албански јазик): Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај за ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. Во рамки на посетата, предвидено е министерот Мисајловски да оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на ...

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза – напиша на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. – Видете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, каде што последниве две години изградивме многу и набргу македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија – се вели во објавата од ...

Сервилноста и поданството на СДСМ и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДСМ и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само ...

Најтопло изутринава било измерено во Скопје, Охрид, Претор, Куманово, Кавадарци и Гевгелија со 12 степени, додека најниска температура од 6 степени е регистрирана во Берово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата ќе дува силен ветер од ...

ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”, се наведува во партиското соопштение. Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но ...

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. На отворањето на самитот воведни обраќања ќе имаат и претседавачот на одборот на директори на „Македонија 2025“, Виктор Мизо, коосновачот на организацијата, Мајк Зафировски, и извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевска. Самитот обединува ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од полицијата, пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен ...

„Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според онаа Организација за земјоделие дури и до 8% инфлација е прифатливо во кризна состојба. Основните прехранбени производи, во најголем дел имаат 5% стапка на ДДВ. Зборуваме тука за производи од брашно, производи од млеко итн., коишто се навистина основни“, рече Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска демантира дека имал билатерална средба со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан. Муцунски нагласи дека не станува збор за официјален состанок, реагирајќи на изјавата на неговата бугарска колешка. -Во однос на изјавата на мојата нова ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Калај

53.60

Кобалт

45.39