Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Поминаа 48 часа од скандалозната изјава на пратеникот на ДУИ, со која директно беа навредени нашите стратешки меѓународни партнери, а од ДУИ нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту било какво појаснување. Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на нивниот антизападен менталитет, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Кога се напаѓаат Соединетите Американски Држави и Европската Унија, секој политички субјект што тврди дека е ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека државата мора да влезе во суштински процес на реформирање на институциите, враќање на правната сигурност и градење систем во кој граѓаните повторно ќе имаат доверба, но потенцираше дека станува збор за долг и сложен процес, бидејќи, како што рече, нефункционалниот систем се создавал и одржувал со децении, се вели во соопштението од ЗНАМ. „Ние не сакаме да ги ...
Кадрите на СДСМ и ДУИ во македонскиот правосуден систем, бирани во штабовите на Бихаќка и Мала Речица, во акција за спас на криминалците од нивните редови.Ислам Абази, шеф на ОЈО ГОКК, донесе скандалозна наредба за запирање на истрагата во предметот за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Кадарот на Венко Филипче и Зоран Заев, комшија на Али Ахмети од Зајас си ја ...
Во денешното гостување на Алфа телевизија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов остро реагираше на одлуката на Ислам Абази да го прекине процесот за судска постапка поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, случај вреден 167 милиони евра. Пренџов оцени дека ваквиот потег дополнително ја намалува и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем и посочи дека очекува оштетената страна во случајот, ...
Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип вчера во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ...
Лидерот на ЗНАМ Максиом Димитриевски изјави дека се уште немаат конечни разговори околу тоа како ќе изгледа составот на новата влада, додавајќи дека е задоволен од работата на двајцата министри на ЗНАМ – Игор Филков за правда и Горан Минчев за јавна администрација. -Легитимно е од страна на мандатарот на Владата да бара промена на одредени имиња во Владата и во составот на Владата, но секако ние како владини партнери имаме свој удел во ...
Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“. Па нормално дека ќе го потврдат тоа! Токму СДСМ дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук објавата на пратеникот ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека Македонија мора да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство, стои во соопштението на ЗНАМ. Тој оцени дека континуираниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда која започнала со политиките на ...
Гласачите бараа да не видат како една партија и голем чекор е од петмина лидери партијата да има двајца копретседатели. Вреди сега е единствена републичка партија од Липково до Струга, ДУИ има само три општини, АА само две општини, изјави вечерва Изет Меџити, копретседател на Вреди и градоначалник на Чаир. Меџити рече дека многу луѓе им се приклучуваат, но дека тој не треба да објаснува зошто Арбен Фетаи и Фатмир Лимани, министри во Владата, ...
Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска бил повикан на службен разговор во СВР Скопје, дознава Алфа од извори во истрагата. Според информациите, разговорот е поврзан со сомнежи за злоупотреби при спроведување на јавна набавка во вредност од над 800.000 евра, реализирана во периодот кога Николовски ја извршувал министерската функција. Од засега достапните информации, предметот се однесува на евентуално постапување ...
На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усмен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството. На средбата, ...
Предметот за „ТЕЦ Неготино“, кој тежеше околу 167 милиони евра, а за кој Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска ја запре истрагата, не бил рефериран во републичкото јавно обвинителство. Републичкиот обвинител Ненад Савески за „Фокус“ потврди дека од републичкото обвинителство не било побарано мислење, што значи дека одлуката за запирање на истрагата била донесена во Обвинителството за гонење на организиран ...
Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието. Со ова започнуваме нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. Фокусот на овој закон е јасен заштита на децата, ...
Судскиот совет денеска спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје. Противкандидати се судијата Ивица Стефановски и Даниела Димовска, актуелна вршителка на должноста. Интервјуата ги спроведува тричлена комисија од Судскиот совет, како дел од административната рамка. Кандидатите денеска ги претставија своите програми пред комисијата во Судскиот совет, а претседателот на комисијата Ивица Николовски соопшти ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на свечената академија, што се одржа во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, рече дека оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. – Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Братислава, Словачка заедно со останатите високи гости на свечен начин го означи отворањето на Меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB на кој над 150 излагачи од 16 земји претставија нови и современи воени системи и опрема. На маргините на саемот министерот Мисајловски имаше две одвоени средби со неговиот колега и домаќин, министерот за одбрана на Словачка, Роберт ...
Маж од Србија е уапсен во скопско под сомнение дека подготвувал тешко кривично дело, најверојатно ликвидација, пишуваат српските медиуми. Акцијата била спроведена по долготрајна оперативна размена на информации меѓу македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Осомничениот С. М., роден 1984 година, бил откриен во засолниште во Скопје. При претресот, полицијата пронашла пиштол „ЦЗ“, муниција, воен нож, црна тактичка униформа и ...
160 милиони евра сомнеж за криминал – но никој нема да оди на суд и да одговара. Контроверзните бизнисмени и поранешни функционери Ратко Капушевски, Ерџан Сулкоски, Васко Ковачевски и Асмир Јахоски се спасија од прогон за спорните тендери и набавки на мазут за ТЕЦ Неготино. Обвинителството ја запре истрагата против 13 лица и една фирма, бидејќи немало докази за перење пари и злоупотреби. Велат дека по бројни анализи на договори, финансии и ...
Струмичко Банско доби ново мултифункционално игралиште кое се простира на речиси илјада квадратни метри, во вредност од околу 6 милиони денари. Ова игралиште е само дел од проектот на Видеолотарија Касинос Австрија, која досега со над еден милион евра обнови и реконструираше 24 спортски игралишта низ целата држава. Спортот е важен дел за развојот на младите и создавањето здрави животни навики. Во таа насока, жителите на Банско добија ново ...
Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции, соопштија од Град Скопје. -Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет, се ...
Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација. На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и задржувањето на талентите во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски ...
На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството. На средбата, ...
Во Радожда е избегната трагедија, откако огромна карпа тешка меѓу 10 и 15 тони се урна на самиот регионален пат кој води кон селото. Жителите предупредуваат дека половина село живее буквално под надвиснатите карпи и стравуваат дека следниот одрон може да биде кобен. Само среќата спречила катастрофа, бидејќи во моментот на одронот, на неколку метри од местото поминувале жители со мали деца. „Многу ризично е да се живее во ова село, пошто никој ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ...
Полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при СВР Велес денеска реализираа превентивна активност за спречување на питачење. На граѓаните им беше потенцирано да се воздржат од давање пари на лицата кои питачат, а секој забележан случај на питачење, особено од страна на деца на улица, да го пријават во надлежните институции. Целта на превентивната активност е да се надмине проблемот со лица на улица, нивна заштита ...
Три лица се лишени од слобода за семејно насилство, со едно е извршен службен разговор. Вкупно шест пријави има во последното деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил ...
Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска го прими началникот на Генералштабот на македонската армија, генерал-мајор Сашко Лафчиски. -Средбата се фокусираше на зајакнување на соработката во областа на одбраната и безбедноста меѓу двете соседни земји, сојузници на НАТО, како и на важноста на регионалната координација во услови на безбедносни предизвици, објавија од кабинетот на Бегај. Шефот на албанската држава искажал „висока оценка за ...
Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, кој е еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Според него, силна, независна, демократска Македонија би била ...
Култната претставата „Чичко Кумплунг “ се враќа на тетарската сцена. Сега во режија на Јани Бојаџи, а премиерата ќе биде изведена утре во Театар Куманово. Работена според пиесата „Прирачник за самоуништување“ од Сашко Насев, станува збор за црна комедија и сатира која го прикажува општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. „Ова е праизведба на македонска драма на сцените на кумановски театар, што е дополнително ...